Браќа Манаки

Член од
31 март 2013
Мислења
297
Поени од реакции
175
Деновиве објавија дека Гена Теодосиевска досегашен уметнички директор сега е нов директор на фестивалот. Другиот кандидат била Лабина Митевска. Искрено повеќе би сакал Лабина да добие уште еден мандат, повеќе ми се допаѓа концептот и идејата за водење на фестивалот на Лабина во нејзино време дојдоа Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер, Жулиет Бинош ова мислење сум го чул од многу други битолчани бидејќи со овие филмски ѕвезди фестивалот беше далеку повеќе медиумски проследен, имаше некоја поголема доза на гламур на црвениот тепих, но и самото нивно присуство. Иако знам дека е фестивал на кинематографери и треба ним да им се оддаде почит и признание сепак овие специјални гости... Инаку немам ништо против Гена и очекувам пристојно и солидно издание жената е со години во оваа дејност, а и со години е дел од фестивалот. Макар што ќе видиме што не очекува за 1-2 месеци треба да се најави терминот и првиот лауерат.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
297
Поени од реакции
175
Објавени првите детали за 39. Браќа Манаки ќе се одржи од 22-29 септември
Главен лауерат (добитник на Златна камера 300 за животно дело) е Роџер Дикенс кинематограферот- оскаровец со најмногу номинации за оскар (14) , бидејќи сум од Битола добро го следам фестивалот и дејноста и со години очекував Дикенс да влезе во елитниот клуб на лауератите. Бидејќи последниве години има повеќе од 1 лауерат можно е да има барем уште еден. Ако не годинава во следните очекувам лауерати да станат: Едуардо Сера, Јануз Камински, Павел Еделман, Роберт Ричардсон (3 оскари), Никита Микхалков, Емануеле Лубецки итн.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
297
Поени од реакции
175
После Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер, Жулиет Бинош, Бруно Ганц на Браќа Манаки доаѓа Клаудија Кардинале која ќе добие Специјална Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност која ќе му се додели на отворањето на 22.09. Програмата ќе се објави на 12.09
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.580
Поени од реакции
4.153
Имаа некоја прес конференција пред два саати, ама стримот на фејсбук не им беше добар и се закочуваше.

Гена откри дека ќе му доделат награда на Столе Попов за достигнување во македонската кинематографија, а добитник на специјалната Златна камера 300 е Јануш Камински, кинематографот на "Шиндлеровата листа", "Спасувајќи го војникот Рајан" и дузина други остварувања на Спилберг.

Е сега, не слушнав дали ќе се одржи Манаки годинава онлајн или нема да има ни онлајн издание?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.580
Поени од реакции
4.153
Да се надоврзам, нема да се одржи фестивалот ниту онлајн.

Само ќе си ги лапнат парите, а ќе пуштат некое обраќање до јавноста и по еден филм од Столе Попов и Јануш Камински на МРТ.

Во превод мизерија или што би рекол Столе Попов: "селска манифестација".
 
На врв Bottom