Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Прво, ако сакаш да помагаш и бла бла ала Ленон ствари, можеш да го правиш тоа и без скапаната книшка.
Знаеш, лицемерието е пред се' ТАЖНА работа.
Второ, партии не ме интересираат, ниту идеологиите на партиите. Јас само кажав... ако си член на некоја партија, автоматски се делиш од останатите кои не се членови, или пак, се членови на друга партија. Знаеш што е тажното во случката?
Македонците кои толку многу ги сакаш, оти ете, си била националист (wtf), најголем број од нив не се партиски (фала богу)определени, и ги заболе за трули и глупи “идеологии“. Ти, за разлика од нив, се оградуваш и делиш од тоа „стадо“ со самото тоа што си член на партија.
Поинаква си од македонците?

И тие што земаат бугарски пасош се искрени во намерите. Ја сакаат државата, припаѓаат на ентитет што не постои, тоа е се што почнува со македо..., ама го земале пасошот за свој личен интерес и корист. Односно, го прават тоа за да си помогнат самите себе си.

како што го правите сите вие тоа кога земате партиски книшки.
А ти ми проповедаш дека си ја земала оти си сакала да помогнеш некому.

Треба ли книшка за да помагаш некому?
Ако одговорот е да, тогаш и бугарски пасош е потребен за да си помогне некој себе си и на другите.

не гледам разлика тука, освен во искрените намери на тие со пасошот.
Другите се помалку или повеќе лицемерни.

Тажно.
Уште потажно е кревањето раце од сопствената држава.
Не е лицемерно да имаш никаде книшка, лицемерно е да ја имаш, ама да тврдиш дека ја немаш.
Книшката за мене не е скапана, разбери се. Јас немам проблем да кажам дека некого поддржувам, затоа што навистина поддржувам - затоа што моментално работи за каузата која мене ме интересира. Доколку тоа се промени, и јас ќе се променам.
Разликата меѓу мене и некој со бг пасош, е голема.
Најмногу во делот каде што со книшката се обележувам само сама себе, а со пасошот сите предходни и идни генерации.
За да помогнам онаму каде што јас сакам, и сметам дека треба, потребна е книшка. За онаму каде што не ми треба книшка за да помогнам, присутна сум уште пред да можам да имам книшка било каде.

Да бидеш партиски неопределен, не те прави попаметен. Било која партија, макар непозната и неприсутна во Парламент, значи дека народот не заспал и дека е заинтересиран. По таа логика, ако никој овде ништо не го интересираше, на избори немаше да има рекордна излезеност. А имаше. Значи - народот е заинтересиран за случувањата и иднината на земјава.

На тие што Македонија им е замислен ентитет, ете им де бг пасоши, можат слободно да се отселат во друг замислен ентитет и среќно да си живеат.
Нека не ни објаснуваат на нас, останатите, кои го сакаме овој замислен ентитет, колку им е тежок животот.
Не ме интересира. Македонската кауза за мене е поважна од личната благосостојба.
Купувањето бг пасош е предавство кон Македонија, имањето една книшка партиска, е предавство само во очите на спротивната партија/партии.
Има голема разлика меѓу партија (која можам да ја плукнам кога сакам) и жигосување на моите предци и наследници.
Голема разлика.
Пријатно, немам намера повеќе да ти одговарам.
Јас сум горда Македонка, макар и гладна.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
И тие што земаат бугарски пасош се искрени во намерите. Ја сакаат државата, припаѓаат на ентитет што не постои, тоа е се што почнува со македо..., ама го земале пасошот за свој личен интерес и корист. Односно, го прават тоа за да си помогнат самите себе си.
.
Број еден: o_O Значи глупостите што ги тресете на форумов анонимно да имавте м.да да ги кажете јавно, може и ќе ви поверував на сите вас овде што упорно ја тегнете тезата за некаков измислен феномен наречен нација, за некакви човечиња у глава, читај цел народ е шизофрен, и што све не изнатропавте.
Бр.два: е тоа е поентата бе човек, и се е тоа ок, до оној момент кога за да ја оправдате таа своја постапка, испоплукавте по се што почнувало на М, ту бре што сте немале среќа да се родите во Канада, па да сте горди на се што почнува на к. :tapp:

И пак да се обратам до модераториве што ги нема овде очигледно, зошто навелико(скопјанизам btw,пошто има осетливи и на таа тема) се дозволуваат муабети надвор од темата, дробење политика, зошто е дозволено да се анализираат и вреѓаат членови на форумов кога тие не се тема?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Дали е само до мене проблемот кога мислам дека Purple Puma, лаже и суши по сите теми на форумов, секогаш имајќи пример за се и сешто. Се надевам дека тоа го прави свесно оти не би сакал да дознаам дека пати од multi-personality disorder.
И да другите се во право кога велат дека не може да имаш партиска книшка, а да не очекуваш никаква корист од тоа ! Тоа би било страшна работа.

А пак изјавата дека треба да имам партиска книшка за да можам да помогнам на други луѓе е уште пострашна работа.

И да, при барање на работа во странство, бугарскиот пасош не е од есенцијално значење во поглед на тоа дали ќе најдеш работа или не, но верувајте многу може да ја олесни постапката за вработување.

Не, јас немам бугарски пасош и работам во странство, но само кога ќе ми текне за постапката што поминав за да се вработам со македонскиот пасош, ми доаѓа да повратам. И сега дали тоа ме прави поголем патриот што немам бугарски пасош, или што го мразам македонскиот пасош во овој случај?
Абе види, можеби лажам сушам, тоа е форум - не знаеш.
Без гајле, има луѓе кои ме познаваат во реалниот живот, па знаат дали лажам или не.

И јас сум лута на македонскиот пасош, и многу често на македонските политичари, но сепак, мене лично ми е мило што сепак си го задржал нашиот пасош, иако тоа било потешкиот пат. Јасно е дека е потешкиот пат.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не ме интересира. Македонската кауза за мене е поважна од личната благосостојба.
Или се работи за тешка, тешка, тешка лоботомија, или се работи за тажно лицемерие.

Добро, на Форум се е можно. Во реалноста, онаа твојата, повторно си лицемерна.
кажа дека студираш и дека ќе се трудиш да најдеш работа и солидна плата.

Ако цитираното е точно, тогаш... зошто студираш и зошто ќе се обидеш да бараш работа со солидна плата?

Прекини ги студиите одма. Работи за македонската кауза и не барај ништо за возврат. И не мора да ми реплицираш. Доволно си строга самата кон себе си.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Само 20 години имаш, разбирливо е.Кога ќе претргаш од животот малку повеќе можеби ќе ти текне на муабетиве, ама чисто се сомневам, затоа што таа книшка што ја имаш ми изледа како get out of jail free card.
Погоре напиша дека не биле за жалење невработените, 350.000 од нив.Рекордна невработеност во Европа и пошироко! И уште се чудиш зошто луѓето земаат бг пасош?! o_O
Можеби, не викам не. Светот го движат промените.
Јас сум чесен човек, така што, погрешна ти е претпоставката, за жал, не ти влага тоа во глава, дека сепак во оваа земја има луѓе кои од искреност и љубов ги прават работите, но го разбирам тоа, сепак, повеќето го прават нештото, само заради лична корист.
Не реков дека се за жалење невработените, туку оние кои одбиваат работа, а сепак, не се квалифицирани за подобра.
Јас сеуште немам завршено факултет, секакви амалски работи работам, затоа што немам образование за да барам нешто подобро.
Немам проблем што бараат работа во странство, тоа никаде не го кажав. Имам проблем што вадат БГ пасоши, конкретно БГ пасоши. Не е исто одродување (бг пасош) и било каков друг пасош.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:30 PM ---
Или се работи за тешка, тешка, тешка лоботомија, или се работи за тажно лицемерие.

Добро, на Форум се е можно. Во реалноста, онаа твојата, повторно си лицемерна.
кажа дека студираш и дека ќе се трудиш да најдеш работа и солидна плата.

Ако цитираното е точно, тогаш... зошто студираш и зошто ќе се обидеш да бараш работа со солидна плата?

Прекини ги студиите одма. Работи за македонската кауза и не барај ништо за возврат. И не мора да ми реплицираш. Доволно си строга самата кон себе си.
Зошто да престанам да студирам? Па на оваа земја и требаат што повеќе образовани луѓе. Треба да бидеш необразован, демек?
Ајде.... кое лицемерие. Дефинирај си го зборот сам на себе прво.
Поздрав.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Број еден: o_O Значи глупостите што ги тресете на форумов анонимно да имавте м.да да ги кажете јавно, може и ќе ви поверував на сите вас овде што упорно ја тегнете тезата за некаков измислен феномен наречен нација, за некакви човечиња у глава, читај цел народ е шизофрен, и што све не изнатропавте.
Бр.два: е тоа е поентата бе човек, и се е тоа ок, до оној момент кога за да ја оправдате таа своја постапка, испоплукавте по се што почнувало на М, ту бре што сте немале среќа да се родите во Канада, па да сте горди на се што почнува на к. :tapp:

И пак да се обратам до модераториве што ги нема овде очигледно, зошто навелико(скопјанизам btw,пошто има осетливи и на таа тема) се дозволуваат муабети надвор од темата, дробење политика, зошто е дозволено да се анализираат и вреѓаат членови на форумов кога тие не се тема....?
Немаш потреба од толку гнев. Излишен ти е. Сите што земале БГ пасоши не се помали Македонци од мене, од тебе и од многу други.

Земањето на БГ пасош заради лична корист не те прави предавник. ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ.
ТУка се отвара конфронтацијата помеѓу гордите македонци и оние што не се толку горди, ама не се само според твоите сфаќања.

Верувам дека се сврстуваш себе си во категоријата патриот, горд Македонец, личност која би го дала животот за својата татковина итн...

Еве и јас се декларирам за истите работи, но воопшто не ги осудувам, а уште помалку вреѓам и плукам оние со БГ пасош.

Би сакал да знам зошто на пример ти си поголем патриот, татковинољубец, горд македонец и што уште не од мене? Како тоа плукањето по човек што има БГ пасош те прави поголем во сите категории од мене, се разбира само во твојот ум, ама и тоа ме интересира?

Што ти си направил повеќе за татковината од мене?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Зошто да престанам да студирам? Па на оваа земја и требаат што повеќе образовани луѓе. Треба да бидеш необразован, демек?
Ајде.... кое лицемерие. Дефинирај си го зборот сам на себе прво.
Поздрав.
Aaaa, тоа ли е причината зашто студираш? За Македонија. Ааааааа, извини... јас мислев дека студираш оти сакаш да си студираш за тебе да ти е поарно, а ти си студирала за да и помогнеш на државата. Извини, мај бед
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
За случајот што го кажуваш секако дека си во право и има такви случаи многу. Но ги има и спротивните т.е оние што навистина не можат да најдат работа, бидејќи ја нема.

Но, темава е околу бугарскиот пасош нели? Зашто еве таквите луѓе не би земале БГ пасош, па и твојот пријател дури кој одбива да работи тука за ситна пара, ако сметаат дека тоа ќе им помогне во животот?

Заеби патриотизам и лажна националност ако стомакот ти е празен.
Лесно му е на Французот да биде патриот, но не и на Македонецот.

Доколку сите бидат задоволни од она што го нуди нивната татковина на чело со власта нели, тогаш никој нема да побара друга татковина.

Тоа е исто како во сцојалната работа, кога некое дете е малтретирано од своите родители, тогаш социјалната служба ќе оцени дека други родители ќе се грижат поубаво за него, и ќе го спроведат тоа без око д аим трепне и сите останати ќе се согласат дека е во ред сето тоа.

Затоа, каде е проблемот со осудата на луѓето кои сметаат дека нивната татковина им нуди само беда и мизерија и с еобидуваат преку прифаќање на друга татковина да си го подобрат своето битисување на оваа земја?
Мики, јас реков. Јас такви луѓе не одам да ги навредувам, не ги гаѓам со јајца, ама баш ништо не им правам. Ниту застанав на плоштад да протестирам против нив. Право на избор е тоа, ако така одбрале, што можам?
Но јас лично не можам да им речам ,,добро,,. Не можам, зошто за мене лично е тоа предавство. Зошто за мене национализмот не е лажен, ако за некого е.
Само не треба нас останатите да не убедуваат колку сме ние глупави, или дека ние не знаеме што е тоа тежок живот.
Многу добро знам што е тежок живот, и баш овие моите партиски ,,патриотчиња,, ми нудеа да му ја дувнам на страна на факс, со ,,стипендија,,. Знаеш, сеуште сум тука.
Не зошто не можам да го одберам полесниот начин, зошто не сакам.
И не гледам зошто се правдаат, ако се сигурни во својата одлука. Нема потреба. Биднало - одлучиле. Среќен пат.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:37 PM ---
Aaaa, тоа ли е причината зашто студираш? За Македонија. Ааааааа, извини... јас мислев дека студираш оти сакаш да си студираш за тебе да ти е поарно, а ти си студирала за да и помогнеш на државата. Извини, мај бед
Е сега ме насмеа. :)
Студирам зошто ја сакам таа професија што ја студирам.
Не студирам за пари.
Прво, размисли малку, ете ти пишува што студирам. Психологија. Кои црни пари се прават со психологија во Македонија друже? Не се шегувај, тоа е веќе тажно.
Да беше за пари правење факс, ете ти економски, правен, медицина...

Инаку, ќе работам во земјава и за земјава. Барем се надевам.
Кој знае што носи иднината.... ;)
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:39 PM ---
Немаш потреба од толку гнев. Излишен ти е. Сите што земале БГ пасоши не се помали Македонци од мене, од тебе и од многу други.

Земањето на БГ пасош заради лична корист не те прави предавник. ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ.
ТУка се отвара конфронтацијата помеѓу гордите македонци и оние што не се толку горди, ама не се само според твоите сфаќања.

Верувам дека се сврстуваш себе си во категоријата патриот, горд Македонец, личност која би го дала животот за својата татковина итн...

Еве и јас се декларирам за истите работи, но воопшто не ги осудувам, а уште помалку вреѓам и плукам оние со БГ пасош.

Би сакал да знам зошто на пример ти си поголем патриот, татковинољубец, горд македонец и што уште не од мене? Како тоа плукањето по човек што има БГ пасош те прави поголем во сите категории од мене, се разбира само во твојот ум, ама и тоа ме интересира?

Што ти си направил повеќе за татковината од мене?
Плукањето не те прави ништо, ни мене, ни тебе, ни бугарофилите.
Немањето бугарски пасош те прави Македонец.
Бидејќи со тој пасош не добиваш само државјанство во друг замислен ентитет, ами добиваш башка и чичка нова националност... и тоа таква која ја негира твојата.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Можеби, не викам не. Светот го движат промените.
Јас сум чесен човек, така што, погрешна ти е претпоставката, за жал, не ти влага тоа во глава, дека сепак во оваа земја има луѓе кои од искреност и љубов ги прават работите, но го разбирам тоа, сепак, повеќето го прават нештото, само заради лична корист.
Не реков дека се за жалење невработените, туку оние кои одбиваат работа, а сепак, не се квалифицирани за подобра.
Јас сеуште немам завршено факултет, секакви амалски работи работам, затоа што немам образование за да барам нешто подобро.
Немам проблем што бараат работа во странство, тоа никаде не го кажав. Имам проблем што вадат БГ пасоши, конкретно БГ пасоши. Не е исто одродување (бг пасош) и било каков друг пасош.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:30 PM ---

Зошто да престанам да студирам? Па на оваа земја и требаат што повеќе образовани луѓе. Треба да бидеш необразован, демек?
Ајде.... кое лицемерие. Дефинирај си го зборот сам на себе прво.
Поздрав.
Отприлика ги знам твоите ставови и размислување за повеќе работи во животот, и за многу од нив имам високо мислење и респект, бидејќи доаѓаат од умот на една 20 годишна девојка;)

Секако дека си чесна и се бориш за кауза за која сметаш дека е исправна. Тоа е доблест. Но во никој случај не заборавај дека уште поголема доблест е почит и разбирање на ставовите и нештата кои ги имаат и ги прават твоите неистомисленици за одредена област.

Не се исти размислувањата на луѓе кои имаат фамилија, деца пред се, со размислувањата на млад бунтовник:)

Лесно е да се бориш за својата кауза кога си млад и немаш обврски кон ничиј друг живот. Но кога имаш обврска да направиш најдобро за личности кои најмногу ти значат (тоа ќе го дознаеш за пар години) се менува смислата на животот и каузата.

Ова го кажувам од искуство. Ќе дојде денот кога ќе размислуваш другачије;)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Е сега ме насмеа. :)
Студирам зошто ја сакам таа професија што ја студирам.
Не студирам за пари.
Прво, размисли малку, ете ти пишува што студирам. Психологија. Кои црни пари се прават со психологија во Македонија друже? Не се шегувај, тоа е веќе тажно.
Да беше за пари правење факс, ете ти економски, правен, медицина...

Инаку, ќе работам во земјава и за земјава. Барем се надевам.
Кој знае што носи иднината.... ;)
Болдираното е се што треба да се има како предзнаење во темата.
А останатото... нека ти е со среќа со тоа што го студираш оти го сакаш, а не оти сакаш да и помогнеш на македонија ако си психолог некаде во странство. Оти, напомена, во странство, ако донесе иднината, ќе и помагаш на Македонија кога ќе миеш садови во sinkot.
Јас мислев дека сакаш да и помогнеш на државата студирајќи нешто кое ќе може да најде добра примена тука и да може државата да се офајди, а ти си сакала да студираш тоа што тебе те влече.

Ц ц ц, се ставаш самата пред државата! Како не ти е срам!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
За случајот што го кажуваш секако дека си во право и има такви случаи многу. Но ги има и спротивните т.е оние што навистина не можат да најдат работа, бидејќи ја нема.
Точно.
Можат да одат во странство, да најдат некоја работа кој не им е по струка, додека најдат таква ,,на ниво,, или да направат бизнис план и да го предадат на одобрување. Дури се зачудев оваа година, колку беа одобрени.
3 000 евра за почеток, не знам кој ќе ти ги даде.
Немам таква информација.
Јас видов луѓе што се снајдоа, што беа на работ на егзистенција. И мило ми е, што еве, веќе неколку месеци, животот значително им се подобрува.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:44 PM ---
Болдираното е се што треба да се има како предзнаење во темата.
А останатото... нека ти е со среќа со тоа што го студираш оти го сакаш, а не оти сакаш да и помогнеш на македонија ако си психолог некаде во странство. Оти, напомена, во странство, ако донесе иднината, ќе и помагаш на Македонија кога ќе миеш садови во sinkot.
Јас мислев дека сакаш да и помогнеш на државата студирајќи нешто кое ќе може да најде добра примена тука и да може државата да се офајди, а ти си сакала да студираш тоа што тебе те влече.

Ц ц ц, се ставаш самата пред државата! Како не ти е срам!
Ај важи.
Не ти оди некако дискусијава.
Мислев дека можам да дискутирам со тебе, се излажав.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:49 PM ---
Отприлика ги знам твоите ставови и размислување за повеќе работи во животот, и за многу од нив имам високо мислење и респект, бидејќи доаѓаат од умот на една 20 годишна девојка;)

Секако дека си чесна и се бориш за кауза за која сметаш дека е исправна. Тоа е доблест. Но во никој случај не заборавај дека уште поголема доблест е почит и разбирање на ставовите и нештата кои ги имаат и ги прават твоите неистомисленици за одредена област.

Не се исти размислувањата на луѓе кои имаат фамилија, деца пред се, со размислувањата на млад бунтовник:)

Лесно е да се бориш за својата кауза кога си млад и немаш обврски кон ничиј друг живот. Но кога имаш обврска да направиш најдобро за личности кои најмногу ти значат (тоа ќе го дознаеш за пар години) се менува смислата на животот и каузата.

Ова го кажувам од искуство. Ќе дојде денот кога ќе размислуваш другачије;)
Ама не ги осудувам. ИЧ ИЧ ИЧ. Само не го оправдувам нивното дејствување. Има разлика!
Знаеш, можеш од се да бегаш, освен од својата кожа.
Мојава, некако, се истрпува, освен предавство - кон било што.
Ете, бидејќи ме знаеш, знаеш дека сум последната личност што може некому лошо да мисли. И додека овде ме убедуваат дека сум идиот што не му е гајле за другите, на една друга тема, ако памтиш, ми викаа дека сум идиот оти ,,сум бањала циганчиња,,.
Доблест, енибади? Доблест е да му кажам браво на некој што мисли само и само на себе, Мики?
Па посебно вие, повозрасните, каде ви е една трошка од тоа братство единство? Имате на кого да мислите, а зарем останатиот дел од овој народ не треба да го мислиме? И сега сум пак за нешто виновна, оти сум поддржувала некоја партија, замисли, а никој не гледа како се издејствувани многу работи за многу луѓе, кои живееле на улица, цели семејства, оти полесно е да кажеш дека некој ти е крив, отколку да се фатиш за работа и да ја подобриш.
Да, вистина е, дете сум во споредба со повеќето од вас. Ама проблемот е кај тие што не разбираат, дека на нас ќе ни остане оваа земја, и што ќе правиме со неа е наш избор. Нема да си ја земат БЦ,НГ и остала фела. Нам ќе ни остане.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
. Сите што земале БГ пасоши не се помали Македонци од мене, од тебе и од многу други.

Земањето на БГ пасош заради лична корист не те прави предавник. ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ.
ТУка се отвара конфронтацијата помеѓу гордите македонци и оние што не се толку горди, ама не се само според твоите сфаќања.
Друже тие што зеле бг пасош таму негде во државата Бугарија, со име и презиме се заведени дека се Бугари по потекло, каков е овој тип на Македонец? Или си Македонец или Бугарин, ако се осеќаат како Бугари фаааајн, но лицемерието е што сите овде фураат со тезата "остај ти јас таму како сум се изјаснил, јас не се осеќам така". Ама, државата Бугарија утре него ќе го брои како Бугарин од Македонија, или што живее во Мк, и има легитимно право на тоа, црно на бело доказ. Тоа е за мене пријателе играње мајтап и правење будала од сам себе, мене лично тој чин не ме засега. Но, ред е да се кажат работите такви какви што реално се.
Искрено досадна ми е више темава, го пишав постот повеќе заради прашањето до модераториве, инаку смешно е веќе да се објаснуваме зошто некој е повеќе, помалку или средно Македонец. Како си го сфаќате моментов со припадност кон некој народ, така терајте си, сепак е тоа повеќе личен момент.
Големи сте, си знаете.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Плукањето не те прави ништо, ни мене, ни тебе, ни бугарофилите.
Немањето бугарски пасош те прави Македонец.
Бидејќи со тој пасош не добиваш само државјанство во друг замислен ентитет, ами добиваш башка и чичка нова националност... и тоа таква која ја негира твојата.
Националноста се базира на чувства.
Дискутабилно е како едно парче хартија би ги сменило моите чувства?

1.Ако тоа парче хартија ми донесе подобар живот исклучиво мене како единска во овој момент, хипотетички нели, веројатно би се одлучил да го имам истото тоа парче. А можеби и не.

2.Но, ако тоа парче хартија му донесе подобар живот на моето дете, хипотетички нели, СИГУРНО НИТУ НАНОСЕКУНДА НЕ БИ РАЗМИСЛУВАЛ и би се одлучил да моето дете го има тоа парче хартија, без разлика дали утре ќе биде по националност Бугар, Македонец или што и да е
(ова е слично како и со хомосексуалноста, некому не му е битно дали е хомо детето, ама некому му е битно и те како)

Огромна е раликата меѓу 1 и 2. Верувај ми;) Ќе дознаеш:)

Така да воопшто не ја знаеме причината зашто некои луѓе се одлучиле да земат БГ пасош, и уште
помалку имаме право да ги осудуваме и плукаме за тоа.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:58 PM ---
Друже тие што зеле бг пасош таму негде во државата Бугарија, со име и презиме се заведени дека се Бугари по потекло, каков е овој тип на Македонец? Или си Македонец или Бугарин, ако се осеќаат како Бугари фаааајн, но лицемерието е што сите овде фураат со тезата "остај ти јас таму како сум се изјаснил, јас не се осеќам така". Ама, државата Бугарија утре него ќе го брои како Бугарин од Македонија, или што живее во Мк, и има легитимно право на тоа, црно на бело доказ. Тоа е за мене пријателе играње мајтап и правење будала од сам себе, мене лично тој чин не ме засега. Но, ред е да се кажат работите такви какви што реално се.
Искрено досадна ми е више темава, го пишав постот повеќе заради прашањето до модераториве, инаку смешно е веќе да се објаснуваме зошто некој е повеќе, помалку или средно Македонец. Како си го сфаќате моментов со припадност кон некој народ, така терајте си, сепак е тоа повеќе личен момент.
Големи сте, си знаете.
И за тебе важи погоре одговорот. Обуздај ги своите чувства на изливи на националност. не ти с епотребни, барем не тука на форумов.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Националноста се базира на чувства.
Дискутабилно е како едно парче хартија би ги сменило моите чувства?

1.Ако тоа парче хартија ми донесе подобар живот исклучиво мене како единска во овој момент, хипотетички нели, веројатно би се одлучил да го имам истото тоа парче. А можеби и не.

2.Но, ако тоа парче хартија му донесе подобар живот на моето дете, хипотетички нели, СИГУРНО НИТУ НАНОСЕКУНДА НЕ БИ РАЗМИСЛУВАЛ и би се одлучил да моето дете го има тоа парче хартија, без разлика дали утре ќе биде по националност Бугар, Македонец или што и да е
(ова е слично како и со хомосексуалноста, некому не му е битно дали е хомо детето, ама некому му е битно и те како)

Огромна е раликата меѓу 1 и 2. Верувај ми;) Ќе дознаеш:)

Така да воопшто не ја знаеме причината зашто некои луѓе се одлучиле да земат БГ пасош, и уште
помалку имаме право да ги осудуваме и плукаме за тоа.
Мики, остави на страна лични чувства.
Си постои документ, кој е многу повеќе од лични чувства.
Ете тебе не ти е важна националноста, мене ми е.
Како што кажа Вивиан, ако не им е важна, нек си земат пасошите и нека не се прават македонци - затоа што не се!
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Моите родители не се директори.
--- надополнето: Oct 14, 2011 12:17 AM ---

Немам розеви очила, знаеш, макотрпно работам за се во животов, никој ништо не ми даде.
Партијата најмалку.
Па тоа е да речеме исто, против што повеќето жени се бунат во оваа земја.
Оти нели, мажите ги плукаат жените дека касно се мажеле, касно деца раѓале...
Кога аплицираат две жени за едно работно место, да претпоставиме дека се двете еднакво квалитетни.
Првата има деца.
Втората нема, ниту е во брак.
Работата ќе ја добие втората, оти има помалку обврски.
Секогаш е фаворизирана жената која нема семејни обврски.

Но тоа не е нели страшно.
Нормално дека ќе те фаворизира со книшка во општество каде што на секои 2 години има избори.
Но ако си подобар од тој со книшка, а не полош или еднаков, тебе ќе те одбере.
Пак ќе кажам, освен за некое квази работно место кое постои колку да постои, нели демек имаме поголема вработеност.
Ами како во време на Тито, работно место кафекуварка, каде што нема потреба од кафе правење...

На работното место на татко ми, поточно неговиот сектор, пред некоја година вработуваа нов кадар, имаше потреба.
Вработуваа 25 нови лица. Околу 5-6 влегоа со книшки, оти беа нечии синчиња, и секако тие само земаат плата и дремат на нет на работа, но останатите беа квалитетни луѓе и тие богами работат, земаат плус дневници, и секоја работа која што се доплаќа тие ја добиваат (татко ми дирекно ја распределува работата).
Овие партискиве си ќутат, зимаат плата и не се бунат.
Затоа и овие непартискиве не се бунат, секој бонус или плус работа тие ја добиваат.

Тоа нема да се смени, кој сакаш донеси го на власт.
Ние можеме со кој сакаме да се споредуваме, но во систем каде што имаш избор меѓу 2 партии, чија што работа до сега беше кој кого ќе победи, така е.
Со тоа што денес едниве се фатија со оживување на антика, другиве со мачење да си го избркаат лидерот, верувам дека полека полека работите ќе се средат.
Знаеш зошто?
Зошто не се тие вечни. Ќе си заминат.
Ама ова младинава треба да ги наследи.
Мене повеќе ме загрижува што младина ќе застане таму и колку ќе бидеме ние способни да се избориме против квази работни места и вработување полтрони без образование.

И мене утре некој ќе ми земе работно место, немам намара да покажам книшка, зошто тогаш ќе си го згазам зборот што си го имам дадено сама себе.
Јасно ми е тоа.
Ама нема да земам БГ пасош за да ја дувнам во странство.
Иако ми е многу криво што е така, мојата 1ва братучетка со 9.80 просек во РМ не најде работа каква што заслужува, најде некаква си бош. Поднесе документи, односно CV во 1000 ординации во Словенија, и моментално работи во Љубљана.
Ама нема бугарски пасош, со македонски си работи. Си има трајна виза дека работи и си седи таму.
Да криво ми е што не е дома, ама покриво ќе ми беше да се декларираше како бугарка за да најде работа.
Значи може и без бугарштината, ама оди потруди се, ако ти е целта да работиш надвор.
Жити се кажи колку те плаќаат за да ги браниш по форуми?

Од минатата година има издадено наредби главниот штаб во скопје до сите унии на млади сили вмро дпмне да се пишува по форуми и коментира на тв сајтови. Особено имаше наредби да се коментира на а1 страната. Сум бил неколку месеци во партија знам како работите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom