- Член од
- 29 септември 2007
- Мислења
- 245
- Поени од реакции
- 17
Американскиот претседател, Џорџ Буш, на средбата денеска во Букурешт со македонскиот државен врв рекол дека САД ќе се грижи за безбедноста на земјава и дека за таа цел за неколку дена ќе биде потпишан и договор, дознава Нетпрес од извори во македонската делегација во Романија.
Според нашите извори додека Македонија не влезе во НАТО, САД ќе се грижат за безбедноста од евентуални конфликти. За оваа обврска САД ќе потпише и договор со Македонија и тоа за неколку дена. Било договорено за таа цел во САД да замине македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 03.04.2008 16:20:30