Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Бојан Маџовски? Ама па и тој има 17 години :) И според веб страната на Металург е 184 сантиметри висок, недоволно за бек. И што е ова, се браќа...
Близнаци се........... тој повисокиот Борјан е земен од Лино да игра за прва екипа.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Додека сме кај пеналот на Попович таа атмосфера што ја живее сега Будуџност ја пројде Кометал во 2002 исто беше на трибни како на видеоно :icon_mrgr:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Додека сме кај пеналот на Попович таа атмосфера што ја живее сега Будуџност ја пројде Кометал во 2002 исто беше на трибни како на видеоно :icon_mrgr:
Многу се појјаки од тоа што беше Кометал... може да се каже нешто слично на тимот на Шлагелсе.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Многу се појјаки од тоа што беше Кометал... може да се каже нешто слично на тимот на Шлагелсе.
После 10 години во ЛШ се смени и системот на натпреварување сега и поголеми пари се вртат во игра се е различно. Тогаш Кометал барем до финалето 2005 беше машина, Шлагелсе беше една две години екипа и ја снема.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Нека помислат малце дел репрезентативци каква жртва дадоа поголем дел од гледачите не бирајќи начини да стигнат до Гетеборг и како им се оддолжија...секоја чест за дечкиве.
До Копенхаген со рентакар, до Гетеборг со такси, а назад во Прилеп – со „пливање“

07
АПР 2012​
11:15​

Пет прилепчани и еден нивен другар Србин од Ниш веројатно се единствените македонски навивачи што до Гетеборг стасале во своја режија, со автомобил. Ги најдовме во фан-зоната во Гетеборг, насмеани, ведри, чиниш Македонија веќе обезбедила пласман на ЛОИ, а тие без никаков проблем ќе се вратат дома. Но не е така, приказната воопшто не е среќна, иако тие инсистираат дека ќе заврши среќно.


Подвиг рамен на херојство: дел од прилепчаните кои имаа вистинско патешествие до Гетеборг
Илија Маркоски, Панде Трајчески, Христијан Чупетрески, Николче Трајкоски и Мартин Трајкоски во понеделникот во 22 часот тргнале од Прилеп со изнајмено возило фолксваген шаран. По пат го собрале својот другар Христијан Мијатовиќ од Ниш и продолжиле да ја освојуваат Европа накај север.
Сè одеше подмачкано. Преку Салцбург, Минхен, Хамбург, Либек стасавме до Путгарден, местото каде што е траектот за Данска. И тоа го минавме. Но на 70 километри пред Копенхаген, ни се скина ременот на моторот. Без ремен возевме до Копенхаген, таму колата крахираше и застана. Беше среда попладне околу 17 часот. Одиме да бараме мајстори за да ни ја поправат колата, никој не сака да се нафати. Работата е – што посеверно и што постудено, постуден и народот. Само нè гледаат како роботи и никој не се нафаќа да ни помогне. Знаевме дека им почнуваат велигденски празнувања, ама нели, христијански е да се помогне. Видовме-не видовме, решивме тројцата најмлади да ги испратиме со хотел на аеродромот во Копенхаген, оттаму да фатат автобус за Гетеборг, за да не мрзнат со нас. Но автобусот им избега за 2 минути, а за такси до аеродром и назад плативме 200 евра“, раскажува Илија Маркоски.

Иако немаат поим како ќе се вратат, духот не ги напушта во ниту еден момент
Тогаш, решиле да преспијат во автомобилот, иако надвор било минус пет степени.
Моторот нели не ни работи, нема греење, ама сите преспавме на паркингот на минус пет степени, се смрзнавме – лом се направивме. Каде што бевме застанати, во Тобор, предградие на Копенхаген, најдовме еден Турчин, со потекло од Ресен, и тој се нафати да ни помогне. Најде мајстори што ќе се нафатат да работат, ама едниот дојде, ни вели дека не може да работи надвор од гаражата. А до гаражата не можеме да го одвеземе возилото, не работи ниту една шлеп-служба. Тој мајстор се откажа, но вториот, Албанец, по потекло од Струга, ја крена колата на лице место, го виде проблемот, но ни рече дека нема делови за поправка, зашто сè било затворено. По таа вест, решивме да тргнеме со такси, ни најдоа комби што ќе нè вози до Гетеборг, плативме 800 евра и дојдовме. Ни се стемни кога загубивме од Унгарија“, вели Маркоски.

Шестемина не знаат што понатаму, за нив е најважно сега Македонија да почне да победува.
Планот сега ни е – да победи Македонија со Шведска и да славиме. За враќање не ни размислуваме воопшто. Ќе ни кажат до каде е поправката на колата, па ќе знаеме што и како понатаму. Се изнаплаќавме тука хотели, којзнае колку ќе чини поправката, такси треба за назад да платиме до Копенхаген. Целава авантура ќе нè чини најмалку 5.000 евра, но ич не ни е жал за парите. Нема сто години да живееме, сега да сме здрави и живи, парите ќе ги заработиме пак. Најважно е Македонија да победи, да ни се исплати маката дотука. А назад до Прилеп ќе се вратиме ако треба и со пливање“, со шега и смеа завршија прилепчаните, кои беа главна атракција во фан-зоната, сместена во просториите на ФК Вардар Македонија, клуб на македонските иселеници во Гетеборг.
Од Гетеборг, Златко Крстевски
Фотографии: Роберт Атанасовски
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Блескавата генерација ракометари има несреќа да ја води недостојно раководство на РФМ

Македонија нема да има ракометни олимпијци. во Лондон сигурно не. Можеби ни во догледно време, можеби никогаш. Затоа шансата пропуштена во Гетеборг ден потоа, изгледа уште пострашна и неповратно поразителна за македонскиот ракомет. Блескавата генерација македонски ракометари има несреќа да постои во време на недостојно раководство на РФМ за историскиот момент. Раководство кое само за момент се сокри зад петтото место во Србија, се сокри зад ордените и зад заслугите на момчињата кои заслужуваат многу повеќе.​
А кога со лаги и измами се гради авторитет, историја, традиција, иднина, порано или подоцна распадот станува неизбежен. Македонскиот ракометен распад е на повидок, ако брзо, најитно што може, не се консолидира состојбата. На македонската ракометна репрезентација итно и е потребен свеж воздух во едрата и средување на односите внатре и околу неа, зашто во Гетеборг таа не го кажа последниот збор. Но свеж воздух не може да дојде од гнили гради, односи меѓу луѓе не може да подобри некој што ни самиот не се почитува. Да консолидира, не може некој што назначува селектори како да се работи за самоубијци - бомбаши. Не се виновни ракометарите што чувствуваат слобода да создаваат кланови и да се наметнуваат од позиција на сила. Не се виновни тренерите што никој не ги слуша и што мора да почитуваат сечии желби. Виновни се тие што сето тоа го дозволиле. Виновни се тие што оставиле државна селекција да ја води стихија. Виновни се тие што не сакале, ниту знаеле, како да создадат структура, хиерархија, здрав спортски колектив со здрави внатрешни односи, тим што знае како да дојде до врвот, но таму и да остане, а не да тресне и да се распука на парчиња. Тие се виновни, а тие се малку, само два-тројца. Малку се, ама сосема на број, да не одведат во пуста пустина од каде што враќање нема. А натаму одиме. Селекцијата пукна во Гетеборг, Лондон ќе остане само жива рана што ракометарите можеби никогаш нема да ја зацелат. Ама пуста желба ќе остане и Рио де Жанеиро во 2016-та зашто иднината е застрашувачка.

Кадетите и младинците овие денови служеа како топовско месо на квалификациски турнири. Младинците од кои чекаме освежување во првиот тим, загубија со 20 разлика од Финска на која светот и се плаши само во хокеј. Тоа е црниот македонски ракометен амбиент што го создадоа тие два-тројца, тоа се тие што ја тераат „Фалангата“ сега да се плаши и од Австрија во јунскиот бараж за светско првенство. Тоа се тие два-тројца што стихијата ја усовршија до перфекција, ловот во матно го издигнаа на ниво на функција, профитерството го промовираа како работна задача, а убивањето на македонскиот ракомет го прифатија како религија.

Зоран Цветановски​
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Овој Зоран што коментира ЛШ фудбал порано беше пикер и "тоа се тие два-тројца" што ова што она па кажи бе јавно кои се ако веќе почнуваш да навлагаш нека слушне народот.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.915
Oвој нели ги водеше прес конференциите на РК Металург, нешо портпарол или што и да беше..
За тоа си дал право да збори.:D .. оти ќутеше кога освоија 5то место, или тогаш во ред беше.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Овој Зоран што коментира ЛШ фудбал порано беше пикер и "тоа се тие два-тројца" што ова што она па кажи бе јавно кои се ако веќе почнуваш да навлагаш нека слушне народот.

Така е име и презиме да се каже а не двајца тројца и пак се е мутно....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.465
Поени од реакции
68.769
Oвој нели ги водеше прес конференциите на РК Металург, нешо портпарол или што и да беше..
За тоа си дал право да збори.:D .. оти ќутеше кога освоија 5то место, или тогаш во ред беше.
Ова е нивна телевизија :icon_mrgr:
Сакаат да го стават Минчо на претседателската функција, па затоа цело време само брмбљаат. Да знам дека имаат добри намери ќе ги поддржев, ама кога знам што се крие зад тоа (n)
Што не кажат дека раководењето на репрзентацијата беше во нивни раце :unsure:
Намерно вртат двајца-тројца, за народот да мисли дека е Михајло крив пошто е логично тоа дека е претседател на федерација, а реално по појавата на Минчо, Михајло е безгласна именка. Начевци го имаат главниот збор, и кој има повеќе пари тие се со него :icon_mrgr: Нека кажат како тие истите цело време дремат по кафичи со Минчо :)
Двајца-тројца = family Nacevski <3
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Oвој нели ги водеше прес конференциите на РК Металург, нешо портпарол или што и да беше..
За тоа си дал право да збори.:D .. оти ќутеше кога освоија 5то место, или тогаш во ред беше.

Не е в ред ништо од 2008 наваму. генерацијата која ветуваше ја разбија, бековите кои требаше да ротираат ги уништија.... 11то и 5то место за тие ракометари се неуспех. Да небеше публиката ќе го сонуваа и 5то место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom