- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.710
- Поени од реакции
- 8.723
Уште потажно е кревањето раце од сопствената држава.Прво, ако сакаш да помагаш и бла бла ала Ленон ствари, можеш да го правиш тоа и без скапаната книшка.
Знаеш, лицемерието е пред се' ТАЖНА работа.
Второ, партии не ме интересираат, ниту идеологиите на партиите. Јас само кажав... ако си член на некоја партија, автоматски се делиш од останатите кои не се членови, или пак, се членови на друга партија. Знаеш што е тажното во случката?
Македонците кои толку многу ги сакаш, оти ете, си била националист (wtf), најголем број од нив не се партиски (фала богу)определени, и ги заболе за трули и глупи “идеологии“. Ти, за разлика од нив, се оградуваш и делиш од тоа „стадо“ со самото тоа што си член на партија.
Поинаква си од македонците?
И тие што земаат бугарски пасош се искрени во намерите. Ја сакаат државата, припаѓаат на ентитет што не постои, тоа е се што почнува со македо..., ама го земале пасошот за свој личен интерес и корист. Односно, го прават тоа за да си помогнат самите себе си.
како што го правите сите вие тоа кога земате партиски книшки.
А ти ми проповедаш дека си ја земала оти си сакала да помогнеш некому.
Треба ли книшка за да помагаш некому?
Ако одговорот е да, тогаш и бугарски пасош е потребен за да си помогне некој себе си и на другите.
не гледам разлика тука, освен во искрените намери на тие со пасошот.
Другите се помалку или повеќе лицемерни.
Тажно.
Не е лицемерно да имаш никаде книшка, лицемерно е да ја имаш, ама да тврдиш дека ја немаш.
Книшката за мене не е скапана, разбери се. Јас немам проблем да кажам дека некого поддржувам, затоа што навистина поддржувам - затоа што моментално работи за каузата која мене ме интересира. Доколку тоа се промени, и јас ќе се променам.
Разликата меѓу мене и некој со бг пасош, е голема.
Најмногу во делот каде што со книшката се обележувам само сама себе, а со пасошот сите предходни и идни генерации.
За да помогнам онаму каде што јас сакам, и сметам дека треба, потребна е книшка. За онаму каде што не ми треба книшка за да помогнам, присутна сум уште пред да можам да имам книшка било каде.
Да бидеш партиски неопределен, не те прави попаметен. Било која партија, макар непозната и неприсутна во Парламент, значи дека народот не заспал и дека е заинтересиран. По таа логика, ако никој овде ништо не го интересираше, на избори немаше да има рекордна излезеност. А имаше. Значи - народот е заинтересиран за случувањата и иднината на земјава.
На тие што Македонија им е замислен ентитет, ете им де бг пасоши, можат слободно да се отселат во друг замислен ентитет и среќно да си живеат.
Нека не ни објаснуваат на нас, останатите, кои го сакаме овој замислен ентитет, колку им е тежок животот.
Не ме интересира. Македонската кауза за мене е поважна од личната благосостојба.
Купувањето бг пасош е предавство кон Македонија, имањето една книшка партиска, е предавство само во очите на спротивната партија/партии.
Има голема разлика меѓу партија (која можам да ја плукнам кога сакам) и жигосување на моите предци и наследници.
Голема разлика.
Пријатно, немам намера повеќе да ти одговарам.
Јас сум горда Македонка, макар и гладна.