Брливи деца - ген и/или недоволно домашно воспитување?

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Има деца не се плашат од стапот. Што тогаш?
Има нешто појако од стапот... Нека ти направи беља пријави у полиција и нека го шитнат у поправен дом. :) Глупо е за скршен џам да викаш полиции и такви работи али ти се исплати...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Крушата под круша си паѓа ............ какви родители - такви деца ........... каков татко - таков син ......... каква мајка - таква ќерка ........... тоа е тоа !
ОК и генетиката си игра улога не викам не, ама со јака дисциплина ретко кое дете ќе остане такво брливо ........ а брливи деца денеска ги има подоста, тука мислам на денешниве основци и средношколци кои се крајно агресивни, невоспитани и некултурни и нонстоп мислат само на кладилници, тепачки, секс, алкохол и сл.
Јас првпат седнав во кола на 18 год. а денешниве дечурлии ги гледам уште во основно ги крадат колите од своите родители ............ јас почнав да пушам цигари на 18 год. а сегашниве дечурлии ги гледам пушат уште на 9/10 год. ........ а за пиење да неправиме муабет, секоја вечер после полноќ проаѓаат групи на дечишта(и тоа основци 7/8 одделение) дрво пијани по улица и кршат стаклени шишиња по асфалтот и насабајле сите ние тука што живееме мора да метеме, исто така намерно фрлаат ѓубре(кеси, хартии, шишиња и сл.) и по дворовите, превртуваат канти и контејнери, шкртаат со спрејови насекаде, се гаѓаат со камења едни со друго, а пазете насекаде се паркирани коли и недај боже може некогаш некое стакло да настрада, кој ќе биде после крив, детето неможе да одговара, бидејќи е малолетно, по се изгледа дека ќе мора родителот да ја плаќа штетата на оштетениот !
Потоа во автобус(кога е школска година) ги гледам што прават, се бутаат, галамат на цел глас, пцујат... абе само јака дисциплина и ништо друго, ама кој да им ја даде таа дисциплина, родителите сигурно им се некои калаштури распуштени, таткото на една страна, мајката на друга и после детето не чинело ............ море и родителите им се криви треба и за нив стап !
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Родителите се огледала на децата. Ако уште мало се учи на примерно понашање понатака ќе нема проблеми детето ни во пубертет. Пример зимам кој го имам видено кај нас, детето мало едвај збори пцуе, мајка му и татко му се кинат од смеење и толку се горди на него, а покасно го казнуваат за такви нешта!?! Ја мава со шамари мајка му ако не му купи чоколадо и на истото никако не се реаѓира...Големи грешки се праваат уште на самиот почеток, кој покасно тешко се поправаат. Детето кога се раѓа е празна книга кои еден дел, море ке кажам и 70% ние ја пишуваме, останатото е карактер.Зборење, зборење, зборење... Ќотек не помага ако на детето не му се каже за што го добива ќотекот и како треба да го избегне во иднина. Значи пак зборење :)
Досега Фала Богу неможам да се пожалам од моите деца, и никогаш ме немаат посрамотено.
Е затоа јас едно од комшичињава мавна со камен, а ми беше отворен прозорот и влезе каменот внатре фино лепо излегов шамарење го частев, дојде мајкаму која растела во планина па дошла у град ке ми соли памет откарам у три лепе п.м и чао, .
Јас ги немам удрено моите деца, а некој курајбер како тебе недај боже да му се испушти да удри некое од моите деца, мислам ѓаолот ќе замижи од страв кога ќе ја види мојата реакција :) Затоа полека со шамарење да не наидеш на некој кој не брои до 3, па ти да ја видиш буквално лепата п.м. За тоа се разговара со родителите.

п.с. Насловот на темата „Брливи„ :vozbud: :icon_lol:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Децата се криви да ............. ако неможеш да удриш по магарето, удри по самарот ! :facepalm:
Родителите се најкриви, уште како мали самите родители на некој начин ги расипуваат децата ........... татковците на пр. ги учат уште од мали своите синови да пијат алкохол со тоа што им ставаат во чашката од сокче по малку ракииче, пивце, винце... колку да проба детето, ама од тоа пробување/играчка после излегува плачка !
Мајките па уште од мали своите ќерки ги учат да бидат гратски пуфли, шмизли, да се наконтуваат и кинџурат и да бидат центар пажња и во маало и во школо и.т.н. и после зашто некои женски биле такви, епа прашајте им ги мајките ......... и тие се исти марки ............ така да не ги осудувајте децата туку нивните родители кои сигурно се некои калаштури ........ тука мислам и на татковците и на мајките подеднакво !
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Се е до домашното воспитување.. гените немаат никаква врска..
може детето да е немирно и да има вишок енергија па да си бара занимација, али тоа што ти го опиша веќе е некултура... а за таа некултура се криви родителите (затоа од секој не бива родител) кои или се рамнодушни .. или пак се и самите такви па не гледаат ништо погрешно во таквото однесување на детето.

Детето е како сунѓер и уште од првиот момент тоа учи се од околината, а најмногу од родителите и најблиските..
Многу често гледаме како луѓето .. особено постарите, гледаат на децата како да се играчки. Интересно им е што детето ќе каже некоја псовка или ќе се изглупира за да добие нешто.. па така лошото однесување е обично наградувано со нешто, а тоа во детската глава одма се врежува и потоа имаме непослушни, разгалени деца коишто не можат да бидат контролирани од никого, затоа што ако најблиските го поттикнале тоа однесување, нормално дека детето нема да има страв од нив и нема да ги гледа како авторитет.

Никогаш не е кривицата во децата.. секогаш е во постарите. Затоа и не е добро детето да биде воспитувано од различни особи.... пр. мајката додека е со него го учи едно, бабата друго.. дедото сосема трето.. и нормално, детето се збунува и не знае како да реагира и најчесто прави глупости и е казнувано а ни самото не знае зошто е казнето.

Многу е битно родителите да посветат внимание во првите неколку години на децата а не како денес што имаме случаи.. ќе се породи и оп по неколку месеца тргнала на работа.. па ајде детето кај една баба, па кај друга.. па после детето не ги слуша родителите.... епа како да ги слуша кога ги гледа само неколку саати а и тогаш тие се уморни и не се способни да му посветат внимание, плус детето изиграва штафета..
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.940
Поени од реакции
1.484
Деца ко деца, сите се заебаваат. Но некои не знаат за граници.
Имам работено во интернет кафе и сум ги посматрал... се закачаат се зезаат ама не константно. Но има некои што не знаат за граници. Дали не можат да трпат нормално однесување барем за кратко време, дали има некој брлив ген или е недоволно домашно воспитување? Најверојатно за секој е различно или пак миксови.

Баш вчера, паркирам рикверец и застанал на сред улица. Му викам тргни се да паркирам. Се смее и не мрда. Тргни се ќе те удрам. Продолжува да се смее и не мрда. Полека се движам наназад и почна да изведува, да ја бутка колата. У меѓувреме, има едно улично куче што оди по мене цело време и седи кај мене пред куќа му давам од време на време јадење и вода, и поради брливото однесување на детево го нападна и касна, троа. Крена паника, почна со камења да ја мава, ќе ја земел воздушната од дома не знам што. Не е битно тоа. Не дај боже, ќе ми се стисне гас ќе го удрам, ќе се напраи драма. Детево има брат моја генерација и тој беше таков како мал. Цело време тепачки, закачки... едноставно, не можат да седат мирни.

И тоа... може ли генов(ако воопшто е) да се искорени со построго домашно воспитување или џабе?
Генот влијае ама можеби 0.00001%, 99.99999% се примарна и секундарна социјализација, каде што скоро максимално доминира примарната т.е. домашното воспитување.
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
115
Поени од реакции
30
Крушата под круша си паѓа ............ какви родители - такви деца ........... каков татко - таков син ......... каква мајка - таква ќерка ........... тоа е тоа !
ОК и генетиката си игра улога не викам не, ама со јака дисциплина ретко кое дете ќе остане такво брливо ........ а брливи деца денеска ги има подоста, тука мислам на денешниве основци и средношколци кои се крајно агресивни, невоспитани и некултурни и нонстоп мислат само на кладилници, тепачки, секс, алкохол и сл.
Јас првпат седнав во кола на 18 год. а денешниве дечурлии ги гледам уште во основно ги крадат колите од своите родители ............ јас почнав да пушам цигари на 18 год. а сегашниве дечурлии ги гледам пушат уште на 9/10 год. ........ а за пиење да неправиме муабет, секоја вечер после полноќ проаѓаат групи на дечишта(и тоа основци 7/8 одделение) дрво пијани по улица и кршат стаклени шишиња по асфалтот и насабајле сите ние тука што живееме мора да метеме, исто така намерно фрлаат ѓубре(кеси, хартии, шишиња и сл.) и по дворовите, превртуваат канти и контејнери, шкртаат со спрејови насекаде, се гаѓаат со камења едни со друго, а пазете насекаде се паркирани коли и недај боже може некогаш некое стакло да настрада, кој ќе биде после крив, детето неможе да одговара, бидејќи е малолетно, по се изгледа дека ќе мора родителот да ја плаќа штетата на оштетениот !
Потоа во автобус(кога е школска година) ги гледам што прават, се бутаат, галамат на цел глас, пцујат... абе само јака дисциплина и ништо друго, ама кој да им ја даде таа дисциплина, родителите сигурно им се некои калаштури распуштени, таткото на една страна, мајката на друга и после детето не чинело ............ море и родителите им се криви треба и за нив стап !
druze daj malo pokratki odgovorive :) :) :) koga ke poglednam ne mi se cita :) a me interesira sto pisuvas:P
 
H

HoT IcE

Гостин
Од ништо не се плашат и не слушаат никого. Кај некои ни ќотек не помага. Порано како деца, цела зграда те праќа по леб, цигари, па без збор сме оделе да купиме, па ќе ни дадат десет денари за сладолед како „фала“. Сега бре со ќотек не ти иде до продавница, старите одат.
Многу се разлигавени, никаква почит кон постари.
Потпис. Јас како мал несмеев лошо да погледнам постар лик, или пак недај боже да одбијам да му купам кутија цигари. Порано имаше респект, се знаеше кој е кој во маало, и нема правење Тошо, а денес сите глумат мангупи и не знам уште што. Памтам за да имам заштита од поголеми да не ме малтретираат како мал им купував ризли, а денес мали деца од 13 години купууват ризли и ролаат трава.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
На сите ко мали во денешно време им е животна желба да бидат криминалци,тоа е јбг.
 
H

-HRO

Гостин
1. Генот нормално си игра улога.
2. Домашното воспитување од родителите.
3. Друштвото од улиците.
4. Запознавање со интернетот и електронските апарати и машини на прерана возраст.
5. Нездравата средина и околина во која што живеат децата и која води до ретардација уште од мали години... :)
 
B

Black Guard

Гостин
Има деца не се плашат од стапот. Што тогаш?

Такви деца нема под претпоставка да се здрави и психички и физички,мислам зборуваме за дете а не за јапонски империјален окупатор(тие немаат страв) така да не би спорил дали детето има страв или не,туку дали е веќе касно за да тие традиционални мерки успеат или поточно parents made a failure и го пропуштија периодот кога детето можеше многу да научи од ќотекот,не алудирам на радикален ќотек,за дете доволен е слаб шамар колку да свати дека згрешило,но ако наместо тоа ,за да се смири добие награда(дал играчка,прошетка,ајронмен..) тогаш истата тактика ќе ја примени повторно.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Се е до родителите. Ако ти не знаеш да си го воспиташ детето на примерно однесување, не сум јас тука да ги трпам сите глупости што он ќе ги прави. До некое ниво и го оправдувам ќотекот, и не само од родителот, туку од било кој ако му се испонаша... сепак не главата да му ја направиш бумбар, туку некоја воспитна, за памет во глава за следниот пат.

Родителите се криви затоа што им дозволуваат се и сешто да прават, и ако некое ти се испонаша и ти му писнеш малку... еве ти го нацртан родителот до тебе и ќе ти се дере како си смеел така да му викаш на детето. Па земај воспитај си го, сигурно нема јас да седнам и да му кажам вака-така. Таквото понашање ги охрабрува и овие продолжуваат да си терат по свое, пошто баш тој што требало да го воспите, не го седнал детето и да му каже дека не е убаво тоа што го направил. Од тука и детето си помислува океј е тоа што го направив, ништо не ми кажаа, ќе си терам по свое.

Како мал знам, кој и да кажеше да се иде до продавница (било родител или некој не начека у маало), имаше да леташ бе. Имаше почит спрема постарите, сега овие изиграваат кој ќе испадне поголем куртон. Гужви имало, не викам не, ама кога ќе те видеше некој да си направил некоја беља, глупост, или недај боже си се испонашал нешто со некој постар човек, дома уште пред да си отидам веќе знаеја што се случило и следеа мерки. Сум јадел ќотек и оправдано сум го добивал, но ми дошло до знаење дека тоа што сум го направил не е во ред и нема да се повтори.

Се повеќе ми се чини дека баш ние сме тие што правиме транзиција од саглам во несаглам генерации...
Друже, не те знам која генерација си, ама од '90-'92 ги знам многу што мислат дека следните генерациите што идат сите се која од која побетер. Секој чест на исклучоците, ама од '93 па на даље, ретки се тие што се воспитани како што треба. Не знам дали е до нас, дека до некаде сме созреале, па глупо ни изгледаат некои работи, ама мислам дека не е до тоа. :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.882
Поени од реакции
23.281
Системот е крив. И после се чудиме од каде младината толку ебиветер ни е. Родителот не смее да го тепа, Наставничката не сме да му пререче, комшијата не смее да го опули на страна.
Никој не рече ако се тепа да се отепа, ама одвреме на време некоја воспитна воопшто не шкоди.
Ама како што ке работи полицијата, судовите, социјалното, психолозите, воспитно поправните домови.
Децата надвор пак заедно ке си играат, ама комшиите сите еден со еден испокарани, па само кавги тужби заебанции. А се би се решило со еден старомоден но проверено успешен шамар пропратен со укор за да знае зошто го доби.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ke pokazam eve eden primer

Jas sum prvo dete na moite, imam i edna pomala sestra. Se rodiv vo 9ti mesec, zdravo zensko dete, prava, bez nikakvi problemi. So mene a i veruvam kako i poveketo roditeli sto se so prvoto dete, bea mnogu mnogu strogi. Ne smeev da vriskam, da piskam, kade toa, odma ke ke rasamaraa. Kamoli taka da se ponasam so postari na ulica, da gi mavam so kamenja, da gi prskam ili kako slucajot so Anon, da vodam inat. Si go dobivav koga ke napravev nesto nedolicno i vise ne mi teknuvase na toa.

Sestra mi se rodi po nekoe vreme, no se rodi vo 7mi mesec so nekoi problemi no gi nadmina i ne bese strasno potoa. No moite (vklucuvajki gi i baba mi i dedo mi) so nea se odnesuvaa mnogu porazlicno. Dozvoleno i bese sto saka da pravi i koga saka da pravi, nikoj nikogas ne i prerekuvase nisto, samo radi toa sto neli, bila pomala i rano se rodila itn. E sega toa dopustanje na moite tri pati im se vrati od sestra mi.

Sestra mi denes ti e covek koj znae da se izdere kako neandrtalec po ulica, vo trgovski, w/e, zatoa sto kako mala nikoj ne i kazal deka derenje na javni mesta ne e kulturno. Ne znae sto e toa odenje po prodavnica, da i kazes da napravi nesto prviot odgovor ti e nejkam, ako go povtoris prasanjeto vtoriot odgovor i e ne zamaraj... si jade sto saka i koga saka bez razlika dali kupenoto u frizider e za gosti sto ke dojdat, nejze bas i e gajle. Si zema pari od moite bez da znaat kolku saka i koga saka i ne kazuva, vika ne sum dolzna jas nikomu nisto da kazuvam:facepalm:

Vo prevod, sestra mi e pretvorena vo ovie ligusive od deca sto se setaat denes po ulici i ne trpat nikakvi avtoriteti. Zatoa, ne veruvam deka e toa nekoj gen. Poradi takov gen, deteto moze da bide samo potemperamentno, ama ako bide pravilno vospitano, nema da go pokazuva toj temperament togas, tuku ke go prenasoci na drugi aktivnosti, kako na primer, sport.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom