Која е поентата на вака малиционзи коментари и статии по порталиве незнам. Или барем не ја знам вистинската причина, иако можам да ја претпоставам, како и повеќето од нас кои немаат контакти со структури во РФМ, Вардар, Металург (особено!!! АМА ОСОБЕНО!!! читајте им ги статиите на сајтот) и фирмите на сите кои се сопственици на клубовиве кои ги наведов, а кои се исти. ПОкрај злите намери на групацииве несомнено има и бесмислени коментари (особено на форумов) но на преродбеници отсекогаш тешко им оделе мисловни активности.
Како и да е ова беше според мене турнир одигран во рамките на можностите. Единствениот кој не одигра во рамките на можностите беше Лазаров, и тоа е тоа. Не навлегувам во причини за тоа, сигурно ги има, не би му земал за зло, само забележувам. Секој играч има падови во формата, тој не е исклучок (како што се покажа дека не е и неуморниот Карабатиќ на претходно европско). Кај мене барем Лазаров има кредити до пензија.
Другото се беше во рамки на своите можности. Тоа значи-
1)“престапо-патен” инвалид на десна крилна
2)бескорисни дечки на лева бековска, а и во одбрана едниот
3)неупотреблива замена на десна бековска, т.е. за никаде ...трошок
4)добар ракометар кој веќе треба да се пензионира на лева крилна, пошто не може да трча
Пивотите беа донекаде во ред, иако беа видливо неуиграни со бековите за разлика од европското, а централните, нешто под ниво, али и не ни очекував лично повеќе од тоа што го прикажаа.
Сума сумарум, со четворица играчи во напад, јас не знам ниедна екипа да победила, било кога. Не дека сме некоја репрезентација која се растури од играње преку крила, но придонесот на крилата во минатото во голови не бил под 8 или ретко кога бил, а во одбраната бил уште поголем. Патем играч со најголема минутажа на минатово европско (после Лазаров) ни беше токму Темелков, чија повреда, според мене не чинеше поскапо отколку Иљеш, Унгарците.
Па ако барам причини за неуспехот на турнирниров прво би ги нашол во немањето крила како за напад така и за одбрана, а не во триста глупости што се изначитав од туризам на овој или оној, преку родниснки влијанија и сл. Истите овие пред 4 месеци беа петти на европско, а против истиве кои не растурија игравме нерешено, во горе доле слична атмосфера. Играта на задната линија беше целосно прочитана на првите два меча (особено со Шведска) и единствена шанса беше да се уфрлаат топки внатре за крилата, за да се рашири одбраната, но крила немаше. Зошто е тоа така, т.е. зошто овие а не други крила, не навлегувам и не ме интересира. Има селектор кој бирал и очигледно направил лош избор, за кој треба да си преземе оговорност. Истиот селектор не успеа да изведе никаква тактичка замисла против играта на другите, кои очигледно добро не анализирале и работеле нешто минативе месеци. Можеби повторно заради неможноста да се изведе нешто со неговиот избор (селекција)?
Накратко после овој неуспех се надевам дека селекторот ќе си преземе одговорност за неуспехот и ќе поднесе оставка. Се надевам дека Червар нема да биде селектор на Македонија. Дека Алушевски ќе се повлече од репрезентацијата, ( со благодарност до него за се што направил за ререзентацијата и Вардар), и дека З.Мојсовски и Ф. Лазаров само преку ТВ ќе ја гледаат репрезентацијата.
Се надевам дека ќе се подготват добро за баражот и дека на СП во Шпанија ќе гледаме состав на искусни ракометари со некои нови дечки (кој секако дека ги има) кои заслужуваат да добијат шанса и да бидат дебитанти за репрезентацијата на 20 тина години , како во секоја здрава селекција.