Здраво дечки. Како што ви пишав пред некој саат денес јас и мајка ми добивме потпишан указ (указ 128). Имавме поддадено за мене, за мајка ми и за сестра ми, ама за жал сестра ми ја одбијаа пак сега наново ќе поддаваме. Текот на процедурата беше следен:
- во Јуни 2016 прв пат поддадовме документи за да се отпочни процедурата. Документи за процедурата беа пасош од сестра на мајка ми, а ние како нејзини деца. Само тоа го имавме, а умреница од предок и потврда од здружение ништо немавме бидејќи не ни побара посредникот.
- во Декември 2016 бевме во Софија да си го земеме происходот и одма закажавме за интервју. Интервју ни закажаа на 11 Мај 2018 година.
- од кога бевме на интервју истиот ден ни пишуваше образувана преписка. По две недели се промени во задолжително, а кај сестра ми се промени тек по четири недели
- на 09 Јули ни се промени дека преписката треба да биде разгледана од советот.
- на 25 Октомври 2019 сестра ми доби отказ, а додека кај нас сеуште стоеше истото. На 28 Октомври отидовме во Софија за да поднесеме дополнителни документи за мене и за мајка ми (предок од 1900-1918 година). Меѓутоа кога се вративме во Македонија вечерта кога проверивме беше променето во положително. Му се јавивме на посредникот и ни кажа дека немало сега потреба да ги носи дополнителните документи и така остана
- 28 Октомври промена во положително
- 20 Август добивме потпишан указ
Тоа е од мене Ви посакувам на сите коишто чекате да си добиете укази. Јас си продолжувам да си бидам активен член на форумов и се што знам да го споделувам со сите напатени како што бев јас. Најбрзо за подигање на указот и сликање има тек во Април. Кога ќе го подигнам указот и ќе се сликам ќе ве информирам.
Поздрав голем до сите и сите да си дочекате указ.