ВОДИЧ НИЗ ГАЛАКСИЈАТА - ФИЛМСКИ КАТАЛОГ ЗА СОВРЕМЕНИ ТАПЧОВЦИ 2.0

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604
Once upon a time, во далечната 2011, еден чичко ( :D ), еден батко и една дадичка решија да отворат една „многу недемократска тема“. Во неа членовите не можеа ни да пишуваат, ни да бираат, туку само да читаат тоа што тројцата им сервирале. А на менито имаше 21 категорија со вкупно преку 150 филмови кои според нив секој еден посетител на Филм и ТВ на Кајгана Форум мора да ги има гледано за да може да се впушти во сериозни филмски дискусии. Многу полемики се отворија за темата, многу беа критикувани, но истата остави еден огромен печат на едно време и го трасираше патот на десетици филмофили на форумов. За тие кои уште не знаат за што зборувам, еве ја темата:

Vodic 1500 500.png

12 години потоа...

16 филмски ентузијасти и еден професионалец :love: се собраа за да направат ново, ревидирано издание на Филмскиот каталог за тапчовци. Ги вкрстија копјата, се испокараа и лека полека тргнаа во походот кој го нарековме ВОДИЧ НИЗ ГАЛАКСИЈАТА - ФИЛМСКИ КАТАЛОГ ЗА СОВРЕМЕНИ ТАПЧОВЦИ 2.0. И тука е се максимално недемократско, нема да може да бирате и гласате и ќе мора да голтате тоа што ви е сервирано... Но ние бевме малку помали диктатори, па ви отворивме уште една тема, во која ќе може да дискутирате за филмовите избрани во новиот каталог, да ни се смеете дека поим немаме што сме ставиле некој конкретен филм, а сме испуштиле друг и да пресметате колку од филмовите сте гледале а колку не. Таа тема можете да ја најдете ТУКА.

Пред креирањето на каталогот поставивме само 2 правила:

1. Ни еден од филмовите од првиот каталог нема да најдете тука. Значи мора прво таа лектира да ја поминете, таа е за прво одделение, па после да дојдете тука и да ја поминете лектирата за второ.
2. За разлика од првиот, овој каталог ќе го завршиме. :P

Ги ревидиравме и категориите, па така во новиов каталог бројот на категории е поголем. Филмовите ќе бидат подредени во следните категории, по 10, 15 или 20 филма во категорија:

1. Crime
2. Detective Movies
3. Thriller
4. Mystery
5. SF
6. Post Apocalyptic & Dystopian
7. Fantasy
8. Children & Family
9. Adventure
10. Horror
11. Period Drama
12. Biopic
13. Sport Drama
14. Romance
15. Romcom
16. Drama
17. Comedy
18. Crime Comedy
19. Satire / Parody
20. War / Antiwar
21. War WWII
22. History / Epic
23. Action
24. Superhero
25. Animation
26. Musical
27. Music

28. Western
29. Noir
30. Classic
31. European Cinema
32. World Cinema
33. Македонски
34. Unusual / Experimental Cinema
35. Documentary

Тука морам да го цитирам авторот на првиот каталог, зашто многу елоквентно го има срочено тоа:
Пред да почнете да кукате (не оти ни е гајле) да појасниме: листа ко листа, далеку е од совршена. Но се потрудивме да се усогласиме и да бутнеме по 10 филмови (некаде и по 20) во секоја категорија.
И пак ќе речам - за да не бидеме исто толкави диктатори, ви создадовме тема во која барем може да не критикувате. Со вас се читаме таму.

Секако, ви создадовме и Letterboxd листа каде ќе можете да ги најдете сите филмови од каталогот. Клик ТУКА.

И don't forget to SUBSCRIBE на темава, за секогаш кога ќе објавиме нова категорија, да бидете први што ќе ја видите и ако не сте ги гледале филмовите од неа, да бидете први што ќе ги гледате.

Почнуваме со првата категорија, наскоро!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.891
Crime 2.png

01. DOG DAY AFTERNOON - Sidney Lumet (1975)
Dog Day Afternoon.jpg

22 август 1972, Бруклин. Кон крајот на работното време, триото Џон, Салватор и Роберт влегува во локална банка со цел да ја ограби. За да се окуражат, кажал Џон Војтовиц, неколку часа претходно во кино го гледале Кум. Но, планираната петминутна кражба, се претвора во 14-часовна заложничка драма.
Три години потоа, Синди Ламет го режира филмот кој ги реконструира настаните, мотивите и лудилото на тоа попладне. Ликовите на Џон и Салватор како филмувани Сони и Сал ги толкуваат токму браќата Корлеоне. Шест номинации, еден Оскар и извонредна глума на Пачино, Казал и Крис Сарандон.

02. THE DEPARTED - Martin Scorsese (2006)
The Departed.jpg

Иако римејк според Infernal Affairs, сепак го надминува на успех и популарност а според многу и на квалитет. The Departed e режиран од големиот мајстор Martin Scorsese а во главна улога се Leonardo DiCaprio, Matt Damon, Jack Nicholson & Mark Wahlberg што е само по себе добитна комбинација за филм кој вреди да се седи пред телевизор. Полицијата пушта таен агент да шпиунира во Бостонската мафија без да знаат дека мафијата го прави истото со нивни агент кој ја инфилтрира полицијата, па кога се дознава дека има дупли агент во нивните редови, ние како гледач добиваме многу забава, предавства, исчекувања и филмски крај кој ужива култен статус со причина и е филм кој котира високо на многу листи. Just watch it.

03. CASINO - Martin Scorsese (1995)
Casino.jpg

Нараторскиот дуализам во овој филм се одвива помеѓу Сем (Роберт де Ниро), мозокот и златната гуска на мафијата, кој е во расчекор меѓу водењето со казиното, носење со сите предизвици кои произлегуваат од водењето, угодување на елитата, грижа најдобрите зарови да и припаднат на куќата која мора секогаш да победи и зауздување на неговата сопруга Џинџер (Шерон Стоун) и Ники (Џо Пеши), мускулот, кој во сенките треба да се погрижи за подмачканото и непрекинатото управување и тивко решавање на сите предизвици на казиното. Кулата од карти започнува да се урива кога Ники излегува од сенките, влегува во радарот на службите и започнува да се бави со организиран криминал, елитата зачапочнува да се чувствува незадоволено, трпението на челниците се тенчи, но и Џинџер која тоне во депресија и нејзината нестабилност започнува да станува главоболка за Сем.

04. FARGO - Joel Coen (1996)
Fargo.jpg

Во снежниот Фарго, Северна Дакота, еден обичен продавач на коли ќе ангажира двајца криминалци да ја киднапираат неговата сопруга, се со цел да изнуди пари од нејзиниот богат татко. Марџ е бремена полицајка која е задолжена да го истражи случајот.
Криминалистички филм со доза хумор, оној специфичниот за браќата Коенови. Францис МекДормант, Стив Бушеми и Вилијам ЕЈЧ Мејси се главните улоги во оваа снежна бркотница каде има доста полемики дали е баш вистинска приказна, како што стои на почетокот од филмот. 2 Oскари и уште 5 други номинации, 170то место на топ 250 листата на IMDB.

05. THE UNTOUCHABLES - Brian De Palma (1987)
The Untouchables.jpg

Базиран според автобиографските мемоари на Елиот Нес. Во ерата на прохибицијата, Елиот Нес (Кевин Костнер) и Џим Малоун (Шон Конери) прават тим од некорумпирани полицајци за да ја уништат империјата на еден од најпознатите гангстери од Чикаго, Ал Капоне (Роберт Де Ниро). Можеби една од најдобрите глуми на Шон Конери, добива и Оскар за најдобар актер во споредна улога.

06. LES MISÉRABLES - Ladj Ly (2019)
Les Miserables.jpg

Франција, сцените почнуваат за време на прославите на светскиот куп во 2018 година. Дечиња се прегрнуваат со француското знаме, се придружуваат на толпата за прослава. Истите деца се таргет на полицијата поради една наводно мала шега која прераснува во нешто поголемо. На нашки кажано од играчка – плачка. Борба против полициската бруталност, расните поделби, неприфаќањето во општеството. Брз, напнат и тензичен филм што ги допира сите проблеми со кои се соочува Франција и населението таму. Не, не се работи за BLM пропаганда. Адреналински филм што вреди да се погледне.

07. LE SAMURAÏ - Jean-Pierre Melville (1967)
Le Samurai.jpg

Ален Делон во сив мантил и шешир, на дожд, како ладнокрвен платен убиец гонет и од полицијата и од мафијата и од нарачателот на убиството.
Минимум дијалог, максимум филм. Напнати акциони сцени без експлозии, без карамболи со коли, без тепачки и без рафални пукотници.
Под режисерското водство на Жан-Пјер Мелвил, духовниот татко на новиот бран.
Филмот кој, меѓу другите, ги инспирира и Волтер Хил, Џон Ву, Квентин Тарантино...
Најстариот во категоријава, но единствен со 100% на Rotten Tomatoes.

08. THE WOLF OF WALL STREET - Martin Scorsese (2013)
The Wolf of Wall Street.jpg

Се сомневам дека некој на форумов го нема гледано филмов, или барем чул за истиот. Адаптиран според мемоарите на Џордан Белфорт, познат брокер од 80-90ти години. Филм за апетитите, лакомоста, и апсурдноста. Филмот ни ја прикажува секоја скала при искачувањето до “врвот”. Еднаш прочитав рецензија која тврдеше дека овие свињи можеме да ги гледаме и 5 часа, а нашиот мозок да ги смета за фасцинантни. Не беше далеку од вистината.
Океј Марго Роби е у филмов, глејте го.

09. TRAFFIC - Steven Soderbergh (2000)
Traffic.jpg

Од режисерската палка на Стивен Содерберг, во друштво на Бенисио Дел Торо, Мајкл Даглас, Кетрин Зета Џонс ве очекува една некласична и реална приказна за војната против употребата и трговијата со дрога и нејзините ефекти. Филм во кој се испреплетени различни човечки приказни и ќе ве натера да размислувате дали превенцијата и намалувањето на побарувачката е поважна од сузбивањето на понудата. Два и пол часа, ремек дело на филмската уметност, брилијатна глума, маестрална режија. Ова е еден од филмовите што стареат исто како доброто вино, токму затоа вреди да се погледне.

10. TAXI DRIVER - Martin Scorsese (1976)
Taxi Driver.jpg

Легендарен филм кој не старее, при секое гледање станува подобар и подобар. Тревис Бикл е воен ветеран со психички проблеми, а работи како ноќен таксист во Њујорк. Една рецензија вели дека протагонистот има повеќе психички проблеми од Едвард Нортон во Фајт Клаб. Нестабилен но фасцинантен карактер кој смета дека само он може да ги реши проблемите на општеството.
Тревис е осамен лик кој само пробува да се поврзе со општеството, меѓутоа не успева. Верувам дека сите некогаш сме се чувствувале како него, и тоа е една од причините што го прави овој филм маестрален.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.891
Detective 4.png

01. CHINATOWN - Roman Polanski (1974)
Chinatown.jpg


Ова е еден од филмовите за кој креаторите на првиот каталог чинам никогаш не си простија што не го вметнале таму. И со право! Сценариото на ова ремек дело се смета за едно од најперфектните сценарија некогаш напишани и дури и денес е една од главните теми на анализа на многу семинари и курсеви за пишување сценарија насекаде низ светот. Всушност, од 11 номинации за Оскар кои филмот ги заработил, единствениот Оскар го освоил за оригинално сценарио на Роберт Тоун. Филмот го следи приватниот детектив Џејк Гитс (Џек Николсон) кој е најмен од сопругата (Феј Данавеј) на еден богат функционер да истражува за наводните неверства на нејзиниот сопруг, но во меѓувреме самиот се вплеткува во мрежа од измами, корупција и убиство.

Репликата: „Forget it, Jake, it's Chinatown“ и ден денес во Холивуд е често повторувана изрека кога некој е неправедно изоставен од филмската индустрија и прогласена за една од најпознатите филмски реплики во историјата на филмот, претставувајќи своевидна метафора за корумпираните системи, како од Chinatown.

Entertainment Weekly го има прогласено за четврт најдобар филм на сите времиња, а и денес се уште е во IMDB ТОП 250 листата на најдобри филмови. Ако сте овде зашто барате добар детективски филм да гледате, а го немате гледано Chinatown, вашата потрага треба да заврши тука!

02. DIRTY HARRY - Don Siegel (1971)
Dirty Harry.jpg


Снајперист на крововите во Сан Франциско, стрела кон невини минувачи и бара откуп за да престане. Наместо тоа, полицијата го испраќа инспектор Калахан. Самотник, циник, немилосрден, брз на чкрапалото, во вечни проблеми со претпоставените, а кафето го пие без шеќер. Но неговите методи на справување со криминалците носат најдобри резултати. Секако, помогнат од неговиот пријател Магнум 44 со кој си го разубавува денот.

Пред да го пуштите филмот, треба да се запрашате: „Дали имам среќа?“
Па, имаш ли, битанго?

03. INSOMNIA - Christopher Nolan (2002)
Insomnia.jpg


Снимен по истоимениот норвешки филм, Инсомнија е единствената адаптација што Нолан ја има режирано. За сите љубители, уживатели, и фанови на класичниот детективски филм, Инсомнија ја следи истрагата на детективот Вил Дормер (Ал Пачино) до студената и депресивна Алјаска, каде нашиот протагонист заедно со младата и амбициозна детективка Ели (Хилари Сванк) го бараат убиецот на локална девојка чиешто име ниту го памтам ниту е важно за вас драги мои детективчиња. Следен од сопствените демони, и дочекан во мало рибарско гратче каде што сонцето никогаш не згаснува, Дормер се соочува со несоница во текот на целата истрага. Стилски, филмот ја следи природата на самата состојба, па на моменти е заматен, конфузен и нејасен. Со одличен дијалог, и фантастична актерска екипа, филмот е задолжителен за секој кој ужива во екранизации фокусирани на полициска истрага и разрешување убиства. Секако легендарниот цитат „You're what I'm paid to do. You're about as mysterious to me as a blocked toilet is to a fucking plumber.“ е само бонус во брдото причини зошто Инсомнија има заслужено место на листава.

04. ANGEL HEART - Alan Parker (1987)
Angel Heart.jpg


Како во златното време на film-noir, Harry Angel глумен од одличниот Mickey Rourke (камо да беше ваков во сите филмови) е приватен детектив кој добива задача од енигматичниот Cyphre (Robert De Niro) да пронајде човек кој му го нема отплатено долгот. Потрагата го носи кон запурниот New Orleans, каде што среќава секакви ликови кои ни малку не се подготвени да му помогнат во потрагата. Истрага константно се врти во круг каде што никој и ништо не е како што изгледа. Целовремената неизвеснот за што ќе се случи следно, одличната атмосфера која прави да се чувствуваш како да си таму со протагонистот соочувајќи се со неговите проблеми и постојаните перипетии го прават овој детективски трилер мистерија задолжителен за гледање и како предводник на жанрот neo-noir.

05. TENGOKU TO JIGOKU / HIGH AND LOW - Akira Kurosawa (1963)
High and Low.jpg


Пред да донесе битна одлука за иднината на успешната компанија за производство на чевли, што вклучува вложување на голема сума на пари, Кинго Гондо добива телефонски повик дека неговиот син е киднапиран. Спремен да го плати откупот Гондо, сепак се предомислува кога неговиот син се враќа дома од играњето на улица, но сега забележува дека синот на шоферот го нема. Киднаперот направил грешка, го киднапирал погрешното дете.
Гондо се јавува во полицијата која одма доаѓа во станот, предводена од инспекторот Токура. Киднаперот се јавува пак, увидувајќи ја грешката но сепак ја бара истата сума за откуп, на што Гондо се одлучува да ја плати и детето е ослободено.
Овде започнува целосен manhunt од страна на полицијата низ целиот град. Го пронаоѓаат местото каде било чувано детето со убиени соработници во делото. Играјќи си cat and mouse game со киднаперот, полицијата користи секакви методи во обид да го пронајдат главниот организатор на киднапирањето.
Еден од најдобрите филмови снимени од Акира Куросава, исполнет со тензични сцени и одлична процедурални елементи на полициска истрага е препорачлив за сите љубители на филмови.

06. IN THE HEAT OF THE NIGHT - Norman Jewison (1967)
In the Heat of the Night.jpg


Една од најпознатите американски филмски критичари на сите времиња, Паулин Каел, има напишано дека Америка во 60-тите била поделена на три дела: Њу Јорк, Југот, и се останато. In the Heat of the Night е приказна за Југот, за расниот конфликт во времето непосредно по донесувањето на законите за цивилни права и гласачки права во 1964 и 1965. Вирџил Тибс, глумен од неверојатниот Сидни Поатје, првиот црн актер освојувач на Оскар во историјата (иако не за овој филм), е полициски детектив на кој му е дадена работна задача да истражува едно убиство на богат индустријалец во мало провинциско гратче во Мисисипи. Филмот го дава одговорот на прашањето: што ќе се добие ако споиш црнец детектив и реднек шериф - скоро два часа тензија, одлична глума, сценарио, режија... и мнооогу забава! Ова е еден од најдобрите филмови од 60-тите и еден од најдобрите филмови кои освоиле Оскар за најдобар филм во историјата! Мора да се погледне!

07. SALINUI CHUEOK / MEMORIES OF MURDER - Bong Joon-ho (2003)
Memories of Murder.jpg


Boon Joon-ho ни ја пренесува вистинската приказна за првиот евидентиран сериски убиец во Јужна Кореја. Во едно мало рурално место, тело на млада девојка е пронајдено од страна на локалните детективи. Се гледа дека локалната полиција не е спремна за ваков криминал. Пристапот на детективот и на форензичарите е комичен и хаосен, па затоа од Сеул стасува детектив кој волонтирал да помогне со истрагата. Запознавањето на двајцата главни детективи е легендарно. Врвна кинематографија. Од навидум комедија прераснува во ролеркостер од емоции.
"Korean detectives investigate with their feet."

08. MISSISSIPPI BURNING - Alan Parker (1988)
Mississippi Burning.jpg

Во срцето на сегрегационизмот, Мисисипи, каде кланот води тивка војна, исчезнуваат 3 граѓански активисти кое паѓа на радарот на ФБИ. ФБИ агентите (Вилен Дефо и Џин Хакман) се обидуваат да ја решат оваа мистерија, но наидуваат да отпор кај локалното население, отпор проткаан од страв од ескалација. Историски крими-трилер, базиран на вистински настани од 60тите години во Мисисипи, филм со 4 номинации за Оскар и еден Оскар за најдобра кинематографија.

09. PRISONERS - Denis Villeneuve (2013)
Prisoners.jpg


Детективска трилер мистерија сместена некаде во Пенсилванија. Детективот Локи (Џејк Гиленхал) е задолжен да истражи случај каде 2 малолетни девојчиња се исчезнати. Еден млад дечко е осомничен но поради недостиг на докази набрзо е пуштен на слобода. Огорчен од спората и навидум во место истрага, еден од родителите одлучува да ја земе правдата во свои раце.
Мастерклас глума на Хју Џекмен и Пол Дејно. За жал без номинации за Оскар во главните категории, единствена номинација е за кинематографијата.
Филм што дефинитивно мора да се изгледа.

10. MANHUNTER - Michael Mann (1986)
Manhunter.jpg


Се сеќавате на Ханибал Лектор и култното портретирање на истиот од страна на Ентони Хопкинс во The Silence of the Lambs (1991)? Е па Manhunter му доаѓа нешто ко prequel, или origin story, иако не е ова баш филм за Ханибал, тука тој е само спореден лик. Но ако сакате да го гледате цел Ханибал-verse, ова е појдовната точка. Поранешен FBI детектив, Вил Греам (Вилијам Петерсен) се враќа во улогата на детектив во потерата по еден сериски убиец на кој од медиумите му е даден надимакот „the Tooth Fairy“. Иако The Silence of the Lambs има култен статус, ова е некако покомплетен филм, во кој секоја техникалија е во функција на градење на тензична атмосфера. Тука нема да најдете никаква експлицитност (убиства, крв, акција, насилство, ова не е филм што ќе ве шокира), има еден поинаков стилски пристап во градењето на приказната од класичните детективски приказни, но ова е филм заради кој го исфрливме најпознатиот детектив, Херкул Поаро од листава, зашто сметавме дека мора да го има! Веројатно најдобриот филм на режисерот Мајкл Ман (го знаеме по Heat), филм со кој форензиката влегува на голема врата во филмот и телевизијата. Задолжителна лектира!
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.279
Thriller 3.png

01. NO COUNTRY FOR OLD MEN - Joel Coen, Ethan Coen (2007)
No Country For Old Men.jpg

Маестрален филм на браќата Коен. Можеби најдобриот според мене. Филмот ја следи приказната за Левелин Мос, ловец кој наидува на зделка со дрога што тргнува наопаку во далечна пустина, некаде во Тексас. Неговата алчност му вели да ги земе парите, притоа станувајќи мета на немилосрдниот платен убиец Антон Чигурх, кој не се откажува дур не ги врати парите.
Хавиер Бардем во улогата на Антон, Џош Бролин како Левелин Мос и Томи Ли Џонс во улогата на шерифот Бел, фантастичен перформанс и застрашувачка изведба. Режијата на браќата Коен гради тензија и неизвесност во текот на целиот филм што на моменти ќе прави да се чувствувате згрозено од бруталноста на Антон.

02. AMERICAN PSYCHO - Mary Harron (2000)
American Psycho.jpg


Базиран на истоимениот роман на Брет Истон Елис, American Psycho е остварување кое ќе ве запознае со Патрик Бејтман (Кристијан Бејл). Станува збор за млад, згоден, атрактивен, инвестициски банкар, кој има астрономска заработка, живее во луксузен стан во елитен дел на Њујорк, скапа гардероба и живот на висока нога. На прв поглед човек кој нема на што да се пожали, но и покрај тоа Патрик не е задоволен со својот живот.
Од другата страна ќе го запознаете и Патрик Бејтман опсесивен психопат, сериски убиец со мрачни, екстремни психотични фантазии.
Некои го доживуваат како модерен класик и комплетно ремек дело, а некои го доживуваат како недоречен и површен. Она што е сигурно е дека ве чека една авантура од многу убиства, збирки на лешеви, крв, секс, кокаин. Вистинска сатиризација на материјализмот и бездушноста. Филм преполн со метафори кои ја отсликуваат отуѓеноста и празнината на модерното цивилизирано друштво.
Ќе добиете одлична глума, дијалози, фотографија и на крај ќе се запрашате дали убиствата се реални и вистински или сепак се производ и плод на неговата фантазија.
Филм кој дефинитивно заслужува повеќе гледања, а ќе уживате подеднакво во секое наредно.

03. LES DIABOLIQUES / DIABOLIQUE - Henri-Georges Clouzot (1955)
Diabolique.jpg


Во 1955, двајца француски автори кои работеле заедно на пишување на крими романи, Boileau-Narcejac, објавуваат роман под наслов: „Таа која веќе ја немаше“ („Celle qui n'était plus“). На Алфред Хичкок премногу му се допаднал романот и тргнал да ги откупи авторските права за снимање на филм. Не знаеме што ќе испаднело ако ова беше филм на Хичкок, зашто буквално за само неколку часа го претркал францускиот режисер Анри-Жорж Клузо и според романот го снимил Les Diaboliques. Хичкок подоцна како утешна награда ги добил правата за нивниот следен роман, „Од помеѓу мртвите“ („D'Entre les Morts“) според кој го снимил познатиот „Vertigo“, но тоа е сосема друга приказна... Она што е исто така важно, е што Хичкок бил инспириран токму од тој роман и токму од овој филм за неговиот „Psycho“.

Les Diaboliques (Демони, по нашки), е трилер/хорор приказна за една жена и љубовницата на нејзиниот маж кои смислуваат план како да го убијат човекот. Сметам дека оваа реченица доволно ќе заскокотка секој да дознае што се случува во филмов. И ако на крај дознаете, јавете ми! ;)

04. DIAL M FOR MURDER - Alfred Hitchcock (1954)
Dial M for Murder.jpg


Првата улога на Грејс Кели во филм на Хичкок.

Ако тоа не ви е доволно, во филмот се работи за еден сопруг кој доаѓа до докази дека неговата богата жена го изневерува. Не сакајќи да го изгуби богатството, а воедно да се освети, се одлучува да ја убие. До најмала ситница осмислува план за нејзиното убиство, а кој воедно нему ќе му обезбеди совршено алиби.
Дали ќе успее во намерата или планот ќе пропадне, ќе дознаете дури на самиот крај од филмот полн со пресврти.

Интересен факт: филмов е оригинално снимен во 3Д.

05. GISAENGCHUNG / PARASITE - Bong Joon-ho (2019)
Parasite.jpg


Ki-woo Kim е тинејџер кој живее во сиромашен кварт со своето семејство, кое е невработено и пробува да живее од ден за ден со работење на разноразни мали работи, како пакување кутии за пици. Другар на Ki-woo, кој заминува да студира во странство, му кажува дека го препорачал да биде приватен наставник за една млада девојка од богата фамилија. На интервјуто за работата, мајката на девојката му кажува дека имаат и потреба од приватен наставник по уметност за помалиот син, кој тврди дека видел дух и е истрауматизиран. Ki-woo ја препорачува неговата сестра. Се вработува сестра му и набрзо се вработуваат и таткото и мајката како шофер и готвачка, се тоа без семејство Парк да знае дека они се крвно поврзани. Кога Парк одат на семеен викенд надвор од градот, целото семејство Ким останува само во куќата. Набрзо се расплетува приказната за темните тајни кои се кријат во куќата. Стандардно добра корејска кинематографија, со на моменти одличен саундтрак.

06. JOKER - Todd Phillips (2019)
Joker.jpg

Ова не е филм со Бетмен и ова не е Џокер каков што го знаеме, па би рекол, највеќе по Хит Леџер во Dark Knight. Ова е Џокер пред да стане Џокер.
Улога која го извади најдоброто од Хоакин Феникс, за што заработи сосема заслужен Оскар.
Станува збор за еден ментално нестабилен лик чија единствена окупација во животот му е да стане познат стенд-ап комичар. Се вика Артур Флек и неговата појава и пред се насмевка ќе ве прогонува долго време. Тензичен трилер од почеток до крај.
Кога го пишувал ликот на Артур Флек, режисерот и ко-сценарист Тод Филипс се служел со примерите на други двајца филмски социопати, Тревис Бикл од Taxi Driver и Руперт Папкин од The King of Comedy, улоги на Роберт Де Ниро, кој се појавува и тука, во улогата на еден водител на talk show, чиј гостин ќе биде токму Артур.
...one small thing, hm, when you bring me out, can you introduce me as Joker?

07. M - Fritz Lang (1931)
M.jpg


Денес кога темата за сериски убијци на филмското платно скоро и да не предизвикува сензација, печатот на еден филм далеку пред своето време останува непроменет. Над берлинските улици надвиснува зло кога се повеќе деца исчезнуваат. Градот е зафатен од низа обвинувања, хистерија и неизвесност. Набрзо ќе се запознаете со антагонистот на Фриц Ланг, но тензичната атмосфера при полициската потрага по него не отсуствува во ниту еден момент. Инвентивен, едноставен, а повеќеслоен, М е класик кој не треба да го одминете. Пер Гинт и крупните очи на Ханс Бекерт ќе ве демнат долго потоа.

08. LEON: THE PROFESSIONAL - Luc Besson (1994)
Leon.jpg


Introducing: Natalie Portman! Да, ова е нејзиното деби, филмот кој ја создаде една од најдобрите актерки на денешницата, според мене, Натали Портман. Улогата ја добила кога имала само 11 години, и е веројатно една од ретките деца-ѕвезди кои славата не ги удрила во главата и останале ѕвезди и после пубертетот. Портман ја глуми малата Матилда, девојче кое останува без никој на овој свет откако еден DEA агент го убива целото нејзино семејство. По загубата, таа успева да создаде една необична врска - со еден платен убиец, Леон (Жан Рено) кој ја учи на тајните на занаетот...

P.S. Aglaonema e тропско растение по потекло од Азија (Нова Гвинеја), меѓу народот познато како „кинески евергрин“: Во Азија се чува како украсно цвеќе со векови наназад зашто се смета дека растението носи среќа. На запад е донесено во 1885 и кај нас се чуваат како салонско цвеќе по домовите, нормално, зашто не можат да ги преживеат нашите зими надвор. Имаат преубави темнозелени листови со бели линии по нив... Се прашувате што ви зборувам за ботаника? Гледајте го филмов! ;)

09. ROPE - Alfred Hitchcock (1948)
Rope.jpg


Двајца пријатели Брендон и Филип во обид да извршат перфектно убиство, убивајќи го нивниот школски другар Кенет. Телото е тука, во станот, во еден антички сандак а врз него е масата со јадење на која ќе се гостат останатите учесници во овој трилер, најблиските луѓе на Кенет, Брендон и Филип.
Одличен, напнат трилер, своевиден мастерклас од мајсторот на тензијата, Алфред Хичкок.
Навидум се е мирно и се оди според планот, се додека не се појави Џими Стјуарт во улогата на еден остроумен, поранешен (да го наречам) педагог во школото каде учеле овие тројца, кој на некој начин им дал инспирација за ова перфектно убиство на Брендон и Филип.
Филм чие дејство се одвива во една соба, во еден стан, саат и 20 минути чист трилер и борба на умови.

10. SIN CITY - Robert Rodriguez, Frank Miller (2005)
Sin City.jpg


Turn the right corner in Sin City, and you can find anything...

Добре дојдовте во Градот на гревот! Во овој град ќе најдете се: луѓе кои се силни, други кои се корумпирани, трети - со скршено срце... Некои го викаат мрачен, но други го викаат дом. Некои бараат одмазда, други посакуваат искупување на гревовите. Но има и херои кои се обидуваат да постапат правилно во крвавиот град кој не се грижи за нив.

А што бараш ти тука?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Mystery 4.png

01. SHUTTER ISLAND - Martin Scorsese (2010)
Shutter Island.jpg

Shutter Island е психолошки трилер во режија на Мартин Скорсезе, базиран на истоимениот роман на Денис Лехан. Леонардо ДиКаприо, Марк Рафало, Бен Кингсли е актерската екипа што ќе ве вози во 2 часа лудило. Се работи за двајца американски маршали кои истражуваат случај на исчезнато лице во оддалечена ментална институција т.е. остров наречен Shutter Island.
Од самиот почеток филмот е мрачен и ве држи во неизвесност до самиот крај. Ликовите се прогонувани од нивното минато, а како што се развива случајот сфаќаме дека има многу повеќе отколку што изгледа.
ДиКаприо е фантастичен во улогата на маршал Теди Даниелс, ни ја прикажува сложената емоционална состојба на ликот, правејќи да се запрашуваме што е реално, а што е само во неговиот ум. Марк Рафало и Бен се исто одлични. Трилер што никако не смее да се пропушти.

02. GONE GIRL - David Fincher (2014)
Gone Girl.jpg

Емји исчезнува и сите погледи се вртат кон нејзиниот сопруг Ник. Медиумите кампуваат пред неговата куќа, а пријателите му го вртат грбот. Кругот на сомнежот се стеснува кога форензичарите, во нивната куќа, увидуваат знаци на борба и крв кои наговестуваат ладнокрвно убиство поттикнато од финансиски побуди. Дали станува збор за несмасно и лошо испланирано убиство или за долго планирано и исценирано убиство? Психолошки трилер со неочекуван заплет и уште понеочекуван раслет. Во главните улоги, меѓу другите, се: Бен Афлек, Рoзамунд Пајк, Нил Патрик Харис и Емили Ратајковски.

03. ZODIAC - David Fincher (2007)
Zodiac.jpg

Last time I saw that face was July 4, 1969. I'm very sure that's the man who shot me.

Крајот на 60те години, Сан Франциско и неговата непосредна околина е тероризирана од сериски убиец познат само како Зодијак. Редакцијата каде што работат новинарот Пол Ејвери (Роберт Дауни Џуниор) и Роберт Грејсмит (Џејк Гиленхол) добива инкриптирана порака од убиецот кој бара да биде објавена во весникот. Грејсмит и Ејвери решаваат да почнат да ги истражуваат убиствата, паралелно со истрагата на инспекторот Дејв Тоши (Марк Рафало). Годините поминуваат, бројот на убиства се зголемува, а истрагата не напреднува никаде.
Филмот содржи многу добри тензични сцени, како од самите убиства, така и од истрагата и испитувањето на осомничените, цело време имајќи на ум дека ова се случувало во реалноста.
Одлични улоги на тројцата главни протагонисти. Грејсмит напишал и книга, според која е снимен и филмот. Тоши пак бил инспирација за ликот Булит (Стив Меквин) од истоимениот филм, а пак додека самите настани биле инспирација и за првиот филм Dirty Harry. Исто така постојано се спомнува и филмот The most dangerous game (1932) низ истрагата. Па така доколку се одлучите да го гледате овој одличен трлер-мистерија филм, може да ве инспирира и да ги ѕирнете и овие три филмови.

04. OLDEUBOI / OLDBOY - Park Chan-wook (2003)
Oldboy.jpg

Од режисерската палка на еден од најдобрите корејски режисери на сите времиња, Парк Чан-вук, Oldboy е најверојатно најзадолжителната лектира! Следи еден обичен човек кој еден ден е киднапиран и држен во заложништво цели 15 години без никакво логично објаснување. После 15 години, киднаперот го пушта на слобода, опремен со пари, телефон и скапа облека. Што следи потоа? Само обичен социјален експеримент или скриени многу подлабоки намери? Ова ќе го дознаете само ако се препуштите на магијата на корејското кино! Гледајте го Oldboy, ќе ви остане во сеќавање уште долго!

05. THE CONVERSATION - Francis Ford Coppola (1974)
The Conversation.jpg

Филм на Франсис Форд Копола, кој кажал дека од сите филмови што ги направил, ова е неговото омилено дело. Копола долго време се обидувал да го финансира филмо, но ги добил средствата тек после успехот на The Godfather, па со парите од него го снимил овој. Накратко, се работи за експерт по прислушкување кој има задача да прислушува пар маж и жена и нивниот разговор транскриптиран да го предаде на агенцијата која го изнајмила да ги следи. Парот, очигледно параноичен и искусен со такви служби, знае дека ако разговара во гужва многу се мали шансите за да биде прислушкуван. И поради тоа се среќаваат на најпрометно место, на плоштад. Gene Hackman, кој ја игра главната улога на прислушкувач, почнува да стравува дека парот кој е прислушкуван има опасност да биде убиен.
Накратко, тоа е главното сиже на филмот.
Кинематографијата е одлична, The Conversation е исто така многу значаен по тоа што има многу добар sound editing, лесно се навлекува човек и 2 часа поминуваат многу брзо. Изобилува и со добра џез музика така што љубителите на џезот би уживале во филмот. Се на се, заслужува место во каталогот затоа што навистина е едно ремек дело кое одамна го поминало тестот на времето и уште поважно - раскажува приказна што е актуелна и атрактивна и денес.

06. THE GAME - David Fincher (1997)
The Game.jpg

Дали вашиот живот е интересен? Би сакале ли да имате брат кој ќе го направи поинтересен? Или веќе имате брат за кој мислите дека ви го прави животот интересен? Верувајте дека се лажете! Погледнете што се може да направи за вас некој кој вистински ве сака. „Играта“ може да започне!

07. BLUE VELVET - David Lynch (1986)
Blue Velvet.jpg

Уште еден сам-наречен чуден свет од Дејвид Линч каде, откривање на отсечено човечко уво, истрагата води до пејачка во клуб на која и е киднапирано детето од криминална група. Навидум тематски, откривајќи една поинаква страна на таа приградска сцена која е навидум перфектна се додека трулото, бубачките и човечките мрачни импулси кои некогаш неуспешно ги игнорираме почнуваат да бидат обелоденети бидејќи се толку плитко под таа совршена површина што сакаме да ја негуваме. Паралелите кои Линч ги влечи и преку кои тој сака да ни пренесе за што сака да зборува се намерно опипливи и достапни, за кога сами ќе дојдеме до нив преку неговиот суреализам и како низ сон раскажување е многу наградувачко и е тоа што го прави господинот Линч - Линч. Во главни улоги го имаме повторно Kyle MacLachlan, иконскиот детектив од Twin Peaks, незаменливата Laura Dern која го дава секогаш најдоброто за филмовите на Линч (пример Inland Empire повторно диригирана од Линч) и Денис Хопер, хаотично злобен кој оправдано го краде цел филм со свој белег кој долго ќе ве прогонува. Линч беше номиниран за Оскар за најдобaр режисер во 1986 за филмот но неславно, статуетката отиде таа година кај Оливер Стоун но сепак небитно бидејќи ова е филм кој е над сите тие награди и признанија и е филм кој мора да го изгледате во животот.

08. THE GIRL WITH THE DRAGON TATTOO - David Fincher (2011)
The Girl with the Dragon Tattoo.jpg

Lisbeth, I want you to help me catch a killer of women.

И после 40 години од исчезнувањето на неговата внука Хериет, богатиот Хенрик Вагнер добива поклон на секој роденден потполно ист како и другите што ги добивал од неа. И покрај сите обиди да открие што се случило со неа, сомневајќи се во убиство од страна на член на неговото семејство се одлучува на последен обид, ангажирајќи го Микел Блумквист, посрамотен истражувачки новинар.
Микел патува на имотот на Вагнер, каде започнува истрага, соочувајќи се со најидиосинкретичната фамилија во Шведска полна со необични, себични, алчни, непристојни, амбициозни и одвратни ликови.
Сфаќајќи дека не може сам да се справи со целата истрага, Микел ја ангажира Лизбет Саландер, интровертна хакерка со мачно и непријатно минато зад неа. Вагнер доживува срцев удар и е примен во болница, Микел и Лизбет се во трка со времето да откријат што се случило со Хериет.
Доколку обожавате трилер мистерии, сместени во одлична атмосфера, одлична кинематографија, музика и режија тогаш овој филм не смеете да го пропуштите.

09. THE PRESTIGE - Christopher Nolan (2006)
The Prestige.jpg

Откако еден магионичарски трик ќе заврши трагично, двајцата (до тогаш) колеги ќе станат непријатели, ривали во борба за совршен трик наречен телепортација. Од режисерската палка на Кристофер Нолан, суперинтензивна трилер мистерија со малце надреални ствари, нешто што е трејдмарк за овој режисер.
Дејвид Боуви во улогата на Никола Тесла. Кристијан Бејл, Хју Џекмен, Скарлет Јохансон и секако, господинот Мајкл Кејн во главните улоги.
Филм чиј крај ќе ве изненади, затоа и нема што многу да се пишува, само пуштете и гледајте.

10. EYES WIDE SHUT - Stanley Kubrick (1999)
Eyes Wide Shut.jpg


Loosely based on кратката „Новела за сонот“ од Артур Шницлер, ова е последното филмско остварување на еден гениј на филмската уметност, можеби и најдобриот режисер некогаш роден - Стенли Кјубрик. Ова е blend од многу нешта: романса, трилер, еротика, (дури и порнографија на моменти!), фантазија, луцидност, симболи, алегории, исечоци од приватниот живот на Том Круз и Никол Кидман... Ова е „злокобен одраз на наводните вкоренети, осаменички неврози на неговиот креатор“, тестамент (умрел само 4 дена откако ја предал финалната верзија на филмот на Warner Bros) кој го остава на идните генерации филмофили за некаде помеѓу почетокот и крајот на филмот, или можеби надвор од неговите граници да го пронајдат клучот со кој ќе го декодираат, ќе ја разјаснат неговата поетика. Ова тврдење оди до таму што постои култ кој верува дека Кјубрик намерно си поиграл со гледачот и натрупал се и сешто за да го збуни, и дека ова не може да се дешифрира. Во реалноста е сосема подруга сликата и единственото прашање кое останува неодговорено или на кое се дадени премногу различни одговори е каде завршува реалноста и каде започнува сонот. Но зарем не е исто и во светот надвор од филмот?

Сонувајте!

P.S. Филмот го држи гинисовиот рекорд за најдолго непрекинато снимање кое траело околу 15 месеци и во кои е вклучена една непрекината снимка со траење од 46 недели! Се разбира, истата не е целосно вклучена во филмот. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604
Science Fiction.png

01. INTERSTELLAR - Christopher Nolan (2014)
1677011553070.png


Ако барате филм кој го освежил жанрот, понов филм кој оставил трага во жанрот како сите класици од минатото само превиткајте лист хартија и продупчете го со молив и ќе се најдете со Инстерстелар. Кристофер Нолан раскажува за човештвото кое пробува да опстане бидејќи земјата умира. Црните дупки во филмот постојат за само да ве проголтат додека пробувате да си ги задржете солзите во себе и не сакате никој да примети. Марфи (Џесика Честејн) и Купер (Метју Мекхонахи) ќе ви раскажат една навистина тешка приказна за човештвото, за предавство, за родителска љубов и за колку силно може да биде едно детско надевање додека гледате во црни дупки, вселенски бродови, други планети а неверојатниот Ханс Зимер ви го појачува секое чувство преку композиции кои без слика сами по себе се способни да раскажат приказна. Филм кој не смеете да си дозволите да го испуштите!

02. INCEPTION - Christopher Nolan (2010)
1677011574865.png


Група на криминалци која оперира такашто влага во туѓи соништа и од таму краде битни информации, ќе добие понуда да го направи, до тогаш за нив, незамисливото сценарио наречено Inception, односно во различен левел на сонови да вметне идеја во туѓа глава.
Сон во сон, во сон, во чиј сон се одвива сон.
Леонардо ДиКаприо, Џозеф Гордон-Левит, Том Харди, Килијан Марфи, Мерион Котијар, Елен Пејџ од времето кога беше сосема нормално човечко битие и секако, печатот во филмовите на Нолан, господинот Мајкл Кејн.
Возбудлива научнофантастична трилер-акција од мајсторот на блокбастер филмовите, Кристофер Нолан со прекрасната музика на Ханс Зимер. Филм што нема да ве остави да трепнете, филм кој го бара сето ваше внимание и филм по кој ќе си ги испитувате вашите соништа.
Сонувајте.

03. GRAVITY - Alfonso Cuarón (2013)
1677011607519.png


Филмот е визуелно прекрасен, чие дејствие се одвива на меѓународна вселенска станица, на која двајца астронаути, Мет Ковалски (Џорџ Клуни) и Рајан Стоун (Сандра Булок) вршат редовни досадни обврски. Нивната мисија ќе биде загрозена откако Русите ќе дигнат свој сателит во воздух, а остатоците од истиот ќе почнат да орбитираат околу земјата со брзина на куршум и да уништуваат се пред себе. Филмот ја потенцира човековата истрајност и преживувачки инстинкт, наспроти сите шанси за опстанок.

04. K-PAX - Iain Softley (2001)
1677011685443.png


Филмот ни ја раскажува приказната за еден мистериозен човек по име Прот. Тој тврди дека е вонземјанин и доаѓа од планета наречена К-Пакс. Набргу е сместен во ментална институција под надзор на доктор кој сака да ја октрие вистината зад тврдењата на Прот.
Кевин Спејси во главна улога како Прот и Џеф Бриџис како д-р Пауел имаат одлична хемија. Нивните интеракции и разговори низ текот на целиот филм се преубави. Изведбата на Спејси е нешто неверојатно и има навистина харизматичен карактер иако навидум вонземјанин.
Филмот ги истражува менталните болести и трауми како и човековата психа. Истражува искуства на оние луѓе што честопати се погрешно разбрани или занемарени.
К-Пакс е филм кој мора секој да го погледне, барам оној кој ужива во филмови што поттикнуваат размислување. Интересно е да се види и размисли што е навистина реалност и каде ние припаѓаме во универзумот. Веројатно не толку популарен филм, ама за мене е во топ 10 филмови, а можеби и најдобриот филм на Кевин Спејси!

05. BRAZIL - Terry Gilliam (1985)
1677011758037.png


Бразил е надреалистичка, мрачна визија за „совршена“ иднина каде технологијата е супериорна. Инспириран од познатата 1984 напишана од Џорџ Орвел. Во текот на филмот приказната се фокусира на Сем Лори (Џонатан Прајс), просечен работник од средната класа изгубен во масивниот бирократски систем кој доминира низ целиот филм. Сем, излезот од овој систем го наоѓа во своите соништа и фантазии, во нив тој има крилја, тој е херој кој ја спасува својата дама од огромниот самурај. Приказната од филмот се испреплетува во потрагата на Сем по девојката од неговите соништа, што е посложено одошто звучи.

06. EX MACHINA - Alex Garland (2014)
1677011822983.png

Научно-фантастичен трилер со маестрални визуелни ефекти. Филм што совршено ја доловува анксиозноста и стравот на луѓето околу идејата за вештачка интелигенција. Приказната го следи младиот програмер кој добива награда да помине една недела со еден извршен директор на еден проект. Кога пристигнува на локацијата сфаќа дека ќе работи со вештачка интелигенција и next-gen робот. Силен Блек Мирор вајб има целиот филм, изолирана локација, 3ца актери, раговори кои прават да се чуствуваш непријатно и многу прашања. Филмот може да се протолкува на неколку начини, ама приказната е вешто изведена да го остави тоа на гледачот.
Тоа што го прави интересен филмот е што е снимен во 2014, а тој страв сеуште постои. Би рекол провоцирачки филм што го поттикнува гледачот да размисли за етиката околу користење на вештачка интелигенција и кои би биле последиците.

07. ARRIVAL - Denis Villeneuve (2016)
1677011873195.png

Како своевиден омаж на класичните НЛО научно-фантастични филмови (од кои голем дел ќе ги најдете во оваа категорија), Arrival на Дени Вилнев успева да надмине во многу работи голем дел од нив. Ова не е еден од оние филмови кои одолговлекуваат, во кои се чека долго за да се влезе во сржта, туку почнува бурно, завршува исто така. Премисата е иста како сите sci-fi НЛО филмови: насекаде низ Земјата се појавуваат чудни лебдечки објекти со овална форма. Светот се мобилизира: но наместо војската, главната улога ја има еден експерт лингвист (феноменалната Ејми Адамс), која треба да стапи во контакт со нив и да открие дали се тука заради инвазија и се закана за човештвото или нивното доаѓање е добронамерно. Филмот беше номиниран за 8 Оскари меѓу кои и за најдобар филм за 2016. Ова мора да го погледнете!

08. CLOSE ENCOUNTERS OF THE THIRD KIND - Steven Spielberg (1977)
1677011938120.png

Дали сте подготвени за едно ново филмско искуство? Извонредно режирана научно-фантастична приказна, која ќе ве натера на размислување.

Низ целиот свет почнуваат да се случуваат чудни нешта и да се појавуваат чудни неидентификувани летечки објекти. На различни делови од светот некои луѓе добиваат иста порака и се опседнуваат со истата мисла. По таква кратка средба, еден електричар незаприливо поаѓа кон едно место во дивината до кое војската го ограничува пристапот.

Дали човештвото е подготвено за вонземски посетители? Дали сме доволно напреднати за да можеме да оствариме комуникација со различни светови? Колку сме подготвени да го следиме сонот и од што сѐ можеме да се откажеме за да то оствариме? Тоа се прашањата што се поставуваат, а одговорите сами ќе си ги дадете.

Надополнет со прекрасната музика на Џон Вилијамс и познатите пет тонови со кои се остварува првичната комуникација со вонземјаните, „блиските средби од трет вид“ е родоначалникот на темата средба со вонземјани. Ричард Драјфус и Франсоа Трифо под водството на Стивен Спилберг.

09. CLOUD ATLAS - Tom Tykwer, Lilly Wachowski, Lana Wachowski (2012)
1677012007076.png

Филмот, снимен по истоимената новела, го следи патувањето на шест „души“ низ времето, во неколку навидум неповрзани приказни. Приказните започнуваат од 1850-те и трговијата со робови, преку 1930-те и 1970-те, една приказна од денешно време, и две приказни од иднината. Идејата е дека животот е вечен, и дека и нaјмалите работи кои што ги правиме денес можат да имаат огромен ефект врз настаните во иднината. Cloud Atlas е еден од оние филмови кои секој гледач ќе го доживее и протолкува на свој начин. Enjoy the journey!

10. EDGE OF TOMORROW - Doug Liman (2014)
1677012104459.png

Уште еден филм базиран на роман овојпат јапонски „All You Need Is Kill” на Хироши Сакуразака и ја следи приказната за воен офицер – Вилијам Кејџ (Том Круз).
Тој се наоѓа во временски loop, и го живее истиот ден повторно и повторно.
Карактерот на Том Круз започнува како егоцентричен и кукавички офицер но постепено тој се трансформира во храбар и next-gen војник. Интересна страна на филмов е пристапот кон временскиот loop бидеќи Кејџ ги користи своите “претходни” искуства за да стане подобар војник и да стекне некоја предност пред непријателот. Акционите сцени се брзи и адреналински и сето ова е надополнето од одлични визуелни ефекти. Интересна научно-фантастична акција со уште подобра приказна.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
11. JURASSIC PARK - Steven Spielberg (1993)
1677012201032.png


Научно-фантастична авантура со која Спилберг на голема врата ги враќа диносаурусите во поп културата. Во островскиот забавен парк на клонирани диносауруси, при несреќа загинува вработен и директорот, Џон Хамонд, поради притисок од страна на своите инвеститори, приморан е да повика група од палеонтолог, палеоботаничар, матератичар и адвокат на вонредна безбедносна инспекција. Покрај нивната длабока фасцинација кон овој свет, нивната авантура не поминува според очекувањата затоа што најголемиот предатор во историјата, крвожедната машина за убивање, Ти-рекс, успеава да се измoлкне од својот кафез. Филмот е зачинет со музиката на маестро Џон Вилијамс, но успева да се закити и со три Оскари, меѓу кои и Оскар за најдобри визуелни ефекти.

12. MINORITY REPORT - Steven Spielberg (2002)
1677012257566.png


Идејно базиран на новела од Филип Дик, еден од најпопуларните писатели на НФ, „Малцинскиот извештај“ е акционен НФ филм во режија на Стивен Спилберг со Том Круз во главната улога.

Некаде кон средината на овој век постојат три мутанти со способност да предвидуваат убиства. Со тоа насилниот криминал е комплетно искоренет, со исклучок на убиството од страст кое најчесто се предвидува многу кратко пред да се случи. Затоа е формирана елитна полициска единица која делува по извештаите на мутантите и прави сѐ да ги спречи и овие убиства. Круз го игра шефот на оваа единица, кога еден од извештаите ќе го посочи токму него како убиец. И тогаш почнува акцијата.

13. SOLYARIS / SOLARIS - Andrei Tarkovsky (1972)
1677012344491.png


Како минатото ја обликува сегашноста?
Како сегашноста го формира гледањето на минатото?
Станува збор психологот Келвин кој е испратен во вселенска станица која орбитира околу планетата Соларис. Оваа планета има чудесна способност да ги исполнува соништата, стравовите, желбите и најголемите кошмари. За време на престојот во станицата Келвин се среќава со својата веќе почината сопруга. Тој сфаќа дека таа е визуелизација на неговите спомени на неа, таа е баш онаква како што тој ја запомнил.
Филм преполн контрасти помеѓу природата и цивилизацијата, минатито и сегашноста, Земјата и Соларис, како и филозофијата на умот и смислата на човекот, метафизичко и духовно истражување на човештвото.
Ова е дефинитивно еден од оние evergreen SF филмови, кои ќе ви понудат нешто еден поинаков поглед, одлично сценарио, oдлична камера, успорени кадри. Верувам дека Соларис е кулминација од режисерската кујна на еден од највлијателните руски режисери Андреј Тарковски, чии филмови редовно се појавуваат на листите на најдобри филмови на светската кинематографија.
Спремете се за едно незаборавно филмско искуство и нурнете во Соларис, култното ремек дело на седмата уметност.

14. STALKER - Andrei Tarkovsky (1979)
1677012411809.png


Што би направиле ако постои место кое може да ви ви ги исполни сите ваши желби? Што ако тоа место е забарикадирана зона каде се тестира нуклеарки а имало инцидент, каде војници пукаат на прво гледање и речиси никој не се вратил. Дали би се осудиле да го посетите? Ако вашиот одговор е да, постојат луѓе, шверцери (stalkers) што можат да ве однесат до таму! Ние ќе тргнеме на пат со еден таков шверцер кој ја има правено турата почесто, еден писател и еден професор каде попат ќе научиме повеќе за нив, за колку луѓето се површни и злобни, за тоа колку цело постоење е бесмислено а цело тоа сивило од кинематографија воопшто не го тоа олеснува! Спремете се да бидете ставени на тест, вашите верувања и вашите морали. Овој филм нема да ви понуди вселенски бродови, ласери и вонземјани но ќе го направи тоа што научната фантастика отсекогаш постела за тоа - за да ви разгори фантазија, за да ве замисли со денови, да мечтаете! Затоа филмот е класика и затоа не смеете да го пропуштите! Режиран од Андреј Тарковски, режисер кој отишол до таа област со желба да создаде ремек дело и се вратил со филмот во раце.

15. TENET - Christopher Nolan (2020)
1677012444907.png

.тап тоиврп ен мераб илИ .токотечоп јок тојарк до ,укапоан етаделг ог ен ад авучароперп ес ,вомлиф ан отењаделг ирп ткефе неламитпо ан ењавунгитсоп аЗ .С.П

.“отемерв ан ајизревни„ е TENET ан ејжуро отонвалг :онламрон уклот едиб ад амен авО ?илен ,агес од онламрон аделгзи акаВ .)?railimaf sdnuos( анјов акстевс атерт енчопаз ад храгило иксур неде тачерпс ад тадибо ес еќ иок ,TENET еми ос ајицазинагро анјат ан ицвитарепо мит ов нечулкв е АИЦ ан тнега навунемиен неде ,ижаноипш инланоицанретни ан тевс raw dloc-тсоп оВ !)инартс етевд до NET атич ес товолсан и налоН ан млиф тоиттесед е авО( TENET ?noitpecnI и otnemeM тајопс ес ока еибод ес еќ отШ

16. THE FIFTH ELEMENT - Luc Besson (1997)
1677012582802.png


Еден од најзабавните sci-fi акциони филмови.

Кога опасноста од тотално уништување на планетата Земја надвиснува над неа, останува на случајните херои Корбен Далас (Брус Вилис) и Лилу (Мила Јовович) да ја спасат. Поранешниот воен специјалец а сега таксист во Њујорк, по игра на случајност налетува на Лилу, која е гонета од полицијата. Корбен е испратен да ја најде Плава Лагуна, оперската дива која ги поседува четирите елементи кое ќе помогнат во спречување од уништување на Земјата, а тој решава да ја понесе Лилу со себе. На нивното патешествие пробува да ги спречи манијакалниот Зорг (Гери Олдман) кој праќа свои агенти да ги спречат во намерата и да ги украдат елементите. Нашите херои се во трка со времето се до последен миг за да го спречат армагедон.
Забавно возење од самиот почеток до крај. Исполнето со комедија, акција, забавен futuristic world buildup и романса.
Гери Олдман е совршен негативец чиј реплики се користат и денес, а посебно одличен е Брус Вилис кој ужива во својата улога, нешто кое што за жал од одамна престана да го право.
Иако на моменти изгледа goofy, сепак филмот не се сфаќа себеси премногу сериозно како и тоа е рецептот затоа што е толку успешен.
Cult classic на една генерација.

17. THE MARTIAN - Ridley Scott (2015)
1677012618124.png

Во режија на Ридли Скот и Мет Дејмон во главна улога како астронаутот Марк Вотни. Филмот е базиран на истоимениот роман на Енди Вир и ја следи приказната за Марк кој е “заглавен” на Марс откако неговиот тим го напушта по еден инцидент.
Дејмон има одличен перформанс и го користи своето научно знаење како ботаничар кој мора да преживее сам на Марс. Филм што ни ја прикажува издржливоста на човекот и желбата за живот. Визуелните ефекти се перфектни со неверојатни пејсажи и детали.
Реално е далеку од сите филмови во категоријава, ама е филм што мора да се погледне.

18. THE HITCHHIKER'S GUIDE TO THE GALAXY - Garth Jennings (2005)
1677086337523.png

Најкорисното нешто што треба да го поседува секој патник според Автостоперскиот водич низ галаксијата е крпа.

Придружете ни се на ова незаборавно патување низ вселената додека им бегаме на Вогонците, барајќи начин како да си ја вратиме уништената Земја и се разбира да го дознаеме Значењето на животот, универзумот и се околу нас. На наша страна се Претседателот на галаксијата (кој се киднапира самиот себеси), двајца теранци, и вонземјанинот Форд, заедно сме на можеби најсреќниот вселенски брод во целата галаксија, управуван од најдепресивно-меланхоличниот робот во историјата (чиј глас е позајмен од легендарниот Алан Рикман).
Каде се вклопува уништувањето на планетата Земја и зошто е важно тоа за универзумот, откријте во овој прекрасно забавен научно фантастичен безвременски филм.

So long, and thanks for all the fish!

19. INDEPENDENCE DAY - Roland Emmerich (1996)
1677086405452.png

Independence Day (1996) e забава од почеток до крај. Го имате Вил Смит во улога на воен пилот, и Џеф Голдблум во улога на поранешен научник кој е толку презафатен со работа што последен ќе забележи дека земјата е нападната од вонземјани. Ги имате „малите зелени“ кои се дојдени да го збришат човештвото, битка на небото помеѓу летечки чинии и борбени авиони, уништување градови... Имате humanity at its best моменти, хероизам и хумор. Што повеќе можете да посакате од еден Sci-Fi филм?

20. PREDATOR - John McTiernan (1987)
1677086460683.png

Спасувачката операција во густата централноамериканска џунгла, која треба да биде рутинска за оваа елитна единица, тргнува по надолна линија кога го воочуваат масакрот над нивниот оддел. Истиот не е резултат на човечки фактор, таму ги чека воин, неуморливо вонземско суштество од ноќните мори, невидливо за голото око кое ги демне, набљудува, анализира, гони и ги убива, еден по еден, сите оние кои ги гледа како закана. Микс на акција, авантура, научна-фантастика и хорор, филм чија идеја се родила како шега прераснува во една од најдолгите и најфилмуваните франшизи.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.891
PA.png

01. MAD MAX: FURY ROAD - George Miller (2015)
1677611833201.png


Ова е веројатно најколоритниот пост-апокалиптичен филм некогаш снимен! Додека сите останати се трудат да ги умртват боите и користат крајно бледи, десатурирани тонови, овде се боите намерно изострени - Џорџ Милер сакал да покаже дека во такво опкружување во кое сета убавина исчезнала, секој преживеан ќе се труди да најде што е можно повеќе убавина во се наоколу. Дополнително, речиси цел филм е снимен во пустина, со минимална употреба на визуелни ефекти, што го прави да изгледа природно и old-school. Како резултат на тоа, на совршено сработеното од технички аспект (одлична монтажа од страна на сопругата на Џорџ Милер, одличен звук, ефекти на звук, костими, сценографија и кинематографија), се добива едно неповторливо искуство кое секој филмоман мора да го има гледано. Освојувачот на 6 Оскари (што е реткост за акционен, а уште поголема реткост за пост-апокалиптичен филм), и еден од филмовите во листата IMDB TOP 250 - е двочасовно адреналинско шоу низ пустините во Намибија кое секој љубител на жанрот ќе го остави без зборови. А богами и оние кои не се баш фанови на вакви филмови, како мене!

02. BLADE RUNNER 2049 - Denis Villeneuve (2017)
1677611884626.png

Добре дојдовте назад во иднината.

Придружете ни се 30 години подоцна, на повторно возење низ недогледните напуштени урбани пространства на напуштените градови на иднината. Овој пат друштво ни прави К или Кеј (Рајан Гослинг), репликант детектив задолжен за ловење на одметнати репликанти. Кога за време на вршењето на својата должност Кеј налетува на остатоци од репликант кој може да содржи доказ дека родила живо дете, се впушта во потрага по докази за постоењето на детето и се заплеткува во мрежа на корупција, прикривање, убиства и измами. Истрагата го води до Декарт (Харисон Форд) кој е исчезнат 30 години, по дејството од првиот филм.
Дали ќе го пронајде Декарт навреме, дали ги има тој одговорите што ги бара, дали ќе открие работи кои можат да ја потресат империјата на Валас корпорацијата и сите прашања поврзани со иднината на човештвото и репликантите како појава?
Единствен начин да добиете одговор е да го гледате овој дистописки трилер со одлична музика и кинематографија која остава без здив.

03. A CLOCKWORK ORANGE - Stanley Kubrick (1971)
1677611940664.png

Најконтраверзниот филм на Кјубрик, забрануван и цензуриран, адаптиран на истоимениот роман на Ентони Бурџис, кој не води во дистописка Британија каде го проследуваме Алекс, тинејџер, со пасија кон Бетовен, кој со неговата банда уживаат во приредување екстемно насилство се додека тој не заврши зад решетки. Во затворот подлегнува на експериментална медицинска терапија, наречена Лудовико, со намера да го рехабилитираат и општествено ресоцијализираат, терапија која му ги поместува сказалките на моралниот компас, но губи дел од својот идентитет.

Филм кој ги поместува границите на насилството, со уникатен нараторски стил збогатен со расфрлани русизми, но и филм со 4 номинации за Оскар, со 7 номинации за БАФТА, и со 3 номинации за Златен глобус.

04. A QUIET PLACE - John Krasinski (2018)
1677611986995.png

A Quiet Place е пост-апокалиптичен трилер режиран од Џон Красински, а во истиот во главна улога е самиот тој и неговата irl сопруга - Емили Блант. Земјата е нападната од страшни вонземски суштества кои се слепи, но затоа напаѓаат и убиваат се што ќе испушти било каков звук. Токму затоа во филмот има само 25 реченици дијалог (секако, ако го исклучиме тука дијалогот на знаковен јазик, зашто ќерката на Џон и Емили е глувонема, нешто што ќе им помогне во преживувањето во еден таков пост-апокалиптичен свет). Ова е еден извонреден, тензичен филм каков ретко ќе најдете во последните неколку години, затоа, ако не сте го гледале - морате!

Само - шшшшшт! Потивко, тие можат да ве чујат!

05. THE BOOK OF ELI - Albert Hughes, Allen Hughes (2010)
1677612035553.png

Во режија на браќата Хјуз, Книгата на Илај е пост-апокалиптична акција која ја раскажува приказната за еден осамен скитник Илај (Дензел Вашингтон) кој патува низ еден пустош носејќи книга за која се верува дека може да го спаси човештвото.
Дензел Вашингтон има моќна изведба, и акционите делови се доста интересни. Сепак за филмот има поделени мислења од публиката, највеќе поради истражувањето на религијата и целата таа тематика која сепак ни носи предвидлив крај. Не е совршен филм но целиот перформанс на Дензел заедно со акционите и пост-апокалиптични сцени, вреди да се погледне. Верата и верувањето се голем дел од овој филм. Се надевам ќе ви се допадне.

06. SNOWPIERCER - Bong Joon-ho (2013)
1677612087839.png

Поради неуспешниот обид да се спречи глобалното затоплување, Земјата станува непогодна за живеење. Последните преживеани луѓе живеат во огромен воз кој постојано ја обиколува Земјата. Возот е класно поделен, па така, во последните вагони живеат луѓе од пониска класа. Поради мизерните услови за живеење, група патници ќе се обидат да кренат бунт и да стасаат до предните делови од возот, каде што живее богатата елита.

07. WATERWORLD - Kevin Reynolds (1995)
1677612135141.png

За тие што не им беа доволни филмовите со Лудиот Макс.
Заменете ги пустините со вода, патиштата со вода, возилата со пловила и дојдете во „Водениот свет“.

Во некоја неодредена иднина поларните капи се топат и земјата е целосно покриена со вода. Секако, легендата вели дека некаде постои некое копно по кое сите трагаат, но никој не го видел. А во меѓувреме се трудат да преживеат.

Неверојатни акциски сцени, злобни негативци и нашиот херој кој ќе биде принуден да им се спротивстави. И многу вода.
Кевин Костнер и Денис Хопер во филмот кој многукратно ги проби и буџетот и роковите за снимање. Заради тоа уште пред да биде готов го следеше голем негативен публицитет и на невидено беше прогласен за неуспех од страна на медиумите. Оттука и многу слабите оценки и критики. А кога го видоа, веќе беше доцна за да го сменат мислењето.

08. THE DAY AFTER TOMORROW - Roland Emmerich (2004)
1677612202038.png

Од таткото на Independence day и Godzilla, Роланд Емерих овој пат пратиме возбудлива приказна за глобалното заладување, кое го парализира светот, пропратено си вулкански ерупции, силни поплави, ветрови, цунами, земјотреси.
Ново ледено доба му се заканува на светот, а климатологот Џек Хол(Денис Квејд) се обидува да смисли како да го спаси човештвото и воедно да дојде до својот син во Њујорк.
Ве очекува одлична филмска забава во која приказната е спакувана за да не потсети на моќта на природата и дека таа е највредното нешто што го има човекот. Главни адути на филмов се врвните специјални ефекти, деструктивно, спектакуларни, катаклизматични сцени.
Спремете си голема чинија пуканки и мозок за одмор.

09. TRAIN TO BUSAN - Yeon Sang-ho (2016)
1677612239724.png

Вирусната инфекција ги затекнува патниците во воз во движење кои требаат да се движат од вагон до вагон за да ја избегнат инфекцијата од каснување. Зомби апокалипсата е на повидок, градовите постепено паѓаат, просторот за бегање им се стеснува, а возот се движи кон Бусан каде се надеваат дека ќе наидат на упориште и засолниште. Овој јужнокорејански тензичен и уникатен блокбастер е вистинско освежување за целиот жарн со кој се постави нов стандард и се засени Холивуд.

10. DAWN OF THE PLANET OF THE APES - Matt Reeves (2014)
1677612307568.png

Ова е sequel на Rise of the Planet of the Apes (2011), филм кој, пак, беше reboot на франшизата од доцните '60-ти и раните '70-ти кои веќе ги имавме во претходниот каталог и за кои верувам дека веќе сте ги гледале. Дејството на филмот се случува во 2026 година (не многу далеку од денес, нели :P ), кога веќе мајмуните почнуваат да го користат и говорот. Она што тука ќе ве воодушеви е неверојатната шминка и неверојатниот перформанс на Енди Серкис по кој оригиналните Planet of the Apes филмови ќе ви изгледаат ко детски куклени претстави, а мајмуните ко луѓе со пластични маски на лицата. Филмот има и неверојатна тензија, е блокбастер со многу душа и мозок, има приказна која ќе ве остави вкопани во екранот цело време, одлична актерска игра, неверојатни визуелни ефекти... што го прави еден од најдобрите во целата франшиза филмови. Дури и да не сте гледале ништо од Планетата на мајмуните претходно, ова е a must see!
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Fantasy 2.png

01 - 1. HARRY POTTER AND THE PHILOSOPHER'S STONE - Chris Columbus (2001)
01 - 2. HARRY POTTER AND THE CHAMBER OF SECRETS - Chris Columbus (2002)
01 - 3. HARRY POTTER AND THE PRISONER OF AZKABAN - Alfonso Cuarón (2004)
01 - 4. HARRY POTTER AND THE GOBLET OF FIRE - Mike Newell (2005)
01 - 5. HARRY POTTER AND THE ORDER OF THE PHOENIX - David Yates (2007)
01 - 6. HARRY POTTER AND THE HALF-BLOOD PRINCE - David Yates (2009)
01 - 7. HARRY POTTER AND THE DEATHLY HALLOWS: PART 1 - David Yates (2010)
01 - 8. HARRY POTTER AND THE DEATHLY HALLOWS: PART 2 - David Yates (2011)

1677781348681.png
1677781477980.png

Штом го читаш ова, веројатно си само еден обичен магол кој не верува дека постои магија. Е па погоди што: you should fasten your seatbelt! The magic comes to life! Неверојатната сага за едно сираче кое ќе се обиде да го спаси светот од мрачните сили предводени од Оној-чие-име-не-се-изговара, е серијал од 8 филма кои почнуваат како обична детска фантастична авантура, но нешто подоцна, со третиот или четвртиот филм, веќе се претвора во многу повеќе од тоа, во незаборавно епско дело кое и денес, 20 години подоцна е еден од најгледаните, најомилените, најпрекрасните и најмагичните филмски остварувања, ever! Филмови за сите генерации, од 7 до 103 години! А ти - престани се уште да одбиваш да се впуштиш во ова. Хогвартс те очекува!

"Draco dormiens nunquam titillandus!"

02. GHOSTBUSTERS - Ivan Reitman (1984)
1677781806338.png

Ghostbusters бил огромен хит 1984 и не е тешко да се сфати зошто - тој е смешно, возбудливо и имагинативно возење. Има многу нешта кои се за пофалба тука, како на пример секогаш смешните реплики на Бил Мареј и тоа што филмот постојано умешно се префрла од лесна комедија во интензивен трилер за уништувачи на духови. Дури и денес комплетно аналогно генерираните визуелни ефекти изгледаат одлично, а самиот филм како целина е поимагинативен од мноштво денешни филмови. Ghostbusters е филм кој тотално го заслужува култниот статус и мора да се види!

03. THE FALL - Tarsem Singh (2006)
1677781858725.png

Сместен во 1920-тите, филмот ја следи приказната за една млада девојка Александрија која се спријателува со еден холивудски каскадер кој е хоспитализиран после една несреќа. Филмот е магичен спој на фантазија и реалност кој ќе ве однесе во еден свет на авантура, пријателство и имагинација. Кинемаатографијата е фантастична, пејсажите уште подобри, актерската екипа маестрална. Боите на филмот се уметничко дело. Актерската екипа не е толку позната освен Ли Пејс во улогата на Рој Вокер.

04 - 1. THE HOBBIT: AN UNEXPECTED JOURNEY - Peter Jackson (2012)
04 - 2. THE HOBBIT: THE DESOLATION OF SMAUG - Peter Jackson (2013)
04 - 3. THE HOBBIT: THE BATTLE OF THE FIVE ARMIES - Peter Jackson (2014)

1677782034954.png 1677782051754.png 1677782067577.png

„Во една дупка во земјата си живееше еден хобит.“ Со оваа потсвесно напишана реченица започнува сагата за прстенот, чија франшиза започнува со “Хобитот“ во која Питер Џексон повторно не задлабочува светот на Толкин и авантурите во Средната Земја. Трилогијата “Хобит“ е претходник на настаните кои се случуваат во “Господарот на прстените“, во кои ја следиме авантурата на Билбо Багинс (Мартин Фриман), Гандалф (Иан Меккелен), Торин (Ричард Армитидж) и тринаесетте џуџиња за враќање на својот дом Еребор и освојување на Осамената Планина која е под окупација на змојот Смауг. Трилогијата започнува со “Неочекувано патување“, продолжува со “Пустошот на Смауг“ и епската авантура завршува со “Битката на петте армии“ каде дружината ќе се судри со војската на Смауг. Филмовите се снимени во Нов Зеланд, а оваа трилогија, покрај огромниот комерцијален успех, има добиено и 43 награди.

05. EXCALIBUR - John Boorman (1981)
1677782120448.png

Легендата вели дека тој што ќе успее да го извади мечот Екскалибур од карпатa ќе стане крал. Некаде во во раниот средени век ќе се појави витез кој ќе успее во тоа.
Дознајте сѐ за кралот Артур, Ланселот, Персевал и останатите витези од Тркалезната маса, волшебникот Мерлин, замокот Камелот и магливиот остров Авалон.
Мечување, епски битки, предавства, измами, магија, потрага по Светиот грал. Сѐ со цел да се задржи или освои кралската круна.

06. THE ADDAMS FAMILY - Barry Sonnenfeld (1991)
1677782169095.png

Кога последен пат сте сретнале некое необично, чудно семејство? Сеедно, сигурно не живееле на гробишта. Нема некој што не слушнал за Мортиша и Венсдеј, па затоа бидете му придружба на вујко Фестер кој се враќа дома по 25 години отсуство и запознајте ги одблиску членовите на семејството Адамс. Шифрата за влез во оваа мрачна бајка е 2-10-11. Спремете се за двочасовна готска забава исполнета со црн хумор, Мамушка и совршен кастинг задолжен за сите легендарни, ексцентрични моменти.
Our credo: Sic gorgiamus allos subjectatos nunc. We gladly feast on those who would subdue us. Not just pretty words.

07. JUMANJI - Joe Johnston (1995)
1677782216081.png

Aко мислите дека Монопол знае да зближи и раздели фамилија, пријатели, врски - тогаш Џуманџи би било материјализирана верзија од тоа, на стероиди. Џуманџи е филм каде постои борд игра со супермоќи, или проколната - сеедно, каде при секое мавање на коцките прикажува мистериозна и кобна загатка која во истиот момент се материјализира и прогонува. Дали било тоа огромни комарци кои со рекет за тенис едвај можеш да се одбраниш со и ако си каснат влегуваш во треска или било тоа кралот на џунглата кој ќе ти ја окупира дневната соба не е битно, битно е да ја завршат играта сите кои биле интригнати за да ја почнат или намамени, за сето лудило кое може да трае со години престане. Темата на играта е џунгла и тапаните низ филмот ќе ви создадат немир и тензија што ќе ве држи константно неспокојни и ќе навивате за главните ликови да успеат или ќе се нервирате за секоја нивна непромислена акција. Прекрасна авантура која буди имагинација кај секое дете, забава и адреналин без прекин. Одличен избор за филм со фамилијата преку викенд. Робин Вилијамс во пикот, младата Кирстен Данст исто така дел од екипата која создала филм без кој никој не треба да порасне.

08. SLEEPY HOLLOW - Tim Burton (1999)
1677782265637.png

Од креативната мисла на Богот на сите готичарки, емовки и даркерки, филмскиот пандан на Едгар Алан По и кралот на мрачната естетика - Тим Бартон, го гледаме филмот од неговите рани, дефинирачки фази кои го забетонираа како сам-свој-жанр режисер.

За сите љубители на Бартон жанрот, зачинет со извесна доза на детективски елементи ни доаѓа Sleepy Hollow - филм кој обработува приказна постара од времето, инспирирана од познатата фолклорна фигура Обезглавениот Коњаник.
Кога ексцентричниот Њујоршки детектив Икабод Крејн е испратен во селото Заспаната Долина наидува на вистинска мистерија и непознат убиец кој ги обезглавува своите жртви. Разрешувајќи го случајот со помош на загадочната, но волшебна русокоса Кетрин Ван Тесл, ќе открие многу тајни и интриги помеѓу мештаните на ова рурално гратче кои никогаш не би смееле да ја видат светлината на денот.

Во друштво на Џони Деп, Кристина Ричи и Кристофер Вокен го одвиткуваме клопчето од интриги, тајни, и готска естетика на Заспаната Долина.

09. WILLY WONKA & THE CHOCOLATE FACTORY - Mel Stuart (1971)
1677782378294.png

Чарли Бакет е дете вљубеник во чоколадото, ама заради сиромаштијата не може да си го дозволи. Работите се менуваат кога Вили Вонка(Џин Вајлдер), ексцентричниот сопственик на голема и популарна фабрика за чоколади ќе објави игра на среќа „5 златни карти се ставени во чоколадите, кој ќе ги пронајде следува турнеја низ фабриката за чоколади, а само едно дете ќе освои специјална награда“.
Придружете му се на Чарли Бакет и доживејте ги заедно неговите авантури со Вили Вонка и неверојатното патување во светот на чоколадите.
Ќе уживате во прекрасна, топла, забавна бајка со фантастични детали, река од чоколадо, премногу слатки, магични карамели и лижавчиња и на крај ќе се запрашате, „а што е поважно?“
Пред да седнете да го гледате филмот, имајте при рака чоколадо, затоа што нема да може да оддолеете.

“If you want to view paradise, simply look around and view it.”

10. THE PRINCESS BRIDE - Rob Reiner (1987)
1677782421861.png

Rodents of unusual size? I don't think they exist.

Бајка која ќе направи да посакате да сте дете повторно, внесувајќи ве во свет од кој не ќе можете да ги одвоите вашите очи.
Дејството е сместено во имагинарното кралство Флорин, каде нашите протагонисти Вестли и Батеркап се млади заљубеници, но нивната трагична судбина ќе ги раздели.
Години подоцна, Батеркап мора да се омажи со принцот Хампердинк, но е киднапирана пред свадбата. Почнува целосна потера и заплет кој вклучува пират, џин, магионичари, најдобрите мечувалци во светот и глодачи со необична големина.
Уживајте во оваа прекрасна приказна, раскажана од еден дедо на својот внук исполнета со љубов, авантура, солзи, вистинско пријателство и желба за одмазда која ја има една од најдобрите изреки некогаш кажани во филм.

Hello, my name is Inigo Montoya...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Children & Family.png

01. HOME ALONE - Chris Columbus (1990)
1678210738622.png


Безвременски класик кој стана омилена празнична традиција. Филмот ја раскажува приказната за Кевин Мекалистер (Меколи Калкин), 8 годишно момче кое случајно е оставено во куќата кога неговото семејство заминува на одмор за Божиќ. Кевин е воодушевен што ја има куќата за себе но наскоро сфаќа дека мора да ја одбрани од двајца крадци.

Калкин одлично ни го доловува палавиот дух на Кевин. Совршен спој на комедија, срце, акција, со одличен хумор кој гарантира многу смеа. Филмот носи и важна порака за тоа колку е важна фамилијата и моќта да простиме. Филмот е во 4 дела, секој посебна приказна за себе, а само во првите 2 се појавува Калкин, впрочем и тие 2 се оние кои ќе ве насмеат до солзи. Ќе ве насмее во секоја прилика, безразлика на тоа колку пати го имате изгледано.

02. CASPER - Brad Silberling (1995)
1678210759978.png


Доктор Џејмс Харви (Бил Пуман) по загубата на својата сопруга се посветува на паранормалното, и заедно со својата ќерка Кет (Кристина Ричи) талка од град до град со надеж дека повторно ќе стапи во контакт со својата сакана и ќе ја пополни празнината која владее во него. Така, по сите неуспешни обиди да го прочисти својот наследен имот, наидуваат на повик од наследничката Кериген за истражување на палата која ја опседнуваат Стреч, Стинки и Фетсо, чичковците на Каспер, кои се секогаш тука за забава и акција, но и на осамениот Каспер кој само сака да има пријател. А тука се и комичните негативци, наследничката на имотот Кериген и пајтонецот Ерик Ајдл во улога на адвокатот Дибс, кои го сакаат богатството скриеното некаде во палата кое не го наследува Кериген, туку неколку добротворни организации. Филм со длабоки пораки за значењето на живовот, љубовта и пријателството и приказна која ќе ве стопли, разнежни, растажи и повторно ќе ве направи дете.

03. STAND BY ME - Rob Reiner (1986)
1678210778859.png


Од Стивен Кинг, авторот кој има најмногу филмски адаптации на неговите романи веројатно од било кој друг автор, жив или мртов - ова е најверојатно една од најдобрите адаптации. На специјален скрининг спремен за него пред премиерата на филмот, режисерот Роб Реинер го видел Стивен Кинг како видливо се тресе и не изговара ништо. Откако се созел, самиот му рекол на Роб Реинер дека е тоа најдобрата адаптација на негов роман која некогаш ја видел! Stand By Me е култна coming of age драма која следи четири деца од Орегон кои едно утро тргнуваат кон местото во шумата каде наводно ќе можат да го видат телото на едно момче - нивни другар, кој е мистериозно исчезнат неколку денови. По патот откриваат многу вистини за себеси, за тоа што значи другарството и за потребата да се бориш за тоа што е исправно. Еден од главните актери во филмот, Ривер Феникс, е брат на актерот Хоакин Феникс. Мултиталентирано дете пред кого имало блескава кариера, но починал од предозирање уште многу млад.

04. HACHI: A DOG'S TALE - Lasse Hallström (2009)
1678210797906.png


Секој вљубеник на животни би требало да го погледне филмов.
Прекрасна, неверојатна, нежна, топла и емотивна приказна за посветеноста на кучето и неговиот сопственик. Нивната искрена љубов, верност и лојалност и уште една потврда дека животните можат безусловно да сакаат.
Професорот Паркер Вилсон додека се враќа од работа, случајно пронаоѓа малечко кученце на железничка станица. Кога ќе сфати дека никој не го бара кучето, ќе одлучи да го задржи и започнуваат една неверојатна приказна заедно.
Инспириран од вистинска приказна, која започнува во 1923 година во Јапонија.
Мислам дека нема човек што не пуштил солза на филмов или во најмала рака не се разнежнил и трогнал од единствениот Хачи. Откако ќе го изгледате филмов, сигурно ќе ја прогуглате расата Акита.

05. THE GOONIES - Richard Donner (1985)
1678210817662.png


Следиме група деца кои мораат да се иселат од своите домови. Додека се пакуваат, едно од нив во подрумот од својата куќа ќе најде мапа од закопано пиратски богатство. Заедно со другарчињата ќе одлучат да ја проверат веродостојноста и тргнуваат во она што ќе биде незаборавна епска авантура. Наидуваат на загатки, опасни препреки, смртоносни стапици и цело време зад петици им се група криминалци што ќе дознаат за мапата.
Проткаен со многу хумор, Гуниси се одличен забавен филм и за деца и за возрасни. Во режија на Ричард Донер, а по сценарио на Спилберг и Колумбус.

06. MY GIRL - Howard Zieff (1991)
1678210840204.png


Семејството на Вада (Ана Члумски) го поседува градското погребално претпријатие кое е сместено во нивниот дом, што води кон нејзина опседнатост со смртта и хипохондрија. Нејзиното семејство не може да ја разбере нејзината состојба, но разбирање и поддршка наоѓа кај нејзиниот врсник Томас (Меколи Калкин), повлечено и непопуларно дете кое е алергично на се што може да се биде алергичен. Приказна која ќе не натера да копаме низ спомените, да се навратиме во раното детство исполнето со игра, смеа и дружба, но и приказна полна со болка и страдање по која ретко кој ќе остане рамнодушен. Филм за детстката парцепција на светот, за растењето, за првата симпатија и за соочување и справување со првата голема загуба.

07. OLD YELLER - Robert Stevenson (1957)
1678210861078.png


Речиси и да не постои човек што не слушнал за филмов. Ако ништо друго има една епска сцена со Фиби од Friends, ама таму има спојлери.
Нејсе, станува збор за едно семејство коешто живее во едно село некаде низ Америка, одгледува добиток, таткото е некаде на терен а за куќата и фармата се грижи мајката заедно со своите две деца од кои едното има еден посебен и верен пријател, кучето Жолтко.
Прекрасен филм, полн со емоции, љубовта на едно мало дете кон своето куче. Вечно пријателство.
Нека не ве одвраќа годината, ова е безвременски филм.

08. BRIDGE TO TERABITHIA - Gábor Csupó (2007)
1678210881641.png


Инспириран од романите „Хрониките на Нарнија“ од Клајв С. Луис, ова е една фантастична авантура за две деца кои од суровоста на светот бегаат во измислената земја Терабитиа, каде учествуваат во епска борба на измислени суштества - симболи на доброто и злото. Но суровоста на животот напаѓа повторно! Ќе можат ли нашите јунаци да победат и во таа битка?

Ова е филм во кој ќе уживате, но и таков кој ќе ви пренесе толку многу емоции, што верувам дека ќе ви биде потребно пакетче со марамчиња покрај вас. Не успеа да влезе меѓу фантастичните, но затоа еве го тука, зашто е филм кој секој човек би требало да го изгледа, без оглед на тоа дали детето во него се уште ѕирка надвор, низ пукнатините на неговата душа.

09. MRS. DOUBTFIRE - Chris Columbus (1993)
1678210901863.png


Имавте лош ден? И Даниел Хилард исто така.
Откако во едно попладне ќе добие и отказ и барање за развод, неговото секојдневие зазема нов правец. За да го „научи“ да презема одговорност за своите постапки, судот го доделува старателството на неговата поранешна сопруга. Очаен од ваквата одлука, веста дека Миранда започнува да бара дадилка ја доживува како последна надеж за да не остане одделен од своите деца. Така, на сцена доаѓа симпатичната госпоѓа Даутфаер.
Преку забава и комични моменти овој филм го прави полесно сознанието дека ниту едно семејство не е совршено. Поради уникатната харизма на Робин Вилијамс и неговиот неповторлив хумор, госпоѓа Даутфаер е интересна и за детските очи, но и за оние постарите. За писмото на Кејти земете палома, а до тој момент солзите нека ви бидат предизвикани само од смеа. Carpe dentum!

10. WHO FRAMED ROGER RABBIT - Robert Zemeckis (1988)
1678210920237.png


Лос Анџелес од 1940-те години во кое сите би сакале да се вратиме. Безгрижно време кога најголем случај на приватните детективи бил дали партнерот ве изневерува. Но овој Лос Анџелес се разликува по тоа што цртаните ликови се вистински, а нашиот протагонист Роџер е најпопуларната ѕвезда во цртаните филмови.
Кога студиото ќе го ангажира западнатиот приватен детектив Еди Валијант, кој патем мрази цртани ликови, да истражи дали девојката на Роџер го изневерува, се случува убиство. Работите излегуваат од контрола, Роџер е гонет од полицијата како главен осомничен. Валијант е приморан да соработува со Роџер и двајцата пробуваат да откријат кој стои зад убиството и позади заверата за убивање на цртани ликови.
Одлична комбинацаја на анимација и реални снимки, со истовремено сериозно и забавно дејство. Овој филм нуди час и половина забава за целото семејство.
Нашата желба како мали деца цртаните ликови да се појават во реалниот живот се остварува во овој филм.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Adventure 1.png

01. THE COUNT OF MONTE CRISTO - Kevin Reynolds (2002)
1678822179201.png


Испишана од перото на Александар Дима, приказната за грофот од Монте Кристо доживеала неколку филмски адаптации. Ние се одлучивме за оваа во која главните улоги ги толкуваат Џим Кавизел и Гај Пирс.
Дантес и Мондего се најблиски пријатели, се до оној момент кога ќе надвладее зависта. Неправедно обвинет за државно предавство, без никакви сведоци и докази освен зборот на Мондего, Дантес e осуден на доживотен затвор. Кога ќе сфати дека лековерноста е неговиот единствен престап е веќе предоцна. Ќе поминат 13 години пред да успее да ја зграби втората шанса за живот и мечтите за одмазда да ги претвори во реалност. Дантес умира за да се роди грофот од Монте Кристо.
Ова е неверојатна приказна полна авантури, бродоломи, интриги и пресврти. Епска сага за вечните теми на љубовта, честа, искупувањето и прашањето дали желбата за одмазда може да му го отстапи местото на простувањето?

02. INTO THE WILD - Sean Penn (2007)
1678822299025.png


Филмот ни ја раскажува вистинската приказна за Кристофер МекКендлс, млад човек кој го напушта својот удобен живот и тргнува на една авантура во прекрасната Алјаска. Кристофер се обидува да пронајде смисла на целиот свет и каде тој припаѓа. Неговите погледи се дека светот е материјалистички и корумпиран, а тој не припаѓа во таков свет.
Во целото пронаоѓање Шон Пен ни прикажува фантастични пејсажи од Алјаска и нејзината дивина. Емил Хирш е истотака фантастичен во улогата на Кристофер кој ни го доловува идеализмот и наивноста на самиот лик.
Into the Wild со сигурност ќе ве натера да се запрашате каде оди светот и каде вие припаѓате. За мене ова е инспиративен и незаборавен филм што мора да се погледне.

03. AVATAR - James Cameron (2009)
1678822317865.png


Со скоро 3 милијарди долари заработка, Avatar е highest grossing movie of all time! Кога филмот излезе, во 2009, го презеде приматот од Titanic, претходниот филм на Џејмс Камерон, кој дотогаш беше филм со најголема заработка на кино благајните. До денес, 14 години подоцна, Avatar се уште го држи истиот рекорд. Станува збор за едно неверојатно филмско искуство кое, ако имате можност, задолжително треба да се гледа на големиот екран!

2154 година, месечина Пандора... Еден парализиран маринец е испратен на мисија која можеби ќе му го промени животот засекогаш... Но истовремено ќе уништи една цела цивилизација навидум примитивни и мирољубиви сини вонземјани наречени Na'vi. Растргнат помеѓу два света, маринецот Џејк Сали е исправен пред неверојатна дилема и мора да одбере страна.

04. STARDUST - Matthew Vaughn (2007)
1678822336540.png


Во близина на едно англиско село, се наоѓа преминот помеѓу овој свет и магичното царство Стормхолд. За да го освои срцето на Викторија, младиот Тристан Торн, се впушта во авантура да ја донесе ѕвездата која паѓа. Но Тристан не е единствениот што ја бара таа ѕвезда, тука е лошата вештерка Ламиа и престолонаследниците на мртвиот крал.
Ова е една од најдобрите екранизирани бајки, според романот на Нил Гејмен. Многу паметно структурирана бајка, која за момент ќе ве врати во светот на бајките и со светот кога бевте дете.
Визуелно раскошен филм со одлична актерска екипа, Роберт де Ниро апсолутно спектакуларен во улога на пират, а Мишел Фајфер е дефинитивно најзгодната вештерка на филмското платно. Одлични специјални ефекти, заплет, расплет, акција, фантастична музика и Клер Денс.
Приказна која во нити еден момент не губи на интензитет и на квалитет и ќе ви понуди вистинско уживање во светот на авантурите низ еден магичен свет.

05. FEAR AND LOATHING IN LAS VEGAS - Terry Gilliam (1998)
1678822355885.png


Од самиот почеток на филмот, јасно е дека ќе биде диво возење. Воведната сцена го прикажува Дјук како брза низ пустината во кабриолет со д-р Гонзо, додека во позадина се игра бизарна анимација. Филмот е исполнет со слични визуелни елементи, од неонски осветлени казина во Лас Вегас до делириумските халуцинации што ги доживуваат ликовите додека консумираат сè помоќни дроги. Една од посилните страни на Fear and Loathing е глумата на двајцата протагонисти, Деп и Дел Торо.

06. APOLLO 13 - Ron Howard (1995)
1678822375657.png


Аполо 11 и Нил Армстронг во 69та први стапнаа на Месечината, тоа според Нил беше мал чекор за човекот но голем за човештвото. Веќе следната година спремен за истиот пат е вселенскиот брод Аполо 13. На патот кон Месечината се случува една несреќа во бродот по што мора да се смисли начин како безбедно да се врати назад екипажот составен од три астронаути. (Нивните улоги ги играат Том Хенкс, Бил Пекстон и Кевин Бејкон). Ова е вистинска приказна.
Одлична авантура, возење до пола пат до Месечината. Било кој филм од 90тите години каде главната улога ја има Том Хенкс е доволна препорака да се пушти и гледа истиот.
Но од друга страна, ѕирнете во спојлерот.

07 - 1. THE HUNGER GAMES - Gary Ross (2012)
07 - 2.
THE HUNGER GAMES: CATCHING FIRE - Francis Lawrence (2013)
07 - 3.
THE HUNGER GAMES: MOCKINGJAY - PART 1 - Francis Lawrence (2014)
07 - 4.
THE HUNGER GAMES: MOCKINGJAY - PART 2 - Francis Lawrence (2015)
1678822395901.png 1678822410802.png 1678822430742.png 1678822446966.png


Во руините на она што некогаш беше Северна Америка, во еден пост-апокалиптичен свет е формирана државата Панем, составена од 12 области кои секоја година мораат да жртвуваат едно момче и едно девојче за таканаречените „Игри на гладните“ - манифестација организирана од центарот на моќ - Капитол, чии жители се дехуманизирани и крајно неморални богаташи чија изместена забава е да гледаат како тие деца се убиваат меѓу себе. Зашто од „Игрите на гладните“ само еден е „победник“ - тој кој ќе ги убие сите останати деца!

Направени според истоимениот серијал романи на Сузан Колинс, филмовите беа вистинска тинејџерска сензација. Но и покрај тоа што изгледа како навидум да се правени за помладата публика, ова е серијал филмови кои секој филмоман мора да ги изгледа, не само заради приказната, туку и за неверојатната кинематографија која навистина одзема здив. А длабоко под површината ќе најдете и пораки за дехуманизираното општество во кое живееме, параболи за капитализмот и за опасностите кои демнат над светот денес. Култен „класик“ кој не е ни малку за потценување. Мора да го изгледате!

08. THELMA & LOUISE - Ridley Scott (1991)
1678822468359.png


„Телма и Луиз“ во режија на Ридли Скот, со Џина Дејвис и Сузан Сарандон во главните улоги.
Тие играат две жени кои за да избегаат од досадното секојдневие, со автомобил поаѓаат во планина на викенд. Но веќе на првата пауза ќе доживеат незгода со што започнува несекојдневната авантура, многу поголема и поинаква од таа што ја посакуваа.
Првата улога на Бред Пит во високобуџетен филм со која стана познат.

09 - 1. LARA CROFT: TOMB RAIDER - Simon West (2001)
09 - 2.
LARA CROFT: TOMB RAIDER - THE CRADLE OF LIFE - Jan de Bont (2003)
1678822721089.png 1678822736490.png


Анџелина Џоли. Имево секогаш на врвот низ стотици статии за најубави жени воопшто. Зарем тоа само по себе не е доволно па мора да се спомне дека овие филмови нудат одлична авантура каде не мора да му ја дадете цела ваша посветеност за да уживате, напротив бара многу малку инвестираност од вас, да оставите дали имаат реализам или не сите тие престрелки и акробации низ филмот, пандорини кутии, антички релици, тајни елитни организации и се останато. Имаме лоша страна, добра страна, пуканки и навиваме, колку понекогаш и да е апсурдно тоа што го гледаме и пробива неколку физички закони! Ако сакате да се навратите на рани 2000ти овој филм би бил донекаде и постерот на периодот, дополнително потсеќа на тоа дека филмовите не мора да бидат прекомплицирани за да бидат уживани. Дури и ако не се навраќате туку првпат ги посетувате годините и сакате да дознаете како некогаш бил светот или што било некогаш блокбастер е време потрошено сосема оправдано. Лара Крофт создаде нова слика за женски акционен херој и ја намами понежната популација да гледа акциони филмови.

10. LAWRENCE OF ARABIA - David Lean (1962)
1678822750583.png


Lawrence, only two kinds of creature get fun in the desert: Bedouins and gods, and you're neither. Take it from me, for ordinary men, it's a burning, fiery furnace.

Снимен според автобиографската книга на П.Т. Лоренс, главниот протагонист на средноисточниот театар од Првата светска војна, пратен како Британски офицер да ги придобие арапите во борбата против Османлиската империја.
Овој три и пол часовен спектакл ви нуди одлична и незаборавна кинематографија, масовни и реалистични битки, историска и политичка позадина, сосема заслужувајќи го оскарот за најдобар филм и режија.
Филмот го исполнуваат одличен ансамбал од глумци како што се легендарните Питер О'Тул, Алек Гинис и Омар Шариф.
Едноставно не смеете да го пропуштите овој епски филм.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Horror1.png

01. GET OUT - Jordan Peele (2017)
1679650953916.png


Некои ќе речат: чекај малку, ова не е хорор! Во најмала рака е некој психолошки трилер. Но многумина нема да се согласат: тензијата која Џордан Пил ја гради во неговото деби (!!!) како режисер, и атмосферата која те тера цел филм да седиш на работ на столот, чекајќи што следно ќе се случи, одговараат апсолутно на типичен хорор филм. Една девојка (бела) го носи својот дечко (црнец) да ги запознае нејзините родители во едно перфектно-бело соседство. Освен него, во куќата и маалото црнци се само послугата и вработените. Но како се отплеткуваат работите Крис (Даниел Калуја, беше номиниран за Оскар за феноменалната изведба во филмов), почнува да сфаќа дека тоа дали родителите на девојка му се расисти, е всушност неговиот најмал проблем!

Филмот беше номиниран во 4 категории, a Џордан Пил освои Оскар за најдобро филмско сценарио и стана првиот црнец на кој му успеало во таа категорија. А инаку, е само шестиот хорор филм во историјата кој бил номиниран за најдобар филм. Ова е еден од хорорите во последната декада кој ја врати љубовта на публиката кон еден по малку исцрпен и подзаборавен жанр кој се чинеше нема што да понуди. Но оригиналноста на Get Out ќе ги изненади дури и најпребирливите филмофили. Гледајте го!

02. PARANORMAL ACTIVITY - Oren Peli (2007)
1679650999005.png

Дали би купиле куќа во која некогаш некој живеел? Некоја во која се случиле ужасни работи? Размислете - во неа можеби нешто се уште живее...

Ова не е филм. Ова е вистински настан! (Или не?)

Кејти Федерсон и Мајка Слоут се дечко и девојка, обични луѓе кои се селат во куќа во мирно предградие. Но по кратко време сфаќаат дека во куќата не се сами... Затоа одлучуваат да земат камера и да го снимат присуството на нешто неовоземско. И успеваат во тоа, и тоа не еднаш. Но нештото почнува да ги прогонува се повеќе и повеќе што ќе води до терор каков двајцата никогаш не ни замислувале. Снимките од камерите со кои снимале низ куќата подоцна се пронајдени, монтирани во нешто што личи на документарец или игран филм, како и да го гледате ова. А што се случило со Кејти и Мајка ќе видите на крајот од снимката! А по неа, не верувам дека ќе помислите да спиете сами уште еднаш.

03. MISERY - Rob Reiner (1990)
1679651049285.png

Уште еден во низата екранизации на делата на Стивен Кинг во кој Кети Бејтс, во улогата на Ани Вилкс, се закити со Оскар за главна женска улога. Поларизација на доброто и злото во единствените двајца ликови. Пол Шелдон (Џејмс Кан) автор на серијалот Мизери кој е затекнат во бура и Ани Вилкс медицинска сестра и пасиониран фан на серијалот Мизери која го спасува Пол од бурата, му ги санира повредите и од херој се трансформира во најголемиот антихерој некогаш прикажан на филмските платна. Од крајна учтивост и грижливост, но и фасцинираност од досегашниот негов труд, по читањето на последната книга од серијалот напишана во ракопис, во неа кликнува лудата нишка, го изолира во една колиба отсечена од цивилизацијата, го врзува и го мачи се додека не добие нова книга со посакуваниот крај на серијалот. Протагонист за кој ќе се молите час поскоро да се извлече од пеколот. Антагонист за кој, при секоја нивна конфронтација, ќе посакувате да умре во најболната можна смрт.

04. SAW - James Wan (2004)
1679651091923.png

Филмот ја раскажува приказната за двајца мажи, Адам и Гордон кои се будат во една бања врзани со синџири на спротивните страни од собата. Наскоро сфаќаат дека тие се најновите жртви на изопачениот сериски убиец Jigsaw, кој ги принудува своите жртви да играат садистички игри за да преживеат.
Тензијата постојано се зголемува додека Адам и Гордон се обидуваат да дознаат зошто се киднапирани и што сака убиецот од нив. Тобин Бел во улога на Jigsaw е веројатно најдобриот перформанс во филмот. Смиреноста на ликот прави уште поголема тензија. Хорор филм кој сметам дека потона со времето бидејќи повеќе е грозен отколку страшен. Вреди да се погледне иако веќе веројатно има далеку пострашни хорори.

05. SHUTTER - Banjong Pisanthanakun, Parkpoom Wongpoom (2004)
1679651188654.png

Чудни силуети, ликови, флеки и светлини се појавуваат на фотографиите на еден дечко кој се занимава со сликање. На самиот почеток на филмот, тој заедно со девојка му ќе учествуваат во сообраќајна несреќа каде ќе удрат друга девојка со колата и ќе избегаат од местото на злосторството. Но дали навистина постои тоа место на злосторство и дали дали тие чудни појави на фотографиите се реални.
Возбудлив 1 ипол часовен хорор трилер со одлична мистерија на крајот, каков што само вештите азијци знаат да направат. Мајстори на хоророт. Не е ова обичен бу хорор кој само ќе ве плаши, има нешто подлабоко и поубаво да каже. После ова, малце подетално ќе гледате на вашите фотографии. Има и американски римејк, ама тој заобиколете го.

06. JACOB'S LADDER - Adrian Lyne (1990)
1679651235429.png

Виетнамски ветеран, трауматични виетнамски искуства, сообраќајна несреќа каде го губи синот, развод, монотона работа, се само сплет на околности да Џејкоб Сингер (Тим Робинс) почнува да доживува чудни и бизарни халуцинации.
Дали е реалност или е исклучиво производ на неговото мачење и нестабилна психа? Станува збор за исклучителен психолошки хорор филм, кој влегува во натприродното и секако го заслужува вашето внимание. Ве очекува депресивен и мрачен филм, со одлична режија, квалитетна фотографија, монтажа и наративен стил.

07. THE CONJURING - James Wan (2013)
1679651285244.png

Филмот излезе во вистинско време кога многу се откажуваа од жанрот и го сметаа како нешто од минатото. Одлично освежување во жанрот и креирање на цел тој хорор универзум пропатно. Камерата во филмот е тоа што го прави олку тензичен и страшен, за награда се движењата, следењето на ликовите и транзициите низ сцените - го направи сето тоа многу реално и нешто што ќе ви се кренат влакната на вратот. Во главните улоги се Patrick WIlson и Vera Farmiga под режисерска палка на James Wan кои имаат зад себе доволно успешни хорор проекти за да може посигурно да се осеќаме дека ќе добиеме квалитетен хорор филм што е реткост деновиве. Се работи за фамилија која е тероризирана од натприроден ентитент а главните ликови се таму да им помогнат. Класично раскажување на едно класично прогонување но изработено толку квалитетно што цел тој пакет ќе ви изгледа свежо. И секако, како и за сите хорори, гледање навечер и сами за вистинскa возбуда.

08. THE BIRDS - Alfred Hitchcock (1963)
1679651328688.png

Во едно мало гратче почнува да се појавува јато птици започнува. Кај жителите прво предизвикува љубопитност, која со секое наредно појавување преоѓа во нелагодност, па во опасност, опасноста во напад, а секој следен напад е се поинтензивен и понасилен за да премине во закана за животот на жителите. Страв, параноја, преживување, теми подеднакво присутни и релевантни и денеска како и пред шест децении.
По сценарио на Дафне ди Морије, а во режија на Алфред Хичкок, погледнете ги оригиналните Angry Birds.

09. JAWS - Steven Spielberg (1975)
1679651373492.png

You're gonna need a bigger boat!

Едно крајбрежно градче во Нова Англија, пред самиот почеток на туристичката сезона е тероризирано од голема бела ајкула. Нашиот херој шерифот Броди сака да ги затвори плажите но се судрува со интересите на градоначалникот и бизнисмените кои сакаат да заработат од туризмот. Му преостанува единствената опција, придружуван од искусниот ловец на ајкули Квинт и експертот за океанографија Хупер, да се упати на отворено море и да ја залови ајкулата и да го спаси градчето од понатамошни инциденти.
Филмот создава одлична атмосфера, со тензични сцени, пропратени со незаборавната музика на легендарниот Џон Вилијамс која ќе ве држи на штрек цел филм. Исто така нуди и прекрасна морска авантура, споредлива дури и со Моби Дик.
Безвременска класика, првиот блокбастер филм во историјата и филмот што го прослави Спилберг како режисер, едноставно не треба да се пропушти.

10. IT - Andy Muschietti (2017)
1679651487975.png

Филм во режија на Енди Мускиети кој е базиран на истоимениот роман на Стивен Кинг. Приказната се врти околу група млади пријатели во градот Дери, Мејн. Тие се таргет на еден кловн кој се нарекува PennyWise. Филмот е маестрален спој на хорор, неизвесност и драма. Младата актерска екипа има фантастичен перформанс, особено Џејден кој се издвојува како лидер на групата, a Бил Скарсгард е во застрашувачката улогата на Пени. Визуелноста и музиката се импресивни и создаваат атмосфера која совршено го доловува теророт и вознемиреноста на ликовите.

BONUS:

11.
THE INTOUCHABLES - Jack Clayton (1961)
12.
THE OTHERS - Alejandro Amenábar (2001)
1679940048739.png 1679940068609.png


„Свртување на завртката“ од американско-англискиот писател Хенри Џејмс, човекот кој се смета за прагот помеѓу реализмот во книжевноста и модернизмот од почетокот на 20 век, еден од основоположниците на романот на 20 век како своевиден книжевен под-вид, е еден од клучните романи кои го наговестуваат раскинувањето со реализмот. Тоа е всушност новела која е можеби најмногу анализирана, најподложна за интерпретации и најамбивалентна од речиси се што е некогаш напишано. Истата останува како едно од најчесто адаптираните книжевни дела. Снимени се преку 15 филмови според новелата, и што е најинтересно - сите со различно дејство, различен крај и различно објаснување. The Innocents (1961) и The Others (2001) се веројатно двата најдобри филмови (но како дополнително четиво ви ја препорачувам и минисеријата The Haunting of Bly Manor (2020)), првиот директна адаптација, вториот само базиран на елементи од новелата. Тоа се филмови кои мора да се погледнат. При нашето одлучување дали да влезат во листата, сметавме дека настрадаа исклучувајќи се еден со друг, па затоа одлучивме да ги ставиме како БОНУС избор, заедно, на 11 и 12 место. Верувам дека откако ќе ги гледате и двата, ќе имате малку поинакви ставови за „точката на гледиште“, која е и тоа како важна за перцепција на нештата и случувањата. Па пишете некаде низ форумов - која е вашата теорија, отпосле! ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604
Period Drama 5.png

01. THERE WILL BE BLOOD - Paul Thomas Anderson (2007)
1680002925134.png


Даниел Деј Луис и Пол Дејно се главните актери во оваа епска нео-вестерн/период драма.
Судир на карактери кои се спремни на се само да стигнат до целта наречена пари и моќ. Едниот е нафтен магнат, другиот е свештеник.
Себичност, злоба, бескрупулозност, завист, љубомора, алчност, дволичност, одмаздољубие.
Ова е најкомплексниот и најдобриот филм на Пол Томас Андерсон.
Ако Хавиер Бардем во No Country for Old Man ко одигрува најперфектниот психопат >според многумина< Даниел Деј Луис возвраќа со најперфектниот социопат.
Општото мислење е дека во 21от век сеуште нема излезено подобар филм од овој.

02. ATONEMENT - Joe Wright (2007)
1680002975071.png

Прекрасно изработен филм кој успева да ја долови суштината на романот на Иан Мејкуан, истовремено додавајќи свој визуелен и емотивен шмек. Сместен во годините пред и за време на втората светска војна, приказната ги следи животите на Сесилија (Кира Најтли), Роби Тарнер (Џејмс Мекавој) и Бриони (Саоирс Ронан). Изведбите на Ронан, Кира Најтли и Џејмс Мекавој се исклучително добри, а кинематографијата е она што го краси филмот. Приказната главно се врти околу љубовта на Сесилија и Роби и за една погрешно протолкувана ситуација. Atonement е приказна за моќта на љубовта и деструктивната природа на љубомората. Забранета љубов која е скрцепаретална и привлечна. Филмското истражување на ужасите на војната е исто така обработено со голема чувствителност, а третиот чин е сместен во Данкерк, Франција за време на евакуацијата на британските војници. Сцените на хаос и уништување се прошарани со ретроспективи и поетски слики, што создава прогонувачки и незаборавно искуство.

03. GANGS OF NEW YORK - Martin Scorsese (2002)
1680003028143.png

3 часовна епска крими драма во режија на Мартин Скорсезе со Леонардо ДиКаприо и Даниел Деј Луис во главните улоги.
Дејството е сместено во Њу Јорк во 1862ра година и ја следи приказната на Амстердам Валон (ДиКаприо) кој доаѓа да ја одмазди смртта на неговиот татко. На спротивната страна е касапот Бил Катинг (Даниел Деј Луис).
Еден од филмовите со најмногу номинации за Оскар но со ниту една награда. Тоа е најмалку битно со оглед на тоа што филмот ужива голема популарност и е сметан за еден од најдобрите филмови на 21 век.

04. DOCTOR ZHIVAGO - David Lean (1965)
1680003078803.png

Од режисерот на историските спектали како што се Мостот на реката Квај и Лоренс од Арабија, ни доаѓа нова романса испреплетена со вистински историски настани. Безвременска љубовна драма помеѓу докторот и поет Јури Живаго и неговата муза Лара сместена за време на настаните на Првата светска војна и подоцнежните револуции во Русија.
Масовни сцени какви што не се снимаат денес, одлична сценографија и незаборавната музика ни го носат романот на Борис Пастернак на филмското платно.
Одличниот ансамбл на глумци го сочинуваат Омар Шариф, Џули Кристи, Алек Гинис, Род Стајгер, Џералдин Чаплин.

05. THE NAME OF THE ROSE - Jean-Jacques Annaud (1986)
1680003118374.png

Што ако ти кажам дека пред тебе е одлична трилер мистерија, каде што Шон Конери глуми детектив кој истражува убиство во една изолирана институција. Се соочува со домаќини кои не соработуваат, предавства на секој агол, закана по неговиот живот и единствена помош од неговиот ученик, глумен од Кристијан Слејтер.
И што ако ти кажам дека дејството всушност се случува во средниот век, Конери е калуѓер а локацијата е бенедиктски манастир.
Доколку ова не те убеди да му дадеш шанса на филмот, тогаш можеби ќе те убеди информацијата дека е снимен според истоимената книга од Умберто Еко и обработува многу филозофски и метафизички теми во самиот филм.

06. PRIDE & PREJUDICE - Joe Wright (2005)
1680003178488.png

It is a truth universally acknowledged, that a single man in possession of a good fortune, must be in want of a wife.

Снимен според популарниот роман на Џејн Остин, дејството се врти околу семејството Бенет и обидот на ќерките да бидат омажени во што подобри семејства. Од сите сестри најмногу се издвојува Елизабет (Киера Најтли), своеглава девојка, особина која и предизвикува многу проблеми во односот со Господин Дарси, нашиот друг протагонист.
Сместен во 18 век, овој филм ни нуди одлична шанса да погледнеме во начинот на кој тогаш луѓето се однесувале, општествените норми, начинот на облекување, класните поделби и слично.
Изобилува со одлични дијалози и глума и се разбира нуди еден поинаков поглед на машко-женските љубовни односи, кои можат да бидат забележани и во овој наш век.

07. DANGEROUS LIAISONS - Stephen Frears (1988)
1680003251526.png


Базиран на романот “Опасни Врски” од Пјер Шодерлос од 1782 година. Главните улоги ги имаат Глен Клоуз, Џон Малкович и Мишел Фјафер, а извонредната споредна актерска екипа се состои од Ума Турман и Киану Ривс. Сместен во Франција од 18 век, филмот ни ја раскажува приказната за двајца аристократи кои се пуштаат во игра на заведување и манипулација. Глен Клоуз и Џон Малкович се одлични во улогата на измамнички аристократи. Успешно создаваат тензија што се провлекува низ целиот филм. Мишел Фајфер во улогата на Мадам Де Турвел, а Ума Турман во улогата на Сесил. Сценографијата, кинематографијата и костимите се врвни, и буквално ќе ве вратат во 18 век. Очекувајте многу заплети и пресврти.

08. PERFUME: THE STORY OF A MURDERER - Tom Tykwer (2006)
1680003310324.png

Патрик Зискинд создаде еден од најенигматичните ликови во модерната литература, а Бен Вишоу успеа фантастично да го пренесе на големото платно. Може да се гадите, може да сте фасцинирани од него, но со сигурност нема да останете рамнодушни и потоа лесно да го заборавите.
Со првиот здив на новороденче, Жан Батист Гренуј ќе ја запечати судбината на неговата мајка, носејќи ја на гилотина. Растејќи осамен низ бедните париски сиропиталишта, уште во најраното детство ќе ја открие својата посебност. Надарен со исклучително изострено сетило за мирис, Гренуј живее за да го открие совршениот мирис, да го фати и претвори во супериорен парфем. Но, неговиот живот е обележан од смртта, а идеалниот парфем може да се направи само од човечка есенција.

09. THE HANDMAIDEN - Park Chan-wook (2016)
1680003383998.png

„The Handmaiden“ е јужнокорејски еротски трилер од 2016 година во режија на Парк Чан-вук, заснован на романот „Fingersmith“ од Сара Вотерс. Филмот ја раскажува приказната за една млада жена по име Сук-хи (Ким Тае-ри) која е ангажирана како слугинка на богатата јапонска наследничка Лејди Хидеко (Ким Мин-хи), но набрзо се наоѓа себеси вовлечена во комплицирана мрежа на измама и желба. Филмот ги истражува темите на моќ, желба и предавство, а технички гледано на филмов, секој кадар е уметничко дело.

10. WUTHERING HEIGHTS - Peter Kosminsky (1992)
1680003417428.png

Дејството на филмов започнува на имотот наречен Оркански височини, кога господинот Ерншо носи дете, кое го пронашол во градот. Го претставува како „дар од Бога“ и го нарекува Хитклиф. Младото момче, се зближува со ќерката на господин Ерншо, а таа близина прераснува во љубов, се до оној момент која Кетрин, не одлучи да се омажи за богат благородник.
Трогателна приказна за една борба помеѓу страста и разумот, љубовта и омразата. Колку еден човек може одмаздата да го заслепи.
Ќе уживате во брилијантната изведба на Ралф Фајнс како мрачен, мистериозен, брутален, а сепак ранлив Хитклиф и прекрасната Жулиет Бинож во улогата на своеглава, страствена и чувствителна Кети/Кетрин Ерншо. Прекрасни сцени од суровите, карпести предели на Јоркшир и совршен спој со музиката на јапонскиот композитор Руичи Сакамото.
Ова е апсолутно најдобрата филмска екранизација на Оркански височини, ремек дело на англиската книжевност. Според романот на Емили Бронте, а во режија на Питер Комински.

11. THE COLOR PURPLE - Steven Spielberg (1985)
1680003489500.png

Пред продукцијата, Спилберг се двоумел да прифати дали да го режира филмот, сметајќи дека не е доволно упатен со проблемите на луѓето од Југот на САД, и велејќи дека филмот треба да го режира црнец, некој кој ќе ја сфати болката и страдањата на луѓето од Југот повеќе од него. Музичарот Квинси Џонс на тоа реагирал со „Глупости, за да се режира E.T. не треба да си вонземјанин“. Спилберг прифатил и создал едно епско дело кое остана во аналите на холивудската кинематографија како едно од најголемите остварувања од 80-тите, и едно од првите кое храбро го отвора прашањето за проблемите на црнечките фамилии од Југот. Дури, филмот бил номиниран за 11 Оскари, но за жал не освоил ниту еден.

Филмот го следи животот на Сели (феноменалната и неповторлива Вупи Голдберг), млада црна девојка која расте на Југот од САД во почетокот на 20 век, и која ја запознаваме како 14 годишно девојче, бремено од нејзиниот татко, и остануваме со неа 30 години низ тешкиот живот кој го поминува. Филмот е направен според романот на Алис Вокер и е вистинско ремек дело од епски пропорции кое секој вљубеник на седмата уметност мора да го погледне.

12. THE REMAINS OF THE DAY - James Ivory (1993)
1680003523095.png

"The Remains of the Day" e драма направена според романот на нобеловецот Казуо Ишигуро, сместена некаде во Англија во периодот помеѓу двете светски војни. Приказна за еден батлер, кој целиот живот го жртвувал на професијата и неговото преиспитување за одлуките во животот.
Преку неговите сеќавања се запознаваме со општествените класи во Англија од почетокот на минатиот век и нивниот живот, службата, манирите, лојалноста, професионалноста и достоинството.
Прекрасно одиграни улоги на Ентони Хопкинс и Ема Томпсон, водени од маестралнoто трио за ваков вид на драми - Ајвори, Мерчант и Џабвала. Осум номинации за оскар.

13. LITTLE WOMEN - Greta Gerwig (2019)
1680003582977.png

Истоимениот роман на Луиза Меј Алкот низ годините доживеал неколку филмски екранизации, Бродвејски мјузикли, но благодарение на последната адаптација на Грета Гервиг приказната за семејството Марч повторно стана актуелна. За тоа можеби најзаслужна е извонредната актерка екипа - Сирша Ронан, Ема Вотсон, Флоренс Пју, Тимоти Шаламе, Лора Дерн и Мерил Стрип.
Џо, Мег, Бет и Ејми - секоја со свои мечти и соништа. Сместен во тешки времиња за американскиот човек, во време на граѓанската војна, овој филм го следи животот на четирите сестри Марч, животните околности во кои запаѓаат и начините што ги изнаоѓаат за да ги надминат предизвиците. Иако карактерно се целосна спротивност една на друга, надминувајќи ги разликите тие претставуваат вистински пример за сестринска сплотеност и љубов.

14. THE MAN WHO WOULD BE KING - John Huston (1975)
1680003627415.png

Снимен според истоимениот роман од Ридјард Киплинг, во режија на на Џон Хјустон и легендарните глумци Шон Конери и Мајкл Кејн, го прават овој филм едно незаборавно доживување.
Во потрага по авантура, нашите протагонисти патуваат во Авганистан, сместен во 19 век, каде што налетуваат на заборавен таен град во кој жители се еден мистериозен култ.
Погледнете го овој филм и уживајте во доживувањата, згодите и незгодите на нашите херои во потрага по богатство и слава, навлегувајќи во проблеми кои се преголеми од нив за да ги решат.

15. A ROOM WITH A VIEW - James Ivory (1985)
1680003688239.png

Едно лето од Едвардијанското доба, во Фиренца, Италија, Луси (Хелена Бонам-Картер, ова е нејзиното деби на филм) доживува љубов која ќе го промени комплетно нејзиното поимање на работите подоцна во животот, кога назад во Англија треба да се спрема за нејзината свадба. Освен Хелена Бонам-Картер, тука глумат и Даниел Деј Луис, Меги Смит, Џуди Денч и Аманда Вокер (меѓу другите). Ова е еден од филмовите вклучени во листата - 1001 филм кои мора да ги изгледаш пред да умреш, со 100% рејтинг на Rotten Tomatoes, номиниран за 8 Оскари и освојувач на 3 (сценарио, сценографија и костимографија) и филм кој секој филмофил мора да го изгледа.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.279
Biopics 2.png

01. A BEAUTIFUL MIND - Ron Howard (2001)
1680004099507.png

A Beautiful Mind е извонреден филм кој ни ја раскажува приказната за Џон Неш, брилијантен математичар кој се бори со шизофренија. Во главната улога е Расел Кроу како Неш, заедно со Џенифер Конели и Ед Харис. Во 2001 година, филмот освои 4 Оскари, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер, најдобра споредна улога и адаптирано сценарио. Филмот започнува со тоа што не запознава со Џон Неш, студент на Универзитетот Принстон кој се бори да се поврзе со другите поради неговата шизофренија. Но и покрај неговите социјални потешкотии тој е регрутиран од владата за да работи на пробивање на советските кодови во времето на студената војна. Расел Кроу извонердно ни ја доловува сложеноста на ликот, заедно со неговата брилијантност, хуморот, и болката. Филмот има силно емоционално влијание и длабоко навлегува во умот на еден генијалец кој се бори со неговата болест.

02. CATCH ME IF YOU CAN - Steven Spielberg (2002)
1680004148656.png

Во режија на Стивен Спилберг со Леонардо ДиКаприо и Том Хенкс во главните улоги. Веројатно не треба повеќе објаснување, за каков филм станува збор.
Филмот е заснован на вистинска приказна за Френк Џуниор, измамник кој се претставувал како пилот, доктор и адвокат, притоа успевајќи да украде милиони долари во тој процес.
ДиКаприо ја има улогата на “негативец”, додека Том Хенкс е ФБИ агентот кој пробува да го фати. Иако спротиставени, хемијата меѓу двајцата е одлична. Неизвесноста во филмот ќе ве вози до крајот на филмот.

03. BOHEMIAN RHAPSODY - Bryan Singer (2018)
1680004195432.png

Филм за бендот кој испиша историја во музиката, една од најдобрите музички групи. Пејач кој го воодушеви светот со своите вокални способности, харизма, сценски движења, прогласен за најдобар пејач на сите времиња. Тоа е групата Queen, најголемата боемска рапсодија.
Приказната е базирана на животот на еден од најголемите музички имиња, Фреди Меркјури, самите почетоци, запознавањето со останатите „квиновци“, за падовите и подемите. Ќе дознаете како се создавале најголемите хитови и ќе ја видите амбициозноста и хедонизмот на Фреди. Во режија на Брајан Сингер и Роми Малек кој одлично се снајде во улогата на Фреди.
На прв поглед делува како просечен филм, ама се гледа во еден здив, кој го прати добра динамика и секако ќе уживате во бесмртната музика на Queen, а додека го гледате сигурно ќе ви дојде и да запеете на „We will rock you“, „We are champions“, „Dont stop me now“.
И на крај, големото финале - Live Aid, изведбата на Вембли во Лондон 1985 година. Без никакво претерување, еден од најдобрите концертни настапи во историјата на музиката.

04. MY LEFT FOOT: THE STORY OF CHRISTY BROWN - Jim Sheridan (1989)
1680004254931.png

Шеридан со животната приказна на Кристи Браун за прв пат се сретнал кон крајот на 70тите, благодарение на брат му кој пишувал драмски текст инспириран од него. На една од изведбите на театарската претстава присуствувал и самиот Кристи и така всушност се родила идејата на режисерот за овој филм.
Роден со церебрална парализа, Кристи Браун можел да го придвижува само левото стапало, но со истрајност и силна волја, светот го запамети како човек кој покажа дека слабоста на телото не значи и инвалидитет на душата. Неверојатна приказна за секојдневната борба и издржливоста на човечкиот дух.
Првата од трите филмски соработки меѓу Џим Шеридан и Даниел Деј Луис му го донесе првиот од трите оскари за најдобра главна улога на брилијантниот актер. Покрај него, сосем заслужено, таа година со Оскар се закити и Бренда Фрикер.

05. CONTROL - Anton Corbijn (2007)
1680004299589.png

Иан Куртис, Џои Дивижн, талент, успех, љубов, неверство, омраза, притисок, тага, депресија, самоубиство.

Животот и делото на еден од најмаркантните и најталентираните музичари во Европа првенствено, па и во целиот свет. Основачот на новиот правец во музиката, еден од најталентираните текстописци и неговата борба со самиот себе, епилепсијата, депресијата и притисокот од огромниот замав и популарност на бендот.
Филмот не носи низ животот на Иан Куртис од средношколските денови, до запознавањето на жена му Дебра, влагање во бендот Варшав од кој произлезе Џои Дивижн, нивната популарност и секако Аник Хонор, девојката која ја мрази и сака истовремено.

06. AMADEUS - Miloš Forman (1984)
1680004503644.png

Ремек дело од 1984 година во режија на Милош Форман, кој ни ја раскажува приказната за Волфганг Амадеус Моцарт и неговиот ривал Антонио Салиери, кој е обземен од завист и љубомора поради огромниот талент и популарност на Моцарт. Филмот обработува теми како љубомората и опсесијата кон барајќи го совршенството. Ни дава и краток увид во креативниот процес на еден од најнадарените музичари на сите времиња како и неговото влијание. Еден од највпечатливите аспекти на филмот е неговото прикажување на маките на Салиери додека тој го гледа порастот на Моцарт. Моцарт е прикажан како брилијантен, но со недостатоци, додека Салиери е трагична фигура чија опсесија на крајот води до негов пад.
Визуелно одличен, а саундтракот изобилува со делата на Моцарт. Зема и оскар за изведбата на Салиери.

07. SERPICO - Sidney Lumet (1973)
1680004566891.png

Да се биде праведен можело да биде исто така кул! Ал Пачино со иконските шешири сам против целиот корумпиран систем е нешто без кое не смеете да поминете во овој живот. Базиран на вистинска приказна за легенда Френк Серпико, кој одбива да игра валкано како неговите колеги полицајци, не прифаќа мито и секогаш ги прави работите на правилниот начин, со преголеми идеали и принципи! Па кога не бидува морално покорен колегите му свртуваат грб а со тоа го ставаат во опасни ситуации и како одговор на тоа, како животно во тесно, Серпико станува гласен околу корумпираноста во полицијата и целиот тој систем. Херој мразен од сите, го поднесуваат само неколку а за некои е и најопасниот човек - чесен полицаец! Одлична социјална критика, одлична крими драма, одлична глума! Одлична класика! Понекогаш филмовите не прават подобри луѓе а овој е еден од тие.

08. DERSU UZALA - Akira Kurosawa (1975)
1680004612003.png

Дерсу Узала е едно од ремек-делата на Акира Куросава, снимено според мемоарите на рускиот истражувач и воен офицер Арсенјев за неговите патешествија низ Сибир со водичот по кој филмот го добива името. Патувајќи низ непристапен терен во сурови временски услови, едвај разбирајќи се меѓусебно, создаваат длабоко пријателство. Овој безвремен филм обилува со прекрасни пејсажи од сибирските предели, кои ретко имаат можност да се видат на други места. Добитник на оскар за најдобар странски филм.

09. THE KING'S SPEECH - Tom Hooper (2010)
1680004657172.png

После смртта на својот татко и абдицирањето на неговиот брат, Џорџ (Колин Фирт) е принуден да ја превземе круната и да стане кралот Џорџ VI. Но Џорџ има проблем со самодовербата, несигурноста и пелтечи, а пред него стојат големите оратори Хитлер и Мусолини, па се обраќа на помош кај познат логопед Лајонел Лог. Па на еден интересен начин се случува едно пријателство помеѓу 2 сталешки социјално неспоиви луѓе.
Дали навистина се се наоѓа во човечката психа и дали со истрајност и волја може да се постигне се?
Прикажани се односите во кралското семејство, абдицијата на кралот Едвард VII, како и самиот почеток на Втората светска војна.
Со 12 номинации и освоени 4 Оскари, (за најдобро сценарио, режија, најдобар актер и најдобар филм), ќе уживате во одличната глума и забавни, комични дијалози.

10. WALK THE LINE - James Mangold (2005)
1680004701545.png

Филмот го прикажува животот на легендарниот кантри пејач Џони Кеш, од неговите рани денови кога се борел да стане музичар до неговиот подем на слава и личните борби со зависноста. Во главната улога е Хоакин Феникс заедно со преубавата Рис Витерспун како Џун Картер. Феникс има маестрална изведба, доловувајќи го талентот на Џони и неговата болка која ја трпел целиот свој живот. Веројатно музиката нема да ви се допадне ако не сте љубители на таква музика, ама без оглед на се, сметам дека ќе ве воодушеви. Посебно изведбите на Cocaine Blues и Time’s A Wastin во дует со Џун Картер. Она што е за пофалба е дека Феникс и Витерспун научија да свират на инструменти за филмот и ги снимаа со нивни вокали. Хемијата меѓу двајцата е совршена, а талентот неспорен. Впечатлив и искрен приказ за бурниот живот на Џони Кеш.

11. RUSH - Ron Howard (2013)
1680004746229.png

Крис Хемсфорт како Џејмс Хант и Даниел Брул во улогата на Ники Лауда. Филм што ќе ве навлече во светот на формула 1 иако можеби не сте љубители на тој спорт. Приказната е околу нивното ривалство во 1976 година, и иако дел од приказната е измислена, голем дел од филмот е уствари точен. Џејмс е контроверзен лик, фокусиран на алкохол, жени, бурен живот, а многу сакал и да се трка. Ники од друга страна е лик кој бил посветен само и само на формулата. Оттаму и некои нивни несогласувања. Филмот е брз, сцените се адреналински, а тркачките кадри се изведени маестрално! За жал не им е дозволено да возат Ф1 болиди па затоа снимен е филмот со Ф3 болиди кои користеле дизајн на Ф1 болид. Ники Лауда беше голем фан на филмот и во едно интервју изјави: "Shit! That's really me."
Иако големи ривали, тие во вистинскиот живот беа големи пријатели, а Ники даде изјава дека му е криво што Џејмс не е повеќе на овој свет, тој би уживал во филмот. Пишувајќи ја рецензијата се наежив, ќе го репризирам веднаш.

12. 12 YEARS A SLAVE - Steve McQueen (2013)
1680004800978.png

12 Years a Slave е моќен и емотивно интензивен филм кој ја прикажува бруталната реалност на ропството во Америка во 19 век. Филмот, во режија на Стив Меквин, базиран на мемоарите на Соломон Нортап, ја раскажува приказната за слободен црнец од северниот дел на Њујорк, кој е киднапиран и продаден во ропство на длабокиот југ. Во филмот глуми Чиветел Еџиофор како Соломон Нортап, талентиран музичар и семеен човек кој е предаден од двајца мажи на кои им верува и се наоѓа себеси продаден во ропство во Луизијана. Во филмот ги гледаме и Бенедикт Камбербач во улогата на пристојниот Форд, како и Мајкл Фасбендер како суров и сдистички сопственик на една плантажа. Нортап трпи незамисливи ужаси но тој никогаш не ги губи духот и решеноста да си ја врати слободата.
Дополнителен шмек на филмот му дава и одличната изведба на Ханс Цимер. Режијата е маестрална и никогаш не се оддалечува од суровата реалност на ропството.

13. THE WORLD'S FASTEST INDIAN - Roger Donaldson (2005)
1680004851489.png

Не се работи за индијанци, туку за животната приказната на Барт Мунро од Нов Зеланд. Неговата посветеност и одлучност да го постави светскиот рекорд за најголема постигната брзина во солената пустина во Јута, на неговиот антички крпен Indian Scout мотоцикл. И покрај речиси непостоечките шанси, едвај исполнувајќи ги критериумите за настап, тој ја вложува сета своја заштеда во овој потфат и својот сон. Инспиративен и топол филм, како и самиот главен лик кој го толкува Ентони Хопкинс, а го режира Роџер Доналдсон.

14. GOODBYE CHRISTOPHER ROBIN - Simon Curtis (2017)
1680004888609.png

Биографски филм за Алан Александар Милн (Домнхал Глисон), и врската со неговиот син Кристофер Робин Милн чии плишани играчки биле инспирација за создавањето на магичниот свет на можеби најомиленото мече во историјата - Вини Пу. Кристофер Робин и неговото семејство се фрлени во еден неверојатен вртлог од уште поневеројатен интернационален успех кој следел по објавувањето на книгите за Вини Пу, во време кога магичните приказни носат надеж и утеха во Англија која полека се опоравува од раните по Првата светска војна. Но дали истата надеж и утеха ќе успеат да се вгнездат и во семејството Милн, ќе видите ако го погледнете овој прекрасен филм за семејството, за последиците од војната, за PTSD и за едно неверојатно патување на едно глупаво мече кое до година полни 100 години, а беше, е, и ќе биде најдобар другар на милиони деца ширум светот.

15. LE SCAPHANDRE ET LE PAPILLON / THE DIVING BELL AND THE BUTTERFLY - Julian Schnabel (2007)
1680004984690.png

Ако барате филм направен според вистинска приказна, а притоа е истовремено и неверојатно мотивациски но и неверојатно убав - ова е вистинскиот избор за вас! 43 годишниот уредник на магазинот Elle, Жан-До претрпува масивен мозочен удар по кој по денови поминати во кома, се буди со никаква промена во неговото расудување и когнитивните функции, но комплетно парализиран и без можност да говори. Можеби единствениот мускул кој му работи нормално е мускулот на очниот капак на неговото лево око. Жан-До и со тој еден единствен подвижен мускул, успева да најде начин да комуницира, да живее, и најпосле - да направи една навидум невозможна работа а која му била желба пред ударот - да напише роман! Ова е една прекрасна, инспиративна приказна за желбата која поместува планини, за волјата за живот, за самиот живот и убавините од него кои почнуваме да ги цениме дури откако ќе ги изгубиме. Германски филм номиниран за 4 Оскари меѓу кои за најдобра режија на Џулијан Шнабел и импресивната кинематографија на Јануш Камински! A must see!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.891
Sport Drama 2.png

01. MONEYBALL - Bennett Miller (2011)
1680542116609.png


Вистинска приказна за генералниот менаџер на Оукланд Атлетикс - Били Бин, кој користел револционерен пристап за да изгради победнички бејзбол тим, со ограничен буџет. Главните улоги ги толкуваат Бред Пит како Били Бин, Џона Хил во улогата на Питер Бренд аналитичар и асистент на Бин и Филип Сејмур Хофман кој ја има улогата на скептичниот менаџер кој првично се спротиставува на револуционерните идеи. Системот кој Били и Питер го создаваат се нарекува Moneyball, па оттаму и името на самиот филм.
Moneyball е одличен пример за тоа како спортски филм може да го надмине жанрот и во него да ужива секој што сака добра приказна. Филмот не е само спортски, туку е интересна драма за моќта на иновациите и важноста на предизвикување на традиционалното размислување. Станува збор за луѓе кои се осмелуваат да пробаат нешто различно и за предизвиците со кои се соочуваат на патот. Не мора да сте љубители на бејзбол за да уживате во овој филм, по мене најдобриот спортски ever!

02. WARRIOR - Gavin O’Connor (2011)
1680542163623.png

Најмалиот син на поранешен боксер а сегашен алкохоличар се враќа дома каде е трениран од својот татко за учество во турнир за мешани боречки вештини, што го носи во судир со неговиот постар и одамна отуѓен брат. Ова е една од најдобрите спортски драми некогаш направени, филм кој спортот можеби го има како позадина, но во суштина е семејна драма за двајца браќа и нивниот татко. Глумата на Том Харди и Џоел Еџертон е предобра, а не изостанува ни феноменалниот Ник Нолти. Посветеноста на актерите при создавањето на филмов може да се види од фактот што двајцата претрпиле сериозни повреди за време на снимањето на филмов: Џоел Еџертон скинал лигаменти на колено, по што продукцијата сопрела за неколку месеци, а Том Харди скршил прст и на ногата, и на раката, како и неколку ребра. Ова е филм кој долго ќе ви остане во меморијата, и кој ќе ве натера доколку имате брат, да му кажете колку го сакате, колку cheese и да звучи ова. A must!

03. FORD V FERRARI - James Mangold (2019)
1680542217548.png

Како да се победи тим кој доминира со години на 24 часа Ле Ман, кој поседува одличен процес на изработка на мотори за тркачки и спортски возила и има неоспорена историја во спортот?
Овој филм ќе ви одговри на тоа.
Снимен според вистински настани, со Мет Дејмон и Кристијан Бејл во главните улоги, овој филм ги нуди едни од најдобрите реалистични прикази на трка со возила во историјата на филмот, точка.
Хенри Форд Втори, решен да ја прекине доминацијата на Ферари во Ле Ман, го ангажира Керол Шелби да му конструира автомобил кој ќе го направи тоа. Со помош на одличниот тркач Кен Мајлс, влегуваат во една незаборавна авантура, соочени со корпоративни кочници, ривалитет и класни пречки за на крај да кулминира со трката која трае 24 часа во градот Ле Ман во Франција, каде што конечно ќе се соочат најдобрите автомобили во светот еден спроти друг.
За сите запаленковци по трки со автомобили, овој филм спаѓа во задолжителна литература. За другите, може да ве мотивира да погледнете и други класици кои го обработуваат овој спорт.

04. CHARIOTS OF FIRE - Hugh Hudson (1981)
1680542275147.png

Снимен според вистински настан за двајца атлетичари кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз кои се оддржале во 1924 година.
Двајца протагонисти од различно семејно и религиско потекло, пробуваат да се изборат за своето место и да ги докажат своите спортски способности а и со тоа да ги добијат личните битки со својата непосредна животна околина. Двајцата се избрани за британскиот спортски тим за Олимпијадата и се пратени да тренираат покрај морскиот брег.
Овој филм ни ја даде безвременската музика компонирана од Вангелис, која е употребена безброј пати од тогаш, вклучувајќи и пародија на тренажниот процес на плажата од филмот, која беше прикажана на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година а предводена од Mr. Bean (Рован Аткинсон). Нема човек кој не ја слушнал мелодијата, па еве ви шанса да го погледнете и филмот кој беше инспирација за неа.

05. I, TONYA - Craig Gillespie (2017)
1680542324773.png

Комичен и малку мрачен биографски филм кој ја раскажува приказната за олимписката учесничка Тоња Хардинг во уметничко лизгање. Фокусот е во 1994 година кога нејзиниот ривал Ненси Кериган беше нападната. Марго Роби во улогата на Тоња е фантастична, внесува длабочина и нијански на ликот кој е многу погрешно разбран и карикатуриран во медиумите. Но, она што навистина го издвојува „Јас, Тоња“ е неговата единствена наративна структура. Не се плаши да го скрши четвртиот ѕид, користејќи интервјуа со ликовите и моменти во стил на потсмев за да даде нова перспектива на злогласните настани од 1994 година. Филмот, исто така, го истражува воспитувањето на Тоња, нејзиниот однос со нејзината насилна мајка (играна брилијантно од Алисон Џени) и влијанието на медиумскиот циркус што ја опкружуваше. Без разлика дали сте љубители на уметничко лизгање, вистински криминални приказни или само одлично снимање филмови, овој филм ќе ве воодушеви.

06. THE FIGHTER - David O. Russell (2010)
1680542369368.png

Вистинска приказна за Mики Ворд, боксер кој се стреми да биде шампион. Неговиот тим го сочинуваат мајка му која е менаџер и брат му Дики, поранешен боксер чиј хајлајт на кариерата е борба против Шугар Леј Ленард, моментално негов тренер и зависник од крек.
Мики не напредува во кариерата, и ќе треба да се одалечи од семејството ако сака некој посериозен успех. Со тренер и менаџер кои ќе знаат да му го трасираат патот кон шампионска титула. Но дали е тоа толку едноставно и лесно, останува да видите.
Ова е филм од времето кога Кристијан Бејл секоја година го шокираше светот со своите трансформации, каде неговата телесна маса варираше од 30кг плус минус. Има Оскар за најдобра споредна улога.
Во режија на Дејвид О.Расел, со Марк Волберг во главната улога. И прекрасната Ејми Адамс.
Филм што вреди да се погледне во жанрот кој полека но сигурно веќе нема што да понуди.

07. A LEAGUE OF THEIR OWN - Penny Marshall (1992)
1680542418915.png

Заради учеството на големиот број на играчи во втората светска војна има прекин во спортските натпревари. За да се одржи спортот и духот на народот, а и за да се заработат пари, во САД се формира женска бејзбол лига. Додека поголемиот дел од гледачите тоа го дочекуваат со недоверба и потсмев, за самите натпреварувачки тоа е шанса да се докажат, да се изборат за своето достоинство и заслуженото место, а и да избегаат од монотонто секојдневие.
Филм исполнет со хумор, безбол, акција, музика и напнати сцени. Том Хенкс во улога на тренерот на екипата за која играат Џина Дејвис, Мадона, Рози О'Донел...

08. THE BLIND SIDE - John Lee Hancock (2009)
1680542467183.png

Инспиративен филм кој ја раскажува вистинската приказна за Мајкл Охер, бездомник и непривилегиран тинејџер кој е прифатен од семејството Туохи и му дава шанса да успее во животот. Во филмот глуми Сандра Булок, која има извонредна изведба како Ли Ен Туохи, која му станува мајка на Мајкл и му помага да ги надмине своите предизвици и на фудбалскиот терен и надвор од него. Филмот ефикасно ги доловува борбите и предизвиците со кои се соочува Мајкл како црн тинејџер растејќи во претежно бело општество, и важноста на семејството и поддршката за надминување на неволјите. Исто така, ги допира темите за привилегии, расизам и моќта на човечката добрина. Улогите во филмот се одлични, особено на Булок, која освои Оскар за најдобра актерка за нејзината улога. Филмот ќе ве инспирира да бидете најдобрата верзија од себе и никогаш да не се откажувате од вашите соништа, без разлика колку застрашувачки изгледаат пречките.

09. ESCAPE TO VICTORY - John Huston (1981)
1680542518870.png

Бегство во победа е спортска драма режирана од Џон Хјустон. Група заробени сојузнички војници во втората светска војна, меѓи кои е и еден фудбалер, договараат егзибициски фудбалски натпревар со германските војници. Истовремено еден од заробениците планира бегство од логорот и очајно сака да се придружи кон тимот.
Фудбалот за едни е начин да ја задржат присебноста и достоинството во заробеништво, за други е само уште еден начин за пропаганда, за трети е триумф, а за некои само начин да стигнат до слободата. Но без оглед на мотивот, сите ќе дадат се од себе за да победат.
Покрај Мајкл Кејн, Макс фон Сидоу и Силвестер Сталоне, во филмот играат Пеле, Боби Мур и други професионални фудбалери. Ве очекува неверојатен натпревар.

10. 42 - Brian Helgeland (2013)
1680542571889.png

Бранч Рики (Харисон Форд) одлучува да потпише контраверзен договор со новиот играч и со тоа да испише историја. Ова е биографски филм заснован на Џеки Робинсон, првиот афроамериканец кој настапил во професионалната американска безбол лига.
Како е да е се биде првиот „обоен“ играч, изложен на расна дискриминација, навреди и закани. Соочен со расизам од сите страни (дури и од своите соиграчи) Робинсон (Чедвик Босман) со голема истрајност, верба и со својот талент пишува историја и им го трасира патот на тие после него.
Убав, лесен, инспиративен филм и спортска историска лекција за легендарниот Џеки Робинсон.
Бројот 42 денес е пензиониран од Националната американска безбол лига во чест на големиот Робинсон.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom