ЕУ ќе влезе во лидерска криза. Меркел е до 26ти септември. Без нејзе, големата коалиција би функционирала многу многу тешко, и кој и да стане канцелар, ќе треба многу повеќе од времето да го губи дома. Ако зелените победат, тоа би било па уште поголем потрес во Унијата.
Со заминувањето на Меркел и крилото во кое најистурена личност е Орбан, а е изворно германско, ќе добие нова шанса да се етаблира во Германија. Секако и Америте и Русите ќе пробаат тој вакуум да го искористат и да инсталираат нивни интереси.
Така да, Бугарите го издржаа притисокот од ЕУ. Може да има уште пуш евентуално во октомври-ноември додека Меркел е во заминување, и тоа ќе биде тоа. После тоа ЕУ ќе има 2-3 години бавење сама со себе. Единствени што може да им свиткаат рака се Американците, ако видат интерес во тоа.