Во Македонско првенство очекувам да има тешка битка за титулата меѓу Вардар и Шкендија кои направија состави какви што одамна немало на нашава фудбалска сцена.
Од сегашен аспект мислам дека Шкендија ќе ја осигура титулата на две кола пред крај, додека ние после 9 години пауза ќе играме финале на куп и ќе го освоиме. Противник веројатно ќе биде Работнички.
Металург ќе игра плеј-аут и бараж за опстанок. Од лига испаѓаат Слога и Младост Царев Двор, истите екипи кои влегоа во оваа сезона.
Вардар ќе го смени тренерот до полусезона. Од втора во прва лига ќе влезат Љубанци и Победа, а Пелистер ќе игра бараж, додека Гостивар ќе извиси во последните кола. Тетекс ќе отпадне во трета лига како тргнала работата и ќе биде само статист во втора лига како што лани беше Напредок
Оставам простор за пресвртница во наредниве денови, ако влезе Брацо, тогаш они се фаворити за влез во прва лига.
Маџари ќе биде прв во трета лига север, а Славија ќе отпадне од лигата, ама Маџари ќе јадат ќотек на дуелот кај нас
Академија Пандев ќе биде прва на истокот и два пати ќе ја совлада Беласица.
Во Шпанија продолжува доминацијата на Барселона. Реал ќе заврши трет, а втори ќе бидат Атлетико. Валенсија стандардно на четвртата позиција. Лас Палмас ќе испаднат од лигата, а се надевам друштво ќе им прават Леванте и Спортинг Хихон.
Риера ќе даде над 10 гола за Депортиво во оваа сезона и Депортиво одново ќе се бори за опстанок до последно коло
Над 10 гола ќе даде и Рубен Кастро за Бетис.
Во Англија Челзи одново ќе биде шампион, а Манчестер одново нема да биде на првите две позиции. Жиру ќе биде најдобар стрелец во лигата
Бурнмаут ќе бидат изненадување во првите 15-тина кола, а потоа ќе нижат порази и ќе испаднат во втора лига.
Англиска екипа одново нема да успее да се пласира во полуфиналето на ЛШ, а ниту на ЛЕ.
Барселона ќе ја одбрани титулата во ЛШ, а Нејмар ќе има најмногу постигнати голови.
Во финале одново ќе играат Јувентус-Барса
Јуве има уште една година со доминација во Италија, а верувам дека ќе го задржат Погба во текот на целата сезона. Сите засилувања ќе бидат на ниво и Манџукиќ ќе даде над 15 голови во Серија А. Милан конечно ќе направи чекор напред и ќе избори пласман во ЛЕ
Интер ќе дојде до местата кои водат во ЛШ
Рома второ место.