Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Прочитај погоре што кажаа членовите,па ти сам заклучи каков креатин ќе земеш.
А за ова да не имаш некогаш порачувано преку интернет бидејќи ми се гледаат поевтини суплементиве на страната која ви ја пишав а мислам дека е од градче во Колорадо. Како оди поштарината бидејќи се достапни и за мкд. Немој да ми излезат поскапи дотука додека да стигнат
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711

Незнам како иде тоа,али протеин нема нигде да најдеш нешто многу ефтин од тука...незнам зашто е тоа така...а креатинот ефтин ти е тука...така да...

неам порачувано.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Незнам како иде тоа,али протеин нема нигде да најдеш нешто многу ефтин од тука...незнам зашто е тоа така...а креатинот ефтин ти е тука...така да...

неам порачувано.
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=166 ovde e 3320 a od tamu http://www.zupplements.com/products/Elite-Whey-Protein-(5.5lb-Chocolate).html okolu 2500
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Чаре нема гледај да успориш, малку постепено кревај на маса не трчај преку ноќ да станеш голем, јас така си направив проблем со слабеење во 2 месеци скинав 20 тина кг и сега ми се јавија на стомакот
--- надополнето: 22 август 2012 во 00:45 ---
http://www.bodybuilding.com/store/opt/whey.html Неможам да најдам, а еднаш знам дека имав во некоја од темите сретнато, само незнам од кој член (дека овој протеин го продава по 1500 денари) ако знаете кој беше или ако сам прочита исконтактирајте ме во порака.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Како шо кажав негде погоре од 57 кг дојдов на 72 со 175 цм висина и задоволен сум од повеќето мускули( рамо, раце, висина на гради...) само имам еден проблем, зошто сум така скроен да бидам слаб, тесен сум во градниот кош( на пр градите имаат висина но немаат ширина каква шо би сакал). Дали некој знај некакво чаре, некој вежби шо треба да се форсираат за да се рашири градниот кош( ако воопшто постои нешто такво) Значи не само градите како мускул да бидат пошироки туку целиот горен дел да се рашири. Мислам дека ќе ме сфатите шо сакам да ви кажам...:)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Абе,читам неколку страници и неможев да не пишам.Како прво,џабе ви се тие шејкови и коктели пред тренинг ако не сте наполниле доволно комплексни јаглехидрати некој час пред тренингот,мускулот ГЛАВНО влече енергија од шеќерите,изгледа дека многу од вас незнаат дека јаглехидратите исто така имаат АНАБОЛЕН ефект,не само протеините.Сите се базирате и интересирате за аргинин,1 3-диметиламиламин и креалкалин во суплементацијата,како да NOXplode,Horse Power,Hot Blood,Јack3d,Razor итн. се некој научнофантастичен стероид за енергија па се крева толку галама околу нив,90% немаат средена исхрана и тренинг а одат на толку јаки стимуланси,само пријателски совет,држете се до основите.Монохидрат,протеин,мулти и бцаа се сосема доволни за freestyle вежбач.Кога ќе стасате до плато кое тешко се пробива и веќе сте доволно искусни преминете на нешто посилно,неколку прочитани статии на интернет не ве прават фитнес инструктор.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Можам само да ве пофалам за дискусиите. Ме нема две недели и имав цел ден за читање :)
Морам малку да се замешам, како паталец :)
Прво, редовни и правилни оброци се оче наш во овој спорт. Ова не е маркетиншки трик на компаниите кои продаваат додатоци во исхраната, затоа што тоа се научни студии и никаде во нив не пишува дека додатоците се неопходни. Прочитав за некои билдери во минатото кои "појма немале" од редовни оброци, а сепак биле ѕверови. Од 84 купувам литература за овј спорт и најстарата која ја имам е од 1969. Од секогаш исхраната се тврдело дека е 80% од успехов во овој спорт, а под правилна исхрана секогаш се дефинирале редовни и правилни оброци во текот на денот. Тој на чин на исхрана доведува до хармонична состојба првенствено на хормонален статус во организмот и постојан позитивен азотен биланс. Секоја турбуленција доведува до нарушување на оваа хармонија и успорување во постигнувањето на успехот.
Е сега, фрикови постојат во сите областни, но тие се, ај да не претерам ама не повеќе од 2% вешбачи кои можат и во сон да се развијат. Сето останато кое сега лета по интернет како информации се повеќе маркетишки трик на луѓе кои ако не измислат нешто ново со што би привлекле внимание, никој нема да ги чита ниту да троши пари на нивните совети.
Мора да разберете дека, едно е одржување на веќе постоечка мускулатура и раст и развој со напредување. Сега јас на пример, не сум влегол во теретана година и пол. Пробав на двапати по два тренингна неделно, но тоа е се. И сега да земам да се сликам и да почнам да поставувам слики по интернет, каде ќе советувам глупости од типот доста е два тренинга во неделата и еднаш дневно јадење, за три месеци ќе бидам повторно со 48 см раце и стомачни. Што е тешка глупост, затоа што минатиот труд никој ниту го гледа ниту го знае.
Второ, апсорбција на хранливи материи не е таква како што вие си мислите или онака како што во овој случај компаниите за додатоции го рекламираат. Дигестивниот тракт не е црево и инка преку која само ќе помине она што ќе го сипеме преку уста и директно ќе се насочи на тие делови кои ние сакаме. Затоа, не е никаква глупост земање креатин по тренинг. И тоа е начин на пополнување на потрошените депоа во мускулните клетки исто како и попоплувањето на депоата со гликоген или аминокиселини.
Уште еднаш поздрав и почит на дискусиите.
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
дали има некој искуство со пиење на ZMA и дали има некои придобивки и резултати како и несакани последици??? и ме интересира кој пиел ZMA дали самиот си го правел со посебни внесувања на цинк, магнезиум и б6 или .. ???
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.330
Пивски квасец што цена е, добар е за земање? и каков да земам? :P
 
Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Имам едно прашање.
Од јануари па до сега до последното мерење имам симнато 12 кг ама остана уште малце сало на стомакот за кое се надевам дека со тек на време ке го снема.да не забегувам прашањето ми е зашто стомакот ми е малце подуван и е камен тврд.ако го притиснам одоздоле се осекјаат стомачните а не се видливи сеуште.до што е проблемот?муабетот ми е зашто ми е подуван и тврд стомакот,до некое јадење е или до што е проблемот?
 
S

Stef Bachatero

Гостин

Премногу сол и премногу вода.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Имам едно прашање.
Од јануари па до сега до последното мерење имам симнато 12 кг ама остана уште малце сало на стомакот за кое се надевам дека со тек на време ке го снема.да не забегувам прашањето ми е зашто стомакот ми е малце подуван и е камен тврд.ако го притиснам одоздоле се осекјаат стомачните а не се видливи сеуште.до што е проблемот?муабетот ми е зашто ми е подуван и тврд стомакот,до некое јадење е или до што е проблемот?
Ако јадеш овес, брокула и останата храна богата со растителни влакна, тоа ти е одговорот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.330
Вежба некој бицепс и трицепс во 1 ден ?

Јас вежбам понеделник гради, вторник грб, четврток бицепс и трицепс, петок рамо, сабота нозе. Ми рекоа дека не одело бицепс и трицепс во еден ден.
 
П

Паган-др

Гостин
Инаку јас сакам да го земам со Whey Gold.
Голдот и мене ми го препорачаа кога се распрашував за протеини. Не од продавница, туку искуства, другар, другар на другар итн. Ја кога планирав, се мислев меѓу голдот и еден дајматајз од калифорнија фитнес, ама од икс причини на туна и јајца останав...

Него, и мене ме интересираат искуства со ЗМА. Некој?
--- надополнето: 23 август 2012 во 22:22 ---
Вежба некој бицепс и трицепс во 1 ден ?

Јас вежбам понеделник гради, вторник грб, четврток бицепс и трицепс, петок рамо, сабота нозе. Ми рекоа дека не одело бицепс и трицепс во еден ден.
Многу типци у теретана ги гледам вежбаат раце (бицепс и трицепс) во еден ден...колку е ефикасно не знам, ја ги имам поделено у различни денови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom