Блам состанок!

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Не ми текнува некој WOW блам, ама има еден...

Запознавам една типка постара 4 години од мене. Ваљда и се допаднав уште на самиот почеток пошто и направив добра фора како и земав број на излегување. Мислеше дека сум копиљ, па нема да се снајдам, барем не на првиот подобар меѓусебен муабет, ама фино-лепо и го земав телефонот, малце као дрско, ама на шала и си звонев на мојот број. Девојката остана :eek:
Муабет, малце флерт, малце идење клизачи со полубезобразни коментари и досетки, а јас у принцип сум доста хумористичен, па и тоа ми помага во такви ситуации. Првиот разговор помина доста добро што ваљда беше клучно за се што следуваше.

Бидна што бидна, се мувавме неколку пати и една вечер на излегување бевме цела вечер заедно во Џез, штипјаните знаат кај е. Shine свиреа, добра вечер испадна, мене ме фати алкохолот малку, неа исто и ајде ќе ја носам до дома. Се паркирам некаде во нејзино маало, као демек да "одмориме" малку. Лапање, драпање, лижење цицки, она ми го зграби половиот орган, ама тогаш стварно бев ТЕЛЕ за некои работи, секогаш се кочев кога се кршеа копјата и не знам, дали од срам, дали од неискуство, не успеав да и одам full monty.
Има една штипска изрека во која другарите го вреѓаат оној што направил скоро СЕ со една девојка, но не завршил работа - Да не треба и на к*ро да ти ја наместам?!?
Во фудбалски жаргон - дриблаш, додаваш пасови, примаш пасови, минуваш и голман, доаѓаш на самата гол-линија, останува уште да ја боцнеш топката и... промашуваш. Е тоа е перфектен опис за мене за тој период.

Девојката виде-не виде дека не бива ништо од мене за секс, ајде носи ме дома, ми се лоши нешто.
За 5 саати тргнував на екскурзија. Немате појма колку ми беше криво што немаше да бидам таму за да поправам барем нешто наредната вечер или таа по неа и немате појма кој филм си го мавав додека патував каков секс требаше да ми се деси и тоа со девојка постара од мене. Машките тука ако читаат ќе знаат на што мислам, ова за нас е како некаков achievеment, башка тоа што девојката стварно ми се свиѓаше, ама поради тоа што бев ТЕЛЕ не се деси.

Нормално, откако се вратив, веќе ништо не беше исто, да сме останеле другари. Мислам дека и додека се муваше со мене, имаше некој женет што ја клецкаше, ама никогаш не открив, ова од интуицијата која што скоро никогаш не ми греши.

Немаше ни врска, ниту секс со неа, ама ако некогаш ме прочита од мене има едно ФАЛА пошто ми помогна да си го сменам однесувањето со девојки барем за 100 степени од 180 можни.

Имаше и нешто прогнозерско во неа, ми кажа дека не била за мене, мене ми требало некоја 10 години помлада од неа. И погодете што? Сега сум во врска со девојка помала од мене 6 години и сум пресреќен.

П.с Барем да ми кажеше пред да ме откачи кои бројки ќе се паднат на Лото :D
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Есен 2006 прв пат испаѓам со девојка,седиме на пола метро оддалечени и ми вика "ајде што ќе правиме" и и викам време е да си одам јас треба да играм кантер имам кланска а ти остани ако сакаш(да напоменам дека бевме едно пола километар од градот,пустина)
Деца...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ај една случка случка од форумов.
Уште во времето кога правевне трансвер од виртуелна македонија, кога Борис ВМ си ги ставаше внуките од миладиновци за супер модераторки и кога нај активни теми станаа
- ДЕНЕС ДОБИВ ПЕТКА МАТЕМАТИКА
- Браво теткино !!
- Ајде да се множат !!
- Леле паметна на чичо.
Во времето кога конекцијата беше дајал-ап и модемот свиреше и пиштеше 15 минути пред да се логираш на нет.
Во времето на еден од првите профили на кајгана.
Си хејтам ја шо си хејтам, како по обичај религија политика ова она, серпико трча по мене мава банови брише Маркус кутриот секогаш го врти другиот образ како добар рисјанин.
Се логирам и гледам порака.
-Ептен си ми интересен ај на МСН еве ти го мојот тааитаа@hotmail.com :eek:
Си викам ова некоја дупешка,ама ја додадов чат пат разменуваме по некој збор онака колку ради реда
-Шо праиш ?
-Ништо еве на работа, ти ?
-Еве и јас на работа.
Така едно добри два месеца, игри не знам што шали заебанции. Кога еден петок ми пишува слушај идеме на кафе ? Јас целиот таков окезен си викам абе оваа нешо ме дупчи.
Презакажувам за следниот викенд демек обавези ова она, пак после некое време
-Абе кога ќе идеме на кафе ?
- Ај утре, у толку и толку сат таму и таму, одговара ?
- Одговара.
Одам јас малку порано заземам позиција и чекам, туку едно време се појавува една девојка АБЕ АВИОН,седам јас така и ја меркам ни на крај памет дека уствари таа е девојката со која што треба да се видиме. Доаѓа точно време ,јас не ни мислам на оваа што ја чекам сум се узјапал накај девојката која што стои од каршија.
Кога ја гледам вади телефон и ѕвони кога оп кај мене почнува Вивалди да пое, пак ни на крај памет дека таа е таа.
-ДА !
-Абе кај си? Eве jас сум пред кафичот.
Ја гледам не можам да поверувам ( очекував или некоја просек, или испод просек ) :love:
- Ти си во црвеното фустанче со жолти цветови !?
- Да јас сум !
- Еве ме ( станав и мафтам со рака )
Се поздравивне си седнавне, муабети ова она почна да ми кажува како нема пријтели во ск, па дреме по мирцови сајтови, како тоа веќе 5 години е во ск и има само 5 пријатели ова она.
Сума сумарум се супер си поминавне, ја однесов дома ми вика ај на кафе , отидов пиевне на терасиче муабет ова она дојде време да си одам.
Уште вечерта прво логирање и почнав зеленки да и лупам на мислењата :D
Зачестено се гледавне почнавне некоја врска без врска, се супер топ девојче. Да напоменам дека девојчево навистина беше авион, висока ,тенка,долга црна коса, кожа ко беба а очи бадеми,мила на фаца абе се чиста 10ка.
Се си течеше супер наредните неколку месеци се додека една другарка не не покани на нејзиниот роденден, јас горд прегорд на девојкава и викам спреми се одиме.
Одам да ја земам од Црниче каде што беше под кирија, облекла љиљакова хаљина нешо преку рамо префрлена,штикла, цицките без цицкарник и стојат иступорени прави...... абе писана, икона шо би се рекло.
Е сега започнуваат заебанциите.
Стигнавне се фино лепо се поздравуваме со сите јас горд се дујам како паун од човек на човек ја запознавам со цело друштво, сите а добра добра алал да ти е, море мајката убаво си го натопил мачорот ...
Како поминува вечерта така ние се повеќе и повеќе под гас таа вино црвено јас пиво, помина и тортата, продолжуваме со пиење.
Ја гледм нешо не мие како што треба
- Мацо , добро си ?
- Супер бе шо скаш да ми биде хаха хуху ихихи
Кога едно време така натрескана ( ко задњи алкохоличар ) лепотицана моја писана почна со заби да крши чаши , леле сите паника ќе се исече ќе се задви ау ау. Она се церека и продужуе со пиење, ај викам маче да кснеш нешто и ја седнав на маса, кога почна да шлапа да мљацка ај тоа туку почна и да пцуе да крши чаши и флаши. Почна пак да крши чаши со заби.
Ми прекурчи под мишки и дома, по пат возејки ми вика.
- Абе кај ме носиш ?
-Дома кај сакаш да те носам ?
- Абе как ке ме носиш дома не АРМАСАНИ, отвара врата ќе рипа од кола.
-Чекај бе кај тебе те носам не кај мене дома.
-Застани да се симнум ( почна на дијалект да цепа )
Застанав отворив врата и викам – Ај симињај се
Подзастана малку ме гледа така едно минута две ти сериозен ли си ?
-Мртов сериозен !
-Ама ја, ама зашто,ама како.
-Ајде излегувај . Ја истресов од кола и си отидов.
Следните неколку месеци не можев пред никого да се појавам пошто сите ме заебаваа, абе кај ти е фрикот ? Да не си замина со циркусот ? Ако има сестра со брада да ми ја мести.
После тоа нити и се јавив нити и пишав а и ја снема од форум ,поминаа години и години. Понекогаш се прашувам што е како е али кога ќе ми текне за чашите па си викам боље и да не знам:pos:
Дури и ми стана јасно зашто имала само 5 пријателства стекнато за 5 години :icon_lol:
 
Член од
11 мај 2013
Мислења
576
Поени од реакции
731
Единствено нешто што ми текнува за блам состанок беше кога мојот „најдобар“ другар ме викна кај него дома да седиме.И од двете страни имаше нешто повеќе од другарство,меѓутоа ништо официјално не беше кажано.И си мислам јас додека идев накај него,зашто ме вика,што како,ај бе викам само другарски идам,да не се надевам на нешто.Стигам кај него дома,и видов дека е сам дома.Одма ми се свтреа мислите дека можеби не е само другарски таа средба.Дечкото е во принцип многу срамежлив,па викам ај јас малце да подбутнам ситуација.Седи он на фотелја,јас на троседот до него и гледаме ТВ нешто.Не знам како,ми излета да му речам да седне до мене..а тој на тоа одговори: „Чекај,од тука поубаво ми се гледа ТВ“. Хахахах...секако не останав уште долго после тоа. Али битно после неколку недели си разјаснивме што се случува меѓу нас,и еве идеме скоро 2 години,и ден денес го заебавам за таа ситуација :D
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Ај ја да ви раскажам еден за мој другар друг пат мој ке ви кажам овој е така малце по интересен...
Другаров запознава девојка и се врскава мине што ми испагање во парови по кафани кафичи држење ова она и така се 2 години, една ден ми се јавува да одиме за охрид по желба на девојката негова со колата заедно со девојката моја океј му викам се договараме и тргаме за охрид стасуваме охрид седнуеме у куба либре мислам дека се викаше не е ни битно седиме што седиме, а спрема нас седнаа 3 ца типови, пијам ја пиво и ја гледам во девојкава се смешка со едниов од масава и ми падна одма чудно сеа си викам од кај го знае овој и намигнува ваа се смешка другаров појма нема не приметуе ништо и ми стана сумлива работава океј... Стануваме од кафичот и си идеме во куката што ја најдовме кај хотел дончо мислам дека беше да си преспиемее пошто другата ден ке се прошетаме и ке си одиме накај дома океј Next day стануваме испагаме накај чаршија седнавме пица си купивме јадевме што јадевме дојде и време да си одиме,Стасуваме дома по една недела другар ја спрема девојкава за појма немам и ја што ја носи на маникири педикири нокти коса правење ова она депилации и се он плаќа оваа го овцала како сака. пошто се немамавме видено една недела дојде он кај мене дома и ми вика да сме испаднале ја он и девојка од кај мене да идеме кај нејзе да ја земеме со колата,океј идеме кај нејзе дома лом се направивме дека стасавме по тоа улиците кал кал на сите страни стасуваме пред врата и гледаме маси во дворот и музика и некој гости и овој ја вика, и мајкава излева окезена целата е кај си ти што мори кај сум каде ваа ами она се омажи како мори се омажи некна ја носев на тертмани :eek: така рече се гледаше со еден од охрид и си замина таму ја омаживме ние двајцава со зинати муцки неаме појма што се случува и се вракаме назат во колата другаров беше во кома цели 3 месеца не може да поверува што му се случило на човеков, нормално и мене дури ми падна незгодно и глупаво :D
п.с сега се пак заедно :D таа се оставила со момакот и еве ги повторно се мотаат заедно :) како го има објаснето тоа го немам прашано а и не сакам барем до сега одлично им оди и баги е смената цурава не верувам пак да направи глупост некоја :icon_lol:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Ова не беше баш некој состанок, ама беше толку голем блам што и после 6 години не може да се заборави.
И тоа мој.

Бевме некаде 3та година средно за време Бајрам.
Во клас имавме еден албанец и не покани неколку души и класнава да идеме на баклава.
А јас во тоа време бев лудо вљубена во еден соученик. Никогаш не собрав храброст да му кажам, а не се ни дружевме многу, па пошто и тој беше во поканетите, а се договоривме после тоа да идеме на кафе, си видов шанса тогаш нешто да изреагирам, или да пратам некоја другарка да го праша дали сака да се фатиме :D
И се спремаме ние после школо да идеме, па нешто купивме 200 грама кафе и некоја наполитанка не е битно, а јас таа година бев претседател на клас и нели како што е ред треба јас да влезам прва кај гостиве, да им дадам тоа и да им честитам празник.
Идеме со класнава, симпатијава и уште 4-5 души, а јас од толку што бев заљубена и среќна што е овој до мене не размислив ни што како кога ќе влеземе, што да им кажам на луѓево.
И ѕвонам онаква окезена, ми отвара врата еден маж, а во собата уште сигурно 10 души седнати доле на перничиња.
И јас влагам и истресив:

Бајрам воскресна!

И паднав во кома мислам 5 минути.
Класнава пропадна од срам, како што пропадна планот дека некогаш ќе му бидам нешто повеќе од ремет на симпатијава, па луѓево такви збунети, навредени, си рекле оваа или не зеза или ептен е замината...
Јааас, збор не изустив цееел 1 сат додека бевме таму. Може и сум измрмљала нешто кој знае, ама знам дека ни јас ни некој што беше таму ќе го заборави ова воопшто некогаш.
Сега ми е ептен смешно, ама тогаш..
СРАМ!
:D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Прошлата Нова Година, собирам луѓе кај мене на журка демек јако да ни биде да ја дочекаме новата 2012 (значи предпрошлата). И доаѓа другар со негови 3 другарки, ја еднава си ја шмекам одамна али девојчето 8 класи над мене, некако испаѓа дека сакала нешто да праи со мене. Али ја кретенче ништо не напраив таа вечер, си викам шо ја ебам ако сака вечерва ќе сака и за една недела :D

И така у поход се пуштам од 1ви, и ја договарам искачаме у Еври Деј у Аеродром, новата кошула сум ја облекол, карирана на ново мириса, си грми. Она нарачува чај ја пиво :cool:

И муабет онака ништо посебно, доаѓа време да платиме и ја демек нешто и викам:„Што бе да не мислиш јас дека ќе платам сеа?“ Мислев ќе испаднам духовит и симпатичен, пред тоа зборевме нешто полови разлики. Чудно некако ме погледна, не ме сфати вика :„Не...“

И пошто си имам тик на ногата од време на време некој живец ваљда не чини знае да фати да скока од време на време, и најде да скока баш тогаш коа треба да ја залапам :facepalm: И да се поздравиме ајде демек чао, ја доста мангупски и смело и викам: „Чекај да пробам нешто“:icon_lol: И оваа тука се смее мене ногата ко хилта ми работи, се лапаме ја одскокнувам, ми вика абе што ти е? Викам:„Од ладното“ - иди објаснувај се сеа у медицински теми рушиш романтики.

И така се мувавме уште утре дента (не ми скокаше ногата), и вешто ме избегнуваше додека не стана јасно дека е готово. :D Сеа си има дечко она, кола има тој.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Дешафка број 1.

Лани летото,Крушево...бевме у кафиќ излезени и јас со другарки крушевчанки. Дојде едно девојче од Скопје кај една другарка,ми даваше некој знаци и си викам....ај да пробам. И и реков прво на другарками да и прави одоколу муабет,и оваа се покажала бааѓи заинтересирана. И седнувам јас до неа на сепарето,и возам филм 15-20 минути и и викам ај да прошетаме негде надвор,малце загушно ми е тука. И како излегуваме надвор,одиме накај Гумење нагоре и падна нешто муабет за рилејшншип статус и оваа ми вика и јас сингл,и ти сингл....Сега му е мајката си викам,и налетав оваа ме турна и ми вика: Чекај малце,стој...Мене ми рекоа дека си сакал само да прошетаме,а не нешто повеќе...Ох,се да ти е**м си реков...И нема врска,одиме сепак нагоре накај Гумење,јас со нарушено его и типкава учеше музичко. Почна со муабети како била прво место на фестивал у Будва,Белград,Свирипичино...Јас ко за инат и реков само една таква(оперска) песна знам,нема теорија да ја знаеш и и го кажав насловот. Кога почна идиоткава да пее(сигурно беше сопран/баритон/тенор),луѓе минуваат,сите се ѕверат накај нас,оваа пее,јас пропаѓам у земја. И реков дека ми студи и дека ќе се враќам во кафиќот. Пред да влеземе внатре,ми рече дека сум и се свиѓал и се,ама да не сум помислил дека е лесна и затоа не сакала ништо да направи со мене,а кога ќе сум одел во Скопје ОБАВЕЗНО(со големи букви) да сум ја контактирал,па се можело да биде еден ден...По таа вечер,ми ги виде очите..не одговарав на пораки,на фб па фино-лепо си се повлече

Дешафка број 2.

Пред 5-6 години у Грција. Тогаш бев кутре,6-7 одд и незнаев ништо за фаќање девојка. Една вечер се здробив(здробување,од 2 пива) ии имаше едно девојче од Гевгелија,моја возраст со која што се дружев бааѓи. И така јас здробен една вечер,и викам...знаеш супер си,и ми се свиѓаш,сакаш ли додека сме тука да се муваме? И оваа ми вика...важи. И девојчево очекувало да ја бакнам,јас муле мулосано,само и реков...епа океј,се гледаме утре. Чао :pos:. Утредента оваа ми ја кажа случката паа едвај се искупив некако,по што бидна мојот прв бакнеж :love:

Дешафка број 3.

Пред 2 години на Гроздоберот у Кавадарци(за појаснување,Гроздоберот е културно-уметничка манифестација што се одржува секоја есен,т.е. треба да биде ама ниту е уметничка,уште помалку културна каде што се собира народ од Македонија и ждере скара,вино а идиотите конзумираат пиво). И собрани екипа 5-6 дечки,5-6 девојчиња седнати на една скара,пиеме скаро,мезиме...И едно девојче го приметувам цело време упатува поглед накај мене. Се напивме малце,ајде накај парк и викам,жешко е тука и тргнавме...Успат си земав цигари,мастики,ова-она...И идеме на парк,седнуваме на клупа и во тој момент сваќам дека таа изела толку многу скара искомбинирана со уште повеќе кромид и сето тоа налиено со евтино вино,што веќе почнаа дрва/трева да се корнат од корен. И јас завртен накај неа,се гледаме во очи,ме удри реата во глава,оваа ми тргнува накај мене иииииииии.........Рефлексно ја вртам главата,добивам бакнеж во образ,таа се збуни и седевме ко мисири уште некој 5 минути и наеднаш го дигнав телефонот демек некој другар ме бара,по што избегав. Наредните 3 месеци избегнував секаков контакт со неа,а сега имаме само едно здраво...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не е баш состанок али е блам.
дејствието е во едно друго време друг систем и држава. Лето, море, младост... бевме едно огавно друштво на рокери (и еден панкер кој го толериравме со нас оти можеше во секое време да најде пијачка а при тепачка тој - ваљда ради изгледот - акумулираше најпојќе удари и ќотек од другата страна) Без и малце претерување, бевме страв и трепет на простор од 3 општини и 2 месни заедници. Денот ни поминуваше во гласна музика тормозење на туристи и иживљавање над поситни животни. Еден ден на плажата (се беревме кај едни бетонски маси за пинг понг седевме на нив и планиравме каква лудорија ќе направиме денес и вечер, се појави ангел. Жими се не се сеќавам како се најде меѓу нас. Не се сеќавам дека ја видов да иди да се доближува... едноставно се создаде тука.... имаше руса коса во две плетенки, најмило убаво, лице детска насмевка и најискрени очи кои ги имав видено во животот. Ни пријде слободно, наивно слободно, се запозна со сите нас и почнаа разговор. Мојш да мислиш кога “Песот“ кој 2 дена пред то дупна едно дете на флипери со штрафцигеер оти рече дека Ози не е најдобриот пејач на светот клепкаше збунет пред неа а “Гусарот“ кој среде секс со позната битолска убавица стана и рече почекај малце ми се оди во ВЦ, појде се искака се врати и пак и се качи мртов ладен.... црвенееше како невеста пред дефлорирање, а јас умирав секој пат кога ќе ме погледнеше. Немаше глума, немаше пуфкање немаше фалбаџиство. Само есенција на искреност и бескрајна добрина....... Од мрцини кои сскаа на женски и дофрлуваа зборови поради кои мајките ќе не откажеа од синови се претворивме во џентлемени на кој ни на крај памет не би му дошла било каква непристојна мисла за таа душичка. Вртиме со муабети пристојни, културни, добронамерни, прашуваме од каде е кога дојде колку ќе остани ... каде е сместена... се такмичиме кој ќе испадне понежен кон неа.... и среде тој муабет еве го се довлечка Благоевиќ. Тоа беше еден 2 метра висок сув и подгрбаен со мозолки на црвено лице ретка брадичка кошаркаш кој играше за некој полупознат клуб од србија. И пријде и ќе цитирам:
“Здраво.... како се викаш... од кај си“ таа вели “Од Чачак.... “Супер имам јас баба во Чачак, сакаш да излеземе вечер заедно?“ и таа вели ДА..... по 2 минути заминаа заедно....
Таа вечер јас (а верувам ни никој друг) не излеговме. Си легнав рано во шаторот, сакав да бидам сам. И во мислите го убив Благоевиќ на 11 различни и мошне живописни начини.
ПС
И никогаш не и простив на баба ми оти не беше од чачак
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Блам или не, не знам али знам дека беше состанок.
Пред едно 10 сетина години се запознав со една гратска шмизла, искачање дружење работите една по друга си се поредија .
После неколку месеци заедничко дружење и врска и идење еден кај друг решивен врскава да ја стаиме на повисоко ниво да дојде таа кај мене на гости преку ден да си поседиме да ја запознаам со мојте пошто нејзините веќе одамна ме знаеја па редно беше и јас да ја претставам која е што је да ја измеркаат и се по ред.
Беше сабота ајле дајле ајле дајле чекај чекај ја нема бевне договорени одколу 12 : 30 да биде кај мене арно ама фати 14 часот неа уште ја нема, собрав сили земав фиксниот и викам ќе вртам па ако сака и 150 марки нека ми стигне сметка ама да видам што стори оваа да не се упрчила некаде по пат, и ѕвонам ми се јавува целата нервозна ј
-ЈАС не можам да се снајдам ОВДЕ ти кажав дека нема да знам да дојдам.
У себе пукам си велам како не знаеш бре шуплива женска главо ти реков само право, ама не го реков тоа само ја прашав каде е и да ме чека каде што е ( успеала да завршиу 15 километри на спротивна страна , не знам како и успеало ден денес ми е мистерија кога требаше само право да вози али јеби га женско и орјентација магаре и симфонија) ја гледам паркирана каде што ми опиша а спроти неа едно магаре врзано си пасе излегувајки од кола идам накај неа и и викам
Абе ете си се најдовне..
-Да ама јас ти кажав дека не знам да се снајдам ( со некој квичлив глас )
-Па шо не го праша магарето ќе ти објаснеше точно кај треба да идеш ( ми излета јеби га нервоза а и не ни свати додуша си се исцерека ко нездрава.)
Вози по мене стигнавне, ајде велам по мене .
излегува од кола и кога во рацџе го зима тој нејзиниот пекинезер и него го понела :facepalm: го мразев тоа копиле лигаво ГРЕМЛИН !!
-А и кики си го земала, ако убаво нека се растрча.
-Аха и со роки да се запознаат да си поиграат малку ( роки е мојот германски офчар стар 4 години што тогаш го имав, одамна е во вечните ловишта )
-Ако де нека се истрчаат.
Го пушти таа доле пекинезеров почна да подмочува низ двор лево десно горе доле, го насети волчјаков и дојде да види кој му се рашетува на територија, го виде пекинезеров му се иступури и почна да го душка .
Кога ова ГРЕМЛИНОВ гррррррр бам за шепа роки му откина прст и џом да го нема се ссна волчјаков по него ама му свикав и го остаи.
Девојкава целата таква потресена - лош кики лош што направи леле сто пати сум ти рекла со поголеми кучиња да не се закачаш.
А мене ми се иде кики на клоци да го ишутирам од двор, ама го правдам
-Не не е крив овој го душна се осети загрозено ( нема везе гремлинот беше колку лигав толку злобен )
Помина тоа гремлинот на тераса затворен ја запознав со мојте помина таа церемонија и ајде ние на тераса, се замуабетивне се расприкажавне заборавив јас на нервозата ( трпи бабо за убавина ) музиче зајдисонце ова она.
Не ни приметивне дека кики го нема кој го знае како успеал да се мушне низ оградата од терасата.
Кога дојде ред да си оди девојкава
-АБЕ КИКИ КАДЕ Е ?
беља работа кики го немаааааа понав јас КИКИ КИКИ КИКИ, ги мобилизирав пола комшилук и домашните сите, се дереме кики кики кики свиркање довикување ко божем некој фазан по име кики ќе скориваме за отстрел, ГРЕМЛИНОТ никаде го немаааа.
Кога едно време одам на другиот крај од дворот кај што имаше едни грмушки ај викам да не се бутнал таму , полека приближувајкисе го гледам волчјаков лежи и мафта со опашката , како се приближувам се повеќе гледам влакна на околу ( пошо ми беше свртен со грб не можев да видам баш најдобро што прави ) кога скроз се доближив го гледам Роко мој јаде се оближува плука влакна, а од кики останати само задната лева нога и опашот :vozbud:
Гогледам не знам шо да праам попрво дали да се смејам дали да плачам дали да го остаам да си заврши со јадењето па да ја лажам дека избегал кики или некој го украл, не знам што ќе и биде по не болно :pos:
кога еве ти ја нејзе позади менееееееее кога виде кога почна да рика, ај тоа па и го грабна опашот и почна да го влече :pos:е тогаш не можев да издржам оваа влече роко влече и ржи си викам овој и неа ќе ја изеде, земав еден стап го удрив еднаш по муцка пушти и избега, кога почнаа девојкава драми да праи, паѓа на колена се дере лупа со боксови и со глава у земја разлигавена размрсулавена а ја ми иде една смеја не можам да се воздржам ја гушнав и ја тешам.
-Ајде душо смири се биднало сега што да правиме сакаш ли да го убијам роко ?
Она у плачење -НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ немојјјјјјј не го убивај не е крив тој.
Од како ја смирив престанаа дерењата и плачењата ( а јас цело време голтам кнедли за да не се изнасмеам ) реши да го погребаме кики, земав јас лопата и копам ( шо ќе копаш бе една нога и еден опаш од пекинезер :pos:)
Она пак низ солзи ми вика -Убаво ископај и подлабоко
ок ископав ги положивне остатоците од кики, го закопав и ајде ќе идеме дома да се замие и да се среди кога еве ти го Роко ( кој во целата заебанција заборавив да го врзам ) кај шо ја закопавне ногата почна да откопуе, девојкава почна пак да се лигаи и да вреска .
Јас не можејки више да се воздржам и викам
-Маче ај барем остаи го да се дојаде барем цел да иде на едно место кики. и рикнав да се смејам колку можев и неможев пошто цел ден се воздржував.
Оваа плаче јас се смејам ,така едно добри сат време.
Ја возам накај дома пошо од што беше потресена не беше во состојба да вози другарми по мене.
Девојчево цело време леле шо ќе и кажам на мама како ќе и кажам на дада, а јас ми иде една смеа уше само малце ми фали пак да почнам да се церекам.Бидна што бидна ја оставив се поздравивне бла бла бла си заминав.
Другиот ден ми се јави да ми каже дека помеѓу нас е готово , не поради тоа што роки го изел кики туку поради тоа што сум бил бесчуствително говедо. :pos:
Ама дај да го видам мужот шо нема да се изнасмее особено кога ќе види како правдата е задоволена, роко немаше прст а од кики остана опаш и нога :icon_lol:
во таа ситуација и двајцата изгубивне , јас ја изгубив љубовта на мојот живот без осет за простор и време а таа ја изгуби нејзината животна љубов кики :(
ПС : За да не добиваат некој налудничави идеи овие од АНИМА ДУНДИ да ги потсетам дека ова беше пред 10 години се рачуна како застарено дело и Роки одамна е мртов ( од природна смрт си умре ) .:icon_lol:
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Не е состанок ама е блам случка, што морам да ја споделам .Прва година на факултет, прв семестар. Сите тазе запознаени колеги се договараме да направиме прво заедничко излегување во град. Се собравме во петок навечер околу триесетина колеги и колешки. Сите стокмени пицнати од главе до пете, колешките дојдоа дотерани како за на модна писта. Имавме резервирано во еден кафич на улица Македонија, па од таму каде не води патот. Забавата си почна, се убаво си тера. Приметив дека една колешка ме шмека и ми испраќа сигнали, Ама мене ко за беља па девојчето ич не ми се свиѓа. Ми доаѓаат колешки и уз муабет меѓу редови ми кажуваат ко демек абе девојчето сака со тебе, многу и се свиѓаш . Одма им одговорив, абе бегајте нема шанси со нејзе, не ми се свиѓа. Во кафичот на тоа остана. После тоа, отидовме да се журкаме во една дискотека кај нова железничка, нема да кажам која. Е таму запознав едно девојче абе бомбона, што да ви кажам. Лепотица, преубава. Да напоменам само дека беше сениор журка и пуштаа исклучиво со лични карти. Почнувам јас со нејзе разговор, малце по малце ни тргна муабетот. После некое време малце се одалечив заедно со нејзе од друштвото од факултет и на едно од сепарињата почнавме да се муваме, ама не само муваме туку и драпање стискање, пипкање .

Таква добра расна цицка одамна немав фатено . :pos: У меѓувреме и другиве колеги смуваа нешто вечерта и се на се си поминавме тип топ. Доаѓа време да си идеме, и нормално излегуваме сите надвор кај нова железничка, и јас да го испратам девојчето да фати такси, па после ќе се вратам да се поздравам со колегите и шибам дома. Пред да влезе во такси она ми се врти и ми вика: Абе имам нешто да ти кажам ! -Шо бе, да не имаш дечко ? - одговорив јас,а и тоа прво ми падна на памет. А она ми вика: Не, не е тоа . :( Епа што е де ? - Абе знаеш јас не сум толку стара колку што ти мислиш дека сум ! Одма сфатив дека е малолетна и сигурно доста помала од мене , инаку зошто би ми го кажувала сега тоа . Знаев дека со оваа сум ја утнал работата, само незнаев за колку години, па морав веднаш да ја прашам : А колку години имаш ти ? 17 ? 16 ? Она само кратко ми одговори: 14 . Влезе во такси и замина, толку беше. Абе ми идеше у земја да пропаднам :facepalm::facepalm::facepalm: Колку глупо се чуствував незнаете, само кај нас 14 годишните изгледаат како 24 годишни, и плус успеала да влезе на сениор журка каде што се пушта само со лична карта . Цццц ... да биде трагедијата уште поголема додека јас го правев тој разговор, позади мене стоела и слушала колешката што претходно јас ја одбив и корпирав во кафичот . :(:facepalm: Луѓе мои,ако ми верувате до понеделникот успеала на цел факултет да раструби и раскаже дека сум се мувал со 14 годишна малолетничка, плус си додала детали и ја исфилувала целата приказна.После оваа случка случка цел месец на факултет го јадев реметот :D , имаше коментари од типот: Колега имам комшика седмо одд, сакаш ли да ти ја местам ? Ја зема ли девојка ти од градинка и тн. :vozbud:а кучката само ме гледаше и се смешкаше, ми идеше ќелава да ја ишишам . :mad:

Некое време и не се појавував на предавања . Искрено, по ова ќе го памтам првиот семестар. Вие другите што запознавате девојки вака, мој совет барајте им лични карти не бидете глупи ко мене, само во Македонија 14 годишните изгледаат како 24 годишни. Значи по ништо, ама баш по ништо неможеше да се познае дека е толку мала, изгледаше возрасно колку мене, да не кажам и повеќе. Ама јебига, тоа им прави ГМО храната на тинејџерите денес.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дечки абе оти со сила си заработувате поени не ми е јасно. Толку едноставно правило има на темава, читај и уживај. Не се ова љубовни проблеми па да ги решавате. Чудни сте стварно.
--- надополнето: 9 октомври 2013 во 19:31 ---
Блам кражба на фб Стеф Ангелот:
Capture1.PNG

Capture2.PNG

Туку муабетот ми е, кога крадете од Кајгана оставајте линкови, ова членовиве се гледаат така се истрењирани.
Хехе што сте вие,па подоле пишав превземано од кајгана :)
Да секако, после сугестија.
Да вие заедно со Олимпија сте ми омилени критичари и трачери.
Пусто тогаш кога работев со отпад,да земев некој друг да му ги дадам парите.
Од такви луѓе што имаат само цијанид во уста,богами кајгана цвета :)
П.С не ми беше намерата да украдам,камоли да се правам шеф.
Во тој момент не ми ни текна сакав само да споделам.
На 6ти објавено а пишал дека е од Кајгана пред околу еде час хехе, ај ноу ва`ч ју дид хир.
Те префрли камионот без пари до Софија заедно со отпадот, толку и чини транспортот едно гага патување до Софија. Затвори ја муцката, не се бламирај фазла.
 
Член од
27 септември 2013
Мислења
199
Поени од реакции
162
Мене ми се има десено,да ми дојде машко,на состанок..не избањат..смрден,на манџи,на кромиди,и ми се згади ,па отидов у вц бутнав два прсти..да повратам..па си отидов дома...да ме нема..
Стварно мизерно.:facepalm:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Со една се договорив да идеме кај еден другар во станот, а баш тој ден беше велигден.
Ми вика ќе ти донесам нешто изненадување, а јас мислам шампањ и милка чоколадо кога гледам носи две јајца со сликичка. :vozbud:
Уште од вратата кога влезе запна прво да сме правиле салата па после друго.
Беше ниска и не можеше да го земи оцетот па зема се качи на стол.
Ми вика да се договориме од салатата ти ќе ги јадеш белките јас жолчките. Јас не ни пробав таа си ги изеде како никогаш да не е пробала.
Си викам абе будала сега треба да и ги чистам забите од тоа што го јадеше. :confused:

Беше со крпа на глава демек се бањала па немала време да ја исуши косата и заборавила да си го закопчала бодито.
Носеше хеланки под тренерките ок ладно и било, ама па и беше во влечки за мајка и да мисли дека е отишла до комшии. :icon_mrgr:
После цела година неможев да ја откачам де за нова година честитки како на мало дете ми праќаше по пошта, де за роденден мечиња. Проклет да е состанокот. :icon_lol:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Oва уште средно, 2-3 година. Јас Прилепчанче та СкУпјанка, од тие шмизлите, додуша појче пред мене се праеше шмизла, си мислеше ние на црно бел телевизор уште гледаме во Прилеп али нема врска. Битно типкава уфилмана до крај.
И ајде јас,Скопје појден( нормално на ексурзија, па да искористам момент со женскава да се видам), па ај да седниме негде кафе да пијаме. Седнуваме на кеј, иди келнеркава, порачувам јас шо порачувам, макијато и вода од чешма нормално, иди на ред чупалево и порачува Еспресо и РедБул.
И имаш моја реакција

Келнеркава ме гледа , ја гледам едвај се воздржува да се прсни од смеење, и и викам, шо ме глеш (емто на прилепски), и дури си таму викни една брза помош, таман за ко че ја стрефи инфаркт одма да ја товараме. И двајцата (со келнерката) се пославме од смеење, девојчево уште кутрото не и беше јасно која глупост ја напрај, почна и та да се смеј, ние поземја.
Дојде келнеркава донесе порачката, го шмркнав кафето на екс, и викам на девојчево, терам јас, класната ме барала нешто, ти еве секако со брза помош че си одиш, нема шо да те мислам. (ова уште збунета кутрата, ми вика, шотие на тебе бе, со автобус ке си идам, ке ми дадеш ли триесет денари за билет, сум го забораела новчаникот на надкасна пошо брзав). :facepalm: Појдов платив, си се посмеавме уште тро со келнерката, и да ме нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom