Браќа Манаки

Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Деновиве објавија дека Гена Теодосиевска досегашен уметнички директор сега е нов директор на фестивалот. Другиот кандидат била Лабина Митевска. Искрено повеќе би сакал Лабина да добие уште еден мандат, повеќе ми се допаѓа концептот и идејата за водење на фестивалот на Лабина во нејзино време дојдоа Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер, Жулиет Бинош ова мислење сум го чул од многу други битолчани бидејќи со овие филмски ѕвезди фестивалот беше далеку повеќе медиумски проследен, имаше некоја поголема доза на гламур на црвениот тепих, но и самото нивно присуство. Иако знам дека е фестивал на кинематографери и треба ним да им се оддаде почит и признание сепак овие специјални гости... Инаку немам ништо против Гена и очекувам пристојно и солидно издание жената е со години во оваа дејност, а и со години е дел од фестивалот. Макар што ќе видиме што не очекува за 1-2 месеци треба да се најави терминот и првиот лауерат.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Објавени првите детали за 39. Браќа Манаки ќе се одржи од 22-29 септември
Главен лауерат (добитник на Златна камера 300 за животно дело) е Роџер Дикенс кинематограферот- оскаровец со најмногу номинации за оскар (14) , бидејќи сум од Битола добро го следам фестивалот и дејноста и со години очекував Дикенс да влезе во елитниот клуб на лауератите. Бидејќи последниве години има повеќе од 1 лауерат можно е да има барем уште еден. Ако не годинава во следните очекувам лауерати да станат: Едуардо Сера, Јануз Камински, Павел Еделман, Роберт Ричардсон (3 оскари), Никита Микхалков, Емануеле Лубецки итн.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
После Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер, Жулиет Бинош, Бруно Ганц на Браќа Манаки доаѓа Клаудија Кардинале која ќе добие Специјална Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност која ќе му се додели на отворањето на 22.09. Програмата ќе се објави на 12.09
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Имаа некоја прес конференција пред два саати, ама стримот на фејсбук не им беше добар и се закочуваше.

Гена откри дека ќе му доделат награда на Столе Попов за достигнување во македонската кинематографија, а добитник на специјалната Златна камера 300 е Јануш Камински, кинематографот на "Шиндлеровата листа", "Спасувајќи го војникот Рајан" и дузина други остварувања на Спилберг.

Е сега, не слушнав дали ќе се одржи Манаки годинава онлајн или нема да има ни онлајн издание?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Да се надоврзам, нема да се одржи фестивалот ниту онлајн.

Само ќе си ги лапнат парите, а ќе пуштат некое обраќање до јавноста и по еден филм од Столе Попов и Јануш Камински на МРТ.

Во превод мизерија или што би рекол Столе Попов: "селска манифестација".
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Традицијата продолжува - пет денови до отворање ниту им е апдејтиран сајтот, ниту некаде можам да ја најдам целосната програма.

Некој да има дојава дали ќе го даваат Brother and Sister? @Shawn Spencer, енибади? Се изначитав лоши критики ама мојата љубов кон Мелвил<3 е посилна од рејтингот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Традицијата продолжува - пет денови до отворање ниту им е апдејтиран сајтот, ниту некаде можам да ја најдам целосната програма.

Некој да има дојава дали ќе го даваат Brother and Sister? @Shawn Spencer, енибади? Се изначитав лоши критики ама мојата љубов кон Мелвил<3 е посилна од рејтингот.
Мизерии се и мизерии ќе си останат. Ниту програма на сајт објавија, ниту се знае за акредитации што-како. Имав план да одам прв пат на Манаки, ама баш ради ваква неорганизираност се откажав од тој план.

Инаку стартот е поместен за еден ден порано, 19 август.
4 дена пред почеток немаат програма на сајт.:mad:


Во официјалната програма најавија дека ќе имаат 14 филмови, а досега има информација за 13. Дали Brother and Sister ќе биде последниот не знам, мене не ми се верува.

Официјална програма:
1) Мими (Македонија)
2) Снежана на крајот умира (Македонија)
3) шведскиот Triangle of sadness (победникот од Кан)
4) шпанскиот Alcarràs (годинешниот победник во Берлин)
5) полскиот ЕО (уште еден филм од Кан)
6) јапонскиот Drive My Car
7) италијанскиот The Hand of God :love:
8) францускиот Mother and son (2022)
9) германскиот Rimini (2022)
10) српскиот Nebesa (2021)
11) хрватскиот Stric (2022)
12) италијанскиот The Eight Mountains (2022)
13) белгискиот Close (2022)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
42D0DEAC-0556-4C4C-8734-713BF9854BD0.jpeg

добро, некој што го води фестивалот го чита ова што се објавува на соц. мрежи? И ако го чита, му има логика напишаново?

Не им е срам вакви глупости да пишуваат?
Филмот се викал “Златна палма”, а бил добитник на Winter Sleep, боже ме сачувај. o_O

@Варвара ако си во Битола за фестивалот, може да ми пишеш пп? Имам едно прашање.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
На МРТ 1 имаше ли нешто пренос од отварањето?

Знам предходни години имаше преноси.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Eве на МРТ 1 вечерва во моментов снимка од отварањето.

Зошто не било вчера во живо пренос?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom