Justice for All
Tempus fugit
- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 1.372
- Поени од реакции
- 85
Ова е како да прашаш што е подобро да имаш, шољата или чајот во неа. Јас сакам да пијам чај, ама без шоља ќе ми биде многу тешко. А празна шоља без чај не ми вреди ништо, освен што би ми се нашла во иднина ако најдам чај.Кинеска мудрост за парите ...
Со парите можеш ...
... да купиш куќа, но не и удобност;
... да купиш кревет, но не и сон;
... да купиш часовник, но не и време;
... да купиш книга, но не и знаење;
... да купиш функција, но не и почит;
... да купиш доктор, но не и здравје;
... да купиш душа, но не и живот;
... да купиш секс, но не и љубов.
Е сега, би живееле како сиромав човек исполнет со нематеријални задоволства, или повеќе би биле богаташ, да купувате све што можете да замислите но без среќа? Или може има такви богаташи среќни?
И двете се неопходни. Не сакам да избирам ама ако морам би избрал да бидам сиромашен, зошто тие вистински вредности се многу потешки за добивање одколку материјалните. Тешко е како богаташ да најдеш витински пријател или некој што ќе те сака заради тебе.