Прецизно тешко да измериш, а колку ќе потрошиш зависи од многу фактори: возраст, мускулна маса, интензитет, волумен, време, мускулна група...кај кардио јас се осврнувам со мала резерва на тоа што го пишува од зададените вредности на степер/орбитрек/лента/точак.
Кај мене лично ми доаѓа по 300-400ккал за 1час (ова сум го забележал според броење на калории и кога се чистам, средна вредност земена за период од 2 недели), најмногу се трошат за време на нозе/грб, најмалку кога вежбаш раце, но сепак пак зависи од факторите што ги пишав погоре.