Бубалици!

~MadaGascAR~

Yeah..Whatever...
Член од
23 јули 2006
Мислења
90
Поени од реакции
1
Според мене бубалица е некој не премногу интелегентен, да не речам глупав, што единствено знае да учи тоа што треба за во школо и учи се на памет, без сфакање или интерес, со се точките и запирките во учебникот!:tapp:
Од моево искуство до сега бубалициве не знаат ништо плус од она од учебникот, а чувај боже да прочитаат нешто повеќе од лектирите - немаат време го бубаат учебникот! Значи нереализирани личности во секој случај!
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Бубалица-човек што учи премногу и мисли дека и тоа не му е доволно за да ја добие највисоката, најчесто запнат од домашните да биде 5.0(од искуство од такви бифши соученици, сега колеги), односно просек над 9.5 до 10, асоцијален тип којшто би пропуштил топ друштво, зезање, пиење по цена од една оцена угоре! не вреди! учи за да научиш, постигнувај добри резултати, ама и дружи се, искачај, забавувај се!-не биди бубалица
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Абе тие убаво си прват,што да правам јас сега со 3 испити :toe:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Според мене тоа се луѓе што учат напамет без воопшто да сфатат што всушност учат, не знаат да ги одделат битните од небитните работи, ги рецитираат лекциите како некоја песничка и после една недела да ги прашаш не го знаат тоа за кое потрошиле цел ден бдеење над книга.
Мислам дека ретки се тие на денешно време...
 

***freak***

И да волиш до неба, и да прашташ кад треба [x]
Член од
9 февруари 2007
Мислења
383
Поени од реакции
1
бубалици - луѓе што не се мн. паметни, и цел ден го поминуваат со книгата
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Ин мај опињн, терминот бубалица многу се меша, поради тоа што многу и не ја знаат вистинската дефиниција.Најчесто оние кои не можат да постигнат солидни резултати ( глупи се,а и не учат),оние кои мноооогу се подобри од нив и кои не можат да им се фатат на мал прст ги нарекуваат токму бубалици.И тоа поради завист,љубомора и сл. Затоа што подобриот од нив,не мора да значи дека е бубалица,едноставно поголем чактис има,повише сфаќа.Најсмешно ми беше коа ќе ми речеа бубалица за математика зашо увјек матем.зимав 5 со сите бода(едноставно ми идеше)...И ај бубалица.Ајде нека ми каже некој како би набубал 200 задачи,и потоа коа ќе ни ги сменеше на писмена да ги решиш сите,тоа ти е чиста интелегенција или дарба не знам...(да не се фалам сеа).ТАка да,знам дека тој термин многу се меша.

ЗА мене вистинска бубалица ти е некој што e ОПСЕДНАТ со учењето во вистинска смисла на зборот,и нема друга забава во живот,пропалица,а не интелегентно детенце кое учи,се труди,постигнува и е успешен на секое поле. Да учиш <>(е нееднакво на) бубалица!!!!!!!!!!!!!!!!
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
СпаЈдеР напиша:
Под бубалица разбирам ученик што учи нормално и постигнува одлични резултати,не знам зошто многумина кога ќе ми видат сите 5 во книшка или свидетелство,и се чудат и ми викат ееее...сигурно се утепуваш од учење,а јас едноставно не можам по цел ден да бдеам над книгата туку онака си учам лекција,пишувам домашно на тие што прегледуваат,а на тие што не прегледуваат...:salut:Инаку многу ме нервира на филмовите ги прикажуваат бубалиците се со книгата у раце и со огромни очила:tapp:,инаку за најлесно да го распоредам времето учам после школото(добро,не секогаш ама најчесто така) а во петокот после школото што сакам правам и учам во сабота или недела насабајле,а колку учам...па зависи од колку имаме за учење ама сега во 8мо одделение повеќе од 2 саата на ден не сум седнал да учам:toe:
Ете да се повторам ако не ме разбравте,мислам дека зборот бубалица е злупотребуван божем е лошо да ти бидат сите 5ки и дека ако ти се сите 5ки мора да си над книгата цел ден
А бубалица како што некој го викаат дека се глупи луѓе кои учат по цел ден,за нив и не е потребен посебен збор,едноставно ќе кажеш глуп или досаден(едноставно не се оттргнува од книгата)...
Бубалица претставува појава која е во постојана и трајна интеракција со книгата, печатените материјали и збирки а сето тоа е пропратено со голема доза на присатност и активност на школски и друг вид на часови при што како последица се јавуваат наочари. - by Batistuta.

:pos: :pos:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јас тргам од поимот бубање, кој според мене дефиниран преку учење ан памет на некој предмет за кој нема посебен интерес за него, па следствено се нема желба ни да се разбере, за да може преку логично размислување да се дојде до истите заклучоци што стојат во книга.
Сите бубаме , дури и на факултет има гарант по два три бубаторски испити, еве прашајте ги електрашите да видите дека и тие имаат некои електрични кола на памет да ги учат.
Следствено за мене бубалица е тип кој буба се од збор до збор што стои во книгите , притоа не се обидува да воспостави логична поврзаност помеѓу работите кои ги научил.
Мене на пример во физика и хемија ги разбирам сите принципи и законитости ама слаба точка ми се имињата на законите кои непосредно пред испити ги бубам на памет, бидејќи ми се небитни.
Инаку Крејзи те молам немој таква глупост, на бубалица најдобар пријател може да му биде учебник или книга по историја, во биологија и те како треба да се разбираат работите, тоа што има некои зборови што треба да се набубаат е само ради практични причини за да може да нема разлики во терминологијата во светски рамки. Посебно кај мене во Карев да видиш како ги фаќаше професорката по биологија Катица бубалиците дека само научиле на памет а ништо не разбрале од материјалот, Природни науки не се бубаат, природни науки треба да се разберат за да се знаат. Географија кај нас исто така кога испрашуваше поставуваше логични прашања кои и да го знаеш целиот материјал како „оче наш” без да можеш да одговориш на тоа прашање ќе си останеш на четворка.
Со други зборови барем кај нас во Никола Карев „Скопје” бубалиците немаа шанска да бидат со просек 5,00.
Напмена грев е се сметаат за бубалици тие кои страдаат од аутизам.
 

PiNkGiRl

Queen of rain
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.717
Поени од реакции
8
Bubalica definitivno ne znaci dete sto uci,sto znae vo sekoj moment. Ima deca sto znaat i ucat a ne se bubalici. Bubalicite ne ucat so razbiranje tuku so bubanje po 2-3 saata nad knigata za edna lekcija, nemaat vreme za nisto drugo osven za skolo, go zanemaruvaat opstestveniot zivot, nema sasni da izbegaat od skolo, za niv sekogas se profesorite vo pravo.
Abe najdobro uci si so razbiranje i ne se potresuvaj premnogu za skoloto. Ima vreme ama bas za se ako pravilno se rasporedi.
 

CT

Член од
21 февруари 2007
Мислења
384
Поени од реакции
2
Nikogash bubalica.
Da pochneme so zborot prvo.. kolku e samo smeshen! "Bubalica".
Druga rabota, site imale barem po eden/edna takva/takov vo klas.. znaat deka ne bile bash najomileni u drustvho, sekogash kasnele so reakcii koga se zborat ordinary stuff.. a imale site ocenki 5ki.
I shto so toa? Ke uchish na pamet, I shto? Ke imash 5ki, I shto?
Ke dojde vreme za rabota.. togash shto pravime? Koga ke ti rechat, "Dechki, aj sredi go ova i ova, vaka i vaka".. nema togash uchenje na pamet, tuku sproveduvanje na uchenoto.. shto odamna go imaat zaboraveno, poshto neli.. oni se tie so 5.00, shto uchat na pamet.
Zatoa, lugje, zabava i nauka.. nema podobra kombinacija.
Nikako ednoto bez drugoto.
 

G e G o-junior

Killing Loneliness
Член од
30 јануари 2007
Мислења
305
Поени од реакции
4
БУБАЛИЦА значи дете што не е станато од на книга и учи на памет се
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Jas pod bubslica podrazbiram deca koi ucat se napamet,na isprasuvanje raskazuvaat se kako sto e u ucebnikot,koga ke ja napustat potoa ucilnicata nisto ne znaat.
Kaj mene u klas ima kup takvi.Ne razmisluvaat so svoja glava.Ako vo ucebnikot ima greska,kako na primer deka lugeto spagaat vo ribi,tie ke kazat deka lugeto spagaat vo ribi,a nema sigurno da kazat:Profesorke,ima greska vo ucebnikot.
Jas mnogu dobro raspoznavam koi se bubatori,lesno e,ne gi biva za jazici i matematicki nauki.Se sto ima tekst go "vladeat".
A bubalica ne e nekoj koj gi ima site 5ki i pri toa trenira neso,gi uci redovno lekciite i cesto si se setka.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
28
Поени од реакции
0
Zborot bubalica denes retko koj go koristi vo prava smisla. Sega bubalici se onie cii oceni vo skolo se nedostizni za onie koi po cel den se zaebavaat. Isto taka denes bubalica e narecen onoj koj nema cesto da go najdes po kafici ili na nekoe drugo mesto samo zatoa sto toj sedi doma. Toa ne mora da znaci deka uci, mozda samo zjapa vo televizor ili kompjuter po 2 casa dobro ucenje.
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
od kade toa ime bubalici,ne mi e jasno. Jas vo sredno i osnovno imav 5.00 prosek, pa sekoj petok i sabota bev izlezen, na fakultet redovno metam ispiti, pa ne propustam ni edna zurka, pa eve nosam i ocila pa ne sum bubalica, EDINICARITE GO IZMISLILE OVOJ TERMIN OD LJUBOMORA KON POPAMETNITE OD NIV
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Скулгрл напиша:
Што подразбирате под терминот бубалица?

Ученик што учи се на памет,без воопшто да го разбере наученото?
Или ученик со просек 5.00,што редовно и нормално си учи,а притоа постигнува одлични резултати?

Какво мислење воопшто имате за „бубалиците“?
Е ова го подразбирам јас под терминот бубалица.

Страшно неинтелигентни суштества, што стигаат во животот многу подалеку од оние интелигентните, само затоа што овие вториве се крајно мрзливи, неамбициозни и не знаат како да си го искористат капацитетот што го поседуваат во многу поголеми мери од бубалиците.

Исто битно е да се напомене дека секогаш, без исклучок, кога ќе добијат оценка послаба од 5ка, плачат, се корнат, кубат коси и се закануваат дека ќе си нанесат себеси зло ако не им биде инстантно поправена :pos: Присуство на часови- задолжително. Ја забораваат лекцијата 5 минути после испрашувањето, пошто ја учат на памет. Секогаш се на располагање ако им притреба нешто на нивните драги и мили професори, кои инаку ги третираат како миленици. kissass: Редовно се предмет на потсмев од страна на послабите ученици. Кога ќе завршат школо стануваат директори, адвокати, судии, доктори, претседатели и слично.

Очигледно се исплати (и тоа дебело) да бидеш бубалица. uzid:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom