Но Јане Сандански се залагал за федерација и строго се противел на мешањето на Бугарија во организацијата. Сарафов пак почнал како бугарски офицер па станува лидер на врховниот комитет. Знаеме нели кои биле врховистите? Сарафов ја претвора организацијата и комитетот во своевидна рекетарска банда а самоволието негово расте до тој степен што без да му трепне око извршува насилства и убиства низ Софија. Пресвртниот момент доаѓа кога се дрзнува да врши рекет а после и убиство во Романија. Под притисок од Романија Бугарија го става Сарафов во затвор а односите помеѓу него и бугарската влада се заоструваат. Додека е во затвор ја дава фамозната изјава дека Македонците не се Бугари ниту Срби. Потоа станува лидер на централниот комитет и откако Илинденското востание пропаѓа повторно се зближува со бугарската влада а со тоа се заоструваат односите помеѓу него и Санданистите чија кулминација е убиството на Сарафов.
Со два збора, турли тава му е биографијата. Доста збунувачки потези, непредвидливост, немање константа во тоа за што се бори и верува бидејќи врховистичките идеи и зближувањето со Бугарија се косат со идејата дека Македонците се посебен народ и дека не сакаат мешање од страна на балканските држави.
Од друга страна пак Сандански иако помалку интелигентен, харизматичен итн. останува доследен на своите левичарски убедувања и на идејата за една автономна Македонија која во иднина би пристапила кон некаква балканска федерација.
Прво ние имаме тотално погрешно толкување за комитетот, па и Делчев и Петров биле дел од комитетот, собранијата негови, гласале и биле учесници во него, комитетот бил своевиден парламент на сите македонски организации.Токму Делчев и Петров застануваат зад кандидатурата на Сарафов oдносно тој е нивен кандидат и со нивните гласови тој станува претседател на комитетот, а голем дел од парите на касата потоа тој ги дава на ВМОРО.
Делчев бил и избран за член на раководството на комитетот, но тоа потоа тоа го одбива за да не ја изгуби својата улога на обединител која ја имал во организацијата.
Сигурно не сметаш дека пари за револуција така се добиваат, се знае дека ВМОРО и воопшто македонското револуционерно движење се занимавало со рекет за да дојде до финансии за своите делувања, токму тоа и го правел и Сарафов, кој со харизма но и карактерот кој го имал собирал убедливо најмногу финансиски средства кои потоа ги распоредувал на сите , финансирал весници, пари за ВМОРО, за МТРК (гемиџиите) и.т.н., сите поголеми и покрупни дела на организацијата но и воопшто на македонското револуционерно движење доаѓале преку парите кои ги обезбедувал Сарафов, тоа и самиот Петров го признава во своите спомени, иако поради неговиот карактер Петров не бил баш некој голем фан на Сарафов , но никогаш не негира дека освен поради нарциосноста и желбата да биде лидер, со се друго го помагал делото, но таа желба за лидерство која ја поседувал знаела и тоа како да направи проблеми кај останатите.
Сарафов сметал дека целото револуционерно движење треба да биде со еден центар, а воедно тој сакал да биде лидер на целото движење, суетата и егото му доаѓале дека тој бил убедливо најуспешен и со обезбедување на финансии, со авторитет и со огромната харизма која ја имал, бил неворојатен оратор и за миг можел со една реченица сите да ги крене на нозе.
Кога читаш спомени на револуционери се знае тројката која сите ја споменуваат, Делчев-Груев-Сарафов по овој редослед, па по нив останатите каде најмногу се истакнуваат пред се Тошев и Петров.
Е сега кога сме кај парите, вреди да се напомене, дека Сарафов си починал со тоа што го имал , додека Сандански починува како најбогат човек во Пиринска Македонија, како концесионер на бањи, богат и добро обезбеден трговец.