nilla-vanilla
#kingliam
- Член од
- 17 јуни 2010
- Мислења
- 2.041
- Поени од реакции
- 1.748
И до генот е и до воспитувањето. Проблемот е што најголемиот процент на денешните родители ги воспитуваат децата како тие да се центар на светот, како се околу нив да се врти, ни почит имаат ни ништо. Можеби повеќе е до воспитувањето отколку до генот. Кога мајка ми ќе ми рече -абе исто ве воспитував со сестра ти, тебе те воспитав а неа не успеав да ја воспитам. Епа не, не си не воспитувала исто. А и на исти муабети и акции јас и сестра ми не сме реагирале исто. Мене да ми речеле немам пари да ти дадам па јас цел ден ќе сум се осеќала потиштено и ќе сум барала решение како да се реши проблемот. На тоа сестра ми знаете како одговараше? Немаш пари да ми дадеш? Дај ми инаку ќе почнам да крадам, тоа го сакате? Да почнам да крадам? И нормално моиве -еј добро, на ти, само немој да крадеш. И истата песна нон-стоп. Моите се заслужни за развивањето комплекс на повисока вредност кај сестра ми, никој друг. И после исто не воспитувале, абе ајде... Некој погоре рече дека строг татко би го решил проблемот. Џабе е строг татко ако има попустлива мајка, и џабе се строги родители ако има попустливи баба и дедо. Додека детето знае дека ќе има прибежиште кога ќе направи беља, дека ако родителите го искараат бабата и дедото ќе го милуваат, ништо не правиме.