Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав, некој да не знае каде може да се направи проверка на тестостерон, total and free testosterone,во приватни или државни лабаратории?
 
Во приватните кај нас имаш само total тестостерон, за free можеш да израчунаш само ти треба и дополнителна анализа на SHBG и Albumin.
 
Здраво, ми треба совет за вежбање, имам 41г, сакам да смалам килажа посебно на стомакот, почнав со вежбање во теретана и планирам 1-2 месеци само кардио пред се трчање а потоа комбинирамо кардио и вежби на справи.
Пред се целта ми е побрзо намалување на обемот на стомакот, имам 99 кг,ја намалив исхраната која знам дела е клучна за ова.
Некој совет од поискусни во ова по која насока да се движам за да добијам најдобри резултати.
Дали да се ослонам најмногу на кардио некој период па потоа комбинирано (знам дека не треба да се занемари работата на мускулите) или нешто друго.
 
Да средиш исхраната, да бидеш во калориски дефицит (трошиш повеќе него што јадеш) и да се фокусираш главно на тежински тренинг а не на кардио. Кардио е само дополнителна алата за зголемување на потрошувачката. Првиот месец не ни мора многу да форсираш кардио, понатака ќе додаваш постепено при стагнација и кога ќе престане напредокот.
 
Ако влезе во калориски дефицит и почне кардио, му давам две недели максимум дека ќе издржи.
 
само да пешачиш дневно по пола саат/саат е доволно да намалиш. Тоа уз попосна исхрана и помал внес на јаглехидрати ќе направи да изгубиш доста кила на поздрав начин него со диети или зноење ко коњ.
 
Здраво, ми треба совет за вежбање, имам 41г, сакам да смалам килажа посебно на стомакот, почнав со вежбање во теретана и планирам 1-2 месеци само кардио пред се трчање а потоа комбинирамо кардио и вежби на справи.
Пред се целта ми е побрзо намалување на обемот на стомакот, имам 99 кг,ја намалив исхраната која знам дела е клучна за ова.
Некој совет од поискусни во ова по која насока да се движам за да добијам најдобри резултати.
Дали да се ослонам најмногу на кардио некој период па потоа комбинирано (знам дека не треба да се занемари работата на мускулите) или нешто друго.
Битно е да се движиш, небитна е насоката, само не седи :D
 
Ако влезе во калориски дефицит и почне кардио, му давам две недели максимум дека ќе издржи.
Добро бе зашто да не издржи, не го праќаме човекот во војна, кога имаш цел и сакаш да оствариш резултати ќе запнеш малце. И килограмите што си ги добил вишок не се добиени само преку ноќ.
 
Секој што влегол во теретана со цел побрзо да заврши нешто, не завршил ништо.

Вежбање на ново е тешко само по себе, кога на тоа ќе додаде и калориски дефицит според мене нема да тера далеку, можам да ти се кладам за ова.

Најдобро му е или калориски дефицит и секојдневно пешачење или да внесува доволно калории и да оди во теретана.

Ама и за едното и другото да покажат резултати треба време.

Го пропуштил возот за летово да намали килажа, здравје до другото.
 
Да средиш исхраната, да бидеш во калориски дефицит (трошиш повеќе него што јадеш) и да се фокусираш главно на тежински тренинг а не на кардио. Кардио е само дополнителна алата за зголемување на потрошувачката. Првиот месец не ни мора многу да форсираш кардио, понатака ќе додаваш постепено при стагнација и кога ќе престане напредокот.
Фала за советот. За Кал дефицит треба точно да бројам колку калории сум потрошил во вежбање а колку сум внел со исхрана или?
Ако кардиото е за зголемување на потрошувачката зошто не би ја користел паралелно да речиме 30 мин кардио 30 мин тежински вежби во еден ден така 3-4 пати неделно, не би имал така подобри резултати?
 
Би имал, ама пробај како што ти кажаа, не брзај. Сега ако фатиш да јадеш здраво, во калориски дефицит, со тежински тренинзи, нема да ти се верува за колку брзо ќе ти се преобликува телото, а кога тоа ќе запне, тогаш ќе убациш кардио.

Изгуглај “rotacija uh realxm3forum” и фрли се на читање:)
 
Предлог за персонален тренер во Скопје? По можност некој што има свое студио, или некое место каде што ке има малку луѓе, нешто слично како МојТренер.
 
Бодибилдинг, или може и кросфит?
 
Бодибилдинг, или може и кросфит?
Повеќе ме влече накај бодибилдинг. Сите видеа што сум ги видел за кросфит биле еден куп брзи, експлозивни вежби со еден куп кардио. Немам јас кондиција за такво нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom