Деновиве објавија дека Гена Теодосиевска досегашен уметнички директор сега е нов директор на фестивалот. Другиот кандидат била Лабина Митевска. Искрено повеќе би сакал Лабина да добие уште еден мандат, повеќе ми се допаѓа концептот и идејата за водење на фестивалот на Лабина во нејзино време дојдоа Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер, Жулиет Бинош ова мислење сум го чул од многу други битолчани бидејќи со овие филмски ѕвезди фестивалот беше далеку повеќе медиумски проследен, имаше некоја поголема доза на гламур на црвениот тепих, но и самото нивно присуство. Иако знам дека е фестивал на кинематографери и треба ним да им се оддаде почит и признание сепак овие специјални гости... Инаку немам ништо против Гена и очекувам пристојно и солидно издание жената е со години во оваа дејност, а и со години е дел од фестивалот. Макар што ќе видиме што не очекува за 1-2 месеци треба да се најави терминот и првиот лауерат.