Не сум сигурен дали се заебаваш или едноставно не разбираш што пишуваме погоре
Работава е чиста статистика до сега од вкупно 62 милиони литри само 6 милиона се користеле за домаќинства а останатите 56 милиони за моторни возила
Ако државата ги спроведува законите во случајов забраната за користење во моторни возила само од црвената нафта загадувањето би се намалило и до 90% поради возилата, ќе останат само тие 10% од домаќинствата. Сега ќе речеш кој ќе ми забрани да купам демек за домаќинство а да ја користам во возила ? Прво затоа треба да има редовни контроли и огромни казни, второ ќе неможеш да ја купиш во такви големи количини кои се потребни за фирми итн. А на крај краева треба и да се забрани и користењето во домаќинство, со паралелно зголемување на акцизата за да не биде поатрактивна за користење во однос на бенз/дизелот.
Ама тоа е, ние живееме во држава во која економската корист е поважна од здравјето на граѓаните па после се чудат зошто младите бегале..