Зарем мислите дека ако загадувањето е од горење радиоактивен одпад во дрисла, било која влада не би го сопрела барем привремено за да добие политички поени? Ваквото размислување е типично за нас, да се молиме на виша сила а не да се погледнеме во огледало и да работиме ма решавање на проблем кој е комплексен и бара големи финансисли вложувања. Не е едноставно кликни копче и изгасија дрисла и бум, чист воздух. Забрана на примарните загадувачи како стари возила, огрев на дрва/јаглен и фабриките ќе ги погоди најсиромашните граѓани во државата(никој не би возел стар дизел или да се грее на дрва по своја желба).Екологијата во македонија сеуште е примарен проблем на богатите, и за да се смени тоа треба тие да се согласат на субвенцирање на посиромашните граќани преку еколошки мерки. Ама од примерот у темава со дизелите, мајндсетот е дека стап по туѓ грб не боли. Затоа и проблемот е далеку од решавање, ниедна влада не би се самоубила со повисоки еколошки даноци, или забрани без да им понуди алтернатива.