Бувљак - најдобар улов

J

Jonathan

Гостин
Денес бев до ромскиов маркет и се вратив со празни раце. Маркетот е преценет, ни најмалку не ги исполни моите очекувања.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Се чисти бувљак, протести пред општина Центар.

Пред општината Центар повторно протести. Пазарџиите од дивиот пазар, се бунат зошто е исчистен и затворен „бувљакот“, местото каде се работеше на диво и беше полно со смет и можност за зарази.
-Луѓето кој дојдоа пред општината беа донесени од партиски активисти кои и го организираа ова, иако сите знаат дека работењето беше незаконско. Уште пред да биде избран за градоначалник, Андреј Жерновски вети дека сите ќе мора да го почитуваат законот, и дека сите „бувљаци“ и диви депонии ќе бидат исчистени.
На овој простор, се продаваше се и сешто, од црви за ловење риба, износена облека, храна со сомнителен квалитет, машини. Можеше за евтини пари да се купи и украдена стока.
На сметот кој остануваше, реагираше и Царинската управа и бараа да се расчисти и затвори овој простор, а другиот дел да се користи само за она што има дозвола, полигон за обука на возачи, велат од општината Центар.
Од фотографиите може да се види како изгледаше дивиот пазар пред и по расчистувањето.

 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Никогаш да не проработи пак.
Зошто, што толку лошо искуство со бувљакот? Инаку за не проработување тоа малце тешко. Прво ќе треба да изумрат сите стечајци и египјани. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мене ми беше симпатичен, а овозможуваше приход на многумина наши сиромашни сограѓани
А можеше да се купат интересни работи
Тука се продаваа работи кои би се фрлиле, да не постојат такви пазари
Такви пазари има речиси во секој голем град
Погледнете на Википедија - има фотографии од такви пазари од Финска, Греманија, САД, Јапонија...
http://en.wikipedia.org/wiki/Flea_market
Таквите пазари во Париз се туристичка атракција
Ако некој ме праша, јас сум итно повторно да се отвори
....
А баронот минхаузен од општината нека помисли дека го избравме да го укине зонско и дека не сме барале укинување на бувљиот пазар
Значи нека го укине зонско
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Од "главата" си патиме- што би рекол Војдан Чернодрински
Тебе те сметам за експерт за фотографии.
Те молам најди на интернет и постирај интересни фотографии од бувљите пазари низ Светов.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Зошто, што толку лошо искуство со бувљакот? Инаку за не проработување тоа малце тешко. Прво ќе треба да изумрат сите стечајци и египјани. :)
Мене ми беше симпатичен, а овозможуваше приход на многумина наши сиромашни сограѓани
А можеше да се купат интересни работи
Тука се продаваа работи кои би се фрлиле, да не постојат такви пазари
Такви пазари има речиси во секој голем град
Погледнете на Википедија - има фотографии од такви пазари од Финска, Греманија, САД, Јапонија...
http://en.wikipedia.org/wiki/Flea_market
Таквите пазари во Париз се туристичка атракција
Ако некој ме праша, јас сум итно повторно да се отвори
....
А баронот минхаузен од општината нека помисли дека го избравме да го укине зонско и дека не сме барале укинување на бувљиот пазар
Значи нека го укине зонско
Интересно да, ама истите тие што продаваа правеа тони ѓубре што тој дел од коритото на Вардар, одма под Калето даваше слика како да се наоѓаме во Сомајлија. Лоша слика остава, не за друго. Можеше дислокација на некое подруго место накај Шутка.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Интересно да, ама истите тие што продаваа правеа тони ѓубре што тој дел од коритото на Вардар, одма под Калето даваше слика како да се наоѓаме во Сомајлија. Лоша слика остава, не за друго. Можеше дислокација на некое подруго место накај Шутка.
На кој пазар не се прави ѓубре? Ако е за ѓубрето само требале да запослат луѓе за чистење на ѓубрето.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На кој пазар не се прави ѓубре? Ако е за ѓубрето само требале да запослат луѓе за чистење на ѓубрето.
Добро... Тоа е само една причина и таа може да се реши со ангажирање на служба за чистење поставување контејнри за ѓубре
Инаку таму пазарџиите мислам дека нешто плаќаа како на сите други пазари.
Едно време почнаа да наплатуваат и за паркирање, незнам дали тоа и сега го практикуваат..
Општинските лешинари само сакаат да земаат некој денар, а не сакаат ништо добро да направат
Инаку таков пазар е неопходен на Скопје и тоа не само во вторник и петок туку секој ден. И поголем да биде од колку што беше до сега
Во делот од Париз со име Saint - Quen има 16 вакви пазари. Тоа е туристичка атракција. Погледни ја официјалната старна каде се представени тие пазари


http://www.st-ouen-tourisme.com/fr/decouvertes/fiche/331-les-rues-pucieres.html
Знаш колку туристи кои поминуваат низ Скопје би сакале да купуваат на таков пазар.
А треба само да се избетонира да се постават канти за ѓубре и санитарни јазли
Ама општинските лешинари не можат го тоа, а можат зонско.
Бувљи пазари има секаде, а вакво зонско нема никаде ( освен во Белград )
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Треба да има бувљи пазар, ама кога ќе има полиција што си ја работи работата.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
А кој ќе ги плаќа тие луѓе? Овие што продаваат сигурно нема.
Е кој ги плаќа сега овие што чистат? :)
Ќе видиме за кратко што стои позади целава оваа скаламерија.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
За забрана на „бувљакот“- најповеќе ќе жали тој што наплаќаше баждарина.
А беше вака. 30 денари од човек или тезга. Значи 1/2 евро од еден продавач.
Вторник - петок = 2 Х 4 = 8 пати во месецот, и пазар и собирање арач.
Просек по 300-500 продавачи,или ајде средно = 400 Х 1/2 е = 200 евра на ден.
Опа,весела математика:200 Х 8 = 1600 евра во џеб си ставаше еден од нивните.
А никакви издатоци,трошкови ни услуга: ни вода,ни струја ,ни тезга,ни данок ниту пак сопственост на земјиштето. Е овој е за менаџер на годината да се избере.
А, од тршкови имаше само едно шкорче да запали еднаш во три месеци. Инаку не чистеше никогаш,ѓубрето си стоеше на купови во должина од 1 км.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Е кој ги плаќа сега овие што чистат? :)
Ќе видиме за кратко што стои позади целава оваа скаламерија.
Жителите на Општина Центар. :D

Што стои зад сето ова? Одговорот е јасен. Многу атрактивно земјиште за градење. Бизнис интереси а ништо чудно и урбаната мафија. Локацијата му е одма спроти Стадионот и Владата на РМ за Хотелче не е лошо. Ќе се уредува и тој дел 100 %.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom