Над 2.200 македонски државјани станале Бугари
Во изминатите четири месеци, над 2.200 македонски граѓани земале бугарско државјанство, објави бугарскиот весник „Новините“.
Според податоците што ги објавила бугарската потпретседателка Маргарита Попова, од вкупно 4.247 странски државјани кои во последните четири месеци добиле бугарско државјанство, најголемиот број се од нашата држава.
Бугарските медими веќе оперираат со бројка од над милион македонски грѓани кои зеле бугарски документи. Податоците на Попова покажале дека во последните четири месеци биле одбиени 316 барања за бугарско државјанство.
Потпретседателката Попова, минатиот месец од Босилеград и се закани на Србија дека нема да стане членка на Европската унија додека не го реши прашањето на бугарското малцинство.
Бугарските медиуми ја пренесоа изјавата на Попова, која навестила дека Софија ќе го употреби правото на вето во Унијата за да обезбеди почитување на правата на бугарската заедница во Србија.
Според медиумите во Бугарија, од јануари, кога ја презеде функцијата потпретседател на државата, Попова повеќепати зборувала за развивање нова политика кон Бугарите што живеат во странство, вклучувајќи ги бугарските заедници во Македонија, Србија, Молдавија и во Украина.Во изминатите четири месеци, над 2.200 македонски граѓани земале бугарско државјанство, објави бугарскиот весник „Новините“.
Според податоците што ги објавила бугарската потпретседателка Маргарита Попова, од вкупно 4.247 странски државјани кои во последните четири месеци добиле бугарско државјанство, најголемиот број се од нашата држава.
Бугарските медими веќе оперираат со бројка од над милион македонски грѓани кои зеле бугарски документи. Податоците на Попова покажале дека во последните четири месеци биле одбиени 316 барања за бугарско државјанство.
Потпретседателката Попова, минатиот месец од Босилеград и се закани на Србија дека нема да стане членка на Европската унија додека не го реши прашањето на бугарското малцинство.
Бугарските медиуми ја пренесоа изјавата на Попова, која навестила дека Софија ќе го употреби правото на вето во Унијата за да обезбеди почитување на правата на бугарската заедница во Србија.
Според медиумите во Бугарија, од јануари, кога ја презеде функцијата потпретседател на државата, Попова повеќепати зборувала за развивање нова политика кон Бугарите што живеат во странство, вклучувајќи ги бугарските заедници во Македонија, Србија, Молдавија и во Украина.