Види, иам 96 кг ама градбата ми е таква, имам и салце и сакам да се исчистам и дефиниција. Мускулите се тука, само треба да се покажат.
У овој случај дали треба да се оптеретувам со протеини?
Вака сеа ќе ти објаснам. Коа слабееш, топиш масти И МУСКУЛ. Тоа е неизбежно.
Чим тоа го сфативме, идеме следно. Протеинот работи како храна на мускулот или у превод, превенција за трошење или храна за растење.
Со оглед на фактот дека слабееш ќе работи како првичното, или превенција за трошење, и тоа нема да го нулира трошењето на мускулот, само ќе го минимизира.
Потребниот дневен протеин (или МИНИМУМ) за нормална здрава исхрана со нормално 3 пати неделно кардио, 3пати неделно тежински вежби, е 1 грам по кило тежина, или ако имаш 96 кила, тоа се 96 грама протеин, или 24 белки (верувам не си јадел толку).
Затоа, јади повеќе пилешко варено, по 150-200 грама, јади белки ко што си јадеше до сеа, додади риба (морската е побогата со омега3), грицкај бадеми (сето тоа контролирано) и моеш лесно да стигнеш до 12-30 грама протеин на ден, што за слабеење е таман бројка.
Дефиниција се добива со повеќе репетиции средна тежина, мада за да имаш дефиниција треба да имаш мускул, така да моеш да комбинираш некад 8-10 репетиции со голема тежина (последните 3 репа да те уморуваат ептен), некогаш со средна тежина 30-тина репетиции - така ќе тонираш и дефинираш.
Или златна средина, 3х15 тежински вежби.
Немој да ги скокаш тежинските вежби, пошо глеам си пишал точак секој ден. Само со кардио нишо не праиш.
Само со тежински - исто така.
Комбинација од двете - одлично.