А ти што работиш кажи ми. Ама биди си искрен.
Не знам што е тоа толку битно, со оглед на фактот дека темава не е за мене меѓутоа ќе ти кажам.
Моментално студирам, сеуште неам работна позиција од која егзистирам целосно со која би издржувал семејство. Иам неколку ореови дрва, чиј плод го собирам, го чистам и го продавам по солидна цена за килограм, која може да достигне и до 500 ден. за кг преку лето. Тука немаш никаков трошок, нити плаќаш нешто, само трудот да ги собереш и да ги исчистиш.
Размислувам понатака да посеам поише, зашто гледам дека тоа производство е субвенционирано.
Само сега иам други приоритети, за понатака здравје да сме живи и здрави.
Додека сме овде уш една идеја.
Сега народов ко што го мрзи да работи полска работа, нивите под ќесим ги даваат пошто-зашто.
Земи посади пченица, со субвенциите кои ќе ги добиеш плати го ќесимот, орање, сеење, прскање. А парите од продажбата ќе ти бидат чиста добивка
Само ти викам, полесно е да се кука отколку у јуни-јули да идеш да жнееш на +35 степена у прашина.
Не видел мака некој, па мисли со бугарски пасош ако иде да аргатува некаде на запад ќе му тече мед и млеко.