Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Која е поентата на вака малиционзи коментари и статии по порталиве незнам. Или барем не ја знам вистинската причина, иако можам да ја претпоставам, како и повеќето од нас кои немаат контакти со структури во РФМ, Вардар, Металург (особено!!! АМА ОСОБЕНО!!! читајте им ги статиите на сајтот) и фирмите на сите кои се сопственици на клубовиве кои ги наведов, а кои се исти. ПОкрај злите намери на групацииве несомнено има и бесмислени коментари (особено на форумов) но на преродбеници отсекогаш тешко им оделе мисловни активности.

Како и да е ова беше според мене турнир одигран во рамките на можностите. Единствениот кој не одигра во рамките на можностите беше Лазаров, и тоа е тоа. Не навлегувам во причини за тоа, сигурно ги има, не би му земал за зло, само забележувам. Секој играч има падови во формата, тој не е исклучок (како што се покажа дека не е и неуморниот Карабатиќ на претходно европско). Кај мене барем Лазаров има кредити до пензија.

Другото се беше во рамки на своите можности. Тоа значи-
1) “престапо-патен” инвалид на десна крилна
2) бескорисни дечки на лева бековска, а и во одбрана едниот
3) неупотреблива замена на десна бековска, т.е. за никаде ...трошок
4) добар ракометар кој веќе треба да се пензионира на лева крилна, пошто не може да трча

Пивотите беа донекаде во ред, иако беа видливо неуиграни со бековите за разлика од европското, а централните, нешто под ниво, али и не ни очекував лично повеќе од тоа што го прикажаа.

Сума сумарум, со четворица играчи во напад, јас не знам ниедна екипа да победила, било кога. Не дека сме некоја репрезентација која се растури од играње преку крила, но придонесот на крилата во минатото во голови не бил под 8 или ретко кога бил, а во одбраната бил уште поголем. Патем играч со најголема минутажа на минатово европско (после Лазаров) ни беше токму Темелков, чија повреда, според мене не чинеше поскапо отколку Иљеш, Унгарците.
Па ако барам причини за неуспехот на турнирниров прво би ги нашол во немањето крила како за напад така и за одбрана, а не во триста глупости што се изначитав од туризам на овој или оној, преку родниснки влијанија и сл. Истите овие пред 4 месеци беа петти на европско, а против истиве кои не растурија игравме нерешено, во горе доле слична атмосфера. Играта на задната линија беше целосно прочитана на првите два меча (особено со Шведска) и единствена шанса беше да се уфрлаат топки внатре за крилата, за да се рашири одбраната, но крила немаше. Зошто е тоа така, т.е. зошто овие а не други крила, не навлегувам и не ме интересира. Има селектор кој бирал и очигледно направил лош избор, за кој треба да си преземе оговорност. Истиот селектор не успеа да изведе никаква тактичка замисла против играта на другите, кои очигледно добро не анализирале и работеле нешто минативе месеци. Можеби повторно заради неможноста да се изведе нешто со неговиот избор (селекција)?

Накратко после овој неуспех се надевам дека селекторот ќе си преземе одговорност за неуспехот и ќе поднесе оставка. Се надевам дека Червар нема да биде селектор на Македонија. Дека Алушевски ќе се повлече од репрезентацијата, ( со благодарност до него за се што направил за ререзентацијата и Вардар), и дека З.Мојсовски и Ф. Лазаров само преку ТВ ќе ја гледаат репрезентацијата.

Се надевам дека ќе се подготват добро за баражот и дека на СП во Шпанија ќе гледаме состав на искусни ракометари со некои нови дечки (кој секако дека ги има) кои заслужуваат да добијат шанса и да бидат дебитанти за репрезентацијата на 20 тина години , како во секоја здрава селекција.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.636
Поени од реакции
35.175
И покрај трите порази, лошата игра на целиот квалификациски турнир во Гетеборг, капитенот Кирил Лазаров смета дека оваа генерација барем на уште две големи натпреварувања ќе игра заедно. Првата шанса ја имаат сега во јуни кога се баражите за пласман на СП 2013 во Шпанија.
- Оваа генерација може да игра заедно уште на две големи натпреварувања. Повеќе загрижува што губиме од Финска и Косово. Јас тагувам, само заради навивачите. Објективно да гледаме. До вчера се радувавме на пласман на ЕП и СП, а сега тагуваме за непласман на ЛОИ, На добар пат сме, и треба да продолжиме. Сигурно ќе останат дамки од овие порази. Ни остануваат 1,5 месец. Почнувам од себе, не сум задоволен. Не верувам дека не постои ниту еден што е задоволен, можеби дадовме максимум, но не доволно квалитетно, вели Лазаров.

Извор: http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8E2CC1703689314A8025C8C632A62142

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Кирца, аман бе спушти се малку долу, очигледно заглави меѓу облаците:cautious:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.915
Поени од реакции
73.245
Аха ќе го дочекаат ова од Лино некогаш.

Според ова што го кажуваш Кире преголема слобода има,тоа мора да се сече бе !?!

ццц Многу грешки во однос на повикани играчи и тренер,Ојлески,Кукоски,Џинџерот,Левов.........долга е редицата. А за бато златко и бато филип мора место да има. Епа нема успех така.
Нема да се среди ситуацијата никогаш :D

Реално Кире е обожуван од наросдот, народот нема никогаш да се сврти против него.
Прво што треба да се направи е Начевци, Михајло и Минчо да се откажат од федерација.

Но проблемот е што нема кој да се донесе :)

Манасков е човек на Минчо, а и реално со ништо не би можел да придонесе...

Да добие Минчо да раководи сам со федерацијата можеби би имале најдобри резултати. Ама да не бидат Начевци со него, туку целосно сам.

Кире реално нема што да контра со него. Ќе се свести и самиот дека не е негова репрезентацијата.
За селектор тогаш идеален би бил Лино.

Наскоро ќе бидне и тоа што Минчо се обидува одамна да го направи. Михајло да се откаже од финансирање и Металург да биде тим репрезентација.
Тоа може ќе донесе некои инстант резултати, али во долгорочен рок ќе не снајде судбината на женскиот ракомет.


Затоа најуаво е фино лепо, да се стави некој човек што нема везе со тоа...
Да им се забрани мешање на Михакло и Минчо во репрезентација, а Начевци да се тргнат на 1000000000 киломери од македонскиот ракомет :D
Е тогаш може ќе има напредок...
И секако нешто што треба да се направи е да се заживее ракометот во другите градови...

Но повторно ќе има порблем, затоа што младите ракометари немаат никаков спортски живот.
Ете и сегашни млади таленти, играат по клубовиве, а во приватен живот љокаат ко стоки, пушат сите...
И затоа талентот им нега за две години... Затоа губиме 35-15 од Финска.

Тоа е Македонецот, само Кире е пример за човек кој живее спортски...
 
L

Löwe

Гостин
Абе Аљуш нека се пензионира и одма нека го превзема кормилото на репрезентацијава, или па Пепи.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Минчо претседател на федерација, Лино тренер и уште еден кубански лев бек :pos:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Тие што плукаат по Михајло да знаат дека он ја остави машката ракометна репрезентација да ја спонзорира и да ја раководи Минчо уште пред квалификациите за еп во Србија така да тоа дека Ѓорѓеивски нее пвоикан заради Михајло се празни муабети
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Аха ќе го дочекаат ова од Лино некогаш.

Според ова што го кажуваш Кире преголема слобода има,тоа мора да се сече бе !?!

ццц Многу грешки во однос на повикани играчи и тренер,Ојлески,Кукоски,Џинџерот,Левов.........долга е редицата. А за бато златко и бато филип мора место да има. Епа нема успех така.
Киро прв ќе го бутнам од репрезентација ако ова е вака а е така изгледа! Киро постигнува по 4/5 гола по натпревар и другото е од пенал!И друг играч би го остварил тоа доколку му се даде шанса. Ако веќе треба да се разреши со Начевци кои мислам дека се најгадни во приказната нека тргне да се одмотува клопчето! И замисли тие рекетари успејаа да влезат на Олимијада, ке судат таму.....

Во репрезентацијата не владее никаква сплотеност, а со таква репрезентација нема натаму и да не се лажеме во Србија имаа НАЈГОЛЕМА ПОМОШ од публика. Да небеше така ќе го сонуваа Белград.

Најголема казна треба да им се направи, ако истиов состав остане( ако не ги исфрлат тие џаболебари од репрезентација) знаете ли како треба да им се даде да играат во Скопје пред празни трибини со Австрија и да го покажат квалитетот и нивното големо срце за Македонија.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Киро прв ќе го бутнам од репрезентација ако ова е вака а е така изгледа! Киро постигнува по 4/5 гола по натпревар и другото е од пенал!И друг играч би го остварил тоа доколку му се даде шанса. .

И јас мислам дека без секого се може зашто ова е тимска игра. Па еве бразилците играа без најдобриот играч и единствениот кој игра во европа во бундес лигата па не победија, швеѓаните исто така, и унгарците исто така играа без своите најдобри играчи. Мора да се свати дека репрезентацијата не е исто што и клуб.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.328
Поени од реакции
5.304
САМИ СМЕ КРИВИ !!!
МНОГУ ЛЕТНАВМЕ ВО ОБЛАЦИ, ПОСЛЕ ОСВОЕНОТО 5 место во СРБИЈА, господ за јајца го фатија !!!
Си мислеа дека сега се можат !!! Па батињата на 3 победи ќе оделе во Гетеборг :pos: Испадна другото - 3 порази..

Јас кажав дека не вервам да се пласираме, тешка група беше, очекував победа против Бразил и 2 порази, ама испаднаа сите порази..
Игра без мозок, многу грешки, многу се брзаше..
ОДБРАНАТА 0 !!! Кај е таа одбрана од Србија ???
Ахх златен Темелков :pipi:


Денес сами се поразивме, Бразил беше рамо до рамо цела утакмица, ама искористија многу наши грешки...
Лазаров пак брзаше, сакаше сам да заврши. Денес лево крило ни работеше некако, а на минатите 2 утакмици бевме без крила...
Во Гетеборг игравме без десно крило, на Златко слабо топки му пуштаја..
Митков :facepalm: ЛЕЛЕЛЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК :mad:
Па овај ни за во Пелистер не го сакам бе !!! Зошто го земаат незнам, за јајцата да му ги лади ???

И денес се виде дека ДИВИ е подобар од Борко !!!
Јас мислам дека Диви треба да е 1 голман, од оние топки Диви шо ги фати, Борко гарант ќе примеше 4-5 гола...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom