Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Очигледно слабо пратиш Македонско-Бугарски односи век и пол наназад..Тоа е многу повеќе од хартија.Да беше само хартија ја најгласно ќе давав подршка. Пасошот како пасош не е проблем,што викаш,обично парче хартија,проблемот е записот во бугарските архиви.Проблемот е што не само ти,туку и цела фамилија те пишуваат како Бугари,ти даваат бугарска адреса..камо среќа тој пасош да беше само посредник за работа на запад,немаше до сега да испишеме 57 страни..Проблемот е бугарската пропаганда,бугарскиот стремеж кон припојување на Македонската нација кон бугарската и постепено губење на Македонските корени..
Пратам знам што сакаш да кажеш, но не постои начин(освен со војна) бугарија во иднина да ја присвои нашата територија. Ај да кажеме ќе бара малцински права за 100,000 нејзини државјани што живеат во Македонија, значи ќе бара бугарија а не државјаните.
Еден протест да проба да организира 1000 души нема да собере. Значи ако сака нешто да добие тоа мора да почне од внатре, како што е виножито во јунинистан и омо илинден во бугарија.

На крај краева сите што извадиле пасош веќе имаат и Македонски пасош, и добро знаеш дека сите што зеле пасоши кур не ги боли за бугарија!
 
Н

нихилист

Гостин
И не е вистина дека за секаде ти треба книшка - каде и да сум аплицирала не сум носела книшка и немам намера да носам.
Види, кога некој ќе каже во Македонија владее партиската книшка не значи дека е потребно да покажеш партиска кога купуваш леб, туку дека е многу потешко да се добие работа без книшка или врски. Згора на тоа, се протнуваат партиски војници на работни места кои не ги заслужуваат.

Кога некој ќе каже тие без или со различна книшка летаат од работа при промена на власт не значи дека буквално секој што е без книшка е бркан од работа.

Поентата е едноставна. Тие со книшки и врски се фаворизирани. Не мора се да буквализираш.

Мислам, човекот ти објаснува дека во Македонија владее книшката, ти викаш е не си во право, мајка ми 25 години работи без партиска, како тоа да влијае врз поентата. Не бива здрава дискусија така...
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Незна, што да речам, ти си пример за успешна приказна, шириш радијација на успех и среќа околу тебе.Треба да размислиш да станеш Премиер или најмалку да учествуваш во рекламни спотови на Владата на РМ.Свака част.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Види, кога некој ќе каже во Македонија владее партиската книшка не значи дека е потребно да покажеш партиска кога купуваш леб, туку многу е потешко да се добие работа без книшка. Згора на тоа, се протнуваат партиски војници на работни места кои не ги заслужуваат.

Кога некој ќе каже тие без или со различна книшка летаат од работа при промена на власт не значи дека буквално секој што е без книшка е бркан од работа.

Поентата е едноставна. Тие со книшки и врски се фаворизирани. Не мора се да буквализираш.

Мислам, човекот ти објаснува дека во Македонија владее книшката, ти викаш е не си во право, мајка ми 25 години работи без партиска, како тоа да влијае врз поентата. Не бива здрава дискусија така...
Јас не одреков дека има партиски вработувања.
Но не можеме да кажеме дека некој што е навистина квалитетен ќе му речат ајде бриши, ние ќе вработиме некој што не знае да собере 2 и 2, ама има книшка.
Можеби за некое квази работно место во администрација, ама не и онаму каде што се бара професионалност и спремност.
--- надополнето: Oct 11, 2011 12:17 AM ---
Незна, што да речам, ти си пример за успешна приказна, шириш радијација на успех и среќа околу тебе.Треба да размислиш да станеш Премиер или најмалку да учествуваш во рекламни спотови на Владата на РМ.Свака част.
Немам таква намера, а и во партија не сум омилена, оти имам обичај да не бидам фина кога во мојата општина се прави некоја глупост, наместо нешто паметно.
Добро е, сега за сега, повеќето во мојата општина мислат слично на мене, па функционираме.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Што е со патриотиве и со сарказмот? Ахххххххххххх...
Имате разбирања од светот како дете од 5 години, а суптилни сте како пневматска бушилица, како што рече некој.
 
Н

нихилист

Гостин
Јас не одреков дека има партиски вработувања.
Но не можеме да кажеме дека некој што е навистина квалитетен ќе му речат ајде бриши, ние ќе вработиме некој што не знае да собере 2 и 2, ама има книшка.
Можеби за некое квази работно место во администрација, ама не и онаму каде што се бара професионалност и спремност.
Поентата е многу едноставна. Некој што има партиска книшка или врски е фаворизиран на сметка на некој што нема, нешто што често се случува, особено во јавната администрација. Толку, тоа што некој мал број успеал и без книшка е ирелевантно и надвор од поентата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Поентата е многу едноставна. Некој што има партиска книшка или врски е фаворизиран на сметка на некој што нема, нешто што често се случува, особено во јавната администрација. Толку, тоа што некој мал број успеал и без книшка е ирелевантно и надвор од поентата.
Па тоа е да речеме исто, против што повеќето жени се бунат во оваа земја.
Оти нели, мажите ги плукаат жените дека касно се мажеле, касно деца раѓале...
Кога аплицираат две жени за едно работно место, да претпоставиме дека се двете еднакво квалитетни.
Првата има деца.
Втората нема, ниту е во брак.
Работата ќе ја добие втората, оти има помалку обврски.
Секогаш е фаворизирана жената која нема семејни обврски.

Но тоа не е нели страшно.
Нормално дека ќе те фаворизира со книшка во општество каде што на секои 2 години има избори.
Но ако си подобар од тој со книшка, а не полош или еднаков, тебе ќе те одбере.
Пак ќе кажам, освен за некое квази работно место кое постои колку да постои, нели демек имаме поголема вработеност.
Ами како во време на Тито, работно место кафекуварка, каде што нема потреба од кафе правење...

На работното место на татко ми, поточно неговиот сектор, пред некоја година вработуваа нов кадар, имаше потреба.
Вработуваа 25 нови лица. Околу 5-6 влегоа со книшки, оти беа нечии синчиња, и секако тие само земаат плата и дремат на нет на работа, но останатите беа квалитетни луѓе и тие богами работат, земаат плус дневници, и секоја работа која што се доплаќа тие ја добиваат (татко ми дирекно ја распределува работата).
Овие партискиве си ќутат, зимаат плата и не се бунат.
Затоа и овие непартискиве не се бунат, секој бонус или плус работа тие ја добиваат.

Тоа нема да се смени, кој сакаш донеси го на власт.
Ние можеме со кој сакаме да се споредуваме, но во систем каде што имаш избор меѓу 2 партии, чија што работа до сега беше кој кого ќе победи, така е.
Со тоа што денес едниве се фатија со оживување на антика, другиве со мачење да си го избркаат лидерот, верувам дека полека полека работите ќе се средат.
Знаеш зошто?
Зошто не се тие вечни. Ќе си заминат.
Ама ова младинава треба да ги наследи.
Мене повеќе ме загрижува што младина ќе застане таму и колку ќе бидеме ние способни да се избориме против квази работни места и вработување полтрони без образование.

И мене утре некој ќе ми земе работно место, немам намара да покажам книшка, зошто тогаш ќе си го згазам зборот што си го имам дадено сама себе.
Јасно ми е тоа.
Ама нема да земам БГ пасош за да ја дувнам во странство.
Иако ми е многу криво што е така, мојата 1ва братучетка со 9.80 просек во РМ не најде работа каква што заслужува, најде некаква си бош. Поднесе документи, односно CV во 1000 ординации во Словенија, и моментално работи во Љубљана.
Ама нема бугарски пасош, со македонски си работи. Си има трајна виза дека работи и си седи таму.
Да криво ми е што не е дома, ама покриво ќе ми беше да се декларираше како бугарка за да најде работа.
Значи може и без бугарштината, ама оди потруди се, ако ти е целта да работиш надвор.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Додека дојде таа младината јас ќе наполнам 45 години, а и мнозиството тука на форумов.Што би рекле Хладно Пиво:
Al' imam rok trajanja koji mi brzo istice
I zato nemam vremena cekati dalje zombije...
 
Н

нихилист

Гостин
Па тоа е да речеме исто, против што повеќето жени се бунат во оваа земја.
Се вртиме во круг а ми се спие. Прво, не, не е исто. Дури и малку ме изнервира како при цел памет направи таква споредба. Второ, поентата која се обидувам да ја доловам е, како што реков, многу едноставна. Нема потреба од вртење муабети како некоја твоја братучетка ја примиле на работа во Словенија, фирми каде што вработуваат без книшки итн. Ирелевантно е. Факт е дека без книшка од партијата која е на власт многу е потешко да се добие некоја работа, собено во јавната администрација. Навистина, ама навистина, тоа што некој успеал без неа не го менува фактот дека тоа парче хартија во повеќето случаи е потребно при барање на работа, а потребни се и роднини и врски ако сакаш некаде повисоко. Пак ли да се повторувам?
 
Нема да ме убедиш дека е така зошто на Трајанка и Петре им побарале.
Има каде што бараат, и каде што не бараат.
Не се нервирај, нема да постигнеш ништо.
Ти знаеш една приказна, јас сосема друга.
Твојата вистина не е ултимативна, ниту мојата.
Вистината секогаш има две страни.

И не се рандом успешни луѓе што познавам, напротив, многу се. Затоа и не верувам дека баш само со партија се вработуваат луѓе.
Како што приметив, кај мене средно кога бев, составот на професори не се промени, ама власта се промени....
--- надополнето: Oct 11, 2011 1:01 AM ---
Додека дојде таа младината јас ќе наполнам 45 години, а и мнозиството тука на форумов.Што би рекле Хладно Пиво:
Al' imam rok trajanja koji mi brzo istice
I zato nemam vremena cekati dalje zombije...
Не се секирај, нема толку да трае, освен ако немаш 40 сега.
Јас имам надеж во овие барем, што се во УМС. Има добри фацки, кои не се толку заинтересирани за личното материјално, повеќе за државното добро.
Можеби ќе се расипат со време, сега се добри.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
^Си создавате елита, тоа е добро да се знае.Проблемот е што нема никој да ви остане со квалификации да ви работи нешто.Како прво, докторите ке ви заминат сите, па медицинските сестри.Прашај ја братучетка ти. :confused:
 
Н

нихилист

Гостин
Нема да ме убедиш дека е така зошто на Трајанка и Петре им побарале.
Има каде што бараат, и каде што не бараат.
Не се нервирај, нема да постигнеш ништо.
Ти знаеш една приказна, јас сосема друга.
Твојата вистина не е ултимативна, ниту мојата.
Вистината секогаш има две страни.

И не се рандом успешни луѓе што познавам, напротив, многу се.
Како што приметив, кај мене средно кога бев, составот на професори не се промени, ама власта се промени....
Проблемот е што твојата "приказна" е отсечена од реалноста, ама не потреба да те разубедувам. Доста сум постар од тебе, со тоа и поискусен, така да подобро знам како функционираат работите овде... Ако веќе почнуваме со прикаски, училиштето каде што учи внук ми има директорка вмровка која ја замени поранешната директорка сдсм-овка, неговиот професор по историја кој виси пред штаб, магично доби работа набрзо по завршување на whatever што требал да заврши, па веднаш рипна до позиција заменик-директор, сега избега на трето место. Ми раскажуваше какво славје имало во училиштето откако победија врмо на 5 јуни, скратени часеви итн. Ама тоа се само приказни нели... А приказни не ми се раскажуваат, секој си има своја.
Затоа и не верувам дека баш само со партија се вработуваат луѓе.
Дрн дрн дрн, сега се надевам ќе сфатиш зошто се нервирам, обично немам големо трпение кога дискутирам со некој кој неможе да ме разбере. Без навреда, ама очигледно после дузина постови уште не сфати што се обидувам да кажам. Па ајде, ќе повторам по стоти пат, никаде не реков дека САМО со партија може да се вработиш, дури и ексциплитно објаснив во претходните постови, туку дека без партиска книшка и врски нагло се намалуваат шансите за успех и вработување во било кој сектор од јавната администрација. Толку просто, а толку несфатливо...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
^Си создавате елита, тоа е добро да се знае.Проблемот е што нема никој да ви остане со квалификации да ви работи нешто.Како прво, докторите ке ви заминат сите, па медицинските сестри.Прашај ја братучетка ти. :confused:
Јас лично не создавам ништо.
Како што кажав, ниту сум побарала нешто од партија, ниту сум добила, и нема ни да побарам работно место од партија.
Знаеш зошто?
Барањето работа со партиска книшка за мене е еднакво на барање работа со бугарски пасош.
Сама себе нема да се изневерам.
Во друга тема имам пишувано зошто ми е потребно тоа, тука е офтопик.
Има многу што ќе избегаат до промената на искористениве и никакви фаци, но има и такви што допрва ќе станат доктори, инженери, економисти. Иднината нам ни припаѓа и каква ќе ја направиме од нас зависи.

Од мој аспект, сите оние кои се во партија заради било што друго освен:
1. Допаѓање на идеологијата (се прашувам колку луѓе имаат поим од истата, и во двете партии)
2. Национално чувство

се исто ****** како и бугаризираните. Не се ништо подобри.
--- надополнето: Oct 11, 2011 1:16 AM ---
Проблемот е што твојата "приказна" е отсечена од реалноста, ама не потреба да те разубедувам. Доста сум постар од тебе, со тоа и поискусен, така да подобро знам како функционираат работите овде... Ако веќе почнуваме со прикаски, училиштето каде што учи внук ми има директорка вмровка која ја замени поранешната директорка сдсм-овка, неговиот професор по историја кој виси пред штаб, магично доби работи набрзо по завршување на whatever што требал да заврши, па веднаш рипна до позиција заменик-директор, сега избега на трето место. Ми раскажуваше какво славје имало во училиштето откако победија врмо на 5 јуни, скратени часеви итн. Ама тоа се само приказни нели... А приказни не ми се раскажуваат, секој си има своја.

Дрн дрн дрн, сега се надевам ќе сфатиш зошто се нервирам, обично немам големо трпение кога дискутирам со некој кој неможе да ме разбере. Без навреда, ама очигледно после дузина постови уште не сфати што се обидувам да кажам. Па ајде, ќе повторам по стоти пат, никаде не реков дека САМО со партија може да се вработиш, дури и ексциплитно објаснив во претходните постови, туку дека без партиска книшка и врски нагло се намалуваат шансите за успех и вработување во било кој сектор од јавната администрација. Толку просто, а толку несфатливо...
И според твојот пример што заклучивме???
Дека е токму така - да, фаворизирани се книшките, согласно со која партија си. Но не е секогаш така.
Овие па, све сдсовци, само директорот ми беше вмровец, тоа за време на СДС :) Ист состав си останаа и после победата на ВМРО не знам која година беше.

Кога ќе дипломирам ќе ви кажам дали и како сум нашла работа.
Не сум по лажењето, ако успеам да се погазам себе и покажам книшка, и тоа ќе го кажам.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Успешна приказна во МКД е како некој успеал да избега или да се вработи.Никаде нема како некој успеал да стане милионер, без крадење, без газење преку други тела и без нечисти игри.Тажно е во какво време живееме.Се радуваме за мали глупости, кои треба да ги земаме здраво за готово.Донеле нови автобуси, радувај се народе, изградиле нов пат, прослава на векот.Жално е како ниско ни паѓа критериумот за добар и исполнителен живот.
PurplePuma, џабе дебатираме, кога сме на ептен далечни бранови должини.Ти неможеш да се поврзеш со луѓето што земаат пасош за да преживеат, јас неможам да се поврзам со партиските војници.

Edit: Се сеќавам пред 4-5 години кога се фрлаше крстот во Вардар, го прашаа тој што го фатил што му е најголема желба и човеков рече: Да се вработам.Тажно.
 
Јас не сум партиски војник, жалосно е што ме ставаш во таа група.
Јас се дистанцирам од таквите.
За мене Македонија е поголема од некаква партија или власт. Многу поголема.

Жалосно е, да, ама што ќе направиме ако си отидеме? Ќе си направиме нешто добро? Дрво без корен?
А што викате да седнеме и да си ја оправиме работата?
Кој им ја оправи на пола свет? Некој од надвор?
Или народот се зафати да си го среди животот?

Србите кога не беа задоволни од никого, бојкотираа избори.
Ние имавме рекордна излезеност!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom