Додаток во исхрана, суплементи како што повечето љубат да ги нарекуваат, неможеш да внесеш без потребно решение за увоз. По закон. Тоа што во пошта сеуште нема контрола од страна на инспектори на агенцијата за храна е проблем кој се надевам дека ќе си го решат во скоро време. За разлика од граничен премин, каде и тамо се се сведува на добра воља на царинскиот службеник, но по правило без соодветна документација не би требало да помине.
Јас сум имал случаеви каде бизнис партнери носеле тестери, примероци за маркетинг, па имале проблем со нивно пренесување. Можеби од причина што тие на број биле 50-тина, но на килажа се смешно споредливи со било кое пакување што ќе го порачате.
Можам да ве разберам да порачувате работи кои кај нас за жал ги нема и е многу потешко да се регистрираат и увезат. Но, неможам да ве сватам да порачувате основни нешта, како протеин или гејнер и слично. Има доста добра понуда и кај нас.