Бодибилдинг дневник

G

garthok

Гостин
Прегледај го приврзокот 115939

Пуна канта протеин, ама буквално :LOL:

Да споделам кратко мислење за нутриционистичкиве продавници кај нас во Скопјево, не дека некој го боли ваквото..

Како и да е, јесда уште неам ни 18 години и сум копиљ за постариве фаци по продавнициве, знам што сакам и не дозволувам некој да ми продава муда за бубрези. Пошто располагам со доста тенок буџет, и за разлика од тие на мои години што мама и тато им зимаат се што ќе посаќаат, ја сум научен уште од помал да си работам за тоа што ми треба, така да го купувам САМО тоа што ми треба.

Прва дестинација, едит - не пишувам име да не испадне серам репутација. Влагаме внатре со другарот што ќе делиме по пола, и не сме ни пречекани ни со едно обично "здраво". Сигурно типот што работеше внатре помисли дека неаме поима што бараме тука па нема ни да се замара да ни продаде нешто. Сепак тој што беше со мене е брз на уста ама поспор на мозок, почна да прашуе за некои суплементи дур ги читав вредностите на едно протеинче. Ваљда тука продавачот укопча дека му е прилика да наметне некој продукт што уопште не ни треба, и почна да објаснуе како тој протеин имал боље вредности од било кој друг кај нас, немал филери, бил тестиран вака така онака, што ми дое смешно. Дур си објаснуеше, отворив на интернет повеќе информации за продуктот, и само чекав да видам до кај ќе иде со глупостите што му искачаа од уста, да видам колку далеку идат. Сега ми е јасно како еден познаник земал пола кило декстроза без да знае што е тоа.. срамота. Ми текнува уште проба да ни дае попуст од МАГИЧНИ 100 денари!

Втора дестинација, дечкото што работеше внатре мислам дека денот му се укења кога виде дека помлади личности се приближуваат накај неговата продавница. Незаинтересиран ни да објасни што како, али добро е, спомна барем дека е на попуст од 2800 на 2400. За жал, тоа беше најдобрата опција за делење што ја најдовме со другарот, па моравме да зееме од таму. Тој што работеше внатре, кога му спомнавме дали би сакал да ни измери по 1.150кг за по пола да поделиме, културно не одјеба демек "немало" вага кај нив, што ми дое смешно.

Ме интересира, дали генерално сите продавачи во вакви продавници се полу/целосно дегени? Ги интересира нешто друго освен профит? Главна причина зашто ги пофалив PBC во некоја друга тема беше затоа што за разлика од другиве сељаци тука, место да ми наметнат продукт уствари ми рекоа почекај, рано ти е, што значи колку толку ги интересира за доброто на клиентелата.
Не купувај од таму ако намирисаш дека се такви, ја така сегде правам ако е лоша услугата. Сум купил само од пбц и за човекот така малце постар во години пофални зборови може едно 30 мин. ми објаснуваше реално (онака ко на дебил) и не се двоумев воопшто дали да купам од таму.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.184
Поени од реакции
836

Работата во случајов беше што за тие скромни пари стварно немаше подобра опција во однос % на протеин во 100 грама, највероватно зашто на попуст беше тука продуктот. Али па затоа иден муштерија си изгубија, а ќе изгубат и уште неколку постоечки муштерии пошто имам познаници што зимаат од таму.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.883
Поени од реакции
13.454

Другар не е во ред да се цитира во оваа тема, али ме испровоцира малку со постов. Реално во Македонија ќе ти потечат јајцата додека да му продадеш на некој килограм протеин, посебно на дечки кои се слаби со пари и на твојата возраст генерално. Реално тој не зависи од такви муштерии како тебе, муштерии кои ќе направат месечно 1500 денари промет, од кои во зависност од суплементот дали и 1/3 одат за него, во време кога сите сакаат да станат Лазар Ангелов има да ти влезат еден куп такви во дуќан. Бев во овој бизнис и често павлака ми фаќала уста од објаснување за на крај да ми кажат дека само прашуваат и после одреден период ќе ти докурчи (а да не ги споменувам примерите кои ќе ти кажат на крај ова е штетно и затоа не го пијам, а го јаде газот да направи тело и прашува). Еве ти пример, јас набавувам од кај мој човек кој има и пониски цени, плус на одредена сума на пари имам и попусти (да не ги спомнувам јавно колку проценти), наоѓам уште неколкумина кои ги познавам и правиме одеднаш минимум 200евра промет, плус одам и знам што сакам да купам, не го замарам кој продукт за што е. Да си на негово место дали ќе обрниш повеќе внимание на некој кој едвај искубува од неговите пари теретената да си ја плати и да купи пола кило креатин во 3 месеци или пак со некој кој ти е редовен и скоро секој месец ти прави промет од над 10к? Во помали населени места можеби ќе најдеш некој да ти го подели на вага, али некој кој мора да направи промет од 15 000 денари дневно за да покрие сметки и дуќан, а и да извади некој денар за себе тешко дека ќе се ебава со деца и да им мери протеин.
П.С немора да го мериш на вага туку со дозерката во истиот едно тебе-едно мене, сум делел неколку пати, ја полниш рамно и нема да се украдете (а и да има една дозерка на крај повеќе не биди ситничар, јбг за другар ти е, взаемна услуга си правите :) )
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.391
Другар не е во ред да се цитира во оваа тема, али ме испровоцира малку со постов. Реално во Македонија ќе ти потечат јајцата додека да му продадеш на некој килограм протеин, посебно на дечки кои се слаби со пари и на твојата возраст генерално. Реално тој не зависи од такви муштерии како тебе, муштерии кои ќе направат месечно 1500 денари промет, од кои во зависност од суплементот дали и 1/3 одат за него, во време кога сите сакаат да станат Лазар Ангелов има да ти влезат еден куп такви во дуќан. Бев во овој бизнис и често павлака ми фаќала уста од објаснување за на крај да ми кажат дека само прашуваат и после одреден период ќе ти докурчи (а да не ги споменувам примерите кои ќе ти кажат на крај ова е штетно и затоа не го пијам, а го јаде газот да направи тело и прашува).
Однапред да се извинам на цитирање во темава.
Него, вработениот е на позицијата за да се објасни и време да посвети на муштеријата иако може ќе или нема да купи продукт од илјада денари. Тоа му е работната позиција. Јебемга, луѓе сме, скурчува и него не му зависи егзистенцијата од тие 200 денари профит, свесен сум, ама реално, покрај тоа зборење кои други обврски ги има вработениот во продавницата? Да е касиер? Со причина се бараат луѓе со предзнаења од област на нутриција и бодибилдинг да се вработени на такви позиции.
Од кај знаеш дека баш тоа дете денес што ќе ти купи прв протеин по пола, нема за 2-3 месеци на регуларна база да купува протеин/креатин/нитроксид или било што? Еве PBC се испонашале најкоректно со него, и дечкото верувам следен месец кога пак ќе реши да земе протеин пак би се одлучил ради позитивното искуство кај нив директно да отиде.

Неисе.
Кога веќе пишам на темава, периодов мал куп мали повреди што ми влијаат на тренингот.
Ама добро е, мртвото сум си на PR иако Squat-от ми е катастрофа, заглавив на 100 и ситно кила.
А од бенчот у депресија сум, искрено.
Од неделава 2 тренинга на гради неделно имам (добро 1.5 тренинг гради) па да видам дали ќе биде ефективно на мое тело.

Сега и чистење треба на 20.03, па да видиме резултати за 6 недели со HIIT кардио.
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.184
Поени од реакции
836
Другар не е во ред да се цитира во оваа тема, али ме испровоцира малку со постов. Реално во Македонија ќе ти потечат јајцата додека да му продадеш на некој килограм протеин, посебно на дечки кои се слаби со пари и на твојата возраст генерално. Реално тој не зависи од такви муштерии како тебе, муштерии кои ќе направат месечно 1500 денари промет, од кои во зависност од суплементот дали и 1/3 одат за него, во време кога сите сакаат да станат Лазар Ангелов има да ти влезат еден куп такви во дуќан. Бев во овој бизнис и често павлака ми фаќала уста од објаснување за на крај да ми кажат дека само прашуваат и после одреден период ќе ти докурчи (а да не ги споменувам примерите кои ќе ти кажат на крај ова е штетно и затоа не го пијам, а го јаде газот да направи тело и прашува). Еве ти пример, јас набавувам од кај мој човек кој има и пониски цени, плус на одредена сума на пари имам и попусти (да не ги спомнувам јавно колку проценти), наоѓам уште неколкумина кои ги познавам и правиме одеднаш минимум 200евра промет, плус одам и знам што сакам да купам, не го замарам кој продукт за што е. Да си на негово место дали ќе обрниш повеќе внимание на некој кој едвај искубува од неговите пари теретената да си ја плати и да купи пола кило креатин во 3 месеци или пак со некој кој ти е редовен и скоро секој месец ти прави промет од над 10к? Во помали населени места можеби ќе најдеш некој да ти го подели на вага, али некој кој мора да направи промет од 15 000 денари дневно за да покрие сметки и дуќан, а и да извади некој денар за себе тешко дека ќе се ебава со деца и да им мери протеин.
П.С немора да го мериш на вага туку со дозерката во истиот едно тебе-едно мене, сум делел неколку пати, ја полниш рамно и нема да се украдете (а и да има една дозерка на крај повеќе не биди ситничар, јбг за другар ти е, взаемна услуга си правите :) )
Однапред да се извинам на цитирање во темава.
Него, вработениот е на позицијата за да се објасни и време да посвети на муштеријата иако може ќе или нема да купи продукт од илјада денари. Тоа му е работната позиција. Јебемга, луѓе сме, скурчува и него не му зависи егзистенцијата од тие 200 денари профит, свесен сум, ама реално, покрај тоа зборење кои други обврски ги има вработениот во продавницата? Да е касиер? Со причина се бараат луѓе со предзнаења од област на нутриција и бодибилдинг да се вработени на такви позиции.
Од кај знаеш дека баш тоа дете денес што ќе ти купи прв протеин по пола, нема за 2-3 месеци на регуларна база да купува протеин/креатин/нитроксид или било што? Еве PBC се испонашале најкоректно со него, и дечкото верувам следен месец кога пак ќе реши да земе протеин пак би се одлучил ради позитивното искуство кај нив директно да отиде.
Одлично кажано @Misery, тоа ми беше и муабетот. Прв пат ми беше да зиам канта протеин и бев разочаран максимално од услугата, а воедно ми беше и прв пат да шетам по вакви продавници низ Скопје за да соберам искуства. Тие 1500 што ги добил од мене тој ден можеби ќе ги добиеше пута 4 за месец/година, али изглеа фаците не размислуваат за "in the long run". Како и да е, затоа јас пишав во темата, ме интересираа искуства од други помлади членови, затоа што не секој "сака да биде Лазар Ангелов" туку некои и на овие години има реални цели и вложува труд, а знам јас лично за мене знам дека ако некој си ја врши работата како што треба, не му се превртуваат очите кога некој доаѓа да остави пара кај него, дека ќе се вратам во таа продавница.

Мене не ме интересира дали оставам 1500 или 20 000 кај него во продавница, колку профит треба он да напраи, туку ме интересира односнот продавач/купувач што очигледно е на многу ниско ниво кај нас.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.883
Поени од реакции
13.454
Однапред да се извинам на цитирање во темава.
Него, вработениот е на позицијата за да се објасни и време да посвети на муштеријата иако може ќе или нема да купи продукт од илјада денари. Тоа му е работната позиција. Јебемга, луѓе сме, скурчува и него не му зависи егзистенцијата од тие 200 денари профит, свесен сум, ама реално, покрај тоа зборење кои други обврски ги има вработениот во продавницата? Да е касиер? Со причина се бараат луѓе со предзнаења од област на нутриција и бодибилдинг да се вработени на такви позиции.
Од кај знаеш дека баш тоа дете денес што ќе ти купи прв протеин по пола, нема за 2-3 месеци на регуларна база да купува протеин/креатин/нитроксид или било што? Еве PBC се испонашале најкоректно со него, и дечкото верувам следен месец кога пак ќе реши да земе протеин пак би се одлучил ради позитивното искуство кај нив директно да отиде.

Неисе.
Кога веќе пишам на темава, периодов мал куп мали повреди што ми влијаат на тренингот.
Ама добро е, мртвото сум си на PR иако Squat-от ми е катастрофа, заглавив на 100 и ситно кила.
А од бенчот у депресија сум, искрено.
Од неделава 2 тренинга на гради неделно имам (добро 1.5 тренинг гради) па да видам дали ќе биде ефективно на мое тело.

Сега и чистење треба на 20.03, па да видиме резултати за 6 недели со HIIT кардио.
Хаха, се согласувам дека тоа му е работа, али знаеш од каде ќе купи малиот следен пат? Од таму каде што ќе му дадат попуст и пак се сведува на моето дека тој што има пари ќе купи од кај што му обрнале внимание (а обично се осеќа таков уште кога влегува), а дечки на оваа возраст кои само прашуваат има еден куп.
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.184
Поени од реакции
836
Хаха, се согласувам дека тоа му е работа, али знаеш од каде ќе купи малиот следен пат? Од таму каде што ќе му дадат попуст и пак се сведува на моето дека тој што има пари ќе купи од кај што му обрнале внимание (а обично се осеќа таков уште кога влегува), а дечки на оваа возраст кои само прашуваат има еден куп.
Ако под "малиот" мислеше на мене, тогаш гадно си се заебал пошто уопште не ме знаеш, а неможеш да генерализираш луѓе толку лесно.

Како и да е, секој со своето.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.883
Поени од реакции
13.454
Ако под "малиот" мислеше на мене, тогаш гадно си се заебал пошто уопште не ме знаеш, а неможеш да генерализираш луѓе толку лесно.

Како и да е, секој со своето.
Другар не генерализирам, самиот пред неколку постови пиша дека си слаб финансиски. И јас не сум чорбаџија, али сум вработен, плус работам уште 10 работи други паралелно и излегува по некој денар за суплементи. Али ти кажувам како стојат работите, не дека нема 18годишни подуенковци и мамини-татини мази кои добиваат џепарац повеќе него јас плата месечно, али таквите се познаваат уште кога влегуваат на врата. Ако сметаш дека не те услужиле како што треба не влегувај повеќе, али да ми веруваш кога ќе дојде следно купување, пак ќе се распрашаш каде има попуст и најниски цени и пак таму ќе одиш (па макар предходно и здраво не ти рекле).
 
Не си во право, не е битна возраста кога се работи за професионалност. Негова должност е да објасни без разлика дали клиентот ќе купи, башка он не заработува на успешна зделка како и да е ќе си ја добие платата на први. И да не купи он може ќе купи во иднина негов брат, татко, пријател... Еве ја на пример седнав пред некој месец во едно кафанче Рустикана, го чекав келнерот со саати, услуга 0 и за тоа никад веќе. Јебига ставови али тие ставови makes you stronger. :)
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.184
Поени од реакции
836
Ваљда е тој дел од месецот кога кризирам како луд, али нема везе. Викаат полесно било ако испуштиш малце, па да видиме. Може и некој совет ќе добијам.

Да му ебам мајката да му ја ебам. Жими се фрустрации ме рокаат. Колку е факин ебано чувството, кога си по-посветен од 90% од фаците на твоја возраст, 6 дена у недела по 2+ саата се оставаш у теретана/шипки, џанк фуд не си доближил до уста, а нешто, за кое што не си ни САМИОТ факинг крив, те навраќа и ти ебе самодоверба. Станува збор за факинг gyno, не толку опасен случај, ама тука е.

Не разбирам едноставно, дури и мотивацијата ми е срамнета. Пред и официјалната дијагноза, кога ќе споредев слика од недела у недела, месец у месец напредок, се осеќав како да имам појачана сила. Сега ништо не ме дига. Да не бев дојден до степенот кога не идеш ради мотивација да вежбаш туку идеш ради рутина, можеби и дома ќе седев. Али џабе зборам, доколку не искусил некој на своја кожа како е, можеби дури и ќе се чуди што кур зборам. Стигнат сум до степен и кога у мои очи е 100 пути полошо него што стварно е. А да, да не заборавам, 6 месеца треба да бидам без пилешко, јајца, млеко. СУПЕР! Основите на било која диета.

Тоа е, сигурно има утицај што на 13-14 години имав 87 кила. До негде сам сум крив ваљда. Али малце сурово враќа :) Доволен доказ колку ме јебе е што за прв пат у живот седнуем на форум и јадам говна сам за себе, у надеж дека ќе ме разбере некој и протурка малце. Piece of shit.

Сличе за споредба од почеток на лето (мислам тогаш беше) до сега, кога ја гледам сликата мислам дека уште тогаш има знаци на puffiness.

Член од
13 јули 2010
Мислења
1.079
Поени од реакции
446
Ваљда е тој дел од месецот кога кризирам како луд, али нема везе. Викаат полесно било ако испуштиш малце, па да видиме. Може и некој совет ќе добијам.
не се замарај психата е лоша работа, како што кажа си бил дебел тоа е една причина си имал повеќе масти и естрогени проблеми поголема конверзација на естроген, со тек на време кога градите ке ти пораснат како мускул, се помалку и помалку ке ти се познава, после дефиниција и уште помалце. Околу 80 посто машките имаат мала гинекомастија во пубертет на пола им се губи целосно а на другите им останува по некој дел така да секој втор има по некој дел. Градите мускулот не ти е сега ни 20% од тоа што може да ти биде во следните 2-3-4 години со што може скоро и да не се познава .... keep the work up
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.705
Поени од реакции
1.616
Другар,не се откажувај и врати се што побрзо психички.Физичката борба ќе ја добиеш,ама психичката е пресудна.

Јас на мои 16 години доживеав тешка сообраќајка,возев мотор и ме акна љочкар од батинци,летав 20 метри...бев во несвест,за среќа се разбудив на лице место,кога дојде џандарот само ме погледна,се издиша и тргна да застанува сообраќај.Брзата помош на интензивна збореа меѓу себе,веројатно мислеа дека не сум свесен,пошто ништо не ми ни збореа по пат,се борев да не затворам очи,беа жена и маж и жената му вика,ќе преживее ли ? машково и вика-па ние направивме се што можеме.Лежев два месеци дома,кога ќе стапнев се осеќав како да лебдам на земјата,потоа тетка ми која работи исто во брза помош а маж и е хирург,кога разговарале со колегите на интензивна и од брзата помош,се чуделе како сум преживеал...истото и џандарите во станица кога идел татко ми по записникот.Така да можеш да замислиш колку било сериозно.Тогаш,бев во врвна форма,на 16 години,да.Нов пц имам,ќе поставам слики ако сакаш утре од лап топ да видиш...и што се деси,лежев 2 месеци,цело лето,паднав скроз,ослабев,ни М од мускул на мене...потоа почнав лагано,вежбав 2 месеци,но јбг мора да има последици од таква сообраќајка...рамењата,посебно едното,цели 2 месеци не можев да легнам на него од болка,па така после тие 2 месеци вежбање,бев на снимање за рамото,истегнати лигаменти сум имал,па паузирав...уште толку паднав психички,дојдоа празници бадници и ред други работи,се здебелив цели 12-13 кг.Почнав да вежбам тек година после тоа,и еве сега уште се враќам,уште не сум ја постигнал посакуваната форма,иако на килажи накачив по 20 кг на бенџ,мртво 60 кг,чучањ 40 кг,ама формата уште не стига.

Како и да е не се откажувам,немој ни ти,твојот проблем е далеку по мал од мојов,така да go on. ;)
 
G

garthok

Гостин
Ваљда е тој дел од месецот кога кризирам како луд, али нема везе. Викаат полесно било ако испуштиш малце, па да видиме. Може и некој совет ќе добијам.

Да му ебам мајката да му ја ебам. Жими се фрустрации ме рокаат. Колку е факин ебано чувството, кога си по-посветен од 90% од фаците на твоја возраст, 6 дена у недела по 2+ саата се оставаш у теретана/шипки, џанк фуд не си доближил до уста, а нешто, за кое што не си ни САМИОТ факинг крив, те навраќа и ти ебе самодоверба. Станува збор за факинг gyno, не толку опасен случај, ама тука е.

Не разбирам едноставно, дури и мотивацијата ми е срамнета. Пред и официјалната дијагноза, кога ќе споредев слика од недела у недела, месец у месец напредок, се осеќав како да имам појачана сила. Сега ништо не ме дига. Да не бев дојден до степенот кога не идеш ради мотивација да вежбаш туку идеш ради рутина, можеби и дома ќе седев. Али џабе зборам, доколку не искусил некој на своја кожа како е, можеби дури и ќе се чуди што кур зборам. Стигнат сум до степен и кога у мои очи е 100 пути полошо него што стварно е. А да, да не заборавам, 6 месеца треба да бидам без пилешко, јајца, млеко. СУПЕР! Основите на било која диета.

Тоа е, сигурно има утицај што на 13-14 години имав 87 кила. До негде сам сум крив ваљда. Али малце сурово враќа :) Доволен доказ колку ме јебе е што за прв пат у живот седнуем на форум и јадам говна сам за себе, у надеж дека ќе ме разбере некој и протурка малце. Piece of shit.

Сличе за споредба од почеток на лето (мислам тогаш беше) до сега, кога ја гледам сликата мислам дека уште тогаш има знаци на puffiness.

Психата е заебана работа, не дозволувај да те кутне :) Проблемот е што премногу се замараме за некои работи и затоа што мислат за нас, дали не гледаат како што ние сакаме итн. Никој не е совршен, освен Лазар Ангелов :) али затоа тешко дека таквите ко него би дочекале длабока старост. Сè си има цена.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.184
Поени од реакции
836
Fala vi mnogu na zborovite momci, da ste mi zhivi i zdravi. Treba da najdam malce vreme da si gi smiram mislite, poleka vrakjanje na prav pat.

Ubavo pisha jetkunedo, ima mnogu polosho od ova ja shto go imam, ali se sobira.

Fala vi ushte ednash.

Sent from my D5103 using Tapatalk
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.705
Поени од реакции
1.616
@-x- еве ти споредба... 1364059473910.jpg 2012-12-03 11.19.59.jpg форма на 16 години,потоа еве слика после 2-3 месеци од сообраќајката POSLE SOOBRAKAJKA.JPG ,ослабен али сепак боље од оваа форма 20140430_000110.jpg е тука веќе имам натепано килажа,целосно паднав психички,а еве ме моментална форма 11046986_10206157662844411_1742220094_n.jpg 11068823_10206157662444401_1495676200_n.jpg 11076607_10206157662764409_2066025485_o.jpg
далеку од таа форма,али има време,не се откажувам.Така да,спореди го твојот проблем со мојот и ќе сфатиш дека треба уште одма да станеш и да идеш да вежбаш
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom