На сите им станува jасно дека источниот сосед нема намера да ги тргне условите за почеток на преговорите во наредниот период. Така да ќе мора да се чека на добрата воља на редовна бугарска влада. Мислам под услов воопшто таква да се формира после изборите кои сто посто има да бидат жешки и валкани и вероватно без поволен исход да се воспостави цврста власт.
Доколку нема амбиент за владеjачка коалициjа, тогаш Бугариjа влегува во нов циклус на политичка нестабилност. Тоа значи повторно избори кои ќе го претворат спорот во маргинализована тема затоа што следи зима и економските прашања ќе бидат приоритет.
Кои се кривците што мора да jа сносат одговоронстта за тоj дебакл?
Се разбира, креаторите на промашената стратегиjа на македонската дипломатиjа да се води оцрнувачка кампања против Бугариjа, а во исто време македонската страна намерно да забушава во работата на билатералната комисиjа, додека се прават обиди за притисок врз Софиjа што само резултира во уште поголем инает да не се попушта.
Да не забораваме на други надворешни фактори. Следат избори во Франциjа што додатно ќе го комплицират процесот на проширување. Се плашам дека доколку тоj тренд да се гази договорот за добрососедство продолжи, сме си ебале векот во однос на евроинтеграциите.
1. Условите се услови и мора да бидат исполнети. Потпишан е договор. Бугарската влада отсекогаш била многу јасна во оваа насока.
2. Да се чека добрата волја на бугарската влада е најглупаво што може да се направи. Овие работи не се случуваат со чекање.
3. Најверојатно по изборите ќе се формира влада, но таа ќе биде во иста позиција.
4. Темата „Членството на Северна Македонија во Европската унија“ и сега е маргинализирана. Се користи само за политички цели за време на избори. Постојат многу поважни теми за Бугарија.
5. Одговорна може да биде само македонската влада, која продолжува да прави ништо друго освен да закажува состаноци.
6. Контрапродуктивни се обидите да се оцрни Бугарија и да се побара милостина или притисок од ЕУ.
Одлуката лежи и на историската комисија и на владата, која мора да осигури дека договорот ќе се спроведе. Кога целиот свет вели дека цар Самоил е бугарски цар, царна Бугарија, а ти се правиш на Тошо, нема излез од мочуриштето.