Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Ѓороски ќе сакате за ова со потењето подетално ? :smir:
Ќе се заборавам пишување, ако се распишам на оваа тема, но ќе ја искористам како тема за во некој број од Херкулес.
Просто, потењето е еден од трите начини за исфралње на отровите и штетните материи од организмот, но и начин со кој ја регулираме телесната температура. И двата начина немаат врска со топење на масни наслаги. Можете да сретнете луѓе кои се со 100 плус од нивната нормална тежина и по цел ден се потата, но никогаш нема да ослабнат. Или друг пример е работа на маса, во топли летни периоди :)
 
Idiot.

досадниот.
Член од
26 октомври 2009
Мислења
128
Поени од реакции
0

Фала за одговорот,за повеќе ќе го чекаме следниот број на Херкулес :]

Иначе што викате за овој рецепт:Пилешко месо со лимета

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 4 парчиња пилешки гради
• ½ мала шолја сок од зелен лимон
• ¼ мала шолја свеж магданос, исечкан
• 2 големи лажици маслиново масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Во плиток сад промешајте ги сокот од лимета, магданосот и маслото. Пилешките гради зачинете ги со сол и бибер.
Пилешкото месо ставете го во маринада и оставете го да отстои во фрижидер околу 4 часа. По можност, месото свртете го во маринадата еднаш до двапати.
Загрејте ја рерната или вклучете скара како подобра опција и печете го месото помеѓу 10 и 12 минути.

Ако имате вие од вашите тајни рецепти за повеќе мускули би биле благодарни да ги споделите со нас :)
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Имам еден период вежбано во теретана и сега пак може ќе почнам да одам, така што ги знам вежбите и дека се комбинираат најчесто гради/бицепс, трицепс/грб и нозе/рамо.

Ме интересира што е поефективно, дали да се работат така одвоено, еден ден една комбинација, друг пат другата или секој тренинг од се по нешто?
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97

Како стоиш со време и како имаш најдобри резултати така вежбај.Нема некоја посебна дефиниција за правилно или неправилно вежбање,на некого едно му одговара,на друг друго,на трет трето,итд.Гледај добро да јадеш и да имаш 48 саати пауза меѓу една партија на мускул.Еве ти една сампле шема колку да видиш што како,и кои вежби да ги правиш :http://www.bodybuilding.com/fun/20_key_exercises.htm.

Не значи дека ти треба вака да ги групираш вежбите,како тебе највеќе ти одговара,така створи си ја шемата,само гледај барем еднаш неделно да ја поминеш секоја мускулна партија.

Поздрав
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Имам еден период вежбано во теретана и сега пак може ќе почнам да одам, така што ги знам вежбите и дека се комбинираат најчесто гради/бицепс, трицепс/грб и нозе/рамо.

Ме интересира што е поефективно, дали да се работат така одвоено, еден ден една комбинација, друг пат другата или секој тренинг од се по нешто?
Мислам дека ти зависи како прво од што ти е целта да постигнеш и како второ дали ќе имаш време да ги поминеш сите групи мускули во една недела.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Мислам дека ти зависи како прво од што ти е целта да постигнеш и како второ дали ќе имаш време да ги поминеш сите групи мускули во една недела.
Па планирам да одам 3 пати неделно, значи таман време ќе имам секој тренинг една група.

А целта не ми е нешто којзнае каков да се направам, чисто онака малку затегање. Значи повеќе накај фитнес, а не ептен билдинг.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Па планирам да одам 3 пати неделно, значи таман време ќе имам секој тренинг една група.

А целта не ми е нешто којзнае каков да се направам, чисто онака малку затегање. Значи повеќе накај фитнес, а не ептен билдинг.
Најголема глупост е тоа што некои мислат дека со дигање на килажи и тегови ќе се направат билдери,или ќе станат големи.Значи да појаснам едно нешто,мускулното ткиво полесно и побрзо согорува калории,него масното.Слободни вежбај си со килажи,нема да станеш билдер.:)
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Најголема глупост е тоа што некои мислат дека со дигање на килажи и тегови ќе се направат билдери,или ќе станат големи.Значи да појаснам едно нешто,мускулното ткиво полесно и побрзо согорува калории,него масното.Слободни вежбај си со килажи,нема да станеш билдер.:)
Да, де јасно ми е дека за 3 месеци нема да станеш огромен :) Него муабетот ми е не сакам нешто посебно да зголемам рамо, бицепс, трицепс, него повеќе да ги дефинирам. Во тој смисол мислев повеќе фитнес, него билдинг.

А тој линкот што ми го прати претходно, гледам комбинирани се бицепс/грб и трицепс/гради, а се мислам дека периодот кога одев во теретана повеќето работеа обратно.
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Да, де јасно ми е дека за 3 месеци нема да станеш огромен :) Него муабетот ми е не сакам нешто посебно да зголемам рамо, бицепс, трицепс, него повеќе да ги дефинирам. Во тој смисол мислев повеќе фитнес, него билдинг.

А тој линкот што ми го прати претходно, гледам комбинирани се бицепс/грб и трицепс/гради, а се мислам дека периодот кога одев во теретана повеќето работеа обратно.
Друже јас си вежбам гради-бицепс, грб-трицепс и нозе со рамо. Така ми одговара највеќе и така си терам. Пробај си една недела вака една недела обратно па види како ќе се осеќаш. Ти сам ќе си видиш најубаво. А ако сакаш за дефиниција прави си кардио и пази на исхрана. Ова со килажите полека ќе си почнеш со нешто лесно првата недела-две па после качивај малце по малце. Позз
 
Јас ти го пратив тоа дека се опширно прикажани вежбите,и дека тие се едни од подобрите,секако ќе си правиш ти варијации во однос на твоите способности и желби нели...

Ти можеш овака да вежбаш :
1.пон.- гради и бицепс
2.среда - рамо и нозе
3.петок - грб и трицепс

Стомачните ќе ги вметнеш кај сакаш,2 пати неделно ти е најоптимално.И ако сакаш повеќе чист да си,ќе си правиш 2-3 пати неделно кардио,најпрепорачливо ти е на гладно.Позз
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Друже јас си вежбам гради-бицепс, грб-трицепс и нозе со рамо. Така ми одговара највеќе и така си терам. Пробај си една недела вака една недела обратно па види како ќе се осеќаш. Ти сам ќе си видиш најубаво. А ако сакаш за дефиниција прави си кардио и пази на исхрана. Ова со килажите полека ќе си почнеш со нешто лесно првата недела-две па после качивај малце по малце. Позз
Знам за килажата, а и не е преголем проблем зашто и дома си вежбам со тегчиња за да не бидам ептен надвор од форма. Ама сепак друго е во теретана, повеќе опции, а и дома често ме фаќа мрза, вака кога веќе сум отишол таму.

А исхраната е проблем веќе :) Секој ден морам нешто благо да каснам, леб јадам многу, не пијам многу вода, често јадам пржен компир и чипсови - во превод се обратно од правилен режим на исхрана ако веќе сакаш да билдаш :)
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Знам за килажата, а и не е преголем проблем зашто и дома си вежбам со тегчиња за да не бидам ептен надвор од форма. Ама сепак друго е во теретана, повеќе опции, а и дома често ме фаќа мрза, вака кога веќе сум отишол таму.

А исхраната е проблем веќе :) Секој ден морам нешто благо да каснам, леб јадам многу, не пијам многу вода, често јадам пржен компир и чипсови - во превод се обратно од правилен режим на исхрана ако веќе сакаш да билдаш :)
Те сфаќам за исхранава исто и кај мене беше си вежбав ама не пазев на исхрана. Сега многу повеќе пазам на исхрана затоа што земам креатин и протеин. Да ти кажам дека многу повеќе сила ќе имаш ако можеш (барем да пробаш:pos2::) да исфрлиш бел леб, газирани сокови и благо од исхрана
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
Можи некој да ми кажи ако знај имам еден проблем ... Сакам да одам втеретана и имам пробано неколку пати .. ама ми течи крв од носо од кревањето тежини .. на доктор немам појдено па некој ако знај да ми кажи некое решение ?
 
-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Да прашам нешто во врска на дигање килажа во домашни услови нешто како природен протеински шејк без протеин во прав . Ако знае некој да ми каже иначе вежбам дома со тегчиња и склекови така некој основни вежби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom