- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Самата држава/влада има извесен ќар од целата ситуација. Ем не ги вработува, т.с. не се мачат да направат проекти за развој на вработувањето и привлекување на грин филд инвестиции од странство, па и олеснување на условите за отварање на сопствен бизнис и стимулирање на веќе постоечките компании да се шират.
Просечен млад човек нормално невработен, не гледа иднина во Македонското општество ќе си земе туѓ пасош и ќе замини на север. Таму ќе работи и ќе испраќа пари на домашните. Државата нормално ќе млати данок(сметки од струја, вода, телефони, комуналии, нафтени деривати, производи и се останато освен воздух) од истите средства. На година две ќе си дојде дома, ќе внесе нови средства во пазарот. Владата ќе го избрише од списокот на невработени(бидејќи нели не се пријавува) и ќе се фали како ја намалила невработеноста од 34% на 31%.
Уште да ги споменам и студентите на диспензирани и какви не факултети, кои после средно нели не оди во список на невработени туку сеуште се води како ученик.
Никој не ни е крив што сме нем народ, во америка при толку услови за вработување и развој на кариера, секој ден си протестираат на волт стрит против капитализмот. А ние ќутиме...
Зошто би протестирале против капитализмот?
Инаку, првиов дел од постот не ти држи вода. Ама ај.
А понатаму, не се толку многу печалбари.
Како бре јас не познавам толку многу напатен, амалски народ?? Каде го наоѓате вие?