- Член од
- 12 јуни 2018
- Мислења
- 515
- Поени од реакции
- 569
Јасно е дека македонската историографија под менторство југословенските комунисти тотално ги има помешано лонците и целосно ги има отфрлено сите оние кои биле врховисти и се ставиле во служба на Бугарија а ги прифаќа само оние коишто дејствувале од 'внатре' како и оние кои се залагале за некаква федерација со други балкански држави како што беше Југославија иако во суштина и едните и другите не можат да се дефинираат како македонисти во денешна смисла на зборот и имаат доста контрадикторности во однос на тоа што го зборувале во јавноста и како всушност делувале.Прво ние имаме тотално погрешно толкување за комитетот, па и Делчев и Петров биле дел од комитетот, собранијата негови, гласале и биле учесници во него, комитетот бил своевиден парламент на сите македонски организации.Токму Делчев и Петров застануваат зад кандидатурата на Сарафов oдносно тој е нивен кандидат и со нивните гласови тој станува претседател на комитетот, а голем дел од парите на касата потоа тој ги дава на ВМОРО.
Делчев бил и избран за член на раководството на комитетот, но тоа потоа тоа го одбива за да не ја изгуби својата улога на обединител која ја имал во организацијата.
Сигурно не сметаш дека пари за револуција така се добиваат, се знае дека ВМОРО и воопшто македонското револуционерно движење се занимавало со рекет за да дојде до финансии за своите делувања, токму тоа и го правел и Сарафов, кој со харизма но и карактерот кој го имал собирал убедливо најмногу финансиски средства кои потоа ги распоредувал на сите , финансирал весници, пари за ВМОРО, за МТРК (гемиџиите) и.т.н., сите поголеми и покрупни дела на организацијата но и воопшто на македонското револуционерно движење доаѓале преку парите кои ги обезбедувал Сарафов, тоа и самиот Петров го признава во своите спомени, иако поради неговиот карактер Петров не бил баш некој голем фан на Сарафов , но никогаш не негира дека освен поради нарциосноста и желбата да биде лидер, со се друго го помагал делото, но таа желба за лидерство која ја поседувал знаела и тоа како да направи проблеми кај останатите.
Сарафов сметал дека целото револуционерно движење треба да биде со еден центар, а воедно тој сакал да биде лидер на целото движење, суетата и егото му доаѓале дека тој бил убедливо најуспешен и со обезбедување на финансии, со авторитет и со огромната харизма која ја имал, бил неворојатен оратор и за миг можел со една реченица сите да ги крене на нозе.
Кога читаш спомени на револуционери се знае тројката која сите ја споменуваат, Делчев-Груев-Сарафов по овој редослед, па по нив останатите каде најмногу се истакнуваат пред се Тошев и Петров.
Е сега кога сме кај парите, вреди да се напомене, дека Сарафов си починал со тоа што го имал , додека Сандански починува како најбогат човек во Пиринска Македонија, како концесионер на бањи, богат и добро обезбеден трговец.
На пример, Сарафов рековме е познат по неговата изјава дека Македонците се посебен народ но всушност започнува како врховист а погледот на врховистите бил дека Македонија не може да се ослободи сама а треба да се делува однадвор во координација со бугарската држава при што целосно се координирале со бугарската влада. Од оваа денешна гледна точка доколку успееше планот на врховистите Македонија ќе беше дел од Бугарија а македонизмот веројатно никогаш немаше ни да пушти корени. Иако потоа раскрстува со бугарската влада Сарафов најверојатно тоа го прави поради неговата нарцисоидност откако е затворен. Поради истата нарцисоидност наредува да се убие и романскиот новинар кој го нарекол арамија и неранимајко во еден текст. Сепак на крај повторно наоѓа заеднички јазик со бугарската влада и бара помош од нив.
Сандански пак од друга страна никогаш не рекол дека Македонците се посебен народ и во неговите изјави секогаш зборувал за Бугари, Грци, Куцо-Власи во Македонија но сепак се што правел било против бугарската влада и врховниот комитет и се борел за Македонија во една идна федерација со други балкански држави. Всушност од денешна гледна точка исто така е јасно дека македонизмот успеа во Југославија, во една таква федерација каква што замислувал Сандански иако самиот тој всушност имал далеку различен поглед кон тоа што е македонизам бидејќи своите левичарски погледи ги добил од своето најблиско окружување кое било најчесто составено од Бугари левичари родени на територијата на Бугарија а самиот тој својот револуционерен дух и делување му го должи на читањето на биографијата на Васил Левски како што рекол самиот.
Значи од денешна гледна точка Сандански со своето делување е далеку позаслужен за македонизмот отколку Сарафов иако како што реков знак прашалник е како би реагирал Сандански доколку би бил жив денес ако се најде во Скопје и во слободна Македонија.