Бубалици!

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Не е менаџмент али сум имал можност да ја разлистам таа прочуена книга на Шуклев и сум се чудел како не можат луѓево да учат, кај е све колоритно и со убави слики уште се бунат :) Мојов предмет (Климатологија) ти е црно-бело само текст и тоа не било каков текст туку онаков да се чудиш што сака да ти каже авторот - Мал пример: Законитостите на тој комплексен климатски систем може да се разберат само ако се разберат законитостите на кои се потчинуваат општите законитости :)
Еј ќути, мене баш ми беше погодено со тие боите и интересно, баш колоритно додека си го тупам мозокот на набројуванки. Тоа признавам, ја олеснуваше работата. Али не си прочитал очигледно внатре што пишува и колку е се апстрактно, нема врска ништо ни со разбирање, ни со памет. Најсрање нешто што мозоков морал да ми памти.
А ова со законитостиве, дури и логично ми изгледа по малце. :D
Само полека и ќе набубаш.
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Релативна работа е дефинирањето на поимот бубалица.
Ја бубалиците сум ги гледал како личносто кои посветуваат можеби и малку повеќе време на учењето и училишните обрски од останатите.Па можеби и од оние одличните ученици.Не дека секогаш "бубаат" на памет.
У основно , вака сека кога ќе се сетам, па можда и сум бил бубалица.У средно малтене дијаматрелно спротивна личност бев.Она ... учев стриктно тоа што сварно ме интересираше, и кога морав да поправам слаби оценки.
Донекаде е ок да си бубалица, се додека тоа не ти влијае негативно пред се на социјалниот живот, што во тој период , знае да биде зезната работа.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Бубалица/различно/сите петки.

Бубалици повеќе ги гледам као фаците шо, нели очигледо, бубаат. Таквите шо учат дома по 10 саати и пред тест/испит/колоквиум книгата у раце и си ги тресат нозете небаре им се моча. И нели, пропратно на сето тоа, едини муабет е за школото/факултетот, и не можеш да врзеш муабет со такви, освен нели ако не си исто бубалче.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.127
Поени од реакции
13.228
Уфф јас сум неможел све да научам, а не пак бубалица да станам... Не дека не сфаќам или неам меморија, туку ептен немав концентрација и заинтересираност. Ако нешто ми се види интересно го читам, ако не си разлистувам страни и не се враќам на тоа досадното, затоа никогаш немав добри оценки, ама бар не си го замарав мозокот со напорни работи и со работи од кои немав лична сатисфакција, освен шугави оценки :)

А имаше и во основно и сега во средно деца бубалици. Во основно беа поретки, повеќе заебанти бевме, а и тие што беа сега се нормални, си учат нормално, си излегуваат, се дружат. Ама има па и друга категорија што животот им е книгата, за нив цел е да научат на памет се и така секој ден. Незнам дали е болест или што, ама они најубавите години ги поминаа во учење, без да излезат од дома. И сега ќе видиш тој/таа ќе се влече во партии, и цело залудно време потрошено да набуба нешто и да излиже гз на некој професор/ка ќе му удри во глава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom