H
HITCH
Гостин
Боливија е 131 та држава во светот која ја призна Република Македонија под уставното име. Одлуката на оваа јужноамериканска земја следува само четири дена по признавањето на Зимбабве. Според информациите од министерството за надворешни работи, министерот Милошоски, синоќа примил писмо од неговиот боливиски колега, Давид Чокехуанка, испратено преку мисијата во ООН, во кое се пренесува одлуката на Владата на Боливија, дека во иднина во билатералната комуникација ќе го користи уставното име на Република Македонија.
Боливија беше прва земја од јужноамериканскиот континент, која на 15 јуни 1994 година со размена на писма воспостави дипломатски односи со Република Македонија, под привремената референца.
Извор: Канал 5
Ајде аирлија, за арно за убаво нек` е! Ама ни тргна годинава... Мислам дека до декември ќе не признаат сите, па ќе останат уште ѓупциве.