- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 1.010
- Поени од реакции
- 1.129
Реално, е намален:
- Германија почна да собира и со МК пасош
- Бугарите почнаа со поголеми барања при достава на документи
- Веќе има доволен број на нашинци што веќе добиле па можат преку тој свој пасош да си повлечат фамилија
- И по малку весела математика - развлекување на бројот на преписки низ институциите во Бугарија низ последниве две-три години што само на хартија може да покаже помал влез/обем на предмети, иако не е така
Јас сум очигледно тешка контра на сите.
Се мислам да ја почнам постапката за стекнување државјанство на Бугарија.
Секако не ми оди на рака општественава ситуација кога е отежната работата на администрацијата ( која и порано не беше ефикасна). Плус ќе треба да одам во општина во која јас не живеам а во таа општина живееле моите предци прадедо и дедо за да се поврзувам со период од 1900 - 1918.
Да прашам форумџии, што конкретно документи ќе требаат од моите прадедо и дедо кои се починати? И од моите родители што документи? И од мене лично кои конкретно документи треба да извадам?
Молам да ме упатите форумџии со вашите знаења и искуства.