JohnnyMass напиша:
Стварно ме буниш веќе со овија прашања
- Колку МИ-24 ни дозволуваат да имаме?
- Зошто тенковите не излегуваат?
Ако знаеш нешто кажи или пак објасни убаво па прашај.
Прашањата се реторички.
А одговорот е спомнат од претходно. Да го повторувам ли?
Во војната 2001, за неколку месеци Македонија успеа да се снабди со завидно вооружување. Тоа ја направи да биде респектабилна и надмоќна во конфликтот во однос на воена моќ.
Тоа не им се допадна на оние кои ја подбуцнуваа војната и почнаа да трубат за пропорционален одговор на нападите.
Ако те пукаат со минофрлач, ти исто со минофрлач и слично.
Македонија иако имаше услови и потенцијал, не ги искористи можностите и се предаде.
После војната некои влијателни групации се погрижија, Македонија никогаш повеќе да нема надмоќ врз следни евентуални конфликти кои терористичките организации од Косово би ги спровеле.
Затоа рекоа, планот за НАТО за Македонија не предвидува авиони, сухоите треба да ги тргнете, хелихоптери ќе имате 10 од кои 4 транспортни, и тоа со ептен преговори, т-55 не се компатибилни, ќе ги истопите, т-72, не знаеја што да кажат, рекоа, ќе седат во касарната.
Идејата е дека запад не сака конфликти тука, или не сака конфликти на кои Македонија може да одговори, туку сака да ја држи во потчинета состојба.
Тоа беше за тоа кое ти зборев и не ми го поставувај веќе истото прашање.