Кога бев помлад го ценев Бранко оти многу убаво зборуваше , сега подостарев малку (поискусен и позрел) , па и времето си го покажа своето , и Бранко не го ценам оти само си зборува . Па уште полошо е што сега неговото слатко лажење отиде предалеку, неговото лицемерие нема крај, се гледа заднината на секоја негова изјава и желбата за лична т.е. партиска одмазда. Можеби сеуште ги има квалитетите за добар бизнис , ама само со лична корист, оти досега тоа не и донесе ама никакво добро на Република Македонија и Македонскиот Народ.
Како звучи само една ваква изјава :
„Сега не е време за инвестирање во Македонија, порака до сите компании , странски и домашни од Б.Ц.“ - Вест 11.06.2009
Зарем некој би помислил после ова дека и посакува добро на својата земја и народ безусловно , или само под услов да се инвестира во Македонија доколку неговата партија е на власт. И сето ова е потикнато од не попуштањето на владата пред ЕВН и Фершпед. Па нели сакаме правда, тогаш правда и рамнопраност за сите, мали или големи компании , законот е ист за сите.
Цитирам : Црвенковски ќе соработува со сите опозициски партии , посебно со партиите на албанците?! Па нека оди во Албанија јас би рекол.
Каква е оваа опозиција која не сака да соработува со позицијата со цел подобрување на состојбата во Македонија,туку и контрира по секоја одлука , закон или предлог , се со цел да ја спречи нивната работа.
И за крај : Јас не сум партиски член на ниту една партија, ова е само едно мое видување на работите и тоа е се што можев да заклучам после неколку кодини пратење на нашата политичка „сцена“.
Топ 3 политичари од кој сум најмногу разочаран, а и сум се прелажал сам, со тоа што сум ги поддржал:
1.Бранко Црвенковски
2.Љубчо Ѓеоргиевски
3.Љубе Бошкоски