Браќа Манаки

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.244
Забележав дека немаме теми воопшто за македонските филмски фестивали Браќа Манаки и Скопје филмски фестивал, така да за да не се отварат теми за секое посебно издание (може само за Синедејс да отвараме секоја година затоа што е попопуларен), во оваа тема ќе дискутираме за изданијата на гореспоменатите фестивали.

76 ЅВЕЗДЕНИ ФИЛМОВИ И ДВЕМАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕРИ НА„БРАЌА МАНАКИ“ 2014

- Официјална програма

Најинтересни за јавноста секако се долго очекуваните гала премиери на двата нови македонски филма кои за првпат ќе бидат прикажани пред широката публика и надвор од фестивалска конкуренција. Тоа се речиси тричасовниот историски спектакл на Столе Попов, До балчак, кој ќе биде прикажан на 14 септември од 20 часот, и социјалната драма Деца на сонцето, третиот игран филм на режисерот Антонио Митриќески, кој ќе биде презентиран на свеченото затворање на 19 септември во истиот термин, со што ќе продолжи традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола.

Годинашното мото на фестивалот не е избрано случајно. Постојано стремејќи кон повеќе и подобро, цврсто застанати на земјата, го подготвивме и ова фестивалско издание кое повторно нуди врвни филмови, возбудливи и провокативни, креативни и мајсторски сработени. Повторно носиме легендарен директор на фотографија и еден негов помлад колега кој сигурно чекори кон легендите. Повторно носиме врвни филмски ѕвезди, повторно најдобрите македонски филмски продукти стапнуваат на платформата Манаки. Повторно нашите филмаџии, нашите студенти и филмофили ќе се дружат, учат, разменуваат искуства и ќе остваруваат контакти со врвни филмски професионалци од светот.

35-тото издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 13 до 19 септември. Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот Кон ѕвездите. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Англичанецот Крис Менџис. Во програмата Нови визии, пак, ќе биде прикажана иднината на светскиот филм.



 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.244
БРАЌА МАНАКИ 2014:

Премиери:

13.09
Отварање на фестивалот, гала премиера “До балчак“

14.09
- До балчак (Македонија, реж: Столе Попов) - втора проекција
- White Shadow (Германија, реж: Ноаж Деше)
- The Tribe (Украина, реж: Мирослав Слабошпитскли)

15.09
Во чест на г-дин Лука Бигаци - La Grande Bellezza (Италија, реж: Паоло Сорентино)
- Barbarians (Словенија, реж: Иван Икиќ)
- Mommy (Канада, реж: Хавиер Долан)
- In Order of Disappearance (Норвешка, реж: Ханс Петер Моланд)
- Violet (Белгија: реж: Бас Ведос)

16.09
Во чест на г-дин Крис Менџис - The Reader (САД, реж: Стивен Далдри)
- Leviathan (Русија, реж: Андреј Звјагинцев)
- Bad Hair (Венецуела, реж: Маријана Рондон)
- Concrete Night (Финска, реж: Пирјо Хонкасало)
- Still the Water (Јапонија, реж: Наоми Кавасе)

17.09
- Love and Engineering (Бугарија, реж: Тонислав Христов)
- Ida (Полска, реж: Павел Павликовски)
- '71 (Велика Британија, реж: Јан Деманж)
- Black Coal, Thin Ice (Кина, реж: Јинан Диао)

18.09
- Project Cancer (Словенија, реж: Дамјан Козоле)
- The Notebook (Унгарија, реж: Јанос Шац)
- Blind Massage (Кина, реж: Је Лоу)
- Liar's Dice (Индија, реж: Гету Мохандас)

19.09
Затварање на фестивалот
- Деца на сонцето (Македонија, реж: Антонио Митриќески)
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Знае ли некој како функционира со карти особено за двете премиери на македонските филмови? Дали се распродаваат неколку дена пред настанот или може да се купи карта од билетарница во истиот ден кога е и премиерата? Какви се искуствата од предходните години? Ме интересира исто дали До Балчак ќе се дава и друг ден освен премиерата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.244
Знае ли некој како функционира со карти особено за двете премиери на македонските филмови? Дали се распродаваат неколку дена пред настанот или може да се купи карта од билетарница во истиот ден кога е и премиерата? Какви се искуствата од предходните години? Ме интересира исто дали До Балчак ќе се дава и друг ден освен премиерата.
На ФБ објавија дека веќе може да се купат карти за сите проекции, и за Балчак исто така ама не верувам за гала премиерата тогаш сигурно со покани ќе биде. Него имам направено грешка сега ќе корегирам, премиерата на Балчак е на 13-ти, а на 14-ти во е втората проекција за која може да се купат карти, а за Деца на сонцето мислам дека ќе може да се купуваат карти, не мора со покани на затварање.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
премиерата на Балчак е на 13-ти, а на 14-ти во е втората проекција за која може да се купат карти, а за Деца на сонцето мислам дека ќе може да се купуваат карти, не мора со покани на затварање.
Знаеш ли дали освен втората проекција на 14 ќе има уште проекции? Каде може да се види комплетната програма со сите филмови што ќе бидат прикажани?

Еве најдов нешто:

http://www.manaki.com.mk/docs/Manaki Brochure.pdf
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
@wot предлагам да се промени името на темава во Браќа Манаки и да биде општа тема за фестивалов, како што има и за Синедејс, Киненова, Скопје Филм Фестивал.

Срамота е да нема тема за најстариов фестивал во Македонија и еден од најстарите на Балканот, а да има за еден Киненова што вчера никна.

Туку, што се случува со годинешнава програма, планираат да ја објават како што треба бар 2 недели порано? Или секоја година се полошо и полошо работат. Еве 13 дена до 38-мото издание, а уште немаат ништо објавено освен лауреатите.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
И годинава најкатастрофа од сите. Пред се од организациски план кога на три дена пред отворање се` уште нема програма на сајт, а програмата дури денес ја објавија на фејсбук со слики. :tapp:

Од тоа што успеав да најдам, склопив каква-таква листа на ЛБ за годинешново издание. Од програмата за Камера 300 ги има сите 13 филмови:

Годинава во таа програма ќе се натпреваруваат:
  1. бугарскиот Насоки (копродукција со Македонија),
  2. полскиот Spoor,
  3. босанскиот Жаба (чиј кинематографер е нашиот Дејан Димески, а филмот е копродукција со Македонија),
  4. германскиот In the Fade на Фатих Акин,
  5. францускиот Felicite,
  6. рускиот Loveless на Звјагинцев,
  7. унгарскиот Jupiter's moon на Мундручо (режисерот на Белиот бог (2014))
  8. севернокорејскиот On the Beach at Night Alone
  9. рускиот Kak Vitka Chesnok vyoz Lyokhu Shtyrya v dom invalidov
  10. унгарскиот On Body and Soul што лапна Златна мечка во Берлин
  11. македонскиот Кога денот немаше име на Теона Митевска
  12. британскиот The Party и
  13. францускиот Un beau soleil interieur на Клер Дени.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.330
Поени од реакции
6.445
@Хоуп очекувам да ни бидеш репортерка од местото на настанот. :P
Готово, договорено. Следната година ќе отвараат ново кино и таму ќе се одржи Манаки, па може да се дог да допатувате тука и заедно да идеме на некој ден. За овој пат, ај сама ќе одам :P
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.176
Поени од реакции
5.240
Tреба да направат на ваквите филмски фестивали филмовите покрај што се прикажуваат во градот каде се одржува фестивалот да се прикажуваат и во сите други градови а се другото да си остане каде што си е фестивалот (читај Битола/ Скопје)

Има луѓе што не можат да дојдат во градот каде се одржува фестивалот а вака би биле сите задоволни.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.730
Поени од реакции
6.519
Tреба да направат на ваквите филмски фестивали филмовите покрај што се прикажуваат во градот каде се одржува фестивалот да се прикажуваат и во сите други градови а се другото да си остане каде што си е фестивалот (читај Битола/ Скопје)

Има луѓе што не можат да дојдат во градот каде се одржува фестивалот а вака би биле сите задоволни.
Не треба.
Фестивалот е белег на градот, поврзан е со културата на тој град и со туризмот, во спротивно се губи уникатноста.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.176
Поени од реакции
5.240
Не треба.
Фестивалот е белег на градот, поврзан е со културата на тој град и со туризмот, во спротивно се губи уникатноста.
Да во право си но ете може барем некој филмови да се прикажуваат и во другиве градови. Ете може од ланското издание а во градот кај што се одржува да се новите филмови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
И годинава не помина без скандали. Цела година се препукуваа некои штеточини што само сакаа да му наштетат на фестивалот и „нормално“ да си го наполнат џебот. И се` додека такви лица се вртат во филмската уметност во Македонија ќе немаме ни добри филмови, ни добри фестивали.

Затоа и фестивалов, за жал, и покрај сите гости што ги носи и 38-те изданија зад себе, го нема на мапата на светски фестивали, за разлика од еден Сараево, каде фестивалов со 20 изданија е далеку најдобар на Балканот. Па дури и Синедејс е далеку понапред со двојно помалку изданија, а двојно подобра програма. Ама нејсе, да се надеваме дека ќе дојдат и подобри денови за Манаки.

Годинава и покрај сите превирања околу фестивалов и де ќе се одржи, де нема да се одржи, селекторите склопиле солидна програма.

Бидејќи Битола ми е далеку и немам можност да ги погледнам филмовите, ќе чекам рецензии тука.

Се надевам некој ќе ги погледне двете епизоди од Сенките на Балканот, серијалот на Бјелогрлиќ што за еден месец ќе започне со емитување и што по трејлерот и сите материјали и рецензии треба да биде нешто најдобро досега на Балканот, и ќе напише нешто за него.

Очекувам збор-два и за Жаба, босанско-македонскиот филм правен од режисерот на ЛЗН и генерално екипата од тој серијал. Филм што по написите во весниците на Сараевскиот фестивал го погледнале 3000 луѓе во една вечер.

Очекувам да прочитам збор-два и за унгарскиот на Мундручо и рускиот на Звјагинцев, како и романскиот Fixeur од програмата Европски перспективи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
Заврши и 38-то издание на Манаки.

Манчевски награден со Специјална „Златна камера 300“ за придонес во светската филмска уметност.
„Златна камера 300“ отиде кај унгарецот Рев (DoP на новиот филм на Мундручо)
„Сребрената“ кај Клаусман за новиот филм на Фатих Акин
„Бронзената“ кај Дејан Димески за работата на босанско-македонскиот „Жаба“.

„Малата златна камера 300“ отиде кај Наум Доксевски за работата на краткометражниот „Види ја ти неа“ на Горан Столевски.

Посебно ми е драго за Дејан и Наум што конечно добија награда за нивната одлична работа, а ако е нешто одлично во скоро секој нов македонски филм, тоа е токму фотографијата.
 
На врв Bottom