ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 37 18,2%
  • Не

    Гласови: 138 68,0%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 28 13,8%

  • Вкупно гласачи
    203

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956
Не е на одмет да си ја изгледате емисијата, пред се да видите колкав ви е интелектуалниот капацитет.
Моментот кога ќе отвориш инфомакс оди надоле за 50 единици.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.205
Моментот кога ќе отвориш инфомакс оди надоле за 50 единици.
Na Dare celo vreme otvoren mu sedi izgleda.
Vaka ko ke go citas, ne ti pagja malce zal za deckoto. Ne si velis kolku e za greoticka detevo :cautious:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956
Да така е, затоа вас ботовите пристапот до Инфомакс ви е најстрого забранет и тоа лично од Мицика. :pos: :pos: :pos: :pos:
Лол, не, туку животот е прекраток за да си го арчам на вакви поткасти или емисии, особено пак на медиум кој истите шарени го правевте од гомно подоле. Без амин од штаб на ДПМНЕ кај овие не се објавуваше еден збор за време на "заробената држава".

Туку кажи ми, вработен си во инфомакс што често ги постираш, или си само бот со вишок време?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.776
(Документи)СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Местеле тендер за да му дадат на Анѓушев 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
t

Плодна е “љубовта” меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на “лидерот” Христијан Мицкоски. “Врти парата” од еден во друг џеб, а единствен џеб кој останува празен е тој на граѓаните, кои не ни знаат дека ги плаќаат “ќејфовите” на олигарсите
Откако претходно Инфомакс објави информации за тоа како градоначалниците на Мицкоски испумпале неверојатни 390 милиони денари во компанијата Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС) на Кочо Анѓушев, овојпат објавуваме ексклузивни информации за уште една фирма која добила речиси 28 милиони денари од само една општина.
Општина Велес и градоначаникот Марко Колев направиле, во најмала рака, скандалозна набавка за електрична енергија и тоа токму од компанијата чие одговорно лице е Кочо Анѓушев. Се работи за компанијата Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје, за која дополнително ќе пишуваме во периодот кој следува.
Согласно документацијата до која дојдовме, Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје склучила договори за набавка на електрична енергија за потребите на општина Велес и ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес.

Треба да се напомене дека со одлука на Советот на општина Велес во 2022 година, надлежноста за градското осветлување од општина Велес е префрлена на на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес.
Овде се поставува прашањето дали ова е направено со цел избегнување на обврската за набавка на електрична енергија на слободниот пазар (а со тоа и избегнување на повисоки сметки за струја), согласно Законот за енергетика?

Ако се погледнат годишните планови за јавни набавки, објавените огласи и склучените договори за набавка на електрична енергија на општина Велес и на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес за 2023 година (кои може да се најдат во електронскиот систем ЕСЈН при Бирото за јавни набавки), може да се забележат следните работи:

Во тековната 2023 година, општина Велес и ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес склучуваат договор за спроведување на групна јавна набавка за потребите на овие два договорни органи, која е во два дела:
Прв дел: Набавка на електрична енергија за потребите на општина Велес и
Втор дел: – Набавка на електрична енергија за потребите (користење) на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес.

Вредноста на дел 2 од набавката е драстично поголема во однос на вредноста на дел 1 од набавката, 24.000.000,00 денари во однос на 3.800.000,00 денари.


По спроведената групна јавна набавка која ја спроведува општина Велес за двата дела од набавката, се склучуваат два договори за набавка на електрична енергија од страна на Општина Велес и ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес, но со ист носител на набавката, а тоа е фирмата Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје, со одговорно лице, Кочо Анѓушев.


Посебно интересно е да се погледне објавениот договор за набавка на електрична енергија за потребите на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес (Дел 2 од набавката), каде може да се видат следните работи:

1.Објавениот договор на ЕСЈН не е потпишан од В.Д директорот на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес, Зоран Јаневски, туку само од Кочо Анѓушев како одговорно лице на носителот на набавката. Се поставува прашања како се спроведува овој договор ако не е потпишан од една договорна страна, како овој непотпишан договор од една договорна страна е објавен на ЕСЈН, како овој непотпишан договор од директорот е заведен во деловодникот на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес итн.

  1. Зошто во членот 1 од договорот е наведено дека се набавува електрична енергија за потребите на „општина Велес како договорен орган“, иако станува збор за набавка на електрична енергија за потребите на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес, што се гледа и од наведените договорни страни на почетокот на договорот, но и од објавениот оглас за јавна набавка.

  1. Ако се погледне планот за јавни набавки на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес за 2023 година објавен на ЕСЈН во кој е наведено дека се планираат над 10 јавни набавки во 2023 година, а потоа се побара во завршени или тековни постапки и склучени договори исто така во ЕСЈН, ќе се види дека освен набавката на струја ниту една друга планирана набавка не се реализирала до овој момент во 2023 година, односно не е поведена ниту една друга постапка за јавна набавка, а тоа значи дека не е склучен ниту еден друг договор за јавна набавка.
    Дополнително, се поставува прашањето што е причината зошто ниту една друга планирана набавка која е наведена во планот за јавни набавки на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес за 2023 година, воопшто не е започната, односно воопшто нема објавено оглас, што може да наведе на (погрешен?) заклучок дека планот за јавни набавки за 2023 година е направен само за набавката на струја, а другите набавки се формално наведени, колку да се каже дека има и други набавки.
Вреди да се спомене дека поканет и присутен на корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел „Александар Палас“ по повод 20 годишнината од основањето на Феро инвест и Брако, беа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски и Гордана Димитриевска Кочовска, поранешниот пратеник Илија Димовски, но и градоначалникот на Велес, Марко Колев.

После 390 милиони за ЕДС, Анѓушев си стави во џеб уште 28 милиони преку Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје, и двете суми скратени од буџетите на општините раководени од градоначалниците на Мицкоски.
Плодна е “љубовта” меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на “лидерот” Христијан Мицкоски. “Врти парата” од еден во друг џеб, а единствен џеб кој останува празен е тој на граѓаните, кои не ни знаат дека ги плаќаат “ќејфовите” на олигарсите …
facebookShare on Facebook
https://twitter.com/intent/tweet?text=Hey%2C+check+out+this+cool+site+I+found%3A+www.yourname.com+%23Topic+via%40my_twitter_name&url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2F%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25ba%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25bb-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2581-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b5-%25d1%2582%25d0%25b5%2F%3Fq%3D%2F%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5-%D1%82%D0%B5%2F
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956
Na Dare celo vreme otvoren mu sedi izgleda.
Vaka ko ke go citas, ne ti pagja malce zal za deckoto. Ne si velis kolku e za greoticka detevo :cautious:
Јас се мислам работи таму, ако е онака доброволно му нема куртул.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.776
Министерчето за опозиција оди на бацирака кај Ќурка :pos: :pos: :pos: :pos:
Сложни браќа и во петок мрсат: Следната недела лидерска средба
t

Лидерите на најголемите и парламентарни партии следната недела ќе седнат на заедничка маса.
Ова денеска на прес конференција го откри премиерот Димитар Ковачевски како одговор на поставено новинарско прашање.
Тема на разговор според наши извори ќе бидат изборите, но и иднината на државата бидејќи завршува скрининг процесот на ЕУ, а Уставните измени не се донесени во Собранието.
Лидерите ќе се сретнат во Собранието.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.205
Очигледно ти оставил голем впечаток на Апасиев и сеуште од ум не можеш да го извадиш :pos: :pos: :pos: :pos:
Epten. Takov intelekt, takov pravnik nemavme dolgo videno na ovie prostori. Ako ne postoese ke trebase da go izmislime :toe: .
Автоматски споено мислење:

Министерчето за опозиција оди на бацирака кај Ќурка :pos: :pos: :pos: :pos:
Сложни браќа и во петок мрсат: Следната недела лидерска средба
t

Лидерите на најголемите и парламентарни партии следната недела ќе седнат на заедничка маса.
Ова денеска на прес конференција го откри премиерот Димитар Ковачевски како одговор на поставено новинарско прашање.
Тема на разговор според наши извори ќе бидат изборите, но и иднината на државата бидејќи завршува скрининг процесот на ЕУ, а Уставните измени не се донесени во Собранието.
Лидерите ќе се сретнат во Собранието.
Ce si lezat Dare, site ce si lezat.
Nema pravda, nema mir :pos:
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.776
Супер ви ја мезат партијата во моментов на инфомакс. Туку кој ви е толку глуп да поднесе тужба против Филип Петровски за изгубени избори во 2020. Дефинитивно имате ептен јаки интелектуалци предводени од дебилчето на кое тате му го заврши факултетот и дури си го вработи кај него на факултет. Од толку членство, ако навистина го имате, не можевте некој попаметен да најдете :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Би го апсел оној Кочо и тие шо го склучиле договорот само ради она проф. д-р во договорот настрана дали било кој од оние во текстот напраиле криминал. Нема појако, цреповите ако му се немааат јавено како да го пишат у договорот
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.776

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.956
Би го апсел оној Кочо и тие шо го склучиле договорот само ради она проф. д-р во договорот настрана дали било кој од оние во текстот напраиле криминал. Нема појако, цреповите ако му се немааат јавено како да го пишат у договорот
Во нацрт верзија најчесто ти праќаат да провериш и пополниш податоци од твоја страна, ваљда неговата канцеларија го има пишано.
 
Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.004
Даре џабе ги рекламираш инфомакс тие се дел од избеганите вмровци кај левица кои Мицкоски ќе си ги врати. Они се љути со право ама ќе им помине ќе се помират.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom