Брука во КАМ маркетите

Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.524
Поени од реакции
875
Kaj nas pred 3god dojde sefce od Kam kaza deka zemal plata 35k ( Vo Ohrid ) sega na koe nivo se bog gi znajt ama ne vervam deka se po 70k. Problemot vo to Kam od sho iam videno im e sho nemaat dovolno vraboteni na smena, ona tipicnoto im e sakaat 2-3 luge da im rabotat za deset,i zgora na se ako ti se pogodit nekoj iskompleksiran sef pa od tuka najverojatno i fustracijava na Mikele vo temava.Kako potrosuvac Kam odam opsto radi furnata mn dobri peciva mi imaat, drugite proizvodi za nis ne gi bivat, isti se ama ne se - Niti Milkata e ista niti smokite - verojatno nekoj 3rd hand se i zgora na to 20min cekajne na kasa..sve na sve otcena 4.5 od 10
Денес шефовите (струга) земаат околу 42-45000, касиери 30-36000. Тоа е глобален проблем на кам да работаат со 2ца без 3ца луѓе и мислам никогаш не ќе го сменат тоа. Пекарите им прават промет иако струга една пекара затворија бидејќи беше тапа (на почеток супер одеше ама после некој месец од сите печени работи во денот пола се продаваа а половина се фрлаше) и ја затворија.
Автоматски споено мислење:

Предпоставувам дека работи низ маркет зашто му контрираше на Мики демек роднинава ептен задоволен од се и јас уште чекам да каже како он со една плата успева да покрие, кредит, сметки, да наполни фрижидер па и да шета почесто
Касиер појке од 40000 тешко да зема, може некоја илјадарка згора ама 50-60000....Никакви теоретски шанси. Тие над 50к се обично Регионални шефови ама овој со 14 год во кам највероватно работи во администрација ако не е регионален шеф
Автоматски споено мислење:

Не. Ако знаеш да читаш ќе сфатеше дека зборувам за тоа дека имаат солидна плата во однос на други струки кои треба да бидат многу поплатени од касиер во КАМ маркет и ова го кажувам без никаква навреда кон тие луѓе. Не знам дали им е платено празници и прекувремени, ама знам дека земаат голем К-15. Конкретно јас во овој КАМ каде што пазарам од 7-8 вработени 4 или 5 се веќе 3-4 години во маркетот и немаат напуштено. Не викам дека им е лесно или дека си уживаат, да не се разбереме погрешно. Али на крај доаѓаме до тоа дека никој никого со пиштол не натерал да работи во маркет, ако не ти се допаѓа даваш отказ и пријатно.
Знам дека ќе фрлаат со дрва и камења ама тој фамозен к15 од 37000 во кам што го даваат е веќе отплатен и натплатен од вработени. Нон стоп нешто кратат од плата (ама никогаш не кажале дека е так, само вработениот ќе види помала плата)
Автоматски споено мислење:

зависи и до шефот кој е и заменик исто. Има места кои се попријатни за работа и некои кои се токсични. Тие каде што шефовите се океј луѓе ги задржуваат работниците подолго. Али најголем дел се многу искомплексирани особи тие на функција. Тоа плус тежината на работата прави работникот брзо да се откаже.
Баш вака е струга во маркетите. Се зависи од маркет до маркет и персоналот о него кков е. Секаде има по некоја група т.е секогаш се по 2 групи во маркет...
Автоматски споено мислење:

Како ја кажуваш ти реалноста? Имаш работено во КАМ/маркет? Или се повикуваш на тоа што Мики кажа?

@miki80 чисто ме интересира, да не се навраќам назад има 60 страни, која точно ти беше работата, т.е. какви обврски имаше во денот и ако би сакал да споделиш платата во кој ранг ти била. Ме интересира дали главниот проблем се многуте обврски кои си ги имал, или малку си бил платен за тоа? Ако второто, тогаш со која сума би бил задоволен?
Работата е СВЕ. Касиер, местач на роба, чистач (редар во време на ковид и тоа и на каса и да пазиш дал некојвлегол без маска). Чекање роба т.е камион после рабтно време навечер (после 22-23 а некогаш идеше и во 1 на полнок), нормално не платено ништо.

Сите (муштерии) те фаќаат за гуша како ти да си одговорен што се чека на каса, цената што е висока или незнам што. Муштерии мислеа дека се газди, шефови па наредуваа кога може пауза да правиме, кога да јадеме и слични гупости.

Исто во струга имаше и уште го има проблемот што кога се носи роба (1 палета а на лето 2 палети) господинот шофер камионот го паркира 200м подалеку од маркет и мора некој од маркет да оди по палетата низ прометна улица.
Се случуваа инциденти со таксисти, обични возачи..за кого?

Доаѓање н регионален шеф после работно време (си чека надвор во кола и чека да се затвори маркетот и да излезат вработените надвор) и ги враќа назад во маркет (ова се случуваше 1-2 месечно).

Останување после работн време (НЕПЛАТЕНО нормално) за да се прават пописи (секоја вечер пописи на различни работи (бадеми, лешници, мастики, меса, овошје)...има уште еден тон работи ама го повикувам пријателот на членот што е во кам 14 години и му е многу убаво подетално да објасни.
Автоматски споено мислење:

никој во трговија не ти плаќа прекувремени, а секој дуќан буквално работи пола саат до саат прекувремено додека све се изброи и затвори.

Мики горе доле ја споделува реалноста. Он може има мржња према нив ради некоја причина, но у глобала тоа е. Сеа вие што не верувате, тоа е ваше да пробате да работитте таму. Поготово ти од Чешка некое село те заинтересира баш темава.
Многу сакам некој да се вработи во кам и да види како е..ако издржи некој месец на којн е.Ама што разбирам јас од кам и маркети
Автоматски споено мислење:

Ako ne zaprimeti naglasiv deka tamu baraat niskokvalifikuvan kadar, opsti rabotnici. I ne samo tamu tuku sekade kade se bara opsti rabotnici situacijata e manje vise ista posto se lesno zamenlivi. Vo banka ne mozes nekoj od ulica da go viknis i ete tuka ti e kancelarijata, teraj.
Напротив, пред години бараа со ВСС ама после на паднаа на ССС (кога секнаа луѓето) а денес..Дај шта даш е работата ама и тука имаат проблем, ретко кој им се пријавув за работа.
Најинтересен е магацинот од кам. Нон Стоп бараат луѓе таму и ден денес..идат и си одат иако им нудат (барем на интервје) плати од над 40-45000
Автоматски споено мислење:

Го избегнуваш прашањето. Ти викаш ја кажуваш реалноста и пак се повикуваш на тоа што Мики го пишува. Значи не ја кажуваш, ја раскажуваш од други што си чул.
Претходно и се повика дека си немал од каде да си купиш топол леб во Недела.

Ферски е мислам да не јадеш бубрези ако немаш работено во маркет. Ова е ко вицон со циганот, брат ми не сум лижел сладолед, ама ми кажувале многу бил добар.

И не е точно дека никој во трговија не ти плаќа прекувремено, од авион се гледа дека никогаш немаш работено ни приближно до трговија.
Кам не плаќа освен во ептен одредено време (порано паќле пред нова година само поради што се работело + некој сат). И ако не дадат зелено светло од горе Ништо од бизнисот.
Џабе шефот пише прекувремени кога никој не ги есапи
Автоматски споено мислење:

И што ако сакам топол леб да купам у недела? Јас сум работел и недели и празници, не ме жалеле по 8-9 саати на нога.

Тоа со неделата вие сте криви што сте глупи и не разбирате зошто и за работникот е подобро да биде така. @Zlatikevichius тоа го објасни. Добро би било за работникот да му дасат 2 дена слободни рандом у неделата. Сега еден дали е недела или не ништо не менува у случајов. Пак на крај ќе биде издишана гума.
Кај спомна 2 дерна во неделата. Едно време се фураше тој систем со 2 слободни дена (недела и друг рендом ден) ама останатите денови се работеше по 8 сати. Фактички вториот ден си го одработил и џабе 2 слободни дена
Автоматски споено мислење:

Илустрација за платите и разликата во платите од маркет до маркет по градови.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
ne doslo takvo vreme nego diplomata sekogas bila parce hartija. vo socijalizmot se vrednuvala poveke zatoa i propadna toj sistem. kaj nas seuste ima tezina do nekade diplomata iako 70% od tie so diplomi se bukvalno za zalenje, ili imaat zavrseno nesto bez vrska ili nesto totalno zastareno ili se ufilmani deka mnogu razbiraat, zatoa i na zapad pretezno potesko se snaogaat.
Во социјализмот, завршуваш факултет и работиш на струка до пензија. Во денешно време дипломата е пофлексибилна да, но не ти гарантира дека веднаш ќе се вработиш по струката, дека нема да добиеш отказ, и сл.

Порано не се очекувало секој да дипломира, а во денешно време па ретко се очекува некој да не заврши факултет.
Генерално, денес е многу полесно да се запишеш на факултет, а и полесно е да завршиш. Проблемот е квалитетот на знаењето што го стекнуваат денешните дипломирани студенти, достапните работни места за нивно вработување и секако правилно вреднување на трудот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.477

...просечна плата на општ доктор СЕГА е околу 44.000 денари, значи може да се движи од 40.000 ден - 50.000 ден и тоа со звршен медицински факултет и треба да се грижи за здравјето на пациенти, додека во 2020 година кога работел МИКИ во КАМ -општите доктори и специјализантите во ЈЗУ земале просечна нето плата од 31 000 денари. Приватните специјализанти добивале 26 000 ден и немале платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување, а то би било како касиер во КАМ маркет или ? :toe:
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
667
Поени од реакции
1.483
Во социјализмот, завршуваш факултет и работиш на струка до пензија. Во денешно време дипломата е пофлексибилна да, но не ти гарантира дека веднаш ќе се вработиш по струката, дека нема да добиеш отказ, и сл.

Порано не се очекувало секој да дипломира, а во денешно време па ретко се очекува некој да не заврши факултет.
Генерално, денес е многу полесно да се запишеш на факултет, а и полесно е да завршиш. Проблемот е квалитетот на знаењето што го стекнуваат денешните дипломирани студенти, достапните работни места за нивно вработување и секако правилно вреднување на трудот.
Дипломата денес можеш у гз да си ја ставиш освен ако не си дипломирал на Московскиот универзитет во Москва или Харвард. Сум рекол треба 2-3 факултети да постојат општо како на пример медицински со специјализација во одредена област, ветерина, електромашински, во принцип некои практични кај што ретко некој се запишува на нив, а и што носат придобивки за општеството. Се друго ова што се завршува и тук и там за пари правење не треба да постои. Останатото е све вештина (скил) којшто се учи и без грам факултет и кој што работодавецот го бара од тебе, тоест да му донесеш пари во една фирма. И тоа што во комунизмот/социјализмот вработувале така, по основ на еј си завршил факултет а појма немаш од ништо, ајде еве ти работичка платичка и затоа сме на ова дереџе кај што сме денес. Е затоа многу студенти после завршување на факултет, не можат работа да најдат и прифаќаат да работат за минималец со години додека стекнат искуство. Партиски потрчковци со едвај завршен факултет го делат истиот менталитет, до ден денес молат за работа, а приватно никој не ги ебава зашто навикнати се и стандарди да поставуваат во плата. Супер е што нема таков систем како комунизмот/социјализмот, едноставно суров капитализам бе бате, те бива за одредена позиција или нешто друго? Супер, ти треба да си таму поставен, не поради тоа што ти имаш диплома туку поради тоа што ти најдобро го знаеш тоа, а има милион начини да го научиш баш тоа, бар во денешницава.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.477
...и денес „во капитализмот“ мора да вработиш луѓе кои не ги бива или не работаат, ако не сакаат да имаат сопствениците работа со рекетари, па и со државна мафија, истото е и кај нас, ако немаат вработени партиски паразити пиши пропало од бизнисот, ама проблемот што се накотија многу такви партиски „нишај врата земај плата“, па не иде работата ни во државниот сектор, па ни во приватниот сектор, да не ги набројам и вработувањата по непотизам користејќи ја позицијата на државен функционер со исто педигре „нишај врата земај плата“!
 
Член од
24 август 2017
Мислења
573
Поени од реакции
1.313
Ме мрзи 50 пати истиот муабет. Мислиш ли дека касиер во КАМ треба да има поголема плата од лекар? И дали е фер тоа?
Маркет брат - немат тука фер нефер :ROFLMAO: лекари имаш ама зато оди најди касиери да те видам
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.464
Поени од реакции
11.394
Ме мрзи 50 пати истиот муабет. Мислиш ли дека касиер во КАМ треба да има поголема плата од лекар? И дали е фер тоа?
Да зашто ептен тешко ги заработуваат работат малтене за тројца, треба и поголема да им е платата
Во ред ли е да отидеш на вакцинација со мало дете и да чекаш 45 мин зашто никој не знае каде е докторката за да си дојде лабаво со шољата кафе во рака и да помине неказнето? Во кам имаат таков луксуз?
Кога се запишуваат на факс потпишуваат некаде дека имаат загарантирано работно место со топ плата, не се свесни што ги чека или само затоа што учеле ке им фукнеме плати да не бидат навредени што касиер во кам или некој на скеле ке зима поише од нив
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.483
Поени од реакции
114.435
Да зашто ептен тешко ги заработуваат работат малтене за тројца, треба и поголема да им е платата
Во ред ли е да отидеш на вакцинација со мало дете и да чекаш 45 мин зашто никој не знае каде е докторката за да си дојде лабаво со шољата кафе во рака и да помине неказнето? Во кам имаат таков луксуз?
Кога се запишуваат на факс потпишуваат некаде дека имаат загарантирано работно место со топ плата, не се свесни што ги чека или само затоа што учеле ке им фукнеме плати да не бидат навредени што касиер во кам или некој на скеле ке зима поише од нив
:facepalm: :facepalm:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.782
Поени од реакции
49.642
Да зашто ептен тешко ги заработуваат работат малтене за тројца, треба и поголема да им е платата
Во ред ли е да отидеш на вакцинација со мало дете и да чекаш 45 мин зашто никој не знае каде е докторката за да си дојде лабаво со шољата кафе во рака и да помине неказнето? Во кам имаат таков луксуз?
Кога се запишуваат на факс потпишуваат некаде дека имаат загарантирано работно место со топ плата, не се свесни што ги чека или само затоа што учеле ке им фукнеме плати да не бидат навредени што касиер во кам или некој на скеле ке зима поише од нив
Ова е проблем што лесно можеше да се реши со воведување на учинокот во здравството. Тоа што тогашната влада и чкопаниот министер за здравство им клекнаа на докторските кланови кои најкомотно паразитираат баш во матното и нередот, е друг муабет.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.483
Поени од реакции
114.435
Ете со невладини фаци колку може да се дискутира
А што да ти одговорам бе, види што си напишал. Кој има загарантирано место после факс жити се? 100 години учиш факс, завршуваш и ако се вработиш 5 години си на минималец, тоа нормално ли е? Не ти викам дека луѓето од КАМ се криви за тоа или дека на нив им е боза работното место, него тука правиме муабет за правилна распределба на трудот и платите. Како пример беа земени лекарите, ете нека биде и некој правник, после дипломирање ако се вработи во адвокатска канцеларија почетна плата максимум е 25.000. Која е мотивацијата тука за тие што учеле факс? Затоа 99% може у гз да си ги напикаат дипломите, за жал.

Патем, да не се разбереме погрешно, дипломиран во икс бранша не значи под дифолт квалитетен кадар и работник, ама тука треба да настапи државата која треба да има механизам уште при студирање луѓето да се насочуваат кон работните места каде што припаѓаат.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.058
Ме мрзи 50 пати истиот муабет. Мислиш ли дека касиер во КАМ треба да има поголема плата од лекар? И дали е фер тоа?
Ама и ти не си озбилен со прашањава, у 2024 и капитализам бараш фер? :icon_lol:

Се спомнаа неколку пати дипломи од факс тука, освен ако не си правник, или доктор, сметам дека ти е непотребен лист и потрошени години и време.
Една разлика што никако да се спомне тука е, ти ако си касиер во КАМ и зимаш 40.0000 тоа ти е плафонот тебе, и од тука нагоре идеш само ако се молиш на господ.
А, како доктор немаш граница, имаш милион студии, специјализации каде што можеш да напредуваш и да зимаш по 10, 20 илјади евра на месечно ниво.

Така што исто е, ама не е. А, ако тој во маркет зема поголема плата од некој доктор, тогаш докторот треба да се праша што има згрешено за да биде во таква ситуација. Го тргам на страна фактот што повеќето кога ќе излезат од факултет работат на минималец, во секоја профеција почнуваш горе доле на минималецот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom