Богат сиромав или сиромашен богаташ?

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Тотално погрешно според мене-тогаш ајде сите да бидеме сиромашни -тогаш сите би биле среќни?Се е до карактерот на човек-ако дозволиш да ти сметаат праите -онда си наебал...а ако знаеш да бидеш среќен и со пари и без пари ќе бидеш среќен-тогаш парите ќе ти бидат еден плус...
Парите се само изговор на сиромашните и несреќни луѓе за својата несреќа .
Сигурна си?? Ајде да те видам да немаш пари,да не искачаш..Да немаш нова облека патики..Другарите еден по еден ќе се губат.. во што ќе ја наоѓаш среќата во самотијата??

Точно е дека не е СЕ во парите,но за среќен живот парите се неопходни..Но не е во нив задоволството туку со помош на нив се прави задоволството..
--- надополнето: 7 април 2012 во 23:52 ---
Да, има две опции али не се реални. Поставени се како АКО избереш СИРОМАШТИЈА ќе бидеш среќен, АКО избереш БОГАТСТВО ќе бидеш несреќен. Глупости.
И ако веќе бирам, ќе изберам БОГАТСТВО, пошо ако реално гледаме... парите денес можат се да купат и да ти приуштат (освен здравје). Демек нема да имам љубов...бла бла
ПАРИТЕ се минливи алооо, и ако веќе ги имам во изобилство ќе уживам во нив, и ќе имам и љубов и се!
Само едно можам да кажам - ЗДРАВЈЕТО не може да се купи со пари. Се друго може.
баш обратно.. кажими кој сиромав човек може да си го запази здравјето?? баш ти е се по пороци бидејќи им е смачено од се што немаат..
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.175
Поени од реакции
2.845
баш обратно.. кажими кој сиромав човек може да си го запази здравјето?? баш ти е се по пороци бидејќи им е смачено од се што немаат..
Абе а кажи ми ти мене кој богат човек ќе биде излекуван од болестите: Рак, Тумор на Мозокот, Леукемија, СИДА, Инфаркт Излив во мозокот???
Има и мултимилионери на којшто им имаат умирано децата на возраст под 20 години.
 
Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347

1. Хемотерапија,операција,радиотерапија, имунотерапија,хормонска терапија.
2. http://video.nationalgeographic.com/video/science/health-human-body-sci/human-body/brain-tumor-sci/

3. Пресадување на коскена срж, хемотерапија, радиотерапија.
4. Њама.
5. Инфарктот не се лечи, последиците негови се санираат.(бајпас мајпас,пресадување на срце)
6. -=-
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Абе а кажи ми ти мене кој богат човек ќе биде излекуван од болестите: Рак, Тумор на Мозокот, Леукемија, СИДА, Инфаркт Излив во мозокот???
Има и мултимилионери на којшто им имаат умирано децата на возраст под 20 години.
Чекај малку си видел ли сиромашни луѓе како се хранат во какви услови живеат?? дај бидете реални и не тропајте глупости.. целта на сиромашниот му е да направи пари за да може нормално да живее како сите останати.. не ми вадете факти дека сиромашниот човек ќе биде поздрав од богатиот пошто е невозможно сваќаш? нема избор за овошје,зеленчук витамини да внесува она.. што има ќе јаде тоа е тоа.. од глад во Африка знаеш колку луѓе умирааат? тоа не се споредува со 2-3 случаи кај богатите..
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.175
Поени од реакции
2.845
Знам многу луѓе што биле сиромашни, а живееле по 90 и кусур години.
Баба ми моја не живееше богато, ама ете дотурка до 96 години...
 
Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Знам многу луѓе што биле сиромашни, а живееле по 90 и кусур години.
Баба ми моја не живееше богато, ама ете дотурка до 96 години...

И како е тоа релеванто? Ракот и туморите уште се неизлечиви болести во твојот свет?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Знам многу луѓе што биле сиромашни, а живееле по 90 и кусур години.
Баба ми моја не живееше богато, ама ете дотурка до 96 години...
Живеела во друго време.Оди сега со 10.000 плата храни 4 члено семејство,турај прескап бензин во колата за да одиш на работа,добивај плата со закаснување од пола месец и за истата добивај уцени,купувај облека и давај им на децата пари за излегување и потоа речи „Можеби немам многу али имам среќен живот и не зависам од парите“ додека последните 300 денари треба да ги дадиш на безнин и мислиш од каде ќе најдиш утре пари за да им дадеш на децата за на школо.А да не зборуваме што би било во случај да треба да се оддели поголема сума на пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom