Бугарско воено воздухопловство 2

  • Креатор на темата Du
  • Време на започнување
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.489
Поени од реакции
4.219
Сигурен си ова дека дроновите можат да бидат оборени од револвер? Не сакам да играм мајтап со вас али натака ја терате :D Дроновите летаат високо и се ултра тивки, ти додека осетиш дека има дрон веќе си мртав човек. Он веќе испалил наведувана ракета на твојата позиција и единствена опција ти останува кога ќе ја видиш да речеш "оу шит" пред да те разнесе на парчиња. А А10 или Су-25 можеш уште од кога ќе полетаат да ги чуеш и да се засолниш од нив. Затоа тие авиони се неупотребливи. Една игла може да ги уништи за разлика од дроновите за кои ти треба софистицирано кратко метно ПВО да ги лоцираш и урнеш.
Добро не буквално со Колт Писмејкер да пука некој во дрон ама се работи за ефтина потрошна роба.
Дронот треба да дојде до мин. 5км до целта пошто носи макс. 2 ракети Хелфајер а тие се адаптирани ПТ проектили за нова намена. Ќе имаат се поголема улога али мислам дека ќе се вмеша воената индустрија тука со проекти за 100 милионски дронови или пак ќе го стопираат развојот на истите.
Настрана што поради дроновите загинуваат куп цивили.

A-10 сеуште се употребува за CAS мисии пошто за разлика од нежниот дрон може да носи по 8 тони оружје, настрана тоа седмоцевното чудо, има куп антимерки баш за Manpad ракети како Стрела и Игла (топлински мамци и остало) и до денес се покажал како феноменално летало.

Зависи и за каков судир се работи, во конвенционална војна што би правеле дроновите не сум сигурен, барем оние кои постојат денес, во COIN операции ете им најдоа место.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
7.619
Поени од реакции
23.908
Море да имавме една ескадрила А-10 или па Су-25 ПРЕД да почне војната во 2001, со обучени пилоти, ептен ќе ни завршеа работа со шумариве наши.

Инаку А-10ката е феноменален авион. Најверојатно и со причина е задржан само за користење на УСА.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.489
Поени од реакции
4.219
Море да имавме една ескадрила А-10 или па Су-25 ПРЕД да почне војната во 2001, со обучени пилоти, ептен ќе ни завршеа работа со шумариве наши.

Инаку А-10ката е феноменален авион. Најверојатно и со причина е задржан само за користење на УСА.
Су-25 беа оперативни за време на траењето на конфликтот (малку ми е незгодно 2001 да ја наречам војна пошто беше класична insurgency од Косово со домашни арнаутски банди и јатаци како подршка) само колку што знам не извршија ниту една борбена мисија, не знам по која причина.

Не знам како да се преведе овој прилично прецизен поим insurgency, нешто као бунт, побуна, диверзија, продор од надвор на паравојски, ама не е ниту едно него све во едно.

За РМ се прескапи такви авиони како А-10 па и Су-25 (се распаѓаат и ден денес на Петровец).

Штета што нема паметни луѓе во државава, постои еден авион кој е идеален за РМ а тоа е Скејлд Композитс Арес (Agile Responsive Effective Support) , проектиран од генијалниот Берт Рутан, COIN авион со цена испод два милион долари, има петоцевен топ од 25мм (ГАУ-8 за сиромашни) и носи до 2 тони оружје.
Се изработува од композитни материјали, екстремно ефтин за одржување и експлоатација.
Може по лиценца да се прави и во помалку развиени земји. Прототиповите се покажале одлично.



Има 7-8 проекти за слични авиони но пак се враќаме на воената индустрија и нивното лоби.

Една ескадрила 16 комада (+8 резерва) 24 авиони за 50 милиони долари, 2001 ќе имаше многу повеќе арнаутски лешеви :)
Настрана што со ваков авион имаш права авијација а не смешка како сега.
 
Член од
30 ноември 2011
Мислења
1.050
Поени од реакции
859
@callejón de la muerte читам што имаш пишувано за а-10 гарант го имаш видено видеово :D

До сите останати е must watch

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.489
Поени од реакции
4.219
@callejón de la muerte читам што имаш пишувано за а-10 гарант го имаш видено видеово :D

До сите останати е must watch

Го немам гледано ама имам читано порано за А-10.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
2.492
Поени од реакции
2.710
Не верувам дека Хрватска би набавила Рафали, па тие не можеа да ја одржаваат една ескадрила МиГ-21 а не пак ваков авион. Се док не долетаат на Плесо со шаховница на крило не верувам во ваква вест :D
Со (малку веројатна) набавка на Рафал би имале автоматски најјака авијација во екс-Ју.



Се работи за феноменален авион, имаше некакви симулирани воздушни борби меѓу Рафал и Ф-15 во САД, рафалите ги разбиле Орливе тотално. Ок тоа се само маневри и не се можеби меродавни за реални борбени услови но сепак Рафалот е јак авион.

При денешна конкуренција и при политички притисок на САД за купување нивна опрема, засега Рафалот се држи добро, Грција ја стави во оператива првата ескадрила рафали, Египет нарачал две ескадрили, Индија 126 комада, Катар 36 (во конкуренција со Ф-35), едино Бразил што се откажа и нарачаа Грипени, Индонезија и Емирати се следни со нарачки.
Тоа дека е скап е точно, тоа дека е комплициран е точно, но тоа важи за буквално секој модерен авион, не постојат повеќе лесни за оддржување авиони со високи перформанси.
Сепак се работи за Топ-10 ловец во светски рамки.

Како и да е, купувањето ловци од страна на мали држави е тотална глупост. Далеку повеќе логика има вложување во АА ракети и СПААГ, заедно со набавка на специјализирани авиони за поддршка на пешадија, кога веќе имаат авијација.
Јуришните хеликоптери исто така немаат место во такви услови, со цената и перформансите.

Чудно е како освен А-10 и Су-25 во светски рамки нема ништо во најава за авион за поддршка на копнени сили, специјализиран, ефтин авион со кој би се опремиле земји со скромни платежни можности.
Бразил нешто пробаа со А-29 јуришна верзија на Супер Тукано ама не е тоа тоа, послаби перформанси има од WW2 авиони.
Има Yak-130, 15 мил€ кошта еден, за разлика од околу 100 мил€ за рестото борбени авиони.
Имаат преку 10тина актуелни порачки од овие Русија.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.489
Поени од реакции
4.219
Има Yak-130, 15 мил€ кошта еден, за разлика од околу 100 мил€ за рестото борбени авиони.
Имаат преку 10тина актуелни порачки од овие Русија.
Тој е школско-борбен авион, наменет за напредна обука. Борбената улога му е второстепена иако за тие пари не е воопшто лоша опција.
Но сепак тоа е 7,5 пати поскапо од наменскиот АРЕС кој носи и повеќе оружје од Јак-130.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
2.492
Поени од реакции
2.710
Тој е школско-борбен авион, наменет за напредна обука. Борбената улога му е второстепена иако за тие пари не е воопшто лоша опција.
Но сепак тоа е 7,5 пати поскапо од наменскиот АРЕС кој носи и повеќе оружје од Јак-130.
Не да не е лоша опција, топ опција е јаков.
Овој твојов не носи повеќе оружје од Јак бтв :)
Јаков може да замени 4+ генерација на авиони, има радар за Р73 воздух-воздух една од најнапредните ракети.
Иначе незнаев за овој шо го збориш, за 2 мил евра со што мотори доаѓа ? Нејќам да потценам али од алиекспрес ли се? :D
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.527
Поени од реакции
1.248


:D
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
761
Поени од реакции
116
Вежби на 101-ви алпиjски полк и Бугарското воено воздухопловство.

DSCN4507-scaled.jpg

DSCN4531-scaled.jpg

DSCN4609-scaled.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom