Богат сиромав или сиромашен богаташ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Кинеска мудрост за парите ...

Со парите можеш ...
... да купиш куќа, но не и удобност;
... да купиш кревет, но не и сон;
... да купиш часовник, но не и време;
... да купиш книга, но не и знаење;
... да купиш функција, но не и почит;
... да купиш доктор, но не и здравје;
... да купиш душа, но не и живот;
... да купиш секс, но не и љубов.

Е сега, би живееле како сиромав човек исполнет со нематеријални задоволства, или повеќе би биле богаташ, да купувате све што можете да замислите но без среќа? Или може има такви богаташи среќни?:kafe:
 
Ја би рекол и двете брате гоце,

оти нема трет опција, АВЕРИЏ .. од овие две појче би одбрал, мирна душа мирен сон...
 
Среќна и богата.Не сум сиромашна -ептен далку од тоа ,а сум многу среќна.Така да кога би бирала ,пак би го избрала овој живот.Научена сум од мала да сакам и добивам многу нешта и мислам дека кога тоа би ми се скратило-не би била среќна воопшто..
 
А среќата ја гледаш во материјалните работи што ги бараш и добиваш?
 
divine напиша:
А среќата ја гледаш во материјалните работи што ги бараш и добиваш?

Реков дека сум среќна воопшто.И кога се би останало исто а би ми се одземале материјалните задоволства на кои што сум навикната(кога би станала сиромашна) би била несреќна.
 
Секој од нас вели дека парите не се важни ама понуди му некому сума од 1000 долари и биди сигурен, нема да ти рече НЕ БЛАГОДАРАМ!! :)
 
Можеме сите да глумиме дека би биле среќни и без пари ама реалноста е друга...знаеш како викаат-боље ќе плачам у палата него у колиба.Релано секој сиромашен сонува да биде богат-зошто тогаш некој богат би сакал да биде сиромашен?И зошто толку имате одбивност кон некој што ќе каже дека му е убаво што има пари и дека несака да осиромаши?Уствари-кој сака да биде сиромав?Никој...нека не ве лажат комунистите..
 
А што ако богат и несреќен?:)
Има и таква опција, а и сум видел сам.
Ондак, кој е крив? Парите, тој самиот, некој друг?
М?
 
StormAngel напиша:
А што ако богат и несреќен?:)
Има и таква опција, а и сум видел сам.
Ондак, кој е крив? Парите, тој самиот, некој друг?
М?
Ја би рекла-се е до човекот.Можеш да бидеш среќен и богат,можеш да биде несреќен и богат ,па среќен и сиромашен,несреќен и сиромашен ( што е најверојатно).Кој како ќе си ја нареди е работава-парите се само изговор
 
ТЕМАТА ИМА 2 ОПЦИИ....... ШТО БИ ИЗБРАЛЕ... и е во филоЗСофија

дека звисат работите една од друга, то е факат...

ШО би одбрале

Да живејш срејчен, без многу луксузи живот
али
луксузен.. ли секој ден да ти е петок 13
 
Немам одбивност кон некој што ќе каже дека му е убаво што има пари и дека би бил несреќен ако ги нема истите ... парите денес се, утре не се ... она што вреди во животов и што не се купува со нив се занемарува ... кон тоа имам одбивност.
 
divine напиша:
Немам одбивност кон некој што ќе каже дека му е убаво што има пари и дека би бил несреќен ако ги нема истите ... парите денес се, утре не се ... она што вреди во животов и што не се купува со нив се занемарува ... кон тоа имам одбивност.
Тотално погрешно според мене-тогаш ајде сите да бидеме сиромашни -тогаш сите би биле среќни?Се е до карактерот на човек-ако дозволиш да ти сметаат праите -онда си наебал...а ако знаеш да бидеш среќен и со пари и без пари ќе бидеш среќен-тогаш парите ќе ти бидат еден плус...
Парите се само изговор на сиромашните и несреќни луѓе за својата несреќа .
 
Е па јас знам да сум среќна и парите ми се еден плус во животов. Но ако еден ден немам све што сакам да купам, пак ќе сум среќна.
А бидејќи вака може бескрајно да се надоврзуваме, да кажам дека би одбрала да сум богата сиромашна (малку глупаво звучи, не ми се сложува:)) пред сиромашна богаташка. Разбирам убаво што значи тоа и при чиста свест го бирам првото.
Фала пријатно.
 
Vlad II Draculea напиша:
ТЕМАТА ИМА 2 ОПЦИИ....... ШТО БИ ИЗБРАЛЕ... и е во филоЗСофија

дека звисат работите една од друга, то е факат...

ШО би одбрале

Да живејш срејчен, без многу луксузи живот
али
луксузен.. ли секој ден да ти е петок 13
Да, има две опции али не се реални. Поставени се како АКО избереш СИРОМАШТИЈА ќе бидеш среќен, АКО избереш БОГАТСТВО ќе бидеш несреќен. Глупости.
И ако веќе бирам, ќе изберам БОГАТСТВО, пошо ако реално гледаме... парите денес можат се да купат и да ти приуштат (освен здравје). Демек нема да имам љубов...бла бла
ПАРИТЕ се минливи алооо, и ако веќе ги имам во изобилство ќе уживам во нив, и ќе имам и љубов и се!
Само едно можам да кажам - ЗДРАВЈЕТО не може да се купи со пари. Се друго може.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom