Можам само да ве пофалам за дискусиите. Ме нема две недели и имав цел ден за читање
Морам малку да се замешам, како паталец
Прво, редовни и правилни оброци се оче наш во овој спорт. Ова не е маркетиншки трик на компаниите кои продаваат додатоци во исхраната, затоа што тоа се научни студии и никаде во нив не пишува дека додатоците се неопходни. Прочитав за некои билдери во минатото кои "појма немале" од редовни оброци, а сепак биле ѕверови. Од 84 купувам литература за овј спорт и најстарата која ја имам е од 1969. Од секогаш исхраната се тврдело дека е 80% од успехов во овој спорт, а под правилна исхрана секогаш се дефинирале редовни и правилни оброци во текот на денот. Тој на чин на исхрана доведува до хармонична состојба првенствено на хормонален статус во организмот и постојан позитивен азотен биланс. Секоја турбуленција доведува до нарушување на оваа хармонија и успорување во постигнувањето на успехот.
Е сега, фрикови постојат во сите областни, но тие се, ај да не претерам ама не повеќе од 2% вешбачи кои можат и во сон да се развијат. Сето останато кое сега лета по интернет како информации се повеќе маркетишки трик на луѓе кои ако не измислат нешто ново со што би привлекле внимание, никој нема да ги чита ниту да троши пари на нивните совети.
Мора да разберете дека, едно е одржување на веќе постоечка мускулатура и раст и развој со напредување. Сега јас на пример, не сум влегол во теретана година и пол. Пробав на двапати по два тренингна неделно, но тоа е се. И сега да земам да се сликам и да почнам да поставувам слики по интернет, каде ќе советувам глупости од типот доста е два тренинга во неделата и еднаш дневно јадење, за три месеци ќе бидам повторно со 48 см раце и стомачни. Што е тешка глупост, затоа што минатиот труд никој ниту го гледа ниту го знае.
Второ, апсорбција на хранливи материи не е таква како што вие си мислите или онака како што во овој случај компаниите за додатоции го рекламираат. Дигестивниот тракт не е црево и инка преку која само ќе помине она што ќе го сипеме преку уста и директно ќе се насочи на тие делови кои ние сакаме. Затоа, не е никаква глупост земање креатин по тренинг. И тоа е начин на пополнување на потрошените депоа во мускулните клетки исто како и попоплувањето на депоата со гликоген или аминокиселини.
Уште еднаш поздрав и почит на дискусиите.