Варумин

Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Мислам дека лекот е пронајден уште од многу поодамна, но не е во поставен во пазарот. Секако доколку е ова е вистина а верувам дека е немам што да кажам секоја чест :cuc:
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Абе скептично Македонче!! хејтеризам и ренесанса, ова не е сегашно!
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Не е скептичноста во прашање, во прашање се ГИГАНТСКИТЕ корпорации кои профитираат од рак, сида и слични заболувања. Да, може тие ќе пронајдат лек, ама не им се исплати да го пуштат во промет.

Знам дека не откривам топла вода у бољер.
 
V

Vollstandig

Гостин
Луѓето во болниците умираат од сепса,во државна во Скопје има повеќе лебарки отколку пациенти,а ние треба да веруваме дека само во Македонија успешно се лекува РАК ?!Трагикомични се.
Зошто бе толкав скептицизам, па ја највеќе им верувам на народните лекари, билка од природа е 100 % болја од апче. Мене трагикомично ми е кога луѓе упорно земаат лента таблети витамин ц, демек да внесувале во организмот, кога во 100 пати поголеми количини и уште милион погодни активни супстанци ќе најдеш во чаша расолница, цеден лимон, портокал, калинки, итн.

Ништо чудно да е вистина дека лечи, јас не сум скептик туку стискам палци да е така, пошто денеска не дека нема лек али знаат многу време да одолговлекуваат и цицаат пари за на крај да ти дадат малце живот и пак да ти цицаат пари. Секогаш на болните највеќе пари праат.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Повеќе луѓе живеат од ракот одколку што умираат од него. Скептичноста ми се јавува ради универзалноста на лекот и ради неговата локална застапеност ( зарем немаше да одекне насекаде низ светот како сензационална вест).
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Мене вакви вести ми се секогаш прилично наивни, прво и основно што секогаш се збори за „пронајден лек за ракот“, и никогаш нигде не спомнуваат за каков рак точно се работи, ко боже тоа е општа болест, па има 100 разни врсти ракови, за дел од нив веќе има лекови, како може така општо да се изјави „најдов лек за ракот“, едноставно кога ќе прочиташ такво тврдење тешко е да го земеш за сериозно...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
По некој сплет на околности, успеав да го запознаам човекот што му е дедо на газдата од Струмица шо го прај Варумин-от (живеј во Царев Двор, Ресенско).
Лекот колку е ефикасен, неможам да коментирам. Битно сите шо имат мака, го бараат. Значи не е џабе муабетот, можно е да има некаков ефект...

Повеќе луѓе живеат од ракот одколку што умираат од него.
Е ама за ова, можам да потврдам од прва рака. Кратко и едноставно, незнат колкупари имат.
 
G

galaxy

Гостин
Овој е или патолошки лажго или светски случај. Во ова не можам да поверувам.

Ја споменавте Куба. Се зборува
дека го лечевте поранешниот
претседател Фидел Кастро?
-Бевме на Куба, а од овде ни
кажуваа дека на телевизија кажувале
Кастро умрел, па го заледиле, ќе се
трансформирала власта, војската…
Нема врска! Јас знаете зошто одам
таму, не одам за друго. Кастро е
сега 100% здрав. И кај поранешниот
хрватски претседател Фрањо Туѓман
бев. Додека сите пишуваа дека
Туѓман е болен, Јутарњи лист објави
сторија како играме тенис на
Бриони. Туѓман од нас опстана два
мандата и на крајот почина од
друго, од канцер беше чист. Ја
лекував и Мира Марковиќ,
сопругата на Слободан Милошевиќ.
Бев и кај градоначалничката на
Сараево пред околу 20 и нешто
години, и сега и жива здрава и
убава, ха ха ха. Хосни Мубарак беше
готов, го чекаа да умре, а сега му
судат како на здрав и прав. Сум
лечел многу и наши и светски
политичари и јавни личности.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Дали веруваме дека го има лекот или не, амо воопшто не е важно. Секогаш ќе има скепса и потсмев, тоа е медиумскиот живот на денешнината, во се се сомневаме. Она што е важно е ако навистина има луѓе кои овој човек ги излечил, доволна е за него сатисфакцијата дека некому буквално му подарил живот. Но ако е ова само една голема измама за правење пари, хм, има некоја мистична сила во природата што наоѓа начин секое злодело да го казни овака или онака.

Како и да е, ако навистина им помага на луѓето, нека е жив и здрав!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Значи, незнаете како е да сe има во фамилија заболен од рак. Не знаете, како е да гледате како згаснува животот во неговите очи. Не знаете, како е да гледате како ви се лизга од рацете, а не можете ништо да сторите. Кога сте очајни и кога залудни се и солзите и молитвите. Кога започнуваш борба во која однапред и го знаеш исходот. Али не велам дека треба да се откажете, туку напротив. Секој продолжен миг со тој човек ви е бесценет, верувајте ми. Затоа, одсекогаш сум се залагал за насјтроги ( шо парични шо затворски) казни за ваквите луѓе кои се дрзнуваат да кажат дека го пронашле лекот. Фамилијата во која ракот е " гостин " минува низ голгота и се би направиле за да го задржат што е можно повеќе заболениот меѓу себе. И најчесто онаа народната ја опишува нивната ситуација "Ем без пари ем без човек ". Ако е хроничен и патетичен лажго веднаш да се осуди, зошто лажна надеж е подобра варијанта од никаква надеж , али во случајов таа скапо се наплаќа. Доколку ја збори вистината, тогаш како човек на кого ракот му земал многу во животот, го замолувам да биде погласен.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
-Бевме на Куба, а од овде ни кажуваа дека на телевизија кажувале Кастро умрел, па го заледиле, ќе се трансформирала власта, војската… Нема врска! Јас знаете зошто одам таму, не одам за друго. Кастро е сега 100% здрав. И кај поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман бев. Додека сите пишуваа дека Туѓман е болен, Јутарњи лист објави сторија како играме тенис на Бриони. Туѓман од нас опстана два мандата и на крајот почина од друго, од канцер беше чист. Ја лекував и Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ. Бев и кај градоначалничката на Сараево пред околу 20 и нешто години, и сега и жива здрава и убава, ха ха ха. Хосни Мубарак беше готов, го чекаа да умре, а сега му судат како на здрав и прав. Сум лечел многу и наши и светски политичари и јавни личности.
Seems legit.
После ова незнам колку е за верување.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас имав во фамилија болен од рак на бели дбробови. Човекот едвај една година изживеа, со што ли не пробавме. Апчињата од ајкула(за имунитет), одевме кај некојси Гого во Пинтија, лекови од странство и што ли уште не. И пак ништо, се стопи како коцка мраз пред наши очи. Се мислам дека земаше и варумин, не ме држете за збор но баш ќе прашам моиве дали земаше и такви таблетки. Па ќе пишам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom