Кога се загреа дискусијата за кој каков протеин пие/купил, неколку прашања за сите.
1. Колку грама протеин внесуваш на кило телесна тежина? Дали си пробал со пониска количина од тоа, на колку време и какви резултати си добил?
2. Зошто пиеш протеин? Рекла казала муабети од теретана/форуми/реклами или поради реална потреба? Дали е ова поврзано со наводно големата потреба на протеин за ставање на мускул (она 2kg/kg што е кажано на секој странски ББ форум на пример)?
3. Дали сметаш дека проблемите со дигестија (мека столица, подуен стомак) се знак дека телото се согласува со протеинот?
4. Какво е твоето познавање за исхраната? Од каде е стекнато ова знаење?
5. Последното и најважно, поврзано со првото. Дали сметаш нека имаш предност/повеќе резултати од некој што не пие протеин?
1.За време на маса над 1.5-2гр по телесна тежина, додека се чистам (особено ако е кето диета) од 2.5-3.5 гр по кг телесна тежина. Пробано понизок внес, резултатите се прилично послаби и не ми ги задоволуваат моите лични апетити, т.е потешко стигам до излгедот што ме исполнува.
2.Протеин пијам само ако начекам ефтин, т.е секогаш начекувам од стандардни извори, а го пијам бидејќи немам време да готвам 5 оброци доста време сум на работа, а кога се чистам ми спасува прилично на калориски внес.
Жалосно е што кај нас протеинот се смета за луксуз, а надвор од земјава е нормална потреба, но таму канта протеин значи половина дневница, а тука значи неделна плата.
3.Лично немам проблем со дигестија на скоро никој протеин, сум пиел и концентрат, изолат, казеин, од жито, од месо, соја, јајца, па дури и со поминат рок, а не сум имал мака.
Маката најчесто ја имаат поради нетолеранција на лактоза, иако може да биде и поради некој засладувач.
4, Задоволително, во глобала добиено од странска литература, дел од Тудор Бомпа, Вилијам Левелин, Чарлс Глас, Ли Лабрада, Џорџ Фарах, Рон Нораман, Мајк Менцер.... а дел и од програми на профи билдери (Бен Пакулски, Грег Плит, Дориан....), македонска и да сакаш тешко дека ќе најдеш.
5.Последното прашање е без врска, ако ти внесеш доволно преку храна не ти треба протеин додатно, плус и многу е глупаво да се споредуваш со било кој друг (различна генетика, различен метаболизам, сосема поинаков баланс на хормони, сосема поинаков стил на живот).
Се што фали треба да се надохнади, што во суштина е релативно што фали и какво тело е добро, секој е задоволен со различно, секој има различни цели и амбиции.