Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.612
Веќе со години во интернет "битките" со источниве и понекогаш северниве ни соседи, кои упорно сакаат да замачкуваат и буквално крадат работи што не се нивни, општо од историјата на Македонија а посебно во врска со нашиот јазик и азбука кога ќе се спомене буквата "S" занемуваат или ги снемува од местата каде се дискутира за тоа.
Во скоро сите такви дискусии Македонците што ја споменувале буквата "S" и нејзината употреба во нашиот македонски јазик и со неа како аргумент ги побивале смешните теории на Бугарите и Србите дека нашиот јазик е божем вештачки, ново-создаден и слични глупости повикувањето е правено на т.н. Старословенски јазик или поточно МАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ внатре во и од околината на Солун врз чија основа светите браќа Константин-Кирил и Методија ја создале Глаголицата, со која од тука, од Македонија тргнува описменувањето или поточно кажано ширењето на СЛОВОТО или СЛАВАТА кон другите "словенски народи".
Во стручната публицистика по ова прашање до пред извесно време имаше неколку теории кои се добро познати, но не се даде дефинитивен одговор зошто во македонските говори преточени во македонскиот литературен јазик се содржи и буквата "S", или пак за некои од зборовите карактеристични само за македонскиот јазик кои започнуваат или ја содржат буквата "S" во себе.
Во 2005 година во МАНУ се одржува една свечена научна конференција под наслов: "Класика - Балканистика - Палеославистика, по повод одбележувањето на 85-годишнината од раѓањето и 60 години научна работа на академикот Петар Хр. Илиевски".
На конференцијата со свои пригодни реферати учествуваат голем број звучни имиња на домашни и странски филолози и лингвисти од сите области споменати во нејзиниот наслов.
Како што е редот во 2007 година МАНУ издава и зборник од сите реферати и трудови прочитани и претставени на тај научан собир кој се одржал на 18-19 ноември 2005 година во МАНУ.
Еве ја насловната страна на зборникот:
Во зборникот има повеќе реферати и трудови кои се тематски поделени и подредени според тоа на која од областите споменати во насловот им припаѓаат.
Во одделот за КЛАСИКА, на страните 133-138 се наоѓа рефератот на класичниот филолог и лингвист Миодраг М. Тодоровиќ под наслов:
И.-Е. КОРЕН *SENGWH - 'ГЛАС, ЗВУК, ПЕСНА, ПЕЕЊЕ, ЗУЕЊЕ' ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ПРИЛОГ КОН ЕТИМОЛОШКИОТ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
КЛИК ТУКА за целиот реферат во pdf формат.
Од крајно прецизниот и краток реферат дознаваме дека буквата "S" и некои од зборовите кои што се карактеристични само за македонскиот јазик во кои се содржи истата буква водат директно потекло од јазикот на древните т.е. античките Македонци.
Значи покрај името на земјата и народот МАКЕДОНИЈА = МАКЕДОНЦИ за кое нема еквивалент во целокупната историја на планетата земја и кога ќе се спомене се мисли само на една земја и еден народ, зашто друг народ со такво име во национална и етничка смисла не постои, како и другите етнолошки и историски потврди дека Македонците си се Македонци едни и единствени, еве со помош на лингвистиката доаѓаме до сознание и за директна јазична врска со античка Македонија.
И сето ова, пазете добро, јавно прочитано и подоцна објавено во книга-зборник од МАНУ..!!!
Зошто и како ова се држи на страна од јавноста во период кога имаме хистерични изливи на негирање и плукање по се' што е македонско, а сособено на врската помеѓу денешна и античка Македонија останува нејасно…
-----
Затоа Македонци чувајте го нашиот убав македонски јазик, и кога некое неписмено абдалче ќе почне пред вас да го искривува под туѓите влијанија, па ќе ви пропелтечи за некакви си З-везди наместо S-везди, З-евс наместо S-евс и слично, влепете му една врела шлаканица за да му S-унат ушите и друг пат да не му падне на памет такво глупирање.